Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Граѓаните скапо плаќаат за бајките на Мицкоски, со празни џебови и празни фрижидери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-library9kue95ppsuqm8eZUpjp

Венко Филипче обвини дека граѓаните ги плаќаат „бајките и неспособноста“ на Мицкоски со поскап живот и празни џебови. Рече дека СДСМ навреме предложил мерки (ДДВ 5% за горива, 0% за основни намирници, пониски акцизи и патарини), но Владата ги одбила, а потоа делумно и задоцнето реагирала. Тврди дека економијата се влошува: инвестиции -60%, затворања и 1.500 отпуштања, долг од 160 милиони евра за поврат на ДДВ, и поскапувања од 5 до 300% на основни производи. СДСМ бара замрзнување цени и таргетирана помош за ранливи категории.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција  рече дека граѓани директно ги чувствуваат последиците од бајките на Мицкоски.

— реклама —

„Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и со празни фрижидери“, истакна Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека СДСМ навремено предупредуваше и нудеше конкретни решенија за справување со кризата, но Владата не презела ништо.

„Баравме и предупредувавме дека се потребни конкретни мерки за помош на граѓаните. Уште пред скоро два месеци, кога започна кризата на Блискиот Исток, премиерот и Владата не презедоа буквално ништо. СДСМ понуди решенија, намалување на ДДВ-то на горивата на 5%, на основните прехранбени производи ДДВ-то да се намали на 0%, намалување на акцизите за 4 денари и преполовување на цената на патарините. Со овие мерки граѓаните навистина ќе имаа бенефит и ќе се почувствуваше на семејниот буџет. “, рече Филипче.

Тој обвини дека Владата ги одбила овие предлози, а потоа делумно и задоцнето вовела мерки кои сега повторно ги укинува.

„За жал, премиерот и неговата тендер-коалиција сите наши предлог-закони ги одбија. Дел од мерките ги воведоа делумно, а сега и тие се прекинуваат. Предоцна е, затоа што цените на сè во државата веќе се зголемија.“ рече претседателот Филипче.

Тој потенцираше дека реалноста ги демантира тврдењата на Владата.

„Мицкоски сè уште раскажува бајки дека сме трета економија во Европа. Дали граѓаните го чувствуваат тоа кога ќе влезат во продавница? Дали го чувствуваат кога ги плаќаат сметките? Одговорот е – не. Граѓаните живеат многу полошо. Странските инвестиции се намалени за 60%. Компании затвораат и отпуштаат работници. Во изминатите година и пол се отпуштени 1.500 работници. Дупката во буџетот расте, а државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите.“ рече Филипче.

Дополнително, Филипче нагласи дека цените на основните производи се драстично зголемени:

„Лебот, брашното, шеќерот, солта, месото, млечните производи, овошјето и зеленчукот – сè е поскапено од 5 до 300%. Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден. Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард и за млади кои заминуваат од земјава.“ потенцираше претседателот Филипче.

Дополнително, Филипче уште еднаш посочи дека СДСМ бара и таргетирана поддршка за најранливите категории граѓани.

„Продолжуваме да бараме да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, да се интервенира во ДДВ-то и да се донесат посебни мерки за помош на одредени загрозени категории на граѓани – социјални случаи, студенти, пензионери, работници со ниски примања, семејства со повеќе деца и земјоделци.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања