Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryldu1vkc171t6dyp2yHM

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека во периодот од 2019 до 2021 година, во време на глобална криза, власта предводена од СДСМ не ги надополнувала стоковите резерви, туку, како што тврди, ги „празнела и препродавала“.

— реклама —

Андоновска изјави дека околу 2.000 тони јачмен и пченица, во државна вредност од околу 800.000 евра, биле отпишани од залихите „по насока на Заев, Филипче и Николовски“, додека јавноста била уверувана дека ситуацијата е под контрола.

— реклама —

Според неа, за да не се забележи кусокот, биле склучени два тендери со соседна држава за набавка на дополнителни 20.000 тони жито, со цел „пополнување на дупките во резервите“.

— реклама —

„Со овие тендери очекувале да ги покријат недостатоците и јавноста да заборави што се случило“, изјави Андоновска, додавајќи дека 800.000 евра „завршиле во приватни џебови“, а отпишаните количини биле препродадени „на црн пазар во друга држава“.

Таа оцени дека, наместо да се огради од одговорните, СДСМ „и понатаму ги штити своите функционери“, што, според неа, ќе доведе до „понатамошен пад на довербата и поддршката“ за партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања