Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

Нема фотографија

Средба Димитров – Чиамба: Романското претседателство е гласен поддржувач на политиката на приближување на регионот кон ЕУ

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров, денес, оствари средба со романскиот министер-делегиран за европски прашања, Џорџе Чиамба.„На средбата се разговараше за европските перспективи на Република Македонија и очекувањата од претстојното Романско претседавање со Советот на Европската Унија.Димитров упати благодарност до министерот Чиамба за заложбата Романското претседателство да биде гласен поддржувач на политиката на приближување на Регионот кон ЕУ и изрази надеж дека во јуни 2019 година ќе споделиме заеднички успех – Романија како земја претседавач, а Македонија како земја преговарач со Унијата. Притоа, Министерот Димитров потенцираше дека Република Македонија посветено работи на постигнување конкретни и видливи резултати во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ и брифираше за текот на спроведување на дел од клучните реформски политики на Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението од МНР.

Македонија | пред 7 години

dete-padobran

(ВИДЕО) 15 годишно момче полетало во смрт од 14 кат, додека мајка му го бодрела

Петнаесет годишно момче од Украина починало откако се фрлило од зграда со падобран кој тој сам го направил. Застрашувачката снимка го прикажува Богдан Фирсов на врвот од зградата како се подготвува за скок од 14-ти спрат, додека куп луѓе стоеле и гледале. Меѓу набљудувачите кои го охрабрувале да скокне, била и неговата мајка.Еден од сведоците вели дека никој од набљудувачите не се обидел да го одврати од намерата или да повика полиција да го спречи да скокне, туку само стоеле и снимале.Момчето стоело на работ на покривот на зградата неколку минути, а потоа ги раширило рацете и скокнало. Падобранот не се отворил целосно и од висина од 50 метри паднало на грбот и останало мртово на самото место и тоа пред очите на шокираната мајка.Експертите велат дека ова била самоубиствена акција, бидејќи и падобранот да се отворел, момчето немало да преживее.

Свет | пред 7 години

mvr

Кривична пријава против двајца полициски службеници - ја злоупотребиле службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници во Надворешна канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија.Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ по член 140 став 4 вв став 1 и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичникот законик на Република Македонија.„Пријавените во својство на овластени службени лица со полициски овластувања ја злоупотребиле службената положба и овластување со пречекорување на границите на нивното службено овластување при што во центарот на Гевгелија без наредба од суд противправно лишиле од слобода две лица и ги однеле во полициската станица од општа надлежност во Гевгелија каде им била ограничена слободата на движење по што над лицата и возилото извршиле претрес и за превземените дејствија не изготвиле службени материјали за евидентирање на настанот.Против полициските службеници поведена е и постапка за дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ученик нападнат со нож во средното училиште „Арсениј Јовков“

18-годишно момче вчера во претпладневни часови во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на три најверојатно, сите малолетни деца, било нападнато со нож, соопшти полицијата. По ова тројцата напаѓачи физички нападнале и други уште тројца ученици, додаваат од МВР.„Во 11 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на Е.Џ. на возраст од 17 години, 16-годишниот А.Б. и уште едно лице со употреба на нож бил нападнат 18-годишниот С.Р. од Скопје, а потоа физички нападнале уште тројца ученици на возраст од 17 и 18 години, по што го напуштиле местото на настанот“, се наведува во соопштението на полицијата.С.Р., велат од полицијата по нападот веднаш бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

mukovski-arnaudov

Обвинетите пратеници спокојно ќе гласаат за уставните измени

Амнестијата најверојатно ќе го претрка гласањето на уставните измени кое треба да се случи кон средината на јануари 2019-та. Предлог-законот е готов, до пладне тој сѐ уште не беше заведен во собраниската архива информираа од кабинетот на Талат Џафери, но од телото за помирување, пак, не ја исклучуваат можноста тој уште денеска да влезе во собраниска процедура. Обвинетите пратеници, пак, сѐ уште се воздржани. Речиси сите кои ги контакриравме дали ќе побараат амнестија одбија да се произнесат со објаснување дека законот прво треба да биде донесен, објави Плусинфо.мк.Според одредбите во предлогот, веднаш штом ќе биде донесен законот целиот процес на амнестирањето би можел да се случи уште пред Нова Година или Божиќ. Имено, откако ќе биде донесен законот сите обвинети ќе имаат можност од пет дена да побараат амнестија, а судот врз основа на мислење од јавното обвинителство и врз доказите, за пет дена од добивање на барањето ќе одлучи дали ги следува амнестија или не.Кажано народски, за спас од кривичен прогон, формален амин ќе треба да дадат прво обвинителката Вилма Рускоска, а потоа и судечкиот совет на чело со Добрила Кацарска.Сепак, контурите за тоа кој ќе се амнестира, а кој не, ги исцрта телото за помирување кое го скоцкало законот водејќи се од тоа кој нема да биде опфатен.Детали од предлог-законот синоќа објави „360 степени“.„Одредбите од овој член не се однесуваат на лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат затворска казна за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на РМ од 27.04.2017 година,… кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност од член 324 ст.1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила или лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик, убиство по чл.123, насилство по член 386 од Кривичниот законик“, пишува во еден од ставовите на член 1.Ако обвинителката Вилма Рускоска остане на тоа, како што најавуваше и досега, дека нема да прави прекфалификација на делото (терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста) значи дека од актуелниот случај за „27 април“, кој е во тек нема да се спасат вработените во МВР, меѓу кои и тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков, како и тие кои влегоа во Собрание со фантомки, со оружје, вршеа насилство… Во оваа група, според она што се посочуваше во текот на судскиот процес, би можеле да се сместат и Игор Југ, Јане Ченто, Горан Ангеловски Ќосето, Никола Митревски Кољо и др. Тука се и седумината осудени со првостепена пресуда за обидот за убиство на Зијадин Села кои добија од 10,5 до 13,5 години затвор, како и „кубачот“ на Радмила Шекеринска кој е осуден на четири години затвор за насилство.Од друга страна, според првичните толкувања на сѐ уште необјавениот во целост закон, засега најизвесно е дека амнестија ако побараат ќе добијат петмината пратеници: Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, како и водачите на протестите „За заедничка Македонија“: Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски Бетмет и Борис Дамовски. Тука се и десетина лица кои уште пред околу шест месеци беа осудени за учество во толпа.извор: Плусинфо.мк

Скопје | пред 7 години

antikorupciska-komisija

Власта не може да се договори за нова антикорупциска комисија

Собраниската комисија за прашања за изборите и именувањата ја тргна од дневен ред точката за именување на членови на Државната комисија за спречување на корупција. Иако оваа точка беше предвидена за прва на денешната расправа, пратениците на владејачкото мнозинство побараа точката да се тргне од дневен ред.„Бараме оваа точка да се тргне од дневниот ред и по донесувањето на новиот закон да се изберат по нови критериуми“, рече Ивана Туфегџиќ, независен пратеник во коалиција со СДСМ.На ваквиот предлог се спротивставија од ВМРО-ДПМНЕ, но точката беше тргната од дневниот ред.„Не мислам дека ќе се создадат услови пред распишување на претседателските избори кои се очекува да се распишат во февруари месец да биде избрана антикорупциска комисија, па макар и по новиот закон“, реагираше Илија Димовски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

gruevski-trajkovski

Царинската управа отвори истрага за Трајковски

Царинската управа вчера отворила истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски во Будимпешта. По фотографиите кои се појавија во медиумите на кои се гледа дека Трајковски е со Груевски Цринската управа го испитува неговото отсуство од работа. Засега од Царинската управа само потврдија дека тој користи боледување од 5 декември.„Од царинскиот службеник побарана е изјава за отсуството од страна на инспектори од Секторот за професионална одговорност, и истиот го доставил Извештајот за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување“, се вели во дописот од Царинската управаИстрагата на Царинската управа е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работни односи (член 81) и Колективен договор.За текот на истрагата и резултатите од можна злоупотреба на отсуството согласно актите на Царинската управа и законските прописи, царинсата управа дополнително ќе информира.Членот 81 гласи дека „Работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, особено ако не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот или незаконски или неовластено ги користи средствата на работодавачот.Вчера царинскиот службеник обвинет за случајот „Насилство во Општина Центар“ изјави дека заминал во Унгарија за да оди на клиника, поради проблеми со синусите и белите дробови, а не за да го посети бегалецот Груевски.

Скопје | пред 7 години

shkola-za-mladi-lideri

Објавен конкрс за учество во меѓународна обука за Млади лидери

Објавен е конкурсот за десеттата Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 24 февруари 2019 година.Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование, кои имаат желба преку нивните вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Програмата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и од странство. Наставата ќе се одвива на македонски и на англиски јазик.Право на учество на конкурсот, што е отворен до 24 декември 2018 година, имаат сите млади од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Трошоците за сместување и програмските активности ќе бидат покриени од страна на организаторите.Условите за конкурирање предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, додека просек еднаков или поголем од 8,5 на додипломски студии и работно искуство од минимум една година ќе се сметаат за предност.Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за напреден степен за познавање англиски јазик и две препораки.Конкурсот е објавен на веб-страницата и фејсбук-страницата на претседателот на Република Македонија.Школата за млади лидери првпат беше организирана во август 2010 година во Охрид. Во изминатите девет години на школата учествуваа 360 млади луѓе со различна академска и професионална определба и над 200 предавачи. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде што преку организација на семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

Скопје | пред 7 години

svr-ohrid

Стружанец нападнал сограѓнин пред ресторан - двајцата завршиле во болница

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 27-годишно лице А.М од струшката населба „Плитишта“.Лицето, како што соопшти денеска СВР Охрид, казненото дело го сторило на 30 ноември оваа година, околу 17 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Струга. Најпрво предизвикал вербална расправија со Л.Ч.(37) од Струга, а потоа и физички го нападнал.Повредениеот веднаш бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била дадена неопходна медицинска помош..

Македонија | пред 7 години

seul-tramp-i-jong-un

Трамп и Ким Јонг Ун се степале во Сеул

На улиците на Сеул излегла група граѓани која се противи на политиката на актуелниот претседател Мун Џае Ин кон Северна Кореја. Активистите носеле маски од лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, американскиот претседател Доналд Трамп и Мун Џае Ин и така извеле мал перформанс.Според тмошните медиуми Ким Јонг Ун носел проектили, а Трамп се обидел да го шутне, што е ја илустрира нивната политика и меѓусебниот однос.Тука имало и една жена која со гумен чекан удирала во лажниот севернокорејски лидер.

Свет | пред 7 години

marihuana-12

(ВИДЕО) Запленети 500 килограми марихуана на „Богородица“

Повеќе од 500 килограми марихуана, спакувана во 181-но пакување, со различна големина и тежина, се запленети на Граничниот премин „Богородица“. Дрогата била пронајдена, при контрола на камион, со скопски регистерски таблички, во специјално направен бункер, на кровот на приколката. Возачот на камионот е приведен, додека по едно лице се трага. Пронајдената дрога, во Македонија влегла од Албанија, а била наменета за нарко-пазарот во Турција. Според првичните информации, станува збор за меѓународна криминална група, во која се вмешани државјани на Македонија, Албанија и Турција.Запленетата марихуана требало да се транспортира до Турција, а нејзината вредност се проценува на над милион евра, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.Во рамките на криминалистичкото истражување утврдено е дека во текот на ноември и декември, Д. С. (33) од Скопје набавил марихуана од Албанија со цел продажба во Турција, а го организирал и транспортот преку Македонија и Грција до територијата на Турција. За реализација на транспортот, Д.С. за соодветен паричен надомест го ангажирал З.А.. Бункерот во возилото бил направен во Турција и оттаму З.А. го донел возилото во Скопје, каде веќе била подготвена марихуаната за транспорт.-Во текот на вчерашниот ден, по издадени наредби од судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на Д.С. во Скопје, со цел пронаоѓање и обезбедување на дополнителни материјални докази. Од извршениот претрес, пронајдени и одземени се едно возило Рено меган, мобилни телефони и бројна документација. Во текот на денешниот ден до обвинителството е поднесена кривична пријава против Д. С. како организатор на транспортот и З. А. како транспортер на дрогата, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик на Р.Македонија- соопшти Ангеловски.Бункерот во камионот бил направен во Турција и оттаму З.А. го донел возилото во Скопје, каде веќе била подготвена марихуаната за транспорт.Кривична пријава Одделот за организиран криминал поднел и против Д. С. како организатор на транспортот.

Македонија | пред 7 години

mladi-struga-1

„Светот останува на младите - Разговори за успехот“ - Инфо за настан 21 декември Струга, Локална Агенција за развој од Струга

Сите велат „светот останува на младите“. Од друга страна, сведоци сме дека во Македонија се повеќе млади сакаат да заминат и се помалку од нив сакаат да останат во државата.Разговаравме со млади, родители, наставници. Од сите страни почувствувавме некоја апатија и немоќ дека нештата може да се сменат.Во таа насока, ние како граѓански активисти одлучивме да направиме експеримент. Да откриеме зошто младите се разочарани и дали постои начин младите да се заинтересираат за нови знаења, и како да се мотивираат да превземат активности во нивни раце за нештата кои се во нивен интерес, велат од Локалнта агенција за развој Струга. Тие додаваат: „Успеавме да откриеме модел кој е супер успешен и кој може да им помогне на младите и на наставниците и на училиштата да ја вратат вербата во образованието. Да го доживеат значењето на флоскулата “Знаењето е сила знаењето е моќ. На младите останува светот!”Нашиот успех и целосната тајна на моделот кој може да се примени од сите кои се дел од образованието сакаме да го споделиме со јавноста, особено со наставниците и училиштата од Охрид и Струга каде и го направивме овој експеримент.Ќe ги споделиме сите чекори и добри практики кои ги применивме, и сите предизвици со кои се соочивме и буквално ќе го подариме на сите кои сакаат нашиот пристап да го применат и да уживаат во плодовите на успехот! А тоа се задоволни наставници и мотивирани ученици, вклучени во општествените предизвици.Кога?На 21 декември петок во хотел Дрим, Струга. Линк до настанотИ тоа не е се, како специјален гостин ни доаѓа г-дин Хајан Селмани – еден од најуспешните претприемачи во Македонија кој во оваа насока ќе одржи мотивациски говор за присутните, велат од локалната агенција за развој Струга.

Македонија | пред 7 години

nbrm-narodna-banka

Основци и средношколци имате можност да учествувате во Меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите - Пријавете се ...

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК до основните и средните училишта во Република Македонија.Ги повикуваме основните и средните училишта во РепубликаМакедонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација,фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15години. Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – првата фаза сенационалните натпревари во секоја земја поединечно, а втората фаза еевропското финале. Националниот натпревар во Република Македонијаќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамките на Европскатанедела на парите. Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваатнашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година воБрисел, Белгија.Натпреварите ќе се реализираат преку посебна електронскаапликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.Финалниот натпревар во Белгија ќе сеодвива на мајчиниот јазик на учесниците. Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта дапријават одделенија / класови за учество на националниот натпреварво Република Македонија, најдоцна до 31 јануари 2019 година наследнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација:info@mba.mkПритоа, треба да се има предвид следново:- Секое основно или средно училиште може да пријави повеќеодделенија / класови;- Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денотна пријавувањето;- Заедно со податоците за одделенијата / класовите треба да седостават податоци за наставниците / професорите под чиементорство ќе се одвива подготовката.Во периодот од крајот на јануари до почетокот на март, ќе се одвиваатподготовки и интерно тестирање на пријавените одделенија / класовиза потребите на националниот натпревар.Организаторите на настанотќе се погрижат за едукативните материјали коишто ќе им бидатпотребни на учесниците од Република Македонија за подготовка заинтерното тестирање, националниот натпревар и европското финале,за што пријавените одделенија / класови и нивните ментори ќе бидатнавремено информирани.Повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни наследниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu .

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Генералот Стојанче Ангелов добитник на орденот „Свети Никола“ на градот Штип

Општината Штип вечерва на свеченост ќе му го додели одрденот „Свети Никола“ на генералот Стојанче Ангелов, кој потекнува од Штип. Во образложението од Општината стои дека Ангелов е „патриот и херој кој што во текот на многу турбулентни случување со свој личен пример покажа како се сака Република Македонија“, објави мета.Бизнисменот Штерјо Наков пак, е еден од тројцата добитници на признанието „Свети Никола“. Наков, кој е по потекло од штипско, признанието го добива како почесен конзул на Романија во Македонија со седиште во Штип, стопанственик поддржувач и афирматор на Штип.Меѓу добитниците се и Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора со седиште во Штип и штипската компанија „Пеком инженеринг“, како општествено одговорна компанија.Стојанче Ангелов беше предложен, но одбиен од Комисијата за култура за добитник на највисокото општинско признание – награда „8 Ноември“.Празникот Свети Никола, што се одбележува како патрон на градот, утре ќе се одбележи со свечена богослужба, на која ќе чиноналствува поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан, кој ќе има и празнично обраќање. Орденот и и признанијата ќе бидат доделени вечерва, по промоцијата на книгата Житијата и чудата на Свети Јоаким Битолски – Шангајски чудотворец.извор: мета.мк

Македонија | пред 7 години

elka-plasticni-sisinja

Твитерџиите со елка од пластични шишиња ќе ги одбележат празниците

На 22 и 23 декември, сабота и недела твитерџиите и оваа година, традиционално, ќе накитат елка од пластични шишиња.Според агендата во сабота со почеток од 11 часот до 14 часот собраните шишиња ќе се остават на следните пунктови: Лептокарија, на коцката пред Ревија, влезот на трговскиот центар Беверли Хилс, ТЦ Бисер, Порта Влае, пред Баду и кај Универзална сала.Во недела со почеток во 11 часот елката ќе се издигне во парк Форум, зад Рекорд.Настанот е од отворен тип и сите се поканети да се вклучат.Целта на настанот е да се подигне свеста за рециклирање и намалување на отпадот.Исто така, тие апелираат да се чуваат празните пластични шишиња периодов, посебно оние од славите, и истите да се донираат на пунктовите.

Македонија | пред 7 години

Avtobus-nesrekja-Leskovac

Телата на загинатите кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија

Телата на тројцата починати Македонци од сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија, а 15-мина се уште се наоѓаат на лекување во Ниш и Лесковац, соопшто дописникот на МИА од Белград.-По завршената обдукција во Лесковац, тројцата починати од сообраќајната несреќа, 68-годишната К.К од Кочани, 68-годишниот маж В.Ш.од крушевското село Бучин и 63-годишната В.К од Кавадарци денеска ќе бидат транспортирани за Македонија.Дванаесете лесно повредени патници и двете деца, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“, во Лесковац, вчера организирано беа префлени во Македонија. Од болницата во Лесковац пуштен е на домашно лекување уште еден од повредените Македонци, така да во оваа болница се наоѓаат седум полесно повредени патници.Осуммината потешко повредени Македонци се уште се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, од кои две патнички со тешки повреди на главата, на рбетниот столб и со фрактура на карлицата, се во сериозна здравстевна состојба и приклучени се на апаратите за дишење. Сите останати се стабилизирани и не се животно загрозени. Лекарите во овие болници ја следат сотојбата на повредените и како што ни изјавија по подобрување на здравствената состојба во договор со македонските задравствени институции, пациентите ќе бидат префрлени на лекување во Македонија.Во болницата во Лесковац се наоѓа вториот возач на „автобусот на смртта“, кој е во стабилна здравствена состојба и има полесни повреди. Тој на дописникот на МИА изјави дека во моментот на сообраќајната несреќа во 01 часот и 45 минути спиел и не знае како дошло до трагичниот настан.Од полицијата и од истражните служби на Србија, не информираа дека истрагата се уште е во тек и дека наскоро ќе излезат со целосни податоци. Возачот на автобусот, кој во Србија го нарекоа „автобус на смртта“, според српските закони, пред се, поради трите жртви, се наоѓа во притвор.Патниците кои патуваа од повеќе градови во Македонија за Виена со превозникот Еуро Бус од струшкото село Велешта, беа претежно наши печалбари, а во моментот на несреќата сите спиеле.Според сведоштвото на преживеаните до несреќата дошло поради лошите снежни услови, голомразицата и неприлогадената брзина на возачот на автобус од речиси 100 км. на час и можноста возачот да има заспиено зад воланот.Автобусот ја изгубил контролата, излетал од автопатот, по што се превртел повеќе пати. Благодарејќи на навремената интервенција на осум возила на Итната медицинска помош од Ниш и Лесковац, на пожарникарите и случајни патници, кои испод автобусот ги извлекувале повредените, спречено е да дојде до поголема трагедија.Голема и несебична помош била дадена и од градоначалниците на Лесковац и Ниш, од медицинските установи од овие градови во спасување и збринување на повредените.МИА

Македонија | пред 7 години

salivan-zaev

Саливан: САД го поддржуваат Преспанскиот договор

САД силно го поддржува Преспанскиот Договор и очекува имплементација на истиот, порача заменик државниот секретар на САД, Џон Саливан.„Република Македонија е лидер во регионот поради нејзините заложби за мир, стабилност и соработка. Изразувам пофалби за премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров како и за храброто лидерство на оние пратеници во Собранието кои со своите гласови го презедоа потребниот чекор за обезбедување посветла иднина за Македонија и ја ставија вашата земја на патот кон побезбедна иднина. Поттикнуваме повеќе пратеници да ги остават настрана партиските интереси. Нема друга алатернатива“, рече Саливен.Тој ги пофали храбрите пратеници кои во октомври кренале рака за промена на Уставот на Македонија и ги поттикна и останатите пратеници да ги оставеле партиските цели и да се заложеле за просперитет и иднина на земјата во НАТО и ЕУ.За премиерот Заев ризиците за завршување на процесот на уставните измени се сведувале на минимум . Тој додаде дека ова бил единствениот начин за земјава д влезе во ЕУ и НАТО.

Скопје | пред 7 години

27-april

Тело за помирување: Амнестија нема да има за организаторите, тепачите и вооружените лица на 27 април

Координативното тело за помирување денеска ја одржа својата трета средба и го презентираше текстот на предлог законот за амнестија. Предлог законот ги содржи делата кои што нема да бидат опфатени со амнестијата. Како што објаснија копретседавачките Фросина Ременски и Емилија Александрова со амнестијата нема бидат опфатени лицата кои според обнинието се теретат за за здружување на непријателска дејност, лицата кои влегле со оружје, била маскирани и се однесувале насилно. Секој од обвинетите или осудените мора да поднесе индивидуално барање во рок од пет дена, а одлуката ќе носат јавното обвинителство и судот.„Очекувам денеска во соодветна процедура да влезе со собраниска процедура“, изјави Ременски и додаде дека помилување нема да има и за лицата кои се гонат за кривичното дело здружување заради непријателска дејност и нема право да дава квалификации кој треба да добие амнестија, за тоа ќе одлучува судот врз основа на Јавното Обвинителство.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Зоран Заев и Алексис Ципрас - номинирани за Нобелова награда за мир

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинирани за Нобеловата награда за мир за 2018. Номинацијата на Заев и Ципрас до Нобеловиот комитет ќе ја достави Уидед Бушамауи од Тунис, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015.Свечената церемонија за Номинација за Нобелова награда за мир за 2019 се одржа на Универзитетот ФОН.„Почестена сум што ги номинирам Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобеловата награда за мир.Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши сѐ“, рече Бушамауи.Заев и Ципрас се номинирани за ова признание поради склучувањето на Договорот од Преспа. Со овој договор името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со македонски јазик и македонска националност.Во тек е собраниска постапка за амандманите за измена на Уставот соодветно Договорот со Грција.

Скопје | пред 7 години

nbrm-slika

Склучен меморандум за соработка помеѓу НБРМ и МБА во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија

Вчера, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Македонската банкарска асоцијација (МБА) склучија меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација на населението во земјава. Согласно со одредбите од меморандумот, во натамошниот период, НБРМ и МБА, заеднички ќе преземат низа активности коишто ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на финансиска писменост, како и унапредување и развивање на финансиската инклузија на популацијата. Во рамки на соработката ќе се преземат и активности преку кои населението ќе добие повеќе информации и за банкарските услуги во земјава.Како што беше истакнато и на свеченоста на која беше потпишан меморандумот од гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на МБА, г. Коста Митровски, оваа соработка ќе биде насочена кон подигнување на свеста кај населението за потребата од финансиска едукација во современото динамично окружување, заради подобрување на вештините и способноста за носење издржани финансиски одлуки во практиката. Истовремено, заради подигнување на нивото на финансиска инклузија, се планираат заеднички активности коишто треба да обезбедат подобра информираност на населението и поголема достапност на банкарските услуги, што би овозможило подобро искористување на предностите коишто ги нудат банкарските услуги, при истовремено зајакнување и на свесноста на населението за евентуалните ризици во доменот на користењето на банкарските услуги, како многу важен аспект за клиентите на банките. Покрај тоа, во рамки на соработката се предвидува и зајакната координација во доменот на следењето, едукацијата и евентуалната примена на финансиските иновации во рамки на банкарскиот сектор, коишто отвораат многу предизвици истовремено и за регулаторите, и за банките и за клиентите.На свеченоста, МБА склучи меморандуми за соработка во сферата на финансиската едукација и со Министерството за образование и наука (МОН), претставено од министерот, д-р Арбер Адеми и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ), претставена од претседателката, м-р Нора Алити. Во рамки на соработката дефинирана со меморандумите, меѓу другото, МБА, НБРМ, МОН и КХВ, заеднички, за првпат во нашава земја ќе го организираат „Европскиот квиз на парите“ – проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска едукација на младите. Со тоа, Република Македонија се вклучува во второто издание на овој квиз, чијашто основна цел е финансиска едукација на учениците на возраст од тринаесет до петнаесет години. Се очекува дека во квизот ќе учествуваат над четириесет илјади ученици од дваесет и пет европски земји.„Европскиот квиз на парите“ се одвива во две фази – првата се националните натпревари во секоја земја поединечно, а втората е европското финале. Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамки на Европската недела на парите. Тим од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година во Брисел, Белгија. Организацијата на овој настан во нашата земја ќе придонесе за поголема ангажираност на младите во доменот на финансиската едукација и за збогатување на нивните знаења од сферата на финансиите.

Скопје | пред 7 години

vlada.mk_

Точно на Пладне - Владата на Република Македонија ќе ја одржи 110-тата редовна седница

На дневен ред на денешната 110-та владина седница е Информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево” со Акциски план.Министрите на седницата ќе одлучуваат по Извештајот за завршени преговори за склучување Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во заштита и спасување од природни и други катастрофи.Дел од денешната седница е Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување Спогодба за отворање односно реконструкција на гранични премини во Регионот на Преспанското Езеро со Нацрт текст на Спогодба, предложен од Министерството за надворешни работи.На предлог на Министерството за економија, пак, Владата ќе ја разгледа Информацијата за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија.Како материјал за информирање, членовите на Владата ќе ја разгледаат Информација за резултатите на работната група за имплементирање на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година со Финален извештај за самооценување.Министрите на 110-та редовна седница ќе одлучуваат и по Информација во врска со реализација на Проектот - Изградба на нов театар на место на Драмски театар во Скопје.Почетокот на владината седница е закажан за во 12:00 часот.

Скопје | пред 7 години

dogovor-vlada-2

(ВИДЕО) Потпишан меморандум за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации - UNOPS и со МНР на Кралството Норвешка, за решавање на проблемот со линдан

Премиерот Зоран Заев во име на Владата на Република Македонија денеска го потпиша Меморандумот за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации - UNOPS и со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора.Успешната имплементација на проектот има за цел создавањето на заеднички Фонд, како системски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со европските стандарди, хармонизација во полето на заштита на животната средина и промоцијата на град Скопје како безбеден, отпорен и одржлив град.„Веќе е познато дека одредена количина од овој опасен пестицид со години е затрупан во кругот на фабриката и претставува закана за животната средина. Република Македонија, со потпишување на Стокхолмската конвенција во 2004-тата година, во којашто линданот како токсична материја е додаден во 2009-та година, e обврзана да го реши овој проблем. И затоа час поскоро мора да го дислоцираме отпадот без последици врз околината и врз граѓаните“, истакна премиерот Заев.Потенцирајќи дека здравата и чиста животна околина се едни од основните предуслови за квалитетен живот на сите, премиерот Заев истакна дека Владата и сите други надлежни институции се определени да создадат средина во којашто граѓаните ќе живеат без да се грижат каков воздух дишат или што се крие под земјата којашто ја газат.Процесот за конечно решавање на проблемот со илјадниците тони отпад од опасниот пестицид линдан во поранешната фабрика Охис, ќе го води Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

48390923_318572935649486_6159880754923831296_n

Општина Кисела Вода расчистува - синоќа фрли околу два тони сол

Општина Кисела Вода веднаш по првите снежни врнежи на повисоките населни места на улиците и тротоарите кои се под нејзина надлежност синоќа фрли околу два тони сол.Локалната самоуправа со цел да овозможи непречено движење и одвивање на сообраќајот и пешаците во зимски услови по претходно спроведена јавна набавка изврши надоградување на сопствените два трактори кои служат за косење на тревни површини со плугови и дувалки за снег. Со истите ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари. Додека Општината на сите основни училишта, градинки, месни и урбани заедници им подели 300 вреќи со сол.За успешно справување со претстојните снежни врнежи ангажирана е фирмата „Анизор“ која на терен ќе интервенира со 4 специјални возила од кои две се за широки и две за тесни улици.Општина Кисела Вода на учесниците во сообраќајот им препорачува да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Во исто време Општината апелира до сите граѓани и правни субејкти кога ќе падне снег да ги почитуваат законските обврски, да извршат расчистување на снегот и мразот пред пристапите на нивните деловни и станбени објекти.3.

Скопје | пред 7 години

statistika

АНАЛИЗА: Скопје и Тетово со најголем број на невработени –пазар на труд во 2018 та !

Официјалните статистики на истекот од оваа 2018 година покажаа дека невработеноста на ниво на државата се намалува. Сепак, десетици илјади граѓани и натаму фигурираат како невработени – на листата пасивни или активни баратели на работа. Од вкупниот број на невработени, според податоците од Агенцијата за вработување, 55 989 се етнички Македонци, потоа 23 054 се етнички Албанци, 3 851 невработен се од турска националност а 5 687 се Роми. Скопје и Тетово предничат според бројот на граѓани кои имаат статус на невработени.2955 луѓе изгубиле работа, 2707 се вработиле ...На истекот од оваа 2018 година, или до почетокот на ноември, според податоците од Агенцијата за вработување на пазарот на труд биле регистрирани вкупно 182 036 невработени луѓе , од нив 91 485 се регистрирани како “активни баратели на работа“ а останатите 90 551 како “други лица кои бараат работа“.“Невработеното лице е должно лично да се јавува во Агенцијата на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец а “Друго лице кое бара работа на секои шест месеци. Невработеното лице (активен барател на работа) учествува во сите програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот кои ги спроведува АВРМ. Другото лице кое бара работа (пасивен барател на работа), само се евидентира во АВРМ (не изразило волја да учествува или да му биде понудено вработување и слично) и АВРМ единствено може да му обезбеди информации за состојбата на пазарот на трудот“ – велат од Агенцијата за вработување.Во споредба со првиот месец од годинава,во октомври вкупниот број на невработени се намалил за 10 066. Од почетокот на годината до крајот од октомври, од вкупниот број на луѓе кои повеќе не се на списокот на невработени, 2707 се врабоотиле, односно засновале работен однос, 2576 биле административно симнати од евиденција по законски основ а 774 преминале во пасивни баратели на работа.Во истиот период на списокот на невработени, се приклучиле нови 5 351 лице кои стекнале право на “невработен“ а од нив 2955 по основ на изгубена работа.Скопје и Тетово предничат според апасолутниот број на невработени ....Бројот на невработени различно е распределен по градовите во земјава и според апсолутната евидентирана бројка, предничат Скопје со 14 699 регистрирани невработени и Тетово со 11 134 луѓе. На листата градови со најголем број на невработени се и Куманово, Гостивар, Прилеп.Број на невработени по градови:Скопје 14 699Тетово 11 134Куманово 9 282Прилеп 6 626Гостивар 5 524Битола 4 780Но, ова се апсолутни бројки за навработеноста. Друга слика за состојбата со невработеноста се добива доколку се направи споредба на бројот на невработени во однос на вкупниот број на население во општината, односно градот. Така на пример во Берово се регистрирани 1 224 невработени и во однос на бројот на население ( лица постари од 10 години) излегува дека секој 11 ти жител е невработен. Во Тетово пак споредбените податоци покажуваат дека секој 8 ми е невработен , во Дебар секој 13 ти, во Куманово и Прилеп секој 11ти.Етничка структура на невработените ....Од вкупниот број на невработени – активни баратели на работа ( 91485), според податоците од Агенцијата за вработување, 55 989 се етнички Македонци, потоа 23 054 се етнички Албанци, 3 851 невработен се од турска националност а 5 687 се Роми. Или вака изгледа процентуалната структура на невработените според етникумот:Македонци 61,1%Албанци 25,2%Турци 4,2%Роми 6,2%Пропорционално, во градовите во кои доминира мнозинско албанско население има и најголем број на невработени од овој етникум, така во Тетово регистрирани се 8 002 граѓани од албанска националност со статус на активни невработени, додека бројот на невработени Македонци изнесува 2 703. Во Гостивар бројот на невработени Албанци е 2 713 , во Куманово 3 715 а во Дебар 620.Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажаат дека стапката на невработеност во третото тримесечје од годинава се намалила на 20,8 отсто, за разлика од вториот квартал кога беше 21,1 отсто. На крајот од септември 958.770 лица се активно работоспособно население во земјава, од нив 759.445 лица се вработени, а 199.325 лица бараат работа.

Македонија | пред 7 години

ungarija-protesti

(ВИДЕО) Двајца пратеници исфрлени од зградата на унарската телевизија

Двајца независни пратеници од Унгарија биле исфрлени од зградата на унгарската државна телевизија откако се обиделе да прочитаат петиција.Инцидентот се случува еден ден откако полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Будимпешта, јави Радио Слободна Европа.Како што се гледа на видеото објавено на Фејсбук страницата на пратеничката Бернадет Сел, таа и колегата Акош Хадази се исфрлени од МТВА од страна на обезбедувањето.Претходно во неделата, неколку илјади демонстранти се собраа пред седиштето на МТВА, скандирајќи антивладини слогани. Откако на делегација од опозициски пратеници им беше дозволено да влезат во зградата, полицијата употреби солзавец да ги растера демонстрантите.Владата на премиерот Виктор Орбан за протестите вели дека се финансирани од Џорџ Сорос и тврди дека исфрлените пратеници насилно го нападнале персоналот во телевизијата.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања