Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Авганистан: „Нема договор за враќање на базата Баграм на САД“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
zemjotres-avganistan

Авганистанската влада денеска одговори дека е „неможно“ било каков договор за враќање на поранешната американска база Баграм, откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани со санкции доколку тоа не се случи.

„Во последно време некои луѓе велат дека започнале преговори со Авганистан за враќање на базата Баграм. Но договор дури и за еден квадратен сантиметар авганистанска територија е невозможен,“ изјави Фасихудин Фитрат, началник на кабинетот на Министерството за одбрана, пренесоа локалните медиуми.

— реклама —

Трамп претходно на платформата Truth Social порача:

„Доколку Авганистан не ја врати базата Баграм на оние кои ја изградија, значи на САД – ЛОШИ РАБОТИ ЌЕ СЕ СЛУЧАТ!“

— реклама —

Фитрат, не споменувајќи директно САД, објасни дека „некои луѓе“ сакаат повторно да ја заземат базата преку „политички договор“, но нагласи: „Не ни треба тоа.“

Базата Баграм, најголемата авганистанска воздухопловна база, беше клучен центар на западните воени операции предводени од САД против талибанците, сѐ до нивното враќање на власт во 2021 година.

Трамп за време на државната посета на Велика Британија неочекувано ја спомена идејата за повторно американско преземање на контролата врз Баграм, наведувајќи дека базата е „само еден час оддалечена од местото каде што Кина гради свое нуклеарно оружје“.

На новинарско прашање во Белата куќа дали планира да испрати американски сили да ја заземат базата, Трамп одговори: „Не сакаме сега да зборуваме за тоа, но преговараме со Авганистан. Ја сакаме базата назад и тоа веднаш. А ако не ни ја вратат – ќе дознаете што ќе преземам.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 21 час

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 22 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања