Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Арагчи предупредува: Постојат нови мети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран, преку агенцијата „Фарс“ и шефот на дипломатијата Абас Арагчи, предупреди хотелски и угостителски објекти на Блискиот Исток дека цивилни згради што сместуваат американски војници може да бидат третирани како легитимни одбранбени цели ако тоа продолжи. Според извори блиски до Револуционерната гарда, вакви локации има и надвор од Бахреин и ОАЕ, вклучително Сирија, Либан и Џибути. Арагчи тврди дека војниците се префрлаат од бази во хотели и канцеларии и бара хотелите да одбиваат резервации.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Иран преку новинската агенција „Фарс“ и изјава на министерот за надворешни работи Абас Арагчи упати предупредување до хотелските оператори на Блискиот Исток дека објектите во кои престојува американско воено лице би можеле да бидат третирани како легитимни одбранбени цели доколку ваквата практика продолжи.

Во пораката до хотелите и угостителските објекти, се наведува дека цивилни згради што се користат за сместување на американски војници може да бидат сметани за потенцијални цели, доколку не се прекине нивната употреба за таа намена.

— реклама —

Ваквиот став го пренесе иранската полузванична агенција „Фарс“, повикувајќи се на извори блиски до Револуционерната гарда. Според нив, локациите што ги користи американското воено присуство не се ограничени само на Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.

Се тврди дека алтернативни сместувачки капацитети за странските сили веќе се идентификувани и во други делови од регионот, вклучително Сирија, Либан и Џибути.

— реклама —

Изворите наведуваат дека предупредувањето на Иран е „сеопфатно и конечно“, нагласувајќи дека секој објект кој прифаќа странски воен персонал, без разлика на неговата географска локација, може да биде третиран како легитимна цел доколку не се прекине, како што велат, спорната практика.

Претходно, министерот Арагчи објави порака на платформата X во која тврди дека американските војници ги напуштиле воените бази во земјите од Персискиот Залив и престојуваат во хотели и деловни објекти.

„Од почетокот на овој конфликт, американските војници се повлекоа од базите и се сместуваат во хотели и канцеларии“, напиша Арагчи, обвинувајќи дека на тој начин се користат цивилите како „жив штит“.

Тој упати апел до хотелите во земјите од Заливот да одбиваат резервации од американски воен персонал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 3 часа

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 15 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања