Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Австралија во првиот месец од забраната деактивираше 5 милиони профили на лица помлади од 16 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
woman-using-smartphone-technology

Компаниите што управуваат со социјалните мрежи колективно деактивирале речиси пет милиони кориснички сметки кои им припаѓале на австралиски тинејџери, само еден месец по стапувањето на сила на првата ваква забрана во светот за лица помлади од 16 години, соопшти интернет-регулаторот во Австралија. Ова, според надлежните, е показател дека мерката имала брз и сеопфатен ефект.

— реклама —

Комесарката за интернет-безбедност, Џули Инман Грант, изјави дека досега се отстранети околу 4,7 милиони профили во сопственост на малолетници, со цел усогласување со законот што стапи на сила на 10 декември. Дел од платформите најавиле дека започнале со затворање на ваквите профили и неколку недели пред рокот.

— реклама —

Ова се првите официјални владини податоци за почитувањето на законот, кои укажуваат дека платформите преземаат сериозни чекори за да ги исполнат обврските, бидејќи во спротивно би можеле да се соочат со казни до 33 милиони американски долари. Одговорност, пак, не сносат децата и нивните родители.

— реклама —

Иако бројката е значително повисока од претходните проценки и укажува дека секој Австралиец на возраст од 10 до 16 години имал повеќе од два профили, дел од сметките на малолетници сè уште се активни. Компанијата „Мета“ претходно соопшти дека отстранила околу 550.000 профили на малолетници од Инстаграм, Фејсбук и Тредс.

Минималната возраст за користење социјални мрежи се однесува и на платформите Јутјуб на „Гугл“, ТикТок, Снепчет и Икс, поранешен Твитер, во сопственост на Илон Маск. „Редит“ соопшти дека го почитува законот, но истовремено покрена тужба против владата барајќи укинување на забраната, на што владата најави дека ќе одговори со одбрана на мерката.

„Јасно е дека регулаторните насоки и ангажманот на службата за интернет-безбедност со платформите веќе даваат значајни резултати“, изјави Инман Грант, додавајќи дека сè уште е рано да се прогласи целосна усогласеност.

Комесарката нагласи дека ќе биде потребно време за целосно воспоставување ефикасни системи за проверка на возраста, но дека досегашните повратни информации од давателите на вакви услуги укажуваат на релативно непречено спроведување на забраната, поткрепено со претходна јавна едукација.

Надлежните соопштија и дека ќе ги следат таканаречените миграциски трендови, откако некои помали апликации забележале пораст на преземања во пресрет на воведувањето на забраната. Сепак, според регулаторот, почетниот раст не се претворил во долгорочно користење. Долгорочното влијание на мерката ќе го следат специјалисти за ментално здравје во рамки на повеќегодишна студија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија ги преполови акцизите за гориво за да го ублажи ценовниот удар

Свет | пред 14 часа

media-libraryrgil7tncv4e3aKeOVmA

Закон без целосен ефект: Децата лесно ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи во Австралија

Свет | пред 15 часа

media-library3q18csuo1nun21sFyW2

По седум месеци потрага: Убиен осомничениот за двојното убиство во Австралија

Свет | пред 15 часа

media-library73mb43plnjnedbO1FnU

(Видео) Апокалиптично црвено небо над Западна Австралија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања