Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Ново барање за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски од Грција , помилувањето од Иванов е без правен основа

Министерството за правда ќе бара нова екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Во моментов истото се преведува согласно Договорот со Грција. Судот во Грција ги поби аргументите околу дадените помилувања од претседателот Ѓорге Иванов, изјави министерката за правда Рената Дескоска.„Помилувањата се дадени без правен основ, на законски одредби што во моментов не се во правна сила во Република Македонија и од тие причини практично не ни произвеле правно дејство. Секако се образложува и постапката која е правена со измена на законот и повлекувањето“, рече министерката Десковска.На прашање дали немањето меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски е причина за тој да не биде задржан во ниту една земја при неговото бегство во Унгарија, Дескоска вели дека ова е прашање за МВР, но и дека тие држави немале обврски да делуваат ако во моментот немало меѓународна потерница.„Ако немало во моментот меѓународна потерница, а како што знаеме немало, тогаш и тие држави немале обврски да делуваат“, рече Дескоска по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за правда, УНИЦЕФ, Адвокатска комора и Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција.

пред 7 години

48362261_306912376616206_3791333100089245696_n

(ВИДЕО) Охридските бродари се простија од градоначалникот Стојаноски

Со петминутно вклучување на бродските сирени и спуштени знамиња ,бродската Флотата на Охридското Езеро му оддаде последна почит на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.Претходно, комеморација се одржа во Општина Охрид, каде се обратија повеќе пријатели, членови на семејството, министри и пратеници.Синот на починатиот градоначалник Јован Стојаноски денес исто така се обрати комеморацијата на неговиот татко. Димитар Стојаноски зборувајќи за Јован, рече дека по победата на локалните избори, охридскиот градоначалник рекол „Луѓе дајте да живееме за Охрид“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Адвокатите се откажаа од Груевски, нема повеќе да го застапуваат

Трoјца лични адвокати на поранешниот македонски премиер Никола Груевски го откажаа својот ангажман во случајот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство.Правните застапници Димитар Данов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски го напуштија рочиштето, изјави на почетокот на денешната седница судијата Душан Јосифов. Груевски доби адвокат по службена должност, Петар Димовски.Адвокатот Димитар Дангов на минатото рочиште за предметот „Титаник“ рече дека се откажува и за овој предмет да го застапува Груевски.

Македонија | пред 7 години

Avtobus-nesrekja-Leskovac

Приведен возачот на автобусот што се преврте кај Лесковац

Возачот на автобусот што вчера рано изутрината излета од патот и се преврте во близина на Лесковац, приведен е во полициска станица по сомнение дека е одговорен за трагедијата.Во несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца се повредени.Автобусот во саботата околу 20 часот тргнал од Прилеп кон Виена. Кога бил во близина на Лесковац, ненадејно излетал од коловозот и се превртел.Првичните сознанија се дека тој се движел со брзина од околу 100км/час, а на коловозот имало остатоци од снег.

Македонија | пред 7 години

makedonija-blokira

„Македонија-Блокира“ ги повикува Заев и Спасовски да се вразумат и да не провоцираат

„Македонија-Блокира“ најостро ја осудува вчерашната полициска интервенција со која беше спречена блокадата на патот Охрид-Струга кај село Мислешево, иако протестот беше уредно најавен во МВР во законски определениот рок.-Ова се веќе знаци на една уплашена власт на Зоран Заев штом започна да ги спречува протестите на „Македонија-Блокира“ со што, патем, се крши и уставно загарантираното право на протест. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија – Блокира“ продолжуваат до финалната одлука или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи – се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

mvr1

Со тупаници и без причина, црногорски државјанин нападнал маж во скопска гостилница

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка против црногорски државјанин за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Осомничениот, заедно со непознато машко лице, на 09.11.2018 година скршиле маса во гостилница во Скопје. На 13.11.2018 година тој повторно со едно непознато лице се  вратил во истата гостилница и му се извинил на оштетениот за своето претходно однесување. Но, на излегување, без повод и причина, го нападнале оштетениот и тешко телесно го повредиле, удирајќи го со тупаници во пределот на носот и лицето. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе скршеници и паднал во бессознание, а осомничениот и непознатото лице го напуштиле местото на настанот.Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство со оглед на тоа што тој нема пријавено живеалиште во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

krazba

Со закани дека ќе го убијат неговото семејство, две лица се обидеме да изнудат пари од скопјанец

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда од чл.258 ст.2 во врска со ст.1 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик.Осомничените, дејствувајќи во група заедно со уште едно лице кое е во бегство, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и со сериозна закана по живот на оштетеното лице, се обиделе да го присилат да им даде 10.000 евра.Тие во повеќе наврати го контактирале оштетениот и му барале пари, а откако тој ги одбил започнале агресивно да се однесуваат и да му се закануваат по неговиот и животот на неговото семејство. По ова, оштетениот на 14.12.2018 година се согласил да се сретне со нив во еден трговски центар во Скопје и да им ги даде бараните пари, но настанот го пријавил во полиција.Откако оштетениот се сретнал со осомничените, тие се обиделе насила да го однесат од договореното место, но во намерата ги спречиле полициски службеници, по што осомничените се дале во бегство. Во близина на лице место биле приведени двајца од нив.Тројцата осомничени веќе подолго време биле организирани во група со намера да му наштетат на оштетениот и во повеќе наврати му се обраќале на различни начини со цел да му изнудат средства. Овие околности укажуваат на стравот дека осомничените, доколку се на слобода, ќе го повторат кривичното дело. Освен ова, постои опасност тие да му влијаат на оштетениот или да се дадат во бегство, со што ќе ја попречат кривичната постапка. Од овие причини, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Скопје | пред 7 години

gruevski-trajkovski

Трајковски потврди: Се сретнав со Груевски, а во Будимпешта бев за да ги прегледам синусите

Царинскиот службеник Алексндар Трајковски кој беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски тврди дека бил во Унгарија поради здравствени причини. Трајковски тврди дека таму правел специјалистички преглед на синусите и дишните патишта, а со Груевски се сретнал како сопартиец и поранешен лидер.Трајковски денес се појави во судот каде се одржа ново рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Општина Центар“ каде е обвинет заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и група учесници во кршењето на општина Центар во 2013 година.Трајковски беше во посета на експремиерот, а за посетата се дозна откако на социјалните мрежи се појави фотографија на Груевски како се шета низ Будимпешта, а на која може да се забележи и тој.

Македонија | пред 7 години

nasilstvo-centar

„Се соблече и ми го покажа пенисот“, рече екссоветничка од Општина Центар

На денешното рочиште за упадот во Општина Центар кој се случи на 10 јуни 2013 година, сведочеше тогашната советничка Марија Бошкоска Јанковски. Објаснувајќи што се случуваше, рече дека за малку ќе била погодена со парче стакло од страна на Александар Трајковски кој пак, изминатата недела беше фотографиран како му прави друштво на експремиерот Никола Груевски во Будимпешта.Бошкоска-Јанковски рече дека Трајковски упатил низа навреди како „Курво, свињо дебела“, а друг обвинет во случајот на СЈО за „Насилство пред Општина Центар“ се соблекол и и го покажал пенисот.Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, советничката на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време Даниела Рангелова и уште неколкумина кои биле дел од толпата која на 10 јуни 2013 година протестираше пред Општина Центар.

Македонија | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Го прашав „Како заспиваш толку брзо?“, одговори „Чиста ми е совеста“ - рече синот на Јован Стојаноски

Синот на починатиот градоначалник Јован Стојаноски денес се обрати комеморацијата на неговиот татко. Димитар Стојаноски зборувајќи за Јован, рече дека по победата на локалните избори, охридскиот градоначалник рекол „Луѓе дајте да живееме за Охрид“.„Фин беше. Уште како дете ме носеше на натпревари и ми велеше, ќе те научам што е љубов. Пред некој ден дојде дома на еден саат. Заспа дома. Му велам "Како можеш да заспиеш толку брзо?", а тој возврати "Сине, мене чиста ми е совеста". Ме учеше да ги почитуваме вредностите на животот“, рече Димитар, син на градоначалникот Јован Стојаноски.„Опседнат беше со кејот. Тоа се луѓето на Охрид. Ве замолувам, кога ќе се реализира тој проект, да го носи неговото име“, замоли брат му. На комеморацијата се обрати и секретарот Игор Бежовски, во име на општинската администрација.„Со мене беше и на последното патување накај Скопјр. Заедно го завршивме и последниот колегиум  за буџетот на Охрид. Во 2019 сакам да видам нови училишта, градинки, касарна... Ќе продолжиме по твојот пат“, рече Бежовски.

Македонија | пред 7 години

Sting-sk-artwork

Стинг доаѓа во Скопје

Втората половина на декември е време кога почнуваат новогодишните честитки. Авалон Продукција наместо класична новогодишна честитка со која ќе Ви посака на сите што е можно поубави денови во 2019 година, се потруди директно да Ви овозможи еден убав и посебно специјален ден, велат од Авалон.„По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во Вип Арената на 15.10.2017 (во рамки на "57th & 9th" турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, „Филип Втори“. Стадионот "Филип Втори" за прв пат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting!Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best off tour, Sting ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.  „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.Иако звучи неверојатно, сепак е вистинито, Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А листа на изведувачи: Sting, Lenny Kravitz и Eros Ramazzotti“, се вели во соопштението.

Магазин | пред 7 години

komemoracija-zaednicka

„Друже не се договоривме вака“, рече Тунтев за охридскиот градоначалник Стојаноски

Во име на Владата, премиерот Зоран Заев се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Општина Охрид, Јован Стојановски.„Тешко е да се надјат зборови за утеха на семејството“, рече Заев кој упати сочуство до семејството.„Смртта на Стојаноски е загуба за академската заедница, пријателите, градот. Јован беше пријател и професионалец. Имаше визија за Охрид да биде туристичка престолнина. Отворен беше за секој предлог. Ненаметлив, исполнителен човек, а тоа помогна сите да му возвраќаат со длабока почит. Нека почива во мир“, рече Заев на комеморацијата. ВВо име на пратениците, проштално обраќање имаше пратеникот Томислав Тунтев.Занимавањето со политика може да биде благородно и неблагородно, ценето и неценето. Тој физички не е меѓу нас. Но, само во форма во која би сакале. Јован е до нас и со нас денес. Јован друже, не се договоривме вака. Велат, човек умира два пати. Еднаш физички кога ќе го снема и еднаш кога нема да се споменува. Затоа друже, вечно ќе живееш во нас. Вечерта кога победи за градочалник, одевме кон плоштад и ми рече "Друже, што направивме, од вечерва го менуваме светот". "Се ќе си биде само нас ќе не нема", така зборувавме со Јован. Збогум пријателе, збогум градоначалник, збогум голем човеку“, рече претеникот Томислав Тунтев во своето проштално обраќање.

Македонија | пред 7 години

komeroracija-stojanovski2

Министри, градоначалници и претставници на Владата се простуваат од Стојаноски

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, министри, сегашни и поранешни градоначалници пристигнаа во Општина Охрид на комеморацијата на градоначалникот Јован Стојаноски. Освен нив, во салата на општината присутно е и семејството на градоначалникот Стојаноски. Присутен на комеморацијата е и пратеникот Александар Кирацоски, министерот за здравство, Венко Филипче, како и премиерот Зоран Заев.Комеморација се одржа и на Факултетот за туразам, угостителство и организациони науки. Во име на студентите на факултетот беше прочитано прошталното писмо во кое студентите на професорот Стојаноски се простија со слоганот „Адио профа“.

Македонија | пред 7 години

komemoracija-stojan

„Адио профа“, студентите се збогуваа со градоначалникот Стојаноски

Комеморација се одржа на Факултетот за туразам, угостителство и организациони науки. Во име на студентите на факултетот беше прочитано прошталното писмо во кое студентите на професорот Стојаноски се простија со слоганот „Адио профа“.Пред присутните се се обрати деканот Цветко Андреески, а во име на Универзитетот се обрати ректорот Сашо Коруновски.Присутен беше и синот на починатиот градоначаник Јован, Димитар Стојаноски. 

Македонија | пред 7 години

aleksandar-trajkovski

Гостинот на Груевски си дојде во Македонија

Александар Трајковски кој беше фотографиран со Никола Груевски во Будимпешта се вратил во Македонија.Тој утрово пристигна во Кривичниот суд во Скопје на рочиште за „Насилството во Центар“ каде е еден од обвинетите заедно со избеганиот поранешен премиер, пренесе Плусинфо.Трајковски само поминал покрај новинарите.На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, се гледа како поранешниот премиер Никола Груевски се шета во Будимпешта, се гледа и Александар Трајковски, советник во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, партиски акивист и одличен логистичар. Во моментов Трајковски е вработен во царинската управа на Р Македонија.Скопје1.мк се обрати до царинската управа. Прашавме дали Трајковски во момтов користи одмор, поточно како отсуствува од работа.Од царинската управа за „Скопје 1“ велат дека Царинскиот службеник Александар Трајковски од 5 ти декември 2018 год. користи боледување, уредно пријавено согласно интерни акти на Царинската управа. Исто така информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа, ниту пак реализирал службено патување во Унгарија.

Македонија | пред 7 години

received_213095172913936

Царинска управа: Царинскиот службеник Александар Трајковски од 5 ти декември користи боледување, уредно пријавено

Кои се лицата кои го придружуваат поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта?На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, вчера на која се гледа како поранешниот премиер Никола Груевски се шета во Будимпешта, се гледа и Александар Трајковски, советник во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, партиски акивист и одличен логистичар.Во моментов Трајковски е вработен во царинската управа на Р Македонија.Скопје1.мк се обрати до царинската управа. Прашавме дали Трајковски во момтов користи одмор, поточно како отсуствува од работа.Од царинската управа за скопје 1 велат дека Царинскиот службеник Александар Трајковски од 5 ти декември 2018 год. користи боледување, уредно пријавено согласно интерни акти на Царинската управа. Исто така информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа, ниту пак реализирал службено патување во Унгарија.Со оглед на тоа што Царинската управа во овој момент нема изворни информации за наводите кои се објавени во медиумите за Александар Трајковски, вработен во царинската управа , ве известуваме дека надлежните служби го испитуваат случајот и штом ќе имаме веродостојни информации, ќе ве известиме, велат од царинската управа за Скопје1.мк .Инаку сликата од прошетката на Груевски и Трајковски е предмет на разгледување на надлежното обвинителство, коешто го испитува бегството на Груевски, а сега ќе бара и кој сликал.

Македонија | пред 7 години

gruevski-mala

„Нема потреба за дискусија, Србија немала обврска да го уапси Груевски“

Заменик министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски потврдил дека Србија немала обврска да го уапси и задржи Никола Груевски, кога тој бегал во Унгарија.Во разговор за српскиот портал „Политика“, Ристовски рекол „Факт е дека не била распишана меѓународна потерница“.„Колку што мене ми е познато, никој од Владата на Република Македонија не упатил критика за Србија, ниту пак, барал објаснување зошто Груевски не бил уапсен“, рекол Ристовски.Тој додал дека нема коментар околу новинарските шпекулации, личните коментари на поединци и објавите на социјалните мрежи.„Повторувам, ниту една од соседните земји низ кои прошол Груевски, пред да биде распишана меѓународна потерница, не била должна, ниту смеела да го уапси за дела кои се направени во Македонија. Не знам зошто воопшто тоа било предмет на дискусија“, рекол Ристоски.

Македонија | пред 7 години

miss2

Преубавата Филипинка е новата Miss Universe 2018

Титулата на еден од најпрестижните светски избори за убавина, Miss Universe 2018, ја доби Филипинката Катриона Елиза Греј. Второто и третото место го освоија убавиците од Венецуела и Јужноафриканската Република.Изборот се одржа во Имапкт арената во Бангкок, Тајланд, а за круната се натпреваруваа 91 девојки од исто толку земји.Круната на Греј и беше предадена од ланската мисица, Деми Петерс од Јужна Африка.Греј е четврта убавица од Филипини која ја освојува оваа титула, по победите во 2015, 1973 и 1969 година.

Магазин | пред 7 години

327745-vecherva-vo-vila-vodno-kje-zasedava-sovetot-za-bezbednost

Дали идниот претседател на Македонија ќе биде жена?

Радмила Шеќеринска, Солза Грчева, Тања Каракамишева, Гордана Силјановска, Фатиме Фетаи, Мирјана Најчевска, Мирјана Лазаровска…ова се имиња на успешни професионалци и моќни политичарки, секоја поддржана од голема група истомисленици, кои освен што се силни интелектуалки и децентни дами, имаат уште еден заеднички именител.Сите тие се можни кандидати за претседател на Македонија. Се разбира, ниту една од нив официјално не ја потврдила својата кандидатура, ниту пак јавно ја покажала амбицијата за највисоката функција во државава, но судејќи според мислењата на граѓаните, како и на нивните следбеници на социјалните мрежи, извесно е дека би имале сериозна поддршка од гласачите.Иако до истекот на мандатот на актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, има уште неколку месеци, во јавноста веќе се скенираат личностите кои би можеле на свој грб да го понесат товарот што го носи шефот на државата. И она што е многу интересно, за првпат се споменуваат толку жени.Професорката Мирјана Најчевска, која е познат борец за родова еднаквост, во изминативе недели на својот фејсбук-профил неколкупати покрена јавна дискусија на оваа тема.– Е јас не сум ни за Стево ни за Денко. Мислам дека е редно да добиеме претседателка. На протестите имаше повеќе жени од мажи. Жените го срушија режимот. Редно е да го разбиеме патријархалниот модел не само на улица туку и во институциите. Жена за претседателка, напиша Најчевска и покрена сериозна дискусија.Со сличен став се и граѓанските активисти. Наташа Доковска од „Новинари за човекови права” вели дека сепак, во македонското традиционално општество, авторитетот на мажите има првенство во однос на вистинските ставови на висококвалитетни жени кои би можеле да бидат во функција на претседателот на државата.– Сепак ми се чини дека нашето општество веќе е зрело за жените лидери. Досегашната неинволираност во оваа сфера делумно лежи и во самата жена. Имено жените самите се одговорни за таква позиција, бидејќи им даваат првенство на мажите, иако сметаат дека се подеднакво способни за извршување на функцијата…Денеска има жени претседателки и во многу понеразвиените демократии и верувам дека и Македонија може да “извади# жена претседател и да биде пример за тоа како се води државата, што за мене е еквавилент за водење семејство…Според интерни истражувања на весникот Вечер, Шекеринска, Грчева, Каракамишева, се три од кандидатките кои би можеле да ги засенат нивните колеги и да ја освојат вилата „Водно”.Вицепремиерката и министерка за Одбрана, Радмила Шеќеринска, е политичарката за која јавноста наголемо зборува дека е сигурен претседателски кандидат. Во својата богата политичка кариера извршувала голем број високи партиски и државни функции.Солза Грчева, претседателка на новоформираната партија на центарот Глас за Македонија и поранешна пратеничка на СДСМ, позната по острите критики за политиките на власта, но и на најголемата опозициска партија, многумина ја гледаат како вистински претседател на сите граѓани.

Македонија | пред 7 години

Pat

(ВИДЕО) Пари летаа од блиндирано возило, на патот настана хаос

За време на најголемиот сообраќаен метеж од блиндирано возило почнале да летаат банкноти, а луѓето почнале да ги собираат, но нивната среќа беше краткотрајна – полицијата побара сите пари да бидат вратени, а за возврат вети дека нема да ги гони оние што ги задржале.Полицијата на Ист Рутерфорд изјави дека нешто по осум часот наутро ги добиле првите повици за парите што летале од блиндирано возило и несреќите што се случиле кога возачите ги напуштиле своите автомобили ловејќи ги парите.https://twitter.com/squagliozzi/status/1073209455603564544На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа блиндирано возило Бринкс на патот 15 милји од градот Њујорк и луѓето кои трчаат меѓу возилата фаќајќи ги парите.„Тоа е многу опасно, сите собираат пари таму”, рече една жена во видео објавено на Твитер.Полицијата на Ист Рутерфорд објави дека дел од парите биле вратени во вечерните часови, но не објавиле колку, како ни колку вкупно пари одлетале.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Британец со измама го пропатувал светот без да потроши ниту една фунта

Британец бил уапесен откако е утврдено дека крадел лозинки од вработени во туристички агенции, по што самиот си закажувал патувања чија вкупна вредност изнесува 44.000 фунти.Станува збор за 28-годишникот Адам Грифитс кој посетувал туристички агенции и се распрашувал за цените на аранжманите, а прита внимателно следел што вработените прават и ги крадел нивните лозинки за регистрација во системот. Потоа Британецот самиот се логирал во системите и си резервирал патувања низ целиот свет, а на социјалните мрежи се фалел со фотографии од егзотичните екскурзии.Меѓу другите места, Грифитс си резервирал престој во луксузниот хотел Бурж ал Араб во Дубаи и лет со прва класа, потоа патување на Сејшелите за себе и за своите пријатели итн.Интересно, одбраната во судот изјавила дека тој по грешка си резервирал и патување кое вклучувало само појадок наместо целосна услуга, а бидејќи бил невработен и кај себе имал само една фунта, во таа ситуација дури и гладувал за да издржи до крајот на летувањето. Младиот Британец е осуден на две и пол години затвор.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и , како што се наведува ,,растечкото авторитарно владеење на националистичкиот лидер Виктор Орбан”. Протестите во еден момент станаа насилни и полицијата употреби гас за да ја растера толпата.Судирите настанаа кога демонстрантите пристигнаа пред зградата на државната телевизија МТВА. Протестите насловени како ,,Сеќен Божик господине премиер” се одржаа по четврти пат во последниве седум дена, а го организираат левичарските опозициони партии, група студенти и граѓани кои се противат на владата на Виктор Орбан. На протестите им се приклучија и синдикатите.Партијата на Орбан – Фидес во саботата реагирајќи на протестите соопшти дека е се поочигледно дека учесниците се криминалци кои ги организирала межата на Џорџ Сорос.

Свет | пред 7 години

oblozuvalnica-1

Драма во Кавадарци: Со секира ограбил обложувалница

На 15.12.2018 година околу 22,10 часот во Кавадарци во обложувалница на улица „7-ми Септември“ непознат сторител со закана со секира извршил разбојништво и од вработената одзел пари, информира МВР.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Македонија | пред 7 години

27-mi-april-sudenje

Со дополнителни докази на одбраната продолжува судењето за „27 април“

Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази на дел од обвинетите.На минатото рочиште се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група, како дел од дополнителни докази од Обвинителството.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Македонија | пред 7 години

venko-filipce

Филипче: Шест патници од автобусот што се преврте во Лесковац се со сериозни повреди

Шест лица потешко повредени од сообраќајната несреќа на македонскиот автобус кај Лесковац се хоспитализирани во болницата во Ниш. Тие се во стабилна состојба, но со сериозни повреди. Синоќа шестмината повредени ги посети министерот за здравство Венко Филипче, а претходно и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.–Во Клиничкиот центар во Ниш дојдовме на посета на посериозно повредените патници од превртениот автобус. Вкупниот број на пациентите кои овде се третираат изнесува шест. Засега се сите стабилни, но сериозно се повредени и им треба уште еден период од неколку дена во којшто нивните витални параметри ќе се следат. Кај двајца од тие шестмина може да дојде до ситуација во која што можеби ќе биде потребна и хируршка интервенција, изјави Филипче во Ниш.Претходно, како што изјави министерот, ги посетил повредените патници хоспитализирани во болницата во Лесковац.Во болницата во Лесковац се сместени осум патници со полесни повреди, и како што рече Филипче, за  ден до два ќе бидат упатени на натамошно домашно лекување во Македонија за што ќе бидат во континуиран контакт со колегите од Србија и заеднички ќе го организираат првозот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања