Соединетите Американски Држави и Израел ја сносат одговорноста за последиците од војната како „агресори“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на средба во Техеран со специјален пратеник од Јужна Кореја, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.
На средбата со пратеникот Чанг Бјунг-ха било разговарано за актуелната состојба во регионот, како и за прашања поврзани со поморската безбедност и билатералните односи меѓу двете земји, се наведува во соопштението.