Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Атина го потсети Мицкоски за Преспа: „Државата се вика Северна Македонија“!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Од официјална Атина пристигна јасна и недвосмислена порака во врска со почитувањето на Преспанскиот договор, откако грчкото Министерство за надворешни работи објави реакција во која го нагласува меѓународно-правниот карактер на договорот и обврската за неговата целосна примена.

Грција истакнува дека уставното име „Северна Македонија“ е прецизно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор и дека за двете држави е обврзувачко на сите нивоа – домашни и меѓународни. „Нема место за искривување или менување на содржината на договорот“, порачаа од МНР на Грција, додавајќи дека почитувањето на договорите е темел за стабилни односи и мирен соживот меѓу државите.

— реклама —

Оваа реакција следи по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во програма на ТВ Сител, каде, одговарајќи на критики од СДСМ, рече дека „го вратил името“.

Во соопштението од Атина дополнително се нагласува дека Преспанскиот договор не е политичка декларација, туку дел од меѓународното право чија примена мора да биде „униформна и универзална“.

— реклама —

Грција потсетува и дека развојот на билатералните односи, како и непреченото продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, се условени од доследното почитување на договореното и од принципите на добрососедство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1vq09bb3o72l0JAWy66

Муцунски со европски дипломати: Фокус на реформи, безбедност и интеграции

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library3637m1sijgsncolKhv8

Муцунски од Анталија: Коридорите 8 и 10 се клуч за развој и стабилност

Македонија | пред 4 дена

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Македонија | пред 1 месец

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонските граѓани во Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија ќе се вратат во земјава со специјален лет на 11 март

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања