Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Апасиев со говор во Москва: Важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
Screenshot-2025-05-08-at-12.27.52

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.

— реклама —

„Денес, во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од победата над фашизмот, Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакна дека Левица се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател. Во борбата против фашизмот бевме обединети и таа солидарност е основа на нашата историска поврзаност, која сме должни да ја зачуваме. Во контекст на современата меѓународна нестабилност, особено е важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам. Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите” - потенцираше Апасиев во својот говор.

— реклама —

Во рамките на посетата, претседателот на Левица Апасиев и Симонов ќе остварат средба со пратеници на КПРФ во Државната дума на Руската Федерација. Посетата ќе трае до сабота, а утре ќе присуствуваат на главната Воена парада во Москва, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

lavrov-

Лавров: Во тек е разорување на светскиот поредок

Свет | пред 1 час

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Русија: Нема нафта за земји што го поддржуваат ограничувањето на цената

Свет | пред 10 часа

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 1 ден

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања