Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Австралија привремено го забранува влезот за ирански туристи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Свет
media-library2bause85ja1rbhREJmc
Скопје1.мк

Австралија привремено го стопира влезот во земјата за државјани на Иран со туристички визи, соопшти министерот за внатрешни работи во средата. Тој објасни дека постои ризик привремените посетители од Иран „можеби нема да можат или веројатно нема да сакаат да ја напуштат Австралија по истекот на визата“. Забраната, која стапува на сила в четврток, ќе важи следните шест месеци, пишува CNN.

— реклама —

Сепак, некои Иранци ќе можат да патуваат во Австралија. Забраната не се однесува на оние со долгорочни визи, ниту на лица кои во земјата имаат деца или брачни партнери.

— реклама —

„Владата постапува во национален интерес во услови на глобални промени кои се случуваат многу брзо“, порача министерот Берк.

— реклама —

Според неговите податоци, околу 7.000 ирански државјани во моментов поседуваат австралиска туристичка виза.

Оваа одлука следува откако Австралија претходно овој месец им одобри политички азил на седум членки на иранската женска фудбалска репрезентација. Пет спортистки, сепак, во меѓувреме се предомислиле и го повлекле своeтo барање.

Сенаторот Дејвид Шобриџ, ја оцени одлуката на владата како „брутална и неправедна одлука чија цел е да се спречат Иранците да побараат заштита на австралиска територија, како што тоа го направија членките на иранската женска фудбалска репрезентација“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија ги преполови акцизите за гориво за да го ублажи ценовниот удар

Свет | пред 13 часа

media-libraryrgil7tncv4e3aKeOVmA

Закон без целосен ефект: Децата лесно ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи во Австралија

Свет | пред 14 часа

media-library3q18csuo1nun21sFyW2

По седум месеци потрага: Убиен осомничениот за двојното убиство во Австралија

Свет | пред 14 часа

media-library73mb43plnjnedbO1FnU

(Видео) Апокалиптично црвено небо над Западна Австралија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања