Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Граѓаните живеат полошо со доаѓањето на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

„Граѓаните живеат многу полошо од пред две години, кога на власт дојде Христијан Мицкоски и оваа коалиција“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче посочи дека граѓаните ги плаќаат бајките и неспособноста на Мицкоски со празни џебови и празни фрижидери.

— реклама —


„Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во
Европа, за најнизок стандард во Европа и за млади кои заминуваат од земјава“, рече Филипче.


Претседателот на СДСМ нагласи дека граѓаните тонат во сиромаштија, цените на сè во државата веќе се зголемија, а граѓаните ги плаќаат грешките на премиерот и оваа Влада.

— реклама —


„Дали граѓаните го чувствуваат тоа кога влегуваат во продавница, кога ги плаќаат сметките за струја и гориво? Дали паричниците се полни или празни? Дали луѓето живеат подобро? Одговорот е – не. Цените на основните производи се зголемени – леб, брашно, шеќер, сол, месо, млечни производи, овошје и зеленчук. Некои производи се поскапени и до 300%. Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, посочи Филипче.


Во однос на економските показатели, Филипче истакна дека странските инвестиции се намалени за 60%, компаниите затвораат и отпуштаат работници, а во изминатата година и пол се отпуштени 1500 работници, додавајќи дека буџетскиот дефицит расте, а државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 18 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања