Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

eurobus

Две претпоставки како причина за трагедијата на македонскиот автобус во Лесковац

Локалните медиуми од Лесковац наведуваат дека за причините за несреќата на македонскиот автобус кој се истумба засега може да се погодува. Додека едни патници од автобусот тврдат дека возачот возел брзо, други велеле дека тој нагло закочил за да не удри друго возило кое било пред него. Во дел од медиумите се појавија наводи дека возачот заспал, како и дека во моментот на несреќата разговарал на телефон, но официјално до сега причината за несреќата не е соопштена.Инаку во капелата на Општата болница во Лесковац се телата на трите загинати лица во несреќата. Српските медиуми јавуваат дека обдукцијата завршила во текот на вчерашниот ден. Во страшната несреќа животот го загубија две жени и еден маж, додека 32 лица се повредени.Во болницата во Лесковац е хоспитализиран и возачот на автобусот. Тој и натаму е на одделението за интензивна нега со повреди на потколеницата и левото рамо.Во меѓувреме, како што пишуваат српските медиуми, 14 повредени лица вчера биле пуштени од болница. Десет од нив биле преземени од тим лекари со возила на Итна медицинска помош од Македонија, испратени од Министерството за здравство, додека по четири лица дошле нивните семејства. Се очекува во следните седум дена и останатите повредени да бидат пуштени на домашно лекување.

Македонија | пред 7 години

48407916_340564003341893_2174427957827731456_n

Ќе има ли снег за Нова година?

На 31 декември ќе имаме температура од 6 степени преку ден, а ќе врне замрзнат дожд.На 1 јануари ќе биде сончево со температура од 6 степени.Познатата метео апликација Accuweather излезе со детална прогноза за наредниот месец и почетокот на наредната 2019 година.Првите денови во новата година ќе донесат температури од 4 до 6 степени.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Попова Шапка и Маврово рекордери по навеан снег, температурите во минус

Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 26 сантиметри, додека во Маврово се наврнати осум сантиметри.Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 16 сантиметри, во Крива Паланка 10, во Тетово 8, во Битола 5, во Лазарополе 4, во Дебар и Тополчани 3, а во Скопје, Крушево и Претор 2. Најмалку снег, само еден сантиметар има наврнато во Демир Капија и Виница.Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени -7 степени, по што следуваат Крушево со -6, Лазарополе со -5, Берово и Крива Паланка -3, додека на Зајчев Рид кај Скопје, во Тетово, Претор, Битола, Прилеп и Виница -1. Нула степени се измерени во Петровец, Охрид, Штип, Демир Капија и Струмица, а два степена над нулата утринава температурата е во Гевгелија и Дојран.За денес се најавува облачно, студено и ветровито време со врнежи до снег особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 3 степени.Во Скопје слично време со со повремени врнежи од снег претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне само до два степена.Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. По котлините ќе има услови за појава на магла.

Македонија | пред 7 години

44671221_1712531848875331_1436318307383771136_n

Мијалков, Канческа-Милевска и Тачи денеска на суд

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“, „Титаник 2“ и  „Тарифа“.Случајот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“ се наоѓа во доказна постапка.Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.На рочиштето за предметот „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година искази треба да дадат сведокот на одбраната Љупка Гугуческа и вештото лице Љубомир Атанасовски.Пред судот, како што најавија, искази ќе дадат и обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.На минатото рочиште беа изведувани материјалните докази на одбраната.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Уште една фаза до целосно спроведување на Преспанскиот договор

Собраниската Комисија за уставни прашања попладне ќе ја започне дебатата за четирите уставни амандмани и извештајот што Владата го достави до Парламентот по петте јавни дебати одржани како вовед во третата и последна фаза од уставните промени, согласно Договорот од Преспа.Парламентарни партии во оваа трета и последна фаза имаа право за поднесување амандмани на уставните амандмани, за што рокот беше до саботата доцна попладне.По јавните дебати нема големи промени на четирите амандмани. Одлуките на АСНОМ се предлага да бидат ставени како „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од првото заседание“. Во предложениот амандман 36, во однос на грижата на дијаспората се вметнуваат и заедниците во согласност со опозициските партии на Албанците.Останува неизменет и амандманот што се однесува на промена на името Република Македонија во Република Северна Македонија, како и амандманот 35.Собраниската седница на која конечно треба да бидат изгласани амандманите претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека се очекува да биде закажана по божикните празници, најрано на 9 јануари. Се очекува целиот процес на уставни измени да биде завршен во средината на јануари. Уставните амандмани се носат со двотретинско мнозинство што се очекува да биде постигнато во Парламентот. Гласовите на осумтемина пратеници од независната пратеничка група се условени со процесот на помирување.По промената на македонскиот Устав, обврски од Преспанскиот договор треба да исполни грчката страна со негово ратификување и давање зелено светло за влез на земјата во НАТО. 

Македонија | пред 7 години

avtobus

Нова автобуска несреќа кај Лесковац- за време на возењето му се откачиле двете гуми

Автобус кој се сообраќал на релација Ниш-Лесковац, со трcесет патници синоќа за среќа избегна трагедија. За време на возењето му се откачиле двете гуми. Дел од патниците за несреќата напишаа на Фејсбук профилите.„Ниш вечност. Божјата милост не чуваше. Фала му на Бога, никој не е повреден. Додека слушав музика во еден момент бев изненаден гледајќи голема гума која се тркала пред нас, мислејќи „не можам да верувам!“ Уште под влијание, не можев да сфатам како? Бог е милост! Бог е нашатата заштита!!!“, напишал еден од патниците на Фејсбук.За среќа повредени нема.

Свет | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за сообраќај на патниот правец Тетово - Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови од државата со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.„Забрани за сообраќај за тешки товарни возила се воведени на патните правци крак Маврово – Дебар во 17.25ч и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во 17.35ч.На патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20.00ч се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат  на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Улиците во Скопје се претвараат во лизгалишта, властите не очекувале снег

Снегот во Скопје кој започна да врне попладнево веќе почна да создава проблеми за возачите и пешаците.Граѓаните се жалат дека никој не фрла сол, нема машини кои во ваква ситуација веднаш треба да излезат на терен и да го расчистуваат. Тие коментираат дека властите и годинава очигледно се неподготвени за снежни врнежи.По улиците се вози споро и крајно внимателно.Засега е исчистено само по Партизанска до Влае.Граѓаните стравуваат дека ако продолжи да врне со овој интензитет , а температурите паднат под нулата, учиците ќе замрзнат, а тоа ќе направи дополнителен прблем во сообраќајот.Тие апелираат што побрзо да се излези на терен и да се рсчистува етапно, најпрво сообраќајниците, а потоа и тротоарите.Какво утро ќе дочекаат скопјани останува да видиме?

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Нестле“ укинува 380 работни места во Германија

Швајцарскиот гигант за производствo на храна „Нестле“ објави денеска дека ќе укине околу 380 работни места во Германија поради падот на побарувачката и преместувањето на производството.Во соопштението за медиумите денес е објавено затворањето на лабораторијата во Вајдингер, каде што 85 луѓе ќе останат без работа.Дополнителни 106 работни места ќе бидат укинати во фабриката за бебешка храна во Бисенхофен, Баварија, а уште 95 во фабриката во Лидингхаузен, каде што се произведува „Маги“.Соопштението беше објавено по договорот меѓу раководството и синдикатот за отпремнината за работниците кои ќе останат без работа.

Свет | пред 7 години

kombe

ОЈО:Комбе полно со луѓе удрило во метална ограда на патот Радовиш-Штип, две лица починале

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.3 в.в со ст.2 и обвинителен предлог за едно лице за помагање при извршување на истото кривично дело од чл.418-б ст.2 в.в со чл.24 од Кривичниот законик.Oбвинителството утврди дека на 22.6.2018 година, второобвинетиот со намера да му помогне на првообвинетиот му го продал своето товарно моторно возило марка „Ивеко“. Потоа, 25.6.2018 година првообвинетиот во близина на с.Костурино, Струмичко, прифатил група од 23 илегални мигранти од кои 18 биле од Бангладеш и пет лица од Шри Ланка. Со намера да ги превезе до кумановско-липковскиот регион, ги сместил мигрантите во товарниот дел од возилото и иако не поседувал возачка дозвола за управување на моторно возило, се упатил во правец кон Штип. Движејќи се на магистралниот пат А-4 во правец од Радовиш кон Штип, заради неприлагоденост на условите и конфигурацијата на патот, изгубил контрола над возилото и со голема брзина удрил во метална заштитна ограда. Од ударот металната ограда се скршила и го пробила возилото, навлегувајќи и во товарниот простор каде биле сместени мигрантите. Во несреќата две лица починале, шест се здобиле со тешки, додека 15 лица се здобиле со полесни телесни повреди. Возачот побегнал од местото на несреќата.Обвинителот, имајќи предвид дека околностите што постоеја во моментот на определување на мерката притвор се уште постојат, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и барање за продолжување на мерката притвор за обвинетите, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство.​

Македонија | пред 7 години

Avtobus-nesrekja-Leskovac

Неофицијално, неприлагодена брзина на патот и голомразица, причина за несреќата кај Лесковац

Неофицијално возачот на струшкиот автобус кој патувал на линија Битола-Виена, возел со 98 километри на час. Ова се наведува како можната причина за несреќата, поготово што патот бил завеан со снег. Обвинителството му одреди 48 часа притвор, пренесуваат српските медиуми, кои пишуваат за сообраќајната несреќа во која загинаа тројца македонски граѓани, а 32 беа повредени. Причините за несреќата уште не се утврдени, истрагата во Србија трае бидејќи има и други наоди што треба да ја дадат точната информација.Шестемина македонски државјани, кои се здобија со сериозни повреди, се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш. Двајца од нив се на машини за дишење, едниот има повреди на главата, а другиот на вратниот ‘рбет. Лекарите допрва ќе треба да направат проценка дали ќе треба да бидат оперирани.Од компанијата сопсвеник на автобусот кажаа дека на автобусот му била направена техничка проверка. Тие се повикуваат и на изјава од патник која ја слушнале на српските медиуми, дека коловозот бил замрзнат, некое возило излегло пред автобусот, кое веројатно се излизгало, па за да го избегне возачот автобусот излетал од патот.Според друго сведоштво на патник, до несреќата дошло поради лошите снежни услови, голомразицата, неприспособената брзина.Едно е сигурно возачот на автобусот ја изгубил контролата, излетал од автопатот, по што се превртел повеќепати.Точните причини за несреќата ќе ги кажат институциите кои ја истражуваат оваа несреќа.Инаку , автобусот од Македонија тргнал на пат во саботата околу 20 часот, патниците биле од повеќе градови од земјава. Во неделата повредените ги посетија и министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Македонија | пред 7 години

ivor-mickovski

Ќе „излупите” ли еден споменик на културата, симбол на изградбата на Скопје?

Колку власт ви треба, доживотна ли треба да е, за еден здраворазумски чекор, еве почнувајќи од домот на Владата.Преубаво делува најавава за изложбата во Атина околу изградбата на Скопје после земјотресот. Има многу тука симболики, меѓу кои и солидарноста, како и повикот на таа архитектура, свест, таа југословенска култура и цивилизација која живее и ќе живее некаде во иднината.Но, што правиме со сегашноста?!Скопје е релегирано во музеи, неговата современост и модерност се сведени на музејски експонати. Нашиот град и официјално е минато затворено зад милион школки, интереси и бизниси, и не сме способни да го изградиме повторно.Но, градењето овој пат треба да се сфати метафорично. Бидејќи овие дечки градат и те како, ама градат како претходните, само дополнително уништувајќи го градот.Ќе се освестите ли? Ќе „излупите” ли еден споменик на културата, симбол на изградбата на Скопје, некое од светски признатите архитектонски ремек дела. Ќе го ослободите ли конечно плоштадот? Ќе запрете ли со криминалот, со дехуманизацијата, со загадувањето?Колку власт ви треба, доживотна ли треба да е, за еден здраворазумски чекор, еве почнувајќи од домот на Владата.Од кого ние нешто очекуваме, тие една ограда не се во состојба да отстранат.(ФБ статус на авторот)

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Забрана за камиони на неколку патни правци поради снегот

На патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 17.35 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.Забрана за камиони е воведена и на патниот правец крак Маврово – Дебар од 17.20 часот.

Македонија | пред 7 години

Scott-Eastwood-Shirtless-Australia-November-2016

Каков татко таков син

Синот на Клинт Иствуд не престанува да го привлекува вниманието на новинарите, а овој пат беше фотографиран на плажа во Мајами.32-годишниот Скот Иствуд кариерата ја започна како модел, а потоа се обиде и како актер. Беше дел и од спотот за Wildest Dreams на Тејлор Свифт. Во врска беше со прекрасната русокоса Шарлот Мекини, но сега ужива во статусот на слободен маж.

Магазин | пред 7 години

Aljosa-Vuckovic

Актерот Аљоша Вучковиќ во лоша здравствена состојба

Аљоша Вучковиќ е легендаарен глумец од поранешната Југославија. Денес го слави 72 роденден, но поради болест тој се повлече од јавниот живот и веќе не глуми. Многумина го паметат по улогите во култрните серии „Подобар живот“, „Вело мисто“, „Враќање на отпишаните“ и многу други.– Ништо не работам и не можам да работам. Болен сум и не се чувстувавам добро и тоа е една од главните причини зошто не глумам – изјавил популарниот глумец.

Свет | пред 7 години

taftalidze

Во Тафталиџе се сечат многу дрва за да никне зграда

Социјалните мрежи вријат откако градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, како што тврдат граѓаните, покажа на дело како не знае да управува со општината иако ветуваше живот за сите.Од ветувањата во Карпош за грижење на зеленилото и за квалитетот на животот на Карпошани останаа само празни зборови, а делата на градоначалникот говорат нешто сосема спротивно.Баш е фино кога општината се грижи за зеленилото и за квалитетот на живот на своите граѓаниЧума поморија, најмалку 10, 30-сет годишни дрва на Булеварот Теодосиј Гологанов, кај Веро во Тафталиџе!!!Кај сте паркобрани!Или – НЕМА КЕШ, НЕМА ПАРКОБРАНИ!!!, пишува на својот Фејсбук статус актерот Роберт Вељановски.

Скопје | пред 7 години

tezaga-na-pazar

Пензионери и вработени повеќе нема да смеат да продаваат на тезга

Пензионерите, вработените и лицата кои имаат некаков хонорар нема да можат да продаваат на тезгите на зелените пазри од Нова година. Поради оваа измена во Законот за трговија, на пазарите ќе се намали бројот на пазараџии и прометот дури за 30 проценти, смета Стопанската комора. Затоа бараат тој да биде одложен за некое време, објави „24 Вести“.Секој кој наоѓа интерес да тргнува на зелениот пазар треба да го оствари тоа право зошто државата има форма како да си го наплати својот дел, односно персоналниот данок за сите оние кои тргуваат на зелените пазари. Не гледаме пречка зошто овие категории не би можеле да тргуваат повторно на зелените пазари – вели Даниела Михајловска, од Стопанската комора. 

Македонија | пред 7 години

48369554_10217106394588187_3798863835616509952_o

Судар кај Момин Поток - срушен смеафор

Во сообраќајна несреќа која се случи попладнево кај Момин Поток се судрија три автомобилеи , а во инцидентот урнат е и еден семафор.Според првите неофицијални информации во сударот нема настрадани , но има полесно повредени.

Скопје | пред 7 години

8F783F1B-2BC5-4E18-935F-44CD5B5A76E3_w1023_r1_s

Извештај до Сенатот: Русија ги искористила социјалните медиуми да влијае врз изборот на Трамп

Истражувањето го направиле Универзитетот Оксфорд и фирмата „Графика“, а го објави Вашингтон постРусија ги искористила сите големи социјални платформи да влијае врз гласачите во САД преку ширење неточни информации, а со цел Доналд Трамп да биде избран за претседател, се вели во извештај на Универзитетот Оксфорд и фирмата „Графика“ испратен до Сенатот, а кој го објави Вашингтон пост.Во извештајот се вели дека Русите кои работеле за Агенцијата за истражување на интернет почнале да експериментираат со социјалните медиуми за да влијаат врз локални избори во 2009-та година, а потоа користејќи го Твитер ги продолжиле активностите во изборите во САД во 2013-та година.Постепено во нивната кампања ги вклучиле и Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм.Извештајот нотира дека за претседателската кампања во 2016-та година Русите се обиделе да влијаат врз конзервативните гласачи да го поддржат Трамп, нагласувајќи ги прашањата како правата за користење оружје и имиграција.Истовремено, се вели во извештајот, руските оперативци испратиле пораки до Афроамериканците со неточни информации како да гласаат.И други групи, како либералните гласачи, жени, муслимани, Латиноамериканци и други биле таргет на слични пораки.„Она што е јасно е дека Републиканската партија и Доналд Трамп требале да имаат корист од овие пораки“, се вели во извештајот, што го објави весникот.САД веќе утврдија кривични обвиненија против руската Агенција за влијание врз претседателската кампања во 2016-та година.

Свет | пред 7 години

sneg-skopje-1jpg

Започна да врне снег во Скопје

Започна да врне снег во Скопје. Снегот дава допонително убава претпрзнична атмосфера.Метеоролозите подолг период најавуваа дека пред Св Никола ќе има снег во земјава. Прогнозата за денеска е претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег. Во делови од југоистокот може да очекуваме врнежи и од дожд.Во Скопје, ниските температури ќе достигнат до – 4 Целзиусови степени во утринските часови, а максималната температура ќе биде до 2 степени во текот на денот.Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и тоа во западните делови од Македонија.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Судар кај Струга

Попладнево дојде до судар на два авромобили во непосредна близина на Струга кај селото Мислешево на магистралниот пат Охрид-Струга.При сударот причинета е само материјална штета.За напоменување е дека на истото место скоро по десетина судари има секој месец.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Четиридневна работа за петдневна плата! Како ви звучи?

Звучи премногу добро за да биде вистинито, но компании низ целиот свет веќе започнаа да ги намалуваат работните недели откако сфатија дека тоа води до поголема продуктивност, помотивирани работници и помал замор.„Многу е поздраво и подобро работиме кога не сме по цел ден на работа“, вели Јан Шулц-Хофен, основач на берлинската компанија за софтвер Планио, кој воведе четиридневна работна недела за своите 10 вработени на почетокот на годинава.Во Нов Зеланд, осигурителната компанија Перпетуал Гардијан забележа пад на стресот и раст на ангажманот на вработените откако беше тестирана 32-часовна работна недела.Дури и во Јапонија, владата ги охрабрува компаниите да дозволат слободно утро во понеделниците, иако слични напори во земјата да се намали работниот товар досега се покажаа неуспешни.Конгресот на британските синдикати се залага за тоа целата земја да се префрли на четиридневна работна недела до крајот на векот, а таквата заложба ја поддржува и опозициската Лабуристичка партија.Синдикатот смета дека покусата недела е начин преку кој работниците ќе учествуваат во распределбата на богатството креирано од новите технологии со помош на машини и роботи, исто како што добија право на слободен викенд за време на индустриската револуција.„Тоа ќе го намали стресот при балансирањето на работниот и семејниот живот и ќе ја зголеми половата еднаквост. Компаниите кои веќе го испробаа тврдат дека е подобро за продуктивноста и за здравјето на работниците“, вели Кејт Бел од британскиот Синдикат.ПреработениЛуси Грин, експерт во консултантската куќа Џ. Волтер Томпсон, вели дека се зголемува отпорот кон преработеноста, што го покажа и бранот критики кон сопственикот на Тесла, Елон Маск, откако тој твитна дека „никој не го сменил светот со 40-часовна работна недела“.49 проценти од испитаниците во САД велат дека работат прекувремено.„Луѓето полека се оддалечуваат од 24-часовниот дигитален живот и ги сфаќаат менталните здравствени проблеми кои се резултат на постојаната поврзаност со работата“, вели Грин.Неодамнешна анкета на 3.000 работници во 8 држави, меѓу кои и САД, Велика Британија и Германија откри дека мнозинството сметаат оти можат лесно да ја завршат својата задача и за пет часа дневно доколку немаат прекини, но повеќето работат и повеќе од 40 часа неделно - притоа на прво место се САД каде 49 проценти велат дека работат прекувремено.Шулц-Хофен, 36-годишен софтвер инжинер, ја тестирал четиридневната работна недела врз себе откако сфатил дека мора да си ги намали обврските по десетгодишна интензивна работа на својот проект.„Истата работа ја завршував и за четири дена, затоа што кога имав пет секогаш мислев дека имам повеќе време, работев побавно, си дозволував повеќе паузи“, вели Шулц-Хофен.„Сфатив дека со четири дена, морам да бидам брз, морам да бидам фокусиран доколку сакам во петок да бидам слободен“.Шулц-Хофен и неговиот тим дискутирале за различни опции пред да одлучат да работат од понеделник до четврток. Тие ја отфрлиле идејата за флексибилни работни часови затоа што тоа предизвикува административни проблеми, како и петдневна работна недела со покуси работни часови затоа што таа не гарантира ослободување од преработеноста.Клиентите кои ќе се јават во петок добиваат снимена порака која објаснува зошто никој не е на работа.„Добивме неочекувана реакција од муштериите. Повеќето од нашите клиенти не се жалеа. Само беа љубоморни“, вели Шулц-Хофен. DW.COM

Свет | пред 7 години

bandera-za-struja-960x616

Бандера за струја е адресата на илјадници Македонци со бугарски пасоши

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА.Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.Во октомври бугарската полиција уапси неколку видни имиња, меѓу кои и Петар Харалампиев, директорот на на државната Агенција за Бугарите во странство. Но Матева вели дека со неговото апсење ништо не престанало и сè уште се плаќа од 500 до 7.000 евра, и тоа не само од измамниците, туку мито се бара и од луѓе на кои им е целата документација средена.

Македонија | пред 7 години

bugarski-pasos

Адреса на илјадници македонци кои добиле бугарски пасош била бандера за струја

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА.Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.Во октомври бугарската полиција уапси неколку видни имиња, меѓу кои и Петар Харалампиев, директорот на на државната Агенција за Бугарите во странство. Но Матева вели дека со неговото апсење ништо не престанало и сè уште се плаќа од 500 до 7.000 евра, и тоа не само од измамниците, туку мито се бара и од луѓе на кои им е целата документација средена.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија, кој чека пратки од таму, ќе почека?

Вработените во два дистрибутивни центри на „Амазон“ во Германија почнаа штрајк бидејќи велат дека се незадоволни од работните услови, и тоа седум дена пред католичкиот Божиќ.Синдикатот на работниците соопшти дека вработението во „Амазон“ земаат пониски плати во однос на вработените во секторите малопродажба и испораки на пратки во Германија. „Амазон“ претходно соопшти дека нивните вработени добиваат релативно високи плати за овој сектор, пренесува АП.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања