Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

obvinitelstvo1

Жител на Кавадарци обвинет за обид за убиство и противправно лишување од слобода

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе Обвинителен акт против 37-годишен жител на Кавадарци за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл.19 (во обид) и кривично дело – Противправно лишување од слобода од чл.140 ст.1 од Кривичниот законик.На обвинетиот му се става на товар дека на 06.06.2018 година најпрвин по телефон ја повикал оштетената да му се придружи на патувањето за Прилеп. Таа прифатила и обвинетиот ангажирал такси-возило, но со него наместо кон Прилеп се упатиле во правец на с. Бегниште.Кога дошле до крајот на селото, тој и рекол на оштетената да излезат од возилото и продолжиле да се движат пеш по блиските ниви. Во еден момент, обвинетиот извадил нож и со него ја прободел оштетената во стомакот од десната страна под градниот кош, нанесувајќи и со тоа тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот.Потоа си заминал оставајќи ја оштетената сама.жПо неколку часа се вратил и со помош на лице – сведок во постапката ја однел во неговата куќа и таму ја оставил, иако оштетената имала болки и крварења и го молела да ја однесе на лекар. Со ваквите дејствија тој противправно и ја ограничил слободата на движење.Пак се вратил и утредента, на 07.06.2018 година, на инсистирање и молба од оштетената со такси ја однел до с.Сопот, во близина на куќата на нејзините баба и дедо, ја исфрлил од такси возилото во бесвесна состојба и таму ја оставил.Истовремено со Обвинителниот акт доставен е Предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот, бидејќи се уште постојат основите поради кои истиот е определен. Имено, обвинетиот е пријател на оштетената и кривичното дело го сторил искористувајќи ја нејзината доверба и пријателство, што претставува околност која го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело.Исто така, по извршувањето на кривичното дело, обвинетиот се криел во повеќе градови низ Македонија, честопати го менувал своето престојувалиште, што упатува на можност тој да се даде во бегство доколку биде на слобода.Во рамките на истражната постапка, обвинителството ја испитуваше евентуалната кривична одговорност и на други инволвирани лица, но до овој момент не се пронајдени докази кои упатуваат во таа насока.

пред 7 години

oruzje

Косовската полиција започна со акција за легализација на оружјето кај цивили

Косовската полиција започна со акција за легализација на оружјето, а проценките се дека цивилите поседуваат меѓу 240 и 260 илјади парчиња останати од деновите на војната.Колку за споредба, Косово има 1,8 милиони жители, војската би требало да има 5.000 припадници, па не е лесно да се дојде до заклучок колкави се размерите на вооружени цивили.Овој податок е дополнителен проблем за Српскта влада.Полицијата смета дека легализацијата на оружјата ќе овозможи Косово да стане побезбедна средина бидејќи според нивното мислење, далеку поголем проблем е што поголем дел од оружјето е илегално.Инаку, проблем на огромното количество на оружје не е само косовската специфичност, туку и општата загриженост дека на западниот Балкан, од Хрватска до Македонија, се ‘скриени’ меѓу три и шест милиони парчиња оружје, покажуваат податоците на Европол, пишуваат хрватските медиуми.

Свет | пред 7 години

ustav-377azh2f7fc47opw8fy5mo

Поднесени седум амандмани на уставните измени

Амандманот го предлагаат со цел да се загарантира позицијата на Република Македонија во спроведувањето на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО, објави МИА.До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.Зијадин Села и Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците имаат еден амандман на Предлогот на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани со кој бараат во членот 2 став 2 зборовите „македонско/граѓанин“ да се заменат со зборот „граѓанин“, а во образложението навеле дека тоа се бара за да се овозможи еднаквост во изразување на државјанството на сите граѓани на Република Македонија.Пратениците на Беса Фадил Зендели и Теута Билали исто така бараат интервенција во истиот став на уставниот закон и но тие предлагаат овој став два да гласи „Од денот на влегување во сила на амандманот XXXIII, граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија“.Амандман за истиот став од членот 2 на уставниот закон има поднесено и Мухамед Зекири од СДСМ. Овој пат неговото барање е допрецизрање на ставот со тоа што на крајот на реченицата да се додадат зборовите „што не ја определува ниту пак ја прејудицира етничката припадност на граѓаните“.Сличен амандман на овој има поднесено и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие предлагаат во членот 2 став 2 по зборот „Македонија“ да се додадат збороите „со што не ја предодредува етничката припадност на граѓаните“. Амандманот го предлгаат, како што наведуваат во образложението, за да се постигне дистинкција меѓу државјанството и етничката припадност на сите граѓани на Република Македонија. „Овој амандман докажува дека не сме и нема да бидеме северномакедонци, туку сме и ќе бидеме Македонци, како што и другите припадници се и ќе бидат Албанци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други“, пишува во облазложението потпишано од Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмајловска Старова, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова и Зекир Рамчиловиќ.Вториот амандман на Села и Рашиди од Алијанса на Албанците се бара во уставниот закон за прогласување на амандмамните да се додаде член 1-а и предлагаат тој да гласи „Државната граница на Република Македонија е нејзината постојна граница со Република Албанија, република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово“. Во образложението тие меѓудругото наведуваат вакво нешто е неопходно бидејќи Република Македонија ја признала Република Косово.Пратениците од независната пратеничка група имаат поднесено амандман со кој бараат менување на членот 1 став 2 од уставниот закон и предлагаат тој да гласи: „Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија не произведуваат правно дејство, не влегуваат во сила и се неважечки доколку веднаш не се исполнат условите утврдени во ставот 1 на овој член“. Амандманот го предлагаат со цел да се загарантира позицијата на Република Македонија во спроведувањето на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО.Исто така тие имаат и трет амандман со кој се предлага во член 1 став 2 од уставниот закон на крајот на реченицата се додаваат зборовите „и Собранието на Република Македонија веднаш пристапува кон измена на Уставот на Република Македонија“. И ова се Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, го предлага, како што се наведува, со цел да се згарантира позицијата на Република Македонија во спроведувае на Конечната спогодба.Седницата на собраниската Комисија за уставни прашања почнува попладнево, додека пленарната седница се очекува да биде закажана од 9 јануари следната година. Ова е трета и последна фаза од уставните измени кои се правата согласно Договорот од Преспа.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

palmi-ohrid

Увозникот на палмите е под истрага на финансиската полиција

Финансиската полиција води сериозна истрага за начинот на набавката на фамозните палми на претходната власт со сомневање за испрани голема сума пари. Но тоа не е никаква пречка за новите локални власти, град Скопје, општините Сарај, Липково, Пробиштип... да набавуваат садници од „Росен центар" од село Стримница, општина Желино.Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми неодамна во интервју на ТВ21 изјави дека се води истрага за злоупотреба на државни пари при набавката на палмите од страна на ЈП „Македонски шуми“. Муареми вели дека пријавената вредност за садниците од компанијата е многу повисока од набавната цена.Неофицијално, Буџетот на Република Македонија е оштетен за близу 500 илјади евра само при набавката на 1.100 палми, без податок за дополнително потрошените пари за заштита на палмите, за греење, за заштитни најлони... Инаку, речиси 95 отсто од палмите се исушија.Според некои податоци, целата сума за набавка на палмите од Кина преку „Росен центар“ не била повисока од 130 илјади евра, а минатата власт прикажала дека исплатила 522 илјади евра... Единечната садница на една палма од 8 метри изнесувала 238 долари, а фактурата до ЈП Македонски шуми била 45.501 денар (околу 740 евра) или со ДДВ 53.692 (околу 873 евра).Инаку Град Скопје во јуни годинава распиша тендер за набавка на садници, а „Росен центар“ потпиша договор со градот за набавка на садници вреден 85.422 евра.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Младен Чадиковски е легитимно избран за претседател - вели управниот одбор

Управниот одбор на ЗНМ утврди дека Управниот одбор на конститутивната седница одржана на 17 декември 2018 година едногласно донесе автентично толкување на одредбите од Статутот на ЗНМ кои се однесуваат на одржаното Изборно собрание според кое Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, е легитимно избран со мнозинство гласови од редовните членови присутни во моментот на гласањето.На седницата беше предложена и едногласно избрана Фиљана Кока за Заменик-претседател на Здружението на новинарите на Македонија.Освен ова, Управниот одбор констатираше дека за време на одржувањето на Собранието не беше пристигнат ниту еден приговор за процесот на гласање од страна на присутните членови, ниту од страна на членовите на Верификационата и Изборната комисија. Сите засегнати страни кои што имаат било каков сомнеж во однос на изборната процедура можат да ги употребат достапните правни лекови.На конститутивната седница присуствуваа сите членови на Управниот одбор и сите одлуки беа донесени едногласно. Одлуката за потврдување на легитимноста на изборот на претседател на ЗНМ се донесе со консензус на сите членови на Управниот одбор, додека Претседателот Младен Чадиковски се иззема од гласањето.Членовите одржаа конструктивна дебата за да постигнат заеднички ставови со цел ЗНМ и понатаму да продолжи да го промовира принципот на солидарност како темелен принцип на заедницата, соопшти ЗНМ.Управниот одбор повика на консолидација на членовите со цел да се одржи достоинството и единството како клучни принципи за заштита на интересите на сите членови на ЗНМ.Управниот одбор констатираше дека за сите различни мислења е потребен зајакнат и институционализиран форум за дебата, со оглед на фактот дека и двајцата кандидати за претседател своите програми ги темелеа на поголема вклученост на членството во работата на Здружението преку предложени секции. УО предлага да се разговара со сите засегнати групи во еснафот и формирање секции кои ќе ги претставуваат интересите на тие специфични групи.

Скопје | пред 7 години

nektarij

Денеска е Св. Сава Осветен и св. Нектариј Битолски.

Свети Сава се роди во петтиот век, во областа Кападокија. Веќе на 18-годишна возраст се насели во еден манастир и наскоро беше потстрижен за монах. После повеќе години поминати во манастирот на блажениот Теоктист, сакајќи ништо да не го одвојува од молитвата и богомислието, тој се насели во една пештера во Палестина. Последните години ги помина како духовник во манастирот во Палестина што денес го носи неговото име. Се упокои во 533 година.Денес се слави и свети Нектариј Битолски.Потекнуваше од благочестиво битолско семејство.Кога го израснаа, мајка му и татко му стапија во манастир. Свети Нектариј се замонаши на Света Гора и ги освети својата душа и телото, непрестано стекнувајќи секакви добродетели.Се упокои во 1500 година. Неговите мошти беа откриени нераспаднати и положени во ковчег, во црквата на Јагарската келија, на Света Гора.

Македонија | пред 7 години

zalba-rodilka-maja

Обжалена пресудата за смртта на родилка и новороденче во гевгелиската болница

Основното јавно обвинителство во Велес, почитувајќи го законскиот рок по приемот, ја обжали Пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче.Имено, со првостепената пресуда на Основен суд Велес двајца доктори гинеколози беа ослободени од обвинение дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст.1 од Кривичниот законик, додека докторот анестезиолог беше осуден за истото кривично дело на ефективна казна затвор во траење од 4 години и му беше изречена забрана на вршење професија, дејност или должност.Сепак, надлежниот јавен обвинител смета дека во предметот станува збор за воопшто несовесно постапување на тројцата лекари од ЈЗУ Општа болница Гевгелија како последица на кое при породување настапил смртен исход кај родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче.Жалбата е поднесена поради погрешно утврдена фактичка состојба. Во неа, Основното јавно обвинителство Велес наведува дека на страната на лекарите гинеколози има пропусти кои во целина со пропустите на анестезиологот довеле до смртниот исход.

Македонија | пред 7 години

homepageBannerSKP

Пробал да шверцува марихуана на скопскиот аеродром, полицијата го привела

На  17.12.2018  година  во  22,10  часот  на Граничниот премин “Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во Р.Македонија  при преглед над Б.К.(27) од Швајцарија, била пронајдена марихуана.Б.К. е приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

granicen-premin

Косовар кој бил баран од Интерпол, приведен на граница во Македонија

На 17.12.2018 година во 13,40 часот на Граничниот премин-Долно Блаце при влез во Р.Македонија бил лишен од слобода Б.У.(32) од Косово, кој се барал со потерница од Интерпол.Лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka-1

Вчера во Скопје имало 7 сообраќајки, едно лице со тешки повреди, две со полесни

Во текот на изминатиот ден (17.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 31 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, шест возачи поради неправилно престигнување, седум поради неносење пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило.Во текот на изминатите денови издадени се 68 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило "пајак", информираат од МВР 

Скопје | пред 7 години

saso_ordanovski

Заев за претседател!

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа.Сите околности укажуваат на тоа дека Зоран Заев нема да може да ја избегне сопствената кандидатура за претседателските избори идната година. Причините за тоа се многубројни и секоја се чини подобра од претходната…Прво, најочигледната: Заев како политичар доминира на македонската политичка сцена на начин што никој од неговото окружување, од сегашната опозиција или од светот вон партиските математики не поседува јавен рејтинг што може да му конкурира на неговиот. Тој рејтинг, сам по себе, не е фасцинантен, ниту е од величината на „татко на нацијата“, но неговата сенка е доволно долга за да ги поклопи сите предвидливи конкуренти.За неколку месеци, кога ќе се случи претседателската трка, неговата популарност ќе го достигне врвот, колку и да е висок тој, бидејќи ќе се совпадне со ефектуирањето на Преспанскиот договор и меѓународните пофалби што ќе бидат испорачани на таа сметка. Кандидирањето, заедно со грчкиот премиер Ципрас, за Нобеловата награда за мир за 2019 година, е сублимат на ваквиот развој на настаните. А шансите на Ципрас и Заев за таа награда да влезат во сериозна конкуренција – доколку договореното во Преспа навистина и се испорача – воопшто не се за потценување.Зад конституирањето на рејтингот на Заев стои една мултиетничка база, што него, во моментов, го чини најдобар консензуален кандидат на етничките Македонци и Албанци во државава. Дури ни ДУИ ова не ќе може да го порекне, на страна бенефитот од ефикасното тргање на Заев во идните меѓупартиски парламентарни натпревари, што за ДУИ има една непријатна, блиска историја.Од друга страна, гласовите на кои не може да смета Заев се избројани и тие се движат по хоризонтот на познатите калкулации на партиските членства и симпатизери. Со оваа безвезна антивладина кампања за „црнила“ на ВМРО-ДПМНЕ, што веројатно инертно ќе продолжи и во идната година, како и со „аманетот“ од владеењата на Иванов и Груевски (со здравје да си го носите тој аманет, за многу години вмровци, каде и да сте!), кој било нивен кандидат нема да може да се надева ни на пристоен пораз во претседателската трка.Заев сигурно има изгубено поддршка кај неопределените и политички посвесни граѓани во урбаните средини (Скопје, пред сè), но тоа лесно ќе го компензира со „исплакнатите“ заложби за национални помирувања и, воопшто, со попските апели за сенароден мир и милост, чија леплива „кандилска“ моќ не треба да се потцени кај широките народни слоеви кои ги презираат интелектуалните и граѓанските елити. Во гласачка смисла, јасно е кој од овие општествени стратуми во Македонија е поброен.Целата колумна на Цивил Медиа.

Коментари | пред 7 години

planinarenje

Две жени од Европа убиени додека планинареле во Мароко

Мароканското министерство за внатрешни работи соопшти дека две туристки од Норвешка и Данска биле пронајдени мртви на Атласките планини во централниот дел на Мароко.„Ројтерс“ пренесе дека двете имале повреди на вратот од нож.„Жените се пронајдени во изолирано подрачје на патот кон Тубкал, највисокиот врв во северна Африка“, се вели во соопштението на мароканското министерство.„Ројтерс“ наведува дека Тубкал е популарен кај љубителите на шетањето и искачувањето по планини, а се наоѓа на 82 километри јужно од Маракеш, туристички најзначајниот град во Мароко.Од министерството велат дека е отворена истрага за околносте за инцидентот. Не се наведени детали.

Свет | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Албанските партии ја завртеа плочата – сега Заев е анти Албанец

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, но и светот. За денеска во 21 часот по средноевропско време, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. На седницата би требало да присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој тврди дека создавањето на косовската војска е во спротивност на Резолуцијата 1244, но и на уставот на Косово.Се очекува на седницата да се отворат длабоките конфронтации меѓу големите сили за ова прашање. САД и Британија отворено ја поддржаа одлуката за создавање косовска војска. Русија стравува дека овој потег на Приштина може да доведе до тензии не само во Косово, туку и на целиот Балкан.НАТО, пак, според познавачите на состојбите, амбивалентно ги употребува фразите „не помага“, не „придонесува кон решение“, „не е добар момент“, додека Берлин посегнува кон двојна негација „се надеваме дека нема да придонесе кон влошување“. Тој дипломатски јазик, велат тие, во превод значи – што е тука е, навикнете се.Формирањето на војската на Косово е последен од низата проблеми во последно време се јавија на релација Белград - Приштина и кои го ставаат под мраз дијалогот за статусот на Косово, што создава загриженост во целиот регион. Проценките на дел од политичките аналитичари во регионот се дека политичката динамика во Косово е целосно диктирана од внатрешни причини бидејќи постои поделба на невидено ниво во самата политичка елита. Ако движењето Самоопределување на Албин Курти важеше како некаков отпадник од мејнстрим-политичките партии, сега меѓу партиите, односно меѓу претседателот Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај има не само недоразбирања, туку очигледно и личен анимозитет кој сигурно ќе се рефлектира на односите со Србија.Но последните случувања во Косово покажуваат дека тие ќе се користат и тука за внатрешна политичка употреба со строго дефиниран изборен фокус.Затоа и изјавата на премиерот Зоран Заев кој се повика на ставот на НАТО дека не е време за косовска војска, нагласувајќи дека Балканот нема намера повторно да биде буре барут, имаше експлозивно дејство за албанските опозициски партии.За Зијадин Села од Алијансата за Албанците тоа го покажало „црното и националистичко лице на Заев, прво кон Албанците, потоа и кон Косово и САД, како најголеми поддржувачи на Косово и неговата војска“. Тој му порача на премиерот да не се меша во внатрешните работи на Косово и да си го гледа домашниот двор. Движењето Беса на Билал Касами побара од премиерот да се дистанцира од „оваа скандалозна изјава“, бидејќи формирањето на војската на Косово ја имало силната поддршка од САД. Неговата изјава, според Беса, го одразувало вистинското лице на „мултиетничката“ Македонија и ги правело да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дале полн мандат за да владее, а не „да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“.„Заев, практично, го цитираше ставот на НАТО, а тоа и не го криеше. Сепак, политичарите Албанци во Македонија ги насочија сите стрели и копја, дрвја и камења, исклучиво кон Заев. Не кон НАТО, не кон германската влада, туку кон Заев“, вели Џабир Дерала од невладината „Цивил“.Ако Заев се меша во внатрешните работи на Косово, исто толку мешање во внатрешните работи е и жестоката одбрана на Косово, додава Дерала.Повеќе прочитајте на НЕЗАВИСЕН

Македонија | пред 7 години

procistuvac-na-vozduh

Само средните училишта во Скопје ќе добијат прочистувачи за воздух, велат од СДСМ

Од СДСМ преку соопштение инфромираат дека се обезбедени 527 прочистувачи за воздух коишто се поставуваат во сите училници во сите 23 средни училишта во град Скопје. И со тоа, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со прочистен воздух, велат од партијата.„11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето од страна на ВМРО ДПМНЕ, остави зад себе наталожени проблеми со загадувањето на воздухот чии последици граѓаните ги чувствуваат денес. Наспроти тој игнорантски однос, денес владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство, општините, Град Скопје и сите надлежни институции, посветен работи на решавање на проблемот со загадувањето и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“, стои во нивното соопштение.Од партијата додаваат и дека значајно се зголемени средствата на буџетот за 2019 година на град Скопје за заштита на животната средина.„Во наредната година од Буџетот на Град Скопје за заштита на животната средина предвидени се 186 милиони денари, што претставува зголемување за речиси една третина. Бесплатните билети за автобуски превоз за сите ученици од средно образование, набавката на нови 40 еколошки автобуси, субвенциите за електрични и хибридни автомобили, субвенции за еколошки начини на загревање како печките на пелети, се само дел од мерките што се превземаат во борбата со загадувањето“, се наведува во соопштението на СДСМ.Оттаму велат дека преку реализација на мерките од Планот за чист воздух, Владата заедно со надлежните институции на локално и национално ниво продолжува со акциите за поздрава животна средина кои имаат за цел да стават крај на проблемот со загадувањето.

Скопје | пред 7 години

pijanist

Светски познат пијанист ќе одржи концерт за зимската програма на „Охридско лето“

Пијанистот Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните и интересни изведувачи на денешната класична музичка сцена, ќе настапи во рамките на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ . Концертот, којшто е поддржан од Италијанската амбасада во Република Македонија на чело со Неговата Екселенција амбасадорот Карло Ромео, ќе се одржи на 18 декември, во фоајето на Македонска опера и балет во Скопје, со почеток во 19 часот.Репертоарот на Арчиули е огромен, од музиката на Бах до современата музика, со силен афинитет кон композиторите од САД.Овој исклучително талентиран и виртуозен пијанист постојано развива нови проекти и ги следи новите идеи и иновативните програми во светот на музиката. „Кружни полноќни варијации“, збир од 16 композиции што експресивно биле напишани за Арчиули од композитори како Крамб, Бабит, Кернис, Ржевски, Торке, Даугерти, Болком и Харбисон, неодамна го предизвикаа интересот на меѓународните критичари. Варијациите, кои беа издадени од Страдивариус на цеде под наслов „Околу полноќ – Омаж на монахот Телониус“ во мај 2011 година, се прославени од страна намеѓународната стручна критика.Неговите бројни снимки (Чандос, Страдивариус, Иннова, Ваи, Бриџ, Верго итн.) го вклучуваат насловот „Врати до секаде“, со музика на Карла Блеј, Фред Херш и Чик Кореа, комплетните дела за пијано на Берг и Вебер, светската премиера на концертот за пијано и оркестар на Бруно Мадерна, како и многу американска музика.Компакт-дискот на Аричули посветен на Џорџ Крамб беше номиниран за награда „Греми“, а неговото цеде со дела на Адамс и Ржевски ја доби наградата на италијанските критичари за најдобра снимка во 2006 година. Неодамна „ВАИ рекордс“ издаде ДВД со музика од Ивес Конкорд Соната. „Прошетка во убавина“ со две цеде-плочи тукушто издадено од Иннова, содржи музички композиции од американски композитори како ЈЛ Адамс, Бресник, Доерти, Ган, Гарланд, Хајдон, Балард и други.Емануеле Арчиули редовно настапува во големите концертни сали и фестивали, како што се Берлинскиот фестивал, Виен Модерн, Ла Скала Милано, Биеналето на Венеција, Фестивалот за пијано во Мајами, Милерб театарот во Њујорк, Маџо Музикале Фиорентино, Фестивалот на камерна музика „Санта Фе“, како и на Меѓународните фестивали за пијано во Бреша и Бергамо.Во мај 2011 година Емануеле Арчиули беше награден со најважната награда на италијанската критика „ Премио Франко Абати“. Во освојувањето на оваа награда, Емануеле Арчиули ги следи стапките на Маурицио Полини, Раду Лупу и Зубин Мехта. „Овој пијанист од Бари беше авторитативна фигура на повеќеслојниот хоризонт на сите нешта кои се модерни веќе со години, додека истовремено се зачувува поврзаноста со традицијата“, изјави стручното жири.Арчиули предава современа музика на Академија ди Пинероло, професор е на конзерваториумот во Бари, а исто така е чест визитинг-професор на многу американски универзитети.Неговиот концерт во Скопје, како што велат од дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“, е дел од зимската понуда за љубителите на класичната музика, а тенденцијата е светски познати уметници да ја збогатуваат културната понуда на фестивалот, не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку и во текот на останатиот дел од годината. Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ , претходниот месец, во црквата „Света Софија“ се одржа концерт на исклучително талентираните млади руски музичари, пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заменик-државниот секретар на САД во посета на Македонија

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, денеска ќе престојува во посета на Македонија.Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.Неговата посета е во рамки на турнејата низ повеќе европски метрополи, меѓу кои, освен Скопје, ќе ги посети и Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава.Во Скопје е планирано Саливан да разговара за регионалните прашања, а според најавата од Стејт департментот, и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа, од јуни годинава.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

За една година убиени 80 новинари во светот

Во светот во 2018 година се убиени 80 новинари додека биле на работна задача. Лани, беа убиени 65 новинари, соопшти организацијата „Репортери без граници“.Меѓу жртвите годинава се 63 професионални новинари, што е за 15 проценти повеќе од лани.Во годишниот извештај на невладината организација со седиште во Париз, се осудува рекордното ниво на насилство врз новинарите.Пред неколку месеци, организацијата соопшти дека најопасна држава за новинарите е Авганистан. Дополнително, загрижувачка е и бројката на новинари кои се во затвор поради нивната работа.Рекорден број новинари во светот се наоѓаат зад решетки поради објавување на својата работа, вклучително и двајца новинари на „Ројтерс“ чие затворање во Мјанмар предизвика реакција во меѓународната заедница.Заклучно со 1 декември во светот бил затворен 251 новинар, се наведува во годишниот извештај на Одборот за заштита на новинарите. Трета година по ред, повеќе од половина од нив се во Турција, Кина и Египет, каде што властите ги обвинуваат новинарите за противладини активности.Турција го држи неславното прво место, со 68 новинари зад решетките.Интересно е тоа што дури 87 отсто од новинарите се мажи.Според извештајот, 70 проценти од затворените новинари се за дела против државата. Единаесет отсто се обвинети за „лажни вести“, 13 проценти за одмазда, а 18% се затворени без одмазда.Бројот на новинари затворени поради обвинение за „лажни вести“ се искачи на 28, наведува Одборот чие седиште се наоѓа во САД и е непрофитна организација.Извештајот го критикуваше американскиот претседател, Доналд Трамп, поради користењето на изразите „лажни вести“ за негативно известување за него, фрази што исто така ги користат и други челници кога критикуваат новинари, како оние од Филипини и во Турција.

Свет | пред 7 години

idioti-2

Македонија е заложник на Зоран Заев

Македонското општество е во заложништво на аболицираниот Зоран Заев. Република Македонија две години е завиена во црнила кои ги донесе однародената и криминална власт на СДСМ. Македонија во моментов ги живее најмрачните денови во својата историја од осамостојувањето до денес, време кога власта на СДСМ се обидува да спроведе едноумие и да не врати во еднопартискиот систем од минатото, ова денеска преку соопштение го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.-Демократијата во држава две години е укината, а сите оние кои не се согласуваат со катастрофалните политики на власта се жртви на политички прогон, повикувања на информативни разговори, се соочуваат со притисоци и бркање од работа и политички монтирани случаи против нив. Заев се однесува како африкански монарх, кој сака да владее со новоформирана држава, спротивно на волјата на народот. Тој бега од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ знаејќи дека аргументите не се на негова страна, бидејќи Заев ги донесе црнилата кои надвиснаа над Македонија од моментот кога седна во премиерската фотелја. Две години власт на СДСМ,  две години неправди и национално омаловажување за македонските граѓани. Народот се соочува со економска деградација и осиромашување, бидејќи опстојувањето на власт на хунтата предводена од аболицираниот политичар Зоран Заев и нивото лично богатење е единствениот приоритет, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата додаваат дека власта не носи нови инвестиции, не отвора нови работни места. Капиталните инвестиции се на историски најниско ниво, а македонската економија е пред целосен колапс. Граѓаните тонат во сиромаштија, а власта е фокусирана единствено на полнење на буџетот преку повисоки даноци, буџет кој понатаму се испумпува преку криминални тендери и грантови кои завршуваат во џебовите на  високи партиски и државни функционери на СДСМ.-Се ближи крајот на црнилата кои ги донесе власта на СДСМ. Зората е пред прагот, зората која ќе ја победи темнината. Зората се мнозинството на граѓани кои се спремни да се борат со оваа криминална власт. Зората ќе ја донесат граѓаните на следните претседателски избори, кога овие црнила ќе бидат поразени, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

policiska-lenta-policija-srbija-960x639

12-годишно девојче очекува бебе, таткото се гони за силување

Шеснаесетгодишно момче е уапсено под сомнение дека извршило обљуба врз девојче старо 12 години. Против него е поднесена кривична пријава за обљуба врз дете.Се работи за деца од српскиот град Зајечар. Српската полиција сè уште не објави повеќе информации за случајот, но она што е познато, е дека девојчето сега очекува бебе.Според неофицијалните информации на српски „Телеграф“, девојчето е во четвртиот месец од бременоста.Таа го напуштила домот на родителите и се преселила кај него. Во случајот се вклучи и Центарот за социјални работи и истрагата е во тек, велат извори од институциите за „Телеграф“.

Свет | пред 7 години

vreme

Времето денеска претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови. Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

siluvanje

Силувано три годишно девојче

Тригодишно девојче од Индија е во критична состојба откако наводно ја силувал нејзиниот сосед во Њј Делхи, јавија локалните медиуми.Обвинетиот за силувањето на девојчето е уапсен и се работи за 40-годишен чувар кој работел во зградата каде што живеело детето.Онесвестеното девојче го пронашла полицијата и веднаш било однесено во болница на операција.Инцидентот се случил во неделата  на шестата годишнина од бруталното силување на студентка која почина од повредите откако група насилници ја нападнаа во градски автобус.– Новиот инцидент Индија ја „потсети” на трагичната жртва од силувањето во автобусот, изјави комесарката задолжена за правата на жените во Њју Делхи Свати Маливал и додаде дека тој напад тогаш предизвика протести во целата држава и доведе до заострување на Законот за силување.Се уште не се знае во каква состојба е силуваното девојче и дали ќе го преживее нападот кој локалните медиуми го опишаа како брутален.Локалните жители од тој дел на Њју Делхи го пронашле обвинетиот и го нападнале откако се дознало за инцидентот, пишува „Тајмс оф Индија”. Весникот цитираше извор од полиција кој рекол дека на обвинетиот морале да му бидат санирани повреди кои му биле нанесени пред да биде уапсен.Родителите на девојчето, кои работат кога има работа и се платени со дневници, биле отсутни кога се случил нападот. Обвинетиот наводно го привлекол девојчето со слатки и ја извадил од нејзиниот дом.Полицијата регистрираше случај на силување според Законот за заштита на децата од сексуални престапи според кој обвинетиот може да добие и смртна казна.Овој најнов сексуален напад кој предизвика нов бран на гнев и жалби, доаѓа по серијата брутални силувања и убиства во Индија. Во април медиумите следеа обвинение за групно силување и убиство на осумгодишно девојче во Кашмир во Индија. Во јуни неколку стотици луѓе излегоа на улиците во централната држава Маџа Прадеш поради силување на девојче од седум години.Податоците покажуваат дека во Индија на секои два ипол часа се силува по едно дете помладо од 16 години, а на секои 13 часа се силува дете помладо од дест години.Бројот на пријави за силување се зголеми од 8.541 во 2012 година на 19.765 колку што се регистрирани во 2016 година.Во 2015 година силувани се повеќе од десет илјади деца.Во Индија 240 милиони жени се омажиле пред да наполнат 18 години.Вкупно 53,22 отсто од испитаниците во владино истражување пријавиле дека биле жртви на некој вид сексуално злоставување.Вкупно 50 проценти од напаѓачите на децата им се познати како личности од доверба.0

Свет | пред 7 години

Saolin

Тригодишно момче станува во пет часот наутро за тренира боречки вештини

Литл Стоун стана интернет-сензација откога се појавија снимките на кои тренира најмалку пет часа дневно за да ја постигне својата цел и да стана шаолин-кунгфу монах. Момчето затоа станува во пет часот наутро, а обуката ја минува во храмот Шаолин во една кинеска провинција.Фотографиите на социјалните мрежи ги објавува неговиот тренер Абот Јанбо.„На почетокот постојано плачеше, но по еден месец се навикна и се покажа како неверојатно паметен и упорен ученик“, изјави Јанбо за „Дејли мејл“.Вистинското име на момчето е Чи, а тој сè уште плаче бидејќи семејството го гледа само еднаш во два месеца и е најмлад ученик во класот.Шаолин монасите практикуваат кунгфу, специјална борбена вештина за која е потребно да се смири умот и да се удри во вистинско време.

Магазин | пред 7 години

evropska-ulica

Променето името на улица во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со aмбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, симболично ја именуваа улицата Јорганџиска под името Европска улица.„На оваа улица пред неколку недели се докажа пред очите на Европа нашата вредност на добро пречекување и најдобро се искажа волјата да се биде дел од Европската Унија преку воодушевувачкиот гест на мајсторот на филиграни Селајдин Асани, кој на Могерини ѝ подари скромен но многу значаен подарок. Во чест на неговиот хуман гест, заедничка желба беше да го овековечиме овој момент со новото име на улицата и со нејзиното декорирање со чадори на кои стои назнаката ‘ЕУ за тебе’“, рече Ганиу.Тој, исто така, вети дека ова ново име нема да остане само симболично туку ќе покрене официјална постапка за нејзино формално именување под името Европска улица.

Скопје | пред 7 години

deca-autizam-zagaden-vozduh

Над 1.000 деца годишно завршуваат на суд

1 583 деца биле повикани во полициските станици во 2017 година поради разни причини.Од нив, 38% (или 596) деца го искористиле правото на бранител, ова го покажува извештајот на Сојузот за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција. Секоја година, околу 1000 деца се во контакт со правосудниот систем како осомничени, сторители, сведоци и жртви на насилство и криминал.Со цел да се унапредат знаењата и вештините на адвокатите кои постапуваат со деца кои се во контакт со законот, министерката за правда Рената Десковска, Бенџамин Перкс, претставник на Уницеф, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора, и Лазар Нанев, претседател на невладината организација Сојуз за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција денеска потпишаа меморандум за соработка за да се унапредат знаењата и вештините на адвокатите кои постапуваат со деца кои се во контакт со законот.„Со овој меморандум за соработка ја потврдуваме нашата подготвеност за целосно почитување на најдобриот интерес на сите деца во контакт со законот и наша посветеност да се обезбеди нивна заштита низ целиот процес, особено за децата жртви на насилство, злоупотреба и запоставеност”, рече Дескоска.Преку овој договор адвокатите кои работат со деца во контакт со законот ќе добијат специјализирани обуки, ќе се воспостави координација помеѓу сите вклучени институции и унифициран систем за прибирање податоци со меѓуресорска соработка.„Кога ја гледаме состојбата на децата кои влегуваат во контакт со законот како жртви, сведоци или сторители, мора да се земат предвид два аспекти. Првиот е да се заштитат децата од секундарна виктимизација во текот на законската постапка бидејќи тие се веќе трауматизирани; и вториот аспект на кој работиме е да се спречи циклусот на криминално живеење кај децата кои се во судир со законот. Затоа е важно систем на правда во земјата да се усогласи со меѓународните и ЕУ-стандарди за правда за децата, и најдобриот интерес на децатада биде заштитен во секоја фаза од постапката”, рече Бенџамин Перкс, претставник на Уницеф.Според Законот за правда за деца, адвокатите кои ги застапуваат децата кои се во контакт со законот се обврзани еднаш годишно да посетуваат пет дена специјализирана обука за правда за деца.Секоја година, околу 1000 деца се во контакт со правосудниот систем како осомничени, сторители, сведоци и жртви на насилство и криминал. Поради тоа, постои суштинска потреба од специјално обучени адвокати кои знаат како да работат со деца не само во случаите кога децата се сторители на кривични дела, туку и кога децата се жртви и сведоци.„Соработката помеѓу Уницеф, Министерството за правда, Адвокатската комора и Советот за превенција на малолетничка деликвенција ќе овозможи секое дете да добие правна заштита во правосудниот систем. Законите постојат, имаме прирачници и стандардизирани процедури кои даваат практични насоки за јакнење на примената на Законот за правда за деца, Законот за кривична постапка и Законот за граѓанска постапка, меѓутоа знаењата и вештините на сите практичари кои работат со деца мора постојано да се надградуваат”, рече Лазар Нанев, судија и претседател на невладината организација Сојуз за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција.

Македонија | пред 7 години

sobranie-5-777x437

Познато кој ќе биде амнестиран, нацрт-законот спакуван на три страни

„360 Степени“ објави дека нацрт-Законот за амнестија за крвавиот четврток има пет члена на неполни три страници.Во членот 1, став 1 и 2, прво се предвидува амнестирање на сите осомничени, обвинети и веќе осудени за кривични дела извршени на 27 април во Собранието. Потоа, во ставот 3 од истиот член 1, се наведуваат исклучоците од амнестијата.Нацрт-закон за амнестија (Член 1, став 3)„Одредбите од овој член не се однесуваат на лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат затворска казна за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на РМ од 27.04.2017 година,… кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност од член 324 ст.1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила или лица кои постапиле спротивно на службените овластувања  при вршење на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик, убиство по чл.123, насилство по член 386 од Кривичниот законик.“

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања