Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
mark-rute-1

Членките на НАТО дискутираат за најефикасниот начин за повторно отворање на Ормускиот теснец, кој Иран го блокираше по американско-израелските напади, изјави денес генералниот секретар на сојузот.

„Сите се согласуваме дека теснецот мора повторно да се отвори. Она што знам е дека сојузниците соработуваат и дискутираат за најдобриот начин како тоа да се постигне“, рече Марк Руте, кој се наоѓал на северот на Норвешка за време на вежбата „Cold Response“.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп неколку дена ги критикува сојузниците од НАТО, вклучувајќи ги Франција и Обединето Кралство, за нивното одбивање да помогнат во повторното отворање на теснецот. Овој тесен пловен пат е клучен, бидејќи преку него пред војната минувале околу 20% од светската сурова нафта и течниот природен гас (LNG). Парализата на стратешки значајниот теснец доведе до нагол скок на цените на нафтата во последните две недели.

Во понеделник, Трамп побара помош од големите светски сили за обезбедување на безбедноста на теснецот. Вчера го оцени одбивањето на некои земји од НАТО како „многу глупа грешка“ и посочи дека нивната помош всушност била непотребна.

— реклама —

Во меѓувреме, американските вооружени сили извршија напади врз ирански ракетни позиции во близина на Ормускиот теснец со бомби наменети за уништување на бункери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mark-rute

НАТО: Ќе преземеме сè за одбрана на Турција

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

НАТО пресретна руски бомбардери над Балтикот

Свет | пред 1 ден

nato-mrezi

НАТО ќе стане „поевропски“: расте загриженоста за улогата на САД

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Напнатоста околу Иран ја турна НАТО во најголема криза

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања