Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Апасиев: Поразително е борбата против корупцијата да ни ја водат странски агентури

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
APASIEV-KRMOV-PROTESTI-2

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес - конференција, во одговор на новинарско прашање го истакна ставот на Партијата по однос на ставањето на црната листа на САД на Артан Груби заради мито и местење на случаи со Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК назначен од ДПМНЕ.

— реклама —

- Мислиме дека ова е обична козметика. Ова е сигнал до корумпираните политичари од ДУИ за да не ескалираат. Меѓутоа, ништо суштински нема да се промени. Скандалозно е тоа што наместо МВР да ги има тие информации, дека Артан ГРУБИ местел случаи со Сашо МИЈАЛКОВ, тоа го дознаваме од странски амбасади. Тоа значи дека ние сме обична територија, без владеење од страна на власта. Тоа само по себе за нас е поразително како народ! Сметаме дека борбата против корупцијата треба да ја водат домашните, а не странските агентури - потенцираше претседателот Апасиев.

— реклама —

По однос на заканите од ДУИ за дестабилизација во Македонија доколку Уставниот суд ја укине неуставно наметнатата двојазичност, Апасиев, исто така го истакна ставот на Левица.

— реклама —

- Што и да одлучат уставните судии мислам дека ќе помине без проблем, исто како што беше и со Балансерот. Впрочем, ако се сеќавате, вчера Али Ахмети се закани со војна! И, тука има простор, ако го читате убаво Законот за политички партии, за интервенција на надлежниот Јавен Обвинител. Бидејќи ние, како политички партии, стрикно ни е забрането да повикуваме на воена агресија. Оттука, мислиме дека во случај на евентуални нереди, после одлуката на Уставниот суд, каква и да биде, органите на прогонот, односно МВР, треба да си ја заврши својата работа и да не ги обеспокојува граѓаните, затоа што има капацитет - одговори претседателот Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев со анализа за Куба: Инвестира во фотоволтаици додека се соочува со санкции

Коментари | пред 5 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Антикорупциска ја проверувала сметката на Апасиев: Ви помина законскиот рок за постапката, ќе наминам да видам баш што сте откриле

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Апасиев: Породилно за мајките нема исплатено цел февруари, а вие слободно раѓајте бебиња

Коментари | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за случајот со Груби: „Сам се пријавил, ама од бегство“

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања