Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Австралискиот премиер во обраќање до нацијата: Следуваат тешки месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryvquqh6q8ehjo8UvZmJ0
Screenshot: 7news

Австралискиот премиер Ентони Албанезе предупреди дека земјата се соочува со тежок период поради енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека последиците ќе се чувствуваат во наредните месеци.

Во обраќање до нацијата, тој посочи дека ниту една влада не може целосно да ги елиминира економските притисоци што произлегуваат од војната.

— реклама —

„Месеците пред нас можеби нема да бидат лесни. Сакам тоа да го кажам отворено. Ниедна влада не може да ветува дека ќе ги отстрани притисоците што овој конфликт ги предизвикува“, изјави Албанезе.

Тој нагласи дека владата ќе преземе мерки за ублажување на последиците врз граѓаните и економијата.

— реклама —

„Можам да ветам дека ќе направиме сè што можеме за да ја заштитиме Австралија од најтешките последици“, изјави Албанезе.

Премиерот упати и директен апел до граѓаните да не создаваат паника и да не прават непотребни резерви на гориво.

„Ако одите на пат, не земајте повеќе гориво отколку што ви е потребно – точете како и обично. Мислете на другите во вашата заедница, особено во руралните подрачја и во клучните сектори“, изјави Албанезе.

Тој ги повика граѓаните, каде што е можно, да користат јавен превоз наместо лични возила, со цел да се намали притисокот врз снабдувањето со гориво во услови на глобална неизвесност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym294j99o9llg2LG9cH3

(Видео) Пожар во рафинерија во Австралија: Загрозено снабдувањето со гориво

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-librarybien4gd5p8fm9lOJB55

Повеќе од 60 отсто малолетници во Австралија ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи

Свет | пред 1 седмица

media-library50mkk5dmmv25fBfgKnF

(Видео) Очекувала пајаци во Австралија, а ја „пречека“ небото: илјадници лилјаци во кадар што ги „заледи“ социјалните мрежи

Настани | пред 1 седмица

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Австралија забранува познати лица во реклами за коцкање

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања