Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Антикорупциска комисија: Интегритетот на хартија, слаб во пракса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
432224-720x340-1

Извештајот на ДКСК покажува дека институциите формално воспоставуваат систем за интегритет, но примената е нееднаква и често недоволна, особено кај управување со ризици и судир на интереси. Во 2025 се спроведени политики, обуки и алатки за следење, но многу институции остануваат на ниво на формална усогласеност. Потребен е премин од декларативна во оперативна фаза со јасни процедури, отчетност и реална примена, особено во јавни набавки, подароци и дискрециони овластувања. Во 2026 се бара стабилизација, мерливи резултати и засилена одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата покажува дека институциите во земјава формално го воспоставуваат системот за интегритет, но неговата реална примена останува нееднаква и често недоволна, особено во делот на управување со ризици и судир на интереси.

Во документот се наведува дека во текот на 2025 година се преземени низа активности за зајакнување на интегритетот, вклучително и развој на политики, обуки и воведување на алатки за следење, но и покрај тоа, дел од институциите сè уште функционираат на ниво на формална усогласеност, без суштинска примена во секојдневното работење.

— реклама —

Анализата покажува дека системот за интегритет треба да премине од декларативна во оперативна фаза, со јасни процедури, механизми за отчетност и реална примена на правилата, особено во чувствителни области како јавните набавки, подароците и управувањето со дискрециони овластувања.

Според податоците, забележан е раст на институциите кои учествуваат во процесот, но и натаму постојат значајни слабости, како недоволна интеграција на антикорупциските политики во секојдневните процеси и недостиг на системско следење и контрола.

— реклама —

Извештајот укажува дека клучен проблем останува фактот што многу институции ги донесуваат потребните акти, но тие не се применуваат во пракса, што директно влијае врз довербата на граѓаните и ефикасноста на системот.

Дополнително, се нагласува потребата од редовни внатрешни проверки, активна улога на раководствата и подобра координација, со цел системот за интегритет да стане функционален механизам, а не само формална обврска.

Во заклучокот се посочува дека 2026 година треба да биде период на стабилизација и зацврстување на механизмите, со фокус на практична примена, мерливи резултати и засилена одговорност во институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

432224-720x340-1

ДКСК ќе го разгледува извештајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
432224-720x340-1

Антикорупционерите со постапки за 234 советници од општините поради непријавен имот

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев бил дискриминиран од Антикорупциска: Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, дојдете на јунска сесија да ве допрашам

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryg3djcn2a71jb3LpltZs

Софија Спасова-Медарска избрана за заменик-претседател на ДКСК

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања