Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

zavejan-620x350

Српски медиуми: Возачот на автобусот возел со брзина од околу 100 км/ч, патници биле спасувани од под превртеното возило

Неприлагодена брзина кон условите на патот, најверојатно е причината за сообраќајната несреќа на патот Лесковац-Ниш во која македонски автобус излета од патот, при што три лица ги загубија животите, а 32 се повредени, јавуваат српските медиуми.Несреќата се случи ноќта меѓу саботата и неделата кога автобус излетал од патот и се превртел. Српските медиуми јавуваат дека возачот, кој се сомничи дека е одговорен за трагедијата, е уапсен.-Автобусот во саботата околу 20 часот тргнал од Прилеп за Виена. Кога бил во близина на Лесковац изненадно слетал од коловозот. Според досегашните информации, постои сомневање дека возачот возел со брзина од околу 100 километри на час иако патот бил завеан со снег и лизгав, што довело до несреќата, вели извор од истрагата за српските медиуми.Противпожарни, полициски и екипи на Итната медицинска помош набрзо пристигнале на лице место.-Глетката беше страшна. Автобусот беше свртен на страна, патниците лелекаа и бараа помош, додека скршени стакла беа разлетани на сите страни. Четири лица беа заробени во автобусот. Докторите веднаш истрчаа да помогнат, за жал, за тројца беше доцна, вели соговорник за „Србија данас“.Неколку патници биле приклештени во автобусот, додека две жени биле заробени под возилото.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го зацрни животот на граѓаните, Македонија веќе два месеци дише загаден воздух

Власта го зацрни животот на граѓаните. Веќе два месеци Македонија дише загаден  воздух. Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најазагадени во светот, а власта не презема ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев, Макрадули и Шилегов ветуваат почист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, две години потоа  ништо од она што го ветуваа не е случај. Наместо мерки и проекти спијат во Собрание за време на расправа  и играат игри  на телефон.Додека власта мува не ја лази дали воздухот ќе биде чист или загаден, десеттици граѓани секој ден  завршуваат во здравствените установи ширум државата со срцеви и белодробни проблеми како резултат на загадениот воздух, во кој концентрацијата на ПМ 10 честички е неколкукратно над дозволеното секој ден.ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ е дезориентирана партија и дека не знаат каде ја водат државата, токму затоа предложивме сет мерки за справување со загадувањето, меѓу кои:- субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,-   забрана за употреба на петрол и кокс,-   бесплатен градски превоз додека трае загадувањето.Граѓаните не смее да трпат заради неспособноста и безидејноста на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ  нуди мерки и решенија, а не празни ветувања напумпани пред избори како што тоа го направи СДСМ.Црнилата која ги предизвика оваа власт мора да престанат да бидат наше секојдневие. Граѓаните заслужуваат чист воздух, тоа е нивно право и обврска на секоја влада. СДСМ не може тоа да го овозможи и мора да си замине, колку порано толку штети по државата и граѓаните ќе бидат помали. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против штетните политики на ненародната власт да ни се придружат на протестниот марш во Скопје, во четврток (20.12.2018) кој тргнува од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Студено време со врнежи од снег

Денес не очекува претежно облачно и студено време со повремени локални врнежи главно од снег, освен на крајниот југоисток каде ќе бидат од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјава. Утринските температури ќе се движат во интервал од -9 до -1 степен, а дневните од -2 до 7 степени.Во Скопје облачно со повремени врнежи главно од снег. Утринската температура ќе се спушти до - 4 степени, а дневната до 2.Утре ќе се задржи облачно и студено време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има попладне во јужните делови од земјава. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Македонија | пред 7 години

1-11

Марш на црвениот чадор денес во Скопје

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамките на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници ќе го одржи традиционалниот Марш на црвениот чадор во денес во 12 часот, пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза.„СТАР-СТАР заедно со сексуалните работници, активистите и нивните поддржувачи се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група. Со пораката:“ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби сезасноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедни услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација.Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од Д-р. Ени Спринкл со една единствена цел – поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетел, Вашингтон“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

48358824_209444196602202_6739252949593096192_n

Денеска е ден на жалост во Охрид

Денеска во Охрид е ден на жалост, поради смртта на градоначаникот Јован Стојаноски. Јарболот во центарот на градот е спуштен на половина копје. Погребот на Стојановски ќе се одржи во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.Исто така денеска ќе се одржат комеморации во општината и Факултетот за туризам и менаџмент, каде Стојаноски беше професор.Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми ќе присуствуваат на комеморативната седница која ќе се одржи во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.Според најавите, дополнителните избори за нови градоначалници на Охрид и на Дебар ќе се одржат паралелно со редовните претседателски избори напролет. Тогаш треба да се избере и нов градоначалник на општина Ново Село, откако Боро Стојчев од СДСМ поднесе оставка од морални причини откако беше осуден на затвор за обид за шверц на цигари.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka1-1

Автомобил удри пешак во Охрид, итно пренесен во Скопје

На 15.12.2018 година околу 19,10 часот во Охрид на улица „Расоица Новачки“ К.П.(30) од село Горно Лакочереј, охридско управувајќи патничко моторно возило „Ланчиа“, со охридски регистарски ознаки, удрил во пешак Б.Н.(55) од Охрид.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н. кој по укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

KING0071

Родители и експерти разговараа за позитивно родителство на настан во Скопје

Денеска во Скопје се одржа петиот настан „Разговори за родителството“ на кој присуствуваа над 300 луѓе. Целта на овие настани е да се разбуди свеста за развивање и надградување на родителските вештини и се дел од кампањата „И родителството се учи“ на УНИЦЕФ, ЕУ и Министерството за труд и социјална политика.„Секое искуство на детето влијае на начинот на кој тоа размислува, се чуствува, однесува и учи понатаму во животот. Она што го зборуваме дома, начинот на кој воспитуваме нашите деца се одразува на нивното однесување надвор од домот и директно влијае на создавањето на позитивно општество. Секој од нас треба да е свесен дека иако љубовта ни доаѓа придодно, родителството навистина се учи. Да се трудиме да бидеме подобри родители, за нашите деца и за посветла иднина“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.Во над 15 градинки низ Македонија се воспоставуваат советувалишта за родители, чија цел е да работат токму на развој на успешното родителство.МТСП работи на зголемување на бројот на овие советувалишта, но и на зголемување на капацитетите на градинките и на јакнење на компетенциите на кадарот со што го зголемува опфатот на деца во предучилишно образование.„Кампањата започна со разговори низ целата земја за научните факти во врска со развојот на човечкиот мозок, емотивното приврзување, развојот на карактерот, различните родителски стилови и влијанието на негативните искуства од детството и стресот врз развојот на децата.  Кампањата ја нагласи потребата од програми и советувалишта за поддршка на родителите. Кога општеството им помага на родителите да подигаат деца кои имаат здрава приврзаност, кои се стумулирани, кои веруваат во себе, упорни се, имаат емпатија, знаат како да се справат со разочарување и можат да учат и да откриваат нови работи - тогаш создаваме животен циклус на лично човечко поврзување и развој и посилно, просперитетно и безбедно општество,” рече г. Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.Претходно настанот „Разговори за родителство“се одржа во Куманово, Гостивар, Струмица и Битола. Присутните имаа можност да научат повеќе за развојот на детскиот мозок, емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства врз детскиот развој.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пожар во куќа во тетовско направи голема шетата

На 16.12.2018 година околу 04,00 часот во село Добриште, тетовско, избувнал пожар во куќа сопственост на И.Т.(59), при што опожарено е приземјето од куќата, една гаража и патничко моторно возило „Форд Фокус“, кое било паркирано во гаражата, повредени лица нема.Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа.  Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 7 години

pcenica

За поубава и побогата 2019 година утре засадите Божиќна пченица

Раѓањето на Исус Христос - Божик е најрадосен ден во семејството. Се прославува со богата трпеза, има и низа обичаи во зависност од регионот, но еден се чини е исти насеаде. Тоа е Божиќно жито.За да порасне до Божик , житото кое е симбол на просперитет, здравје и богатство треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.За садењето ви е потребно една шака пченица и чинија или сад во кој ќе посадите. Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат. До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода. Се става одозгора за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.Пред да се стави на маса, житото се поткаструва со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Како да исецкате кромид без солзи

Готвачот Џек Скалфани во своето видео покажува како се сецка кромид брзо и без солзи.Според него потребен е остар нож, бидејќи тапите ножеви само ја влошуваат работата. Потоа потребно е да се најде срцето на кромидот, да се исече круг околу него и истиот да се извади.

Магазин | пред 7 години

12345668_10153927936512518_7875210359762923620_n

Во понеделник марш на сексуалните работници во Скопје

Во понеделник, на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, во Скопје по 11. пат ќе се одржи Маршот на црвениот чадор. Протесниот марш на сексуалните работници ќе започне од 12 часот од Спомен куќата на Мајка Тереза.Тој е во организација на СТАР – првиот колектив на сексуални работнициСо пораката: „ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедните услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација, соопштуваат од СТАР.

Скопје | пред 7 години

mkc1

„Новогодишна бајка“ – манифестација на Детскиот културен центар „Карпош“

Детскиот културен центар „Карпош“ ќе одржи новогодишна, полугодишна завршна, ликовна и етнолошка изложба, како и балетска претстава, наречена „Новогодишна бајка“. Настанот ќе се случува во кино-салата „Фросина“ во Младински културен центар –МКЦ на 24 декември, со почеток во 18 часот.Членовите од ликовната секција ќе имаат изложба со цртежи од малите ликовни уметници, додека танцово-ритмичката секција со малите и големите балеринчиња преку игра ќе ја претстават новогодишната бајка со која ќе го најават доаѓањето на новата година. Нивните родители и останатата публика ќе можат да уживаат во сето она што го сработиле двете секции во првото полугодие. Исто така, на влезот покрај изложбата од малите ликовни уметници ќе има и етнолошко катче со македонски носии со кои играат нашите фолклорци.

Магазин | пред 7 години

struja

Дел од Кисела Вода и Центар утре без струја

Од 8:30 до 13 часот утре без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Јустинијан Први“, „Славка Динкова“, „Гандиева“, „Андреја Петковиќ“ и „Ниџе Планина“ во општина Кисела Вода.Во периодот од 8:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Стив Наумов“, „Тетовска“, „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ и дел од булеварот „Кочо Рацин“ во општина Центар.Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Скопје | пред 7 години

48379028_2070147516395923_4537301905029726208_n

Одржано четвртото Собрание на ПОЕН, избран новиот извршен одбор на партијата

Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, денес го одржа своето 4-то редовно Собрание, во хотелот „Арка„ во Скопје.На присутните над 200 делегати и гости, покрај претседателот на ПОЕН се обратија уште министерот Едмонд Адеми, кој што ги поздрави присутните во име на коалициониот партнер СДСМ и другите коалициони партнери, пратеничката од Република Косово од редовите на Бошњачката заедница Емилија Реџепи, а преку видео-порака и Павлос Воскополус од партијата на Македониците во Грција „Виножито“.На Собранието се усвои новата програмска платформа на ПОЕН, со што акцент во политичкото делување на партијата се дава да луѓето во Македонија живеат во безбедна, стабилна и економски просперитетна држава во која ќе владеат социјален мир, општествената правда и кохезија,  со воспоставени стандарди на мултикултурното општество, засновано врз стабилни интеркултурни односи, со демократски политички систем, со владеење на правото и со почитување на темелните човекови права, слободи и достоинство.Собранието избра членови на новиот Главниот одбор на Партијата, а потоа се избраа и потпретседатели, секретар и членови на Извршниот одбор (ИО)  на ПОЕН. Новиот состав на Извршниот одбор на ПОЕН  е следниот.Проф. д-р Рубин Земон (претседател на ПОЕН).Дијана Марковиќ (претседател на Главниот одбор на ПОЕН)Димитар Илиевски (потпретседател на ПОЕН)Милан Тоцев (потпретседател на ПОЕН)Медо Балиќ (секретар на ПОЕН )Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски (член на ИО)М-р Ирена Оровчанец (член ИО)М-р Симона Ристевска (член ИО)Благоја Костовски (член ИО)Никола Шалваринов (член ИО)Мирослав Анастасов (член ИО)Гоце Величковски (член ИО)Аднан Ашимоски (член ИО) иЉупчо Петровски (член ИО)

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Георгиески: Стојаноски ни остави обврска да го продолжиме патот и неговите визии да ги претвориме во реалност

„Токму од овде, од ова место градоначалникот Јован Стојаноски ги соопшти своите визии за развој на на општина Охрид и до последен здив, неуморно и посветено работеше на нивното реализирање. Токму од од овде, од ова место, јас заедно со него тргнав по тој пат да направиме што повеќе за нашиот светол и свет град. Ни остави обврска заедно да го продолжиме патот и неговите визии да ги претвориме во реалност. Беше вистински професионалец.Вчераутро, ден по враќањето од Скопје и седницата на ЗЕЛС, градоначалникот заедно со своите најблиски соработници го договараше буџетот за 2019 година. Никој од присутните до денес не може да поверува дека тие беа последните зборови кои ги слушаа пред срцето да му откаже и престане да чука“, рече на денешната комеморативна седница во ОО на СДСМ заменик градоначалник, соработник и долгогодишен пријател на Стојаноски, Константин Георгиески.Тој додаде дека најголемиот дел од присутните на комеморацијата на еден или друг начин сме соработувале и биле кој поблиску кој подалеку од градоначалникот Стојаноски.„Сите ние добро го познававме, го познававме неговиот начин на работа, ја познававме неговата волја за живот и морам да потенцирам дека сите ние од него многу научивме како треба да се справуваме со предизвиците на времето. Тој секогаш работите сакаше да ги гледа од друг агол и од друга призма. Оставаше простор и за туѓо мислење и често знаеше да даде свое решение, карактеристика која ја имаат само умните, посветените и храбрите луѓе“, напомена Георгиески.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Магла на патните правци Крак-Маврови Анови и од Крак до Стража

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.„Намалена видливост од 20 до 50м. поради магла има на патните правци Крак-Маврови Анови и од Крак до Стража. Слаб снег провејува во северо источниот дел од Републиката кој не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.Престанок на важност на забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Делчево граничен премин Делчево. Се воведува задолжително употреба на зимска опрема само за тешки товарни возила на истиот патен правец“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

cavkov

(ФОТО) Митко Чавков ургирал мајка на три деца да биде испратена во затвор, иако немала вина

На социјалните мрежи се споделува статус во кој се вели дека ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков влијаел врз обвинител и судија за во затвор да испрати жена која немало сторено кривично дело. Ви пренесуваме во целост:

Македонија | пред 7 години

goran-milevski

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

Пратениците на ЛДП, владиниот коалиционен партнер, нема да гласаат за предлог-законот за амнестија со кои треба да бидат опфатени околу 50-тина обвинети за упадот во Собранието на 27 април лани.Ова беше кажано на седмото изборно собрание на Либералдемократите. Од таму велат дека е подобра варијантата прво да има пресуда за случајот, а дури потоа да се размислува за амнестија.– Мислам дека законодавната и извршната власт треба да останат во свои рамки и да не влијаат на судството – рече претседателот Горан Милевски.Драфт-верзијата на законот во моментов се разгледува во пратеничките групи, а истиот на собраниска седница наместо утре, откако се одложи, би се нашол на собраниска седница во вторник.

Македонија | пред 7 години

48373314_386342072173996_8992882290497421312_n

(ФОТО) Охрид го спушти јарболот во центарот на половина копје

Утре во Охрид е ден на жалост, поради смртта на градоначаникот Јован Стојаноски. Јарболот во центарот на градот е спуштен на половина копје.Утре, ќе се одржат комеморации во општината и Факултетот за туризам и менаџмент, каде Стојаноски беше професор.Погребот на Стојановски ќе се одржи во понеделник во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми веќе го потврдија присуството на комеморативната седница која ќе се одржи утре во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Маж од Скопје претепал жена поради паркинг

Вчера во 13:20 часот М.Т. (43) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на паркинг на улица “Св. Кирил и Методиј” од страна на непознато машко лице била физички нападната поради недоразбирање околу паркирањето.По преземени мерки констатирано е дека сторител е И.К. (54) од Скопје и против него е поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 години

44660632_728429660856727_5814229333199290368_n

Николовски има цел во животот, а тоа е како да му се допадне на неговиот ментор Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот говор на протестниот марш во Велес се осврна и на проблемите со кои се соочуваат земјоделците во државата:„Удрија и на земјоделците. Ги лажеа, викаа и урлаа ширум Македонија, кога ќе дошле они само да си отишол режимот, ќе дошле они и ќе има загарантиран откуп на земјоделските производите и загарантиран пласман. Не само што тоа не се случи туку гледаме како на буниште се истура родот на земјоделците кој што со мака е направен. Гледаме каде завршуваат и јаболките и сливите и пченицата, и бостанот и зелките, на буниште.“Тој рече дека поради оваа лага и токму поради оваа манипулација граѓаните и земјоделците ќе им го покажат вистинското место на следните избори, а тоа е на темната страна на историјата и право на буниште, од првиот Зоран Заев до последниот, а тоа е министерот за земјоделие.„И кога ќе бидат немоќни во спроведувањето на тоа што го ветиле и кога некој од страна ќе ги искритикува, тогаш следен чекор е кој ајде да го бркаме човекот кој што ги критикува од работа. Сакам една масовна поддршка од овде од овој протест да упатиме сите заеднички до членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, кој од пред некој ден заработи отказ зошто, затоа што надвор од работно време ги критикувал политиките на оној министер Николовски кој што има единствена цел во животот, а тоа е како да му се допадне на неговиот ментор, аболираниот политичар Зоран Заев. Затоа еден огромен аплауз за Цветан во знак на поддршка.“, дополни Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Дел од државниот врв потврди присуство на комеморацијата и погребот на градоначалникот

Општинскиот протокол на Охрид, го организира последното испраќање на градоначалникот. Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми веќе го потврдија присуството на комеморативната седница која ќе се одржи утре во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.Комеморативни седници ќе се одржат во 09:00 чсот на Факултетот за туризам и угостителство, матичната куќа каде Стојаноски беше професор, а потоа во Големата сала на Општина Охрид во 10 часот.Погребот на Стојановски ќе се одржи во понеделник во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.Пред да стане градоначалник, Стојановски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Македонија | пред 7 години

46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски до СДСМ: Колку побрзо заминете толку побрзо ќе ѝ се раздени на Македонија

Да им порачаме МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА, А ВЛАСТА НЕ Е!, вака го започна своето обраќање пред насобраните граѓани на денешниот протест лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Потенцираше дека повеќе од 19 месеци СДСМ се централна Влада во Република Македонија и повеќе од една година се локално раководство во најголемиот дел од градовите на нашата татковина. Што ни се случи изминативе скоро 19 месеци централна власт и повеќе од 1 година локална власт? Црнила и темнина.„Многу луѓе ме прашуваат зошто зборуваш за економијата. Ќе зборувам за економијата се додека не им падне срам и додека не им биде жал за сите лаги кои ги изнакажаа ширум Македонија за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017. За сите ветувања кои што не ги исполнија и за сите очекувања кои што не ги реализираа, се дотогаш ќе зборувам за економијата. Затоа што ако имаме силна економија ќе немаме ваква недостоинствена и криминална влада и ќе немаме ваков премиер аболиран кои што сите ние го гледавме и слушавме како бараше евро за него, евро за црквата. Велеа, живот ќе донесат, темнина и црнила донесоа, порази на секој чекор и затоа овде од Велес каде што мене ми претставува особена гордост и чест да се обратам од овој град-херој, ќе им порачам колку побрзо замините, толку побрзо ќе и се раздени на Македонија а тоа ќе го видите веќе на следните претседателски избори.“-Овој народ нема кратко помнење, овој народ се што го излажавте, ќе ви врати на следните претседателски избори, а на нас, на нас ни е неопходна победа и ве повикувам сите вас да застанете до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, за да може да победи и да може да си ја одбраниме Македонија и тоа што остана од нејзе, а другото што го загубивме да си го вратиме.Тој се наврати на економијата, велејќи дека економски силна држава е достоинствена држава и нема да биде подложна на сите овие неправди, омаловажувања и национални понижувања што ни се случуваат од оваа хунта на власт предводена од аболиран политичар.„Ветуваа 5 проценти раст на БДП, кога целиот регион книжи двојно поголеми стапки на раст од нашиот, они се горди и велат еве со нашата пиши-бриши економија успеавме да покачиме во еден квартал 3 проценти. Зарем тука завршија сите ветувања од 5 проценти. Но, она што е полошо допрва доаѓа, а тоа ќе се случи во 2019 година и не го зборувам ова за да поткревам паника меѓу граѓаните, туку да предупредам на сите црнила и темнини кои што допрва ни доаѓаат. Не за бадијала ги зголемуваат даноците, затоа што се свесни дека не можат да ја зголемат економијата со проекти, визија и структурни реформи. Наједноставниот начин им е да брцнат во џебовите на граѓаните и да го наполнат помпезниот буџет за да можат да си делат тендери во четири очи, за да можат да крадат и пљачкаат. Заради тоа кажувам дека 2019 година која по трет пат од устата на овие политичари слушаме дека ќе била економска година, не само што нема да биде економска година, туку ќе биде година на економска стагнација и пљачка на граѓаните, од трудот кои што и она тешко им е платен.“, рече Мицкоски.Секогаш кога зборувам емоции доаѓаат и тие емоции се големи и сакам да ги споделам со вас. Сопатници, браќа и сестри, овие даноци кои што планираат да ги зголемат не се затоа што ќе земеле од богатите и ќе даделе на сиромашните. Не е тоа целта на овие даноци. Целта е да ги осиромашат и земјоделците да ги осиромашат и оние граѓани кои издаваат определени недвижнини, оние граѓани кои што играат игри на среќа и се обложуваат, оние граѓани кои што работат како договорци на дело, затоа што персоналниот данок го зголемија и затоа што удираат директно по џебот на граѓаните и ќе ги осиромашат. Повторно ќе кажам, не е намерата само на оние најбогатите, тие и така ќе најдат начин како да се справат од ова даночно зголемување. Ударот е врз најсиромашните категории, врз земјоделците, врз обичните граѓани, врз нив ќе биде ударот во следната 2019 година, изјави Мицкоски.„Потоа, ќе ви кажат дека го поскапеле само најевтиниот леб, излезе еден голем, висок функционер во владата на Зоран Заев и ќе каже го поскапевме само најевтиниот леб. Па како леб јадеме? Зарем има скап кој што е само за вас привилегираните и има најевтин кој што е за нас обичните луѓе? Зарем тоа го заслужија овие луѓе што ви дадоа доверба?А потоа доаѓаат и предвремените и на предвремените ќе ве поразиме.“, подвлече Мицкоски.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Направи осврт и на сите проблеми со кои се соочува македонскиот здравствен систем:„Сакам да зборувам и за здравството. Зборуваа 100.000 денари за докторите, а едвај им ги зголемија платите за 500-600 тини денари месечно линеарно, па сега веднаш поитаа и тие скромни 500-600 денари да им ги земат, им го покачија паркингот на докторите во Скопје и веднаш наместо 500, 600 денари зголемување оп 850 покачување. Ќе штрајкуваат и протестираат и зошто ќе штрајкуваат и протестираат? Затоа што се излажани, измамени од страна на овој аболиран политичар. Е затоа и ние ќе им се придружиме и ќе ги поддржиме во нивната намера.Велеа здравство за секого, пациенти секогаш ќе бидат на прво место, така велеа дека пациентите секогаш ќе биде на прво место. А што ни се случува денеска? Скоро 19 месеци шајка не заковаа во здравствените домови ширум Македонија. Шајка не заковаа, не можат да го искреча и тоа што некој гo изградил, а луѓето умираат пред да добијат здравствена нега пред портата на болниците. Зошто? Затоа што не се привилегирани како овие од оваа влада, затоа што не можат да си го дозволат лекот па ќе излезе оној министер за здравство и ќе каже јас го обезбедив лекот за мојот сограѓанин, но не стигна да го прими и затоа го загуби својот живот.Мицкоски порача, ова нема да не замолкне, напротив повеќе ќе не мотивира да зборуваме за сите овие неправди кои ни се случуваат за нашето вековно и уставно име, за името на нашата нација за името на нашиот јазик и нема да сме антизападни, напротив ќе сме најголемите македонски прозападни. Ние сме антизападни онолку колку што е Зоран Заев чесен политичар. Ете толку сме ние антизападни. Затоа нема да престанеме да зборуваме и на плоштадите и по улиците и секаде каде што ќе не има и со гордост повторно ќе го изговараме нашето име на овие протести.„Велеа кога шетаа по улиците кога лажеа и манипулираа немало правда немало мир. А што прават денеска. Денеска тргуваат и со правото и со правдината само за една цел да го исполнат она кое го зацртале, а тоа е како да ја дораспарчат Македонија, како да ја обезличат како да го доопустошат и она малку што преостанало. Зарем тоа е таа правда и правдина која што ја барате. Зарем правдата е Зоран Заев да гледаме и слушаме како бара мито да биде ослободен а недолжни патриоти да се држат во затвор и по зандани затоа што имале единствена цел а тоа било како да си ја заштитат и одбранат државата. Зарем тоа е правда и правдина. Па сега ќе излагаат и ќе го злоупотребуваат зборот помирување. Какво е тоа помирување кога на дневна основа вршите притисок врз граѓаните на Република Македонија и врз ВМРО-ДПМНЕ. Какво е тоа помирување кога имаме политички прогон на секој чекор. Еве денеска дознав овдека во Велес, еден куп наши сограѓани Велешани биле повикани на информативен разговор во полициска станица. За какво помирување зборуваме.Па вие не само што не сте демократи. Вие не враќате во времето на едноумието, кога луѓето не смеат да кажат нешто што вам и на вашиот афрички монарх аболицираниот политичар Зоран Заев нема да му се допадне и на неговите поданици ширум Македонија и тогаш луѓето ги собирате на информативен разговор. Па Ранковиќ вака не правел во 40-тите години на минатиот век. Зарем таа Европска Македонија или добивме наместо Европска Македонија на ветување Афрички монарх кој што ќе г поразиме на следните избори и ќе го казниме за сето ова што и го прави на Македонија.Сакам неколку збора и за оние кои што застанаа рамо до рамо со вас и кои скокаа по медиумите блиски до власта и дехидрираа со плукање по мене и врз ВМРО-ДПМНЕ. Да им порачам на нив и на вас од СДСМ нека ви е аирлија новата коалиција со тие луѓе. Нема да се нафајдите и нема да се изнарадувате многу. Ќе видите што ќе ви се случи на вас. Знам дека седат некаде во некоја канцеларија и подготвувате сценарија и закони со кои што дополнително ќе г нарушат достоинството на тие маченици. Но нема да им помине. Нема да им помине затоа што ќе дојде денот кога и вие задно со нив ќе бидете разголени и разобличени пред судот на овој народ и ќе ве пратиме во темната страна на историјата. Од прв до последен.“ дополни Мицкоски.Поразени и презирани од родот свој од својот народ за тоа што и го направивте и на ВМРО-ДПМНЕ но и на Македонија што најмногу боли.Мицкоски повторно го повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на ТВ дуел:„Ќе зборувам и за уште една работа овдека во Велес. Пред неколку дена од пред платото на владата на Република Македонија го повикав Зоран Заев, го повикав на дуел. Го повикав јас и тој, како претседател на владата и претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија и најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, да застанеме еден спроти друг, да се погледаме очи во очи и да си кажеме за сето она што не можеме да си кажеме ширум плоштадите. Да ни треба малку повеќе време па народот нека суди и нека пресудува кој бил во право. Да збориме откако претходно ќе го избрифираат овие кои што застанаа рамо до рамо со него за нашите ВМРО-вски работи. Ама ќе збориме и за пљачката, криминалот за националното опустошување, за јазикот за македонската нација за криминалот што го правиш со твојата фамилија. И тоа јас и ти пред народот и граѓаните на Република Македонија па они нека судат и нека пресудуваат дали јас ја зборувам вистината или ти ја зборуваш вистината. Ајде охрабри се излези, избери медиум, избери водител и јас и ти очи во очи да збориме.Ќе рече да сум ја кажел алтернативата. Да сум го кажел мојот став за договорот, за капитулантскиот договор. Па колку пати треба да го повториме. Што треба да направиме за да ти стане јасно кој е нашиот став. НО еве ја алтернативата од градот на гемиџиите кои што крв пролеале за Македонија. Ова ти го кажувам: алтернативата е кога ти ќе си заминеш тоа е алтернативата. И ќе продолжиме да протестираме ширум плоштадите и улиците и нема да се собереме, знам дека е тешко и знам дека и времето не е во наша полза но нашиот мотив е голем и нашата љубов кон неа кон татковината и кон ВМРО-ДПМНЕ е огромна и затоа што знам дека од ден на ден се повеќе наши согрѓани ни се придружуват. Застануваат рамо до рамо со нас. Знам дека и ним им е тешко и знам дека сите кои што сакаат денес да бидат овде со нас не се затоа што под притисок на претпосавените ако не дај боже ги видат на овие протести ќе бидат избркани од работа или казнети. Знам и ве разбирам. Тоа ни го правеа во средата пред влада. Монтираа камера за да можат шпионски да не снимаат, да не анализираат, да не заокружуваат а потоа морално да не убиваат. Но нема да им помине се лажат. Ќе го издржиме ние ова. Ова е ВМРО-ДПМНЕ, ова е македонски пиреј и непокор. Ова е Македонија каде што македонецот на македонецот е македонец.Да им се заблагодарам на оние политички партии кои се дел од најголемата и најмоќната политичка коалиција за подобра Македонија, да им се заблагодарам на албанците на турците на власите на србите на бошњаците и на сите останати кои се со нас рамо до рамо во штабовитее на улиците по булеварите по плоштадите што ни даваат поддршка конечно да го растераме ова црнило и оваа темнина.“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори и барањата што ги имаат тие како политичка партија:„А ние нема да си одиме. Нема да си одиме затоа што прво бараме Оливер Спасовски веднаш, нека го посоветува тој кој што застана рамо до рамо со него, знае тој кој е веднаш ќе се препознае веднаш да замине, нека не ја повторува неговата грешка веднаш да замине ради сите нерасчистени убиства ради сиот криминал, ради црниот Вотергејт и затоа мора веднаш да замине и да поднесе неотповклива оставка.Како второ неотповиклива оставка од министерот за надворешни работи поради тоа што човекот се срами од сопствената според него искомплексирана нација. А зошто затоа што си ја сака татковината затоа мора да си замине. Затоа што ги навреди чувствата и сентиментот на сопствената нација. Мора веднаш и под итно да си заминеТрето да престане економското опустошување на Македонија. Веднаш да биде повлечен предлогот за зголемување на даноците во Република Македонија. Веднаш безусловно да биде повлечен и да престане економското опустошување.Четврто да се почитува волјата на граѓаните јасно искажана на 30-ти септември за време на референдумотПетто да се формира комисија која што ќе ги истражи анализира и преслуша сите разговори снимени од аферата црниот Вотергејт на Зоран Заев и Оливер Спасовски кога повеќе од 2 години биле слушани обвинители судии да не им избегаат од нарачаните судски пресуди и судски одлуки. Да не им избегаат од нарачаните и конструирани обвиненија. Затоа ги слушале 2 години. Се додека не се формира таа комисија нема да престанеме да протестираме.Шесто вистинска грижа за здравјето на граѓаните. Веднаш и безусловно продолжување на проектот за гасификација. Не да кратите пари од гасификацијата и да ги пренаменувате во општини каде што вашите градоначалници и градоначалниците од коалиционите партнери ги опљачкале и ги опустошиле додека биле градоначалници. Како што е случајот со општина Тетово, како што е случајот со општина Куманово, како што е случајот со општина Струмица. Туку парите за граѓаните и веднаш продолжување на проектот за гасификација.“

Македонија | пред 7 години

komemoracija-1

Членовите на СДСМ од Охрид се простија од градоначалникот Стојаноски

Во просториите на СДСМ Охрид денес се одржа комеморативна седница по повод прераната и ненадејна смрт на градоначалникот на општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.Присутните со едноминутен молк му оддадоа почит на покојниот Стојаноски, по што се обрати претседателот на ОО на СДСМ – Охрид Лазе Танески.– Помина само еден ден од кобната вест а јас и сите ние, драг и почитуван Јован не сакаме да веруваме дека физички веќе не си меѓу нас. Не сакаме да веруваме дека веќе нема да го минеш прагот на нашето партиско седиште во кое заедно ги кроевме плановите за победите, за партијата да ја вратиме на врвот каде што и е местото и каде што успеавме да ја донесеме. И не беше така лесно како што изгледа. Патот беше послан со трње, ама го изодевме – знаеш ти знаеме и ние што останавме по тебе за да го продолжиме тој пат… Заедно од врата до врата, заедно трпеливо ја враќавме вербата на секој граѓанин во тоа што е силата и единството на СДСМ. Во времето кога не имаше малкумина ние работевме на програмските определби – градевме еден нов СДСМ. СДСМ кој ќе ги слушне потребите, барањата и очекувањата на граѓаните.Со часови и денови зборувавме, анализиравме, правевме стратегии, собиравме луѓе околу себе, а ти беше магнет за дел од нив. Со тоа професорското, академскиот стил импонираше и на луѓето им даваше верба во праведност и вистина. И успеавме, пак поради нашата пожртвуваност, сплотеност и верба во поубава иднина за нас, за членството, за граѓаните кои не поддржаа и не поддржуваат. Драг Јоване ние не сакаме да веруваме дека твоето столче овде за секогаш ќе остане празно, дека нема повеќе да ни делиш совети, да се бориш со нас и да носиш одлуки за доброто на членството и воопшто за сите кои живеат во нашиот убав Охрид. Ние од СДСМ останавме со човек помалку, сега сме без еден човек со бескрајна енергија, силна посветеност на работата и со јасна визија за градот со кој раководеше. Загубата е ненадоместлива, а тагата преголема. Понаков од сите – со леснотија ама со глас кој дава надеж. Таков беше Јоване и кога бевме опозиција, таков беше и кога победивме и уште посреќен кога стана градоначалник, рече Танески.На комеморацијата се обрати и Константин Георгиески, заменик градоначалник, соработник и долгогодишен пријател на Стојаноски.– Токму од овде, од ова место градоначалникот Јован Стојаноски ги соопшти своите визии за развој на на општина Охрид и до последен здив, неуморно и посветено работеше на нивното реализирање. Токму од од овде, од ова место, јас заедно со него тргнав по тој пат да направиме што повеќе за нашиот светол и свет град. Ни остави обврска заедно да го продолжиме патот и неговите визии да ги претвориме во реалност. Беше вистински професионалец. Вчераутро, ден по враќањето од Скопје и седницата на ЗЕЛС, градоначалникот заедно со своите најблиски соработници го договараше буџетот за 2019 година. Никој од присутните до денес не може да поверува дека тие беа последните зборови кои ги слушаа пред срцето да му откаже и престане да чука, рече Георгиески.Тој додаде дека најголемиот дел од присутните на комеморацијата на еден или друг начин сме соработувале и биле кој поблиску кој подалеку од градоначалникот Стојаноски.– Сите ние добро го познававме, го познававме неговиот начин на работа, ја познававме неговата волја за живот и морам да потенцирам дека сите ние од него многу научивме како треба да се справуваме со предизвиците на времето. Тој секогаш работите сакаше да ги гледа од друг агол и од друга призма. Оставаше простор и за туѓо мислење и често знаеше да даде свое решение, карактеристика која ја имаат само умните, посветените и храбрите луѓе, напомена Георгиески.Пред присутните сопартијци и соработници на покојниот Стојаноски кусо и емотивно обраќање имаше и неговиот брат Стојмир. Тој им се заблагодари на сите за нивниот придонес Јован да стане прв човек на градот и во краткиот период на неговиот мандат да направи се’ што може за градот кого, како што рече многу го сакаше.Во отворената книга на жалост по завршување на комеморацијата први се потпиша сопругата на покојниот градоначалник Надица, нивните деца, најблиските соработници, партиското раководство и пратениците Томислав Тунтев, Жаклина Лазаревска и членот на Извршниот одбор на СДСМ Ѓоко Танасоски и ред други членови и симпатизери на СДСМ. 

Македонија | пред 7 години

Naser-Selmani-6g6n6f4a4uqeclixb94jojtgapqmtjm84lw8ab7qijs

Насер Селмани ги нападна колегите: Губитници блиски до СДСМ го спорат изборот на Чадиковски!

ЗНМ вчера оддржа годишно изборно собрание, каде беше избрано новото раководство на чело со колегата Младен Чадиковски. Им честитам на сите моите колеги за изборот и им посакувам успех во работата. Собрание без ниту еден инцидент, каде колегите можеа слободно, демократски и достоинствено да ги изберат нивните претставници во Здружението, беше најдобар начин да ми се заблагодарат за моето раководење во изминатите осум годинни. Сега гледам дека губитниците го спорат процесот, напиша поранешниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани на својот Фејсбук профил.„Еве да објаснам отприлика како се однесуваше оваа губитничка група на Собранието, блиска до владејачката партија СДСМ, потпомогната од директорите на некои национални приватни телевизии. Подолу ќе објаснам зошто велам така.Знаејќи дека ја немаат поддршката од колегите поради нивната јасна намера да ја инструментализираат ЗНМ за политички и лични интереси, побараа одлагање на Собранието.Нивниот предлог беше поддржан само од шест делегати од вкупно 175, колку што имаше на почеток на Собранието, кога се утврдуваше кворумот.Вториот обид на оваа групација меѓу новинарите да се опструира Собранието беше во расправата за извештајот за работата на ЗНМ. Се обидоа да фрлат дамка врз мојата работа во изминатите осум години, но добија силен удар од колегите. За усвојување на извештајот гласаа над 120 делегати, ниеден против и петмина воздржано.Гласањето течеше без ниту еден најмал инцидент. Комисијата ги објави резултатите, никој не приговараше, кандидатот што ги изгуби изборите му честиташе на победникот.Дадовме пет минути можност на Младен Чадиковски да се обрати на колегите и пошто беше исцрпен дневниот ред и немаше ниту еден приговор од присутните делегати, го затворив Собранието.Јас мислам дека победата на Младен и на остантите колеги од другите органи е чиста како солза, но ако има било каква дилема, Статутот предвидува решение.Во член 58 стои дека толкувањето на статутот во текот на работата на Собранието се одговорни делегатите, а меѓу две Собранија толкувањето го врши Управниот одбор, чиј легитимитет никој не може да го спори.На Собрание имаше присутни претставници на Европската делегација во Скопје, ОБСЕ, и разни амбасади затоа што знаевме дека одредени луѓе се заинтересирани да го опструираат Собранието. Дел од луѓето беа внатре до затварање на Собранието и ниедна жалопојка за наводно нелегитимен избор не може да помине.И сега на некого му текнало, да реагира дека Собранието било нелегитимно. Тврдат дека кворумот бил 175 делегати, а гласале 169. Што има тука нејасно, од моментот кога се утврди кворумот до гласањето поминаа повеќе од два саати. Значи, во меѓувреме шест делегати од различни причини си заминале. Инаку нема логика некој да дојде во Сорбрание, а да не го користи правото на глас. Значи на Собрание за време на гласањето присутни биле 169 делегати. Младен доби 86, Столе 77, шест беа неважечки. Кој малку знае математика разбира дека Младен доби 50+1 глас од гласовите.Е  сега малку за бекграундот на целата приказна.  Целата операција е водена од некои директори на националните телевизии, а новинарите што се вклучени во оваа валкана игра против ЗНМ и новинарството се само извршители.Интересот на директорите на приватните национални телевизии е да ги оневозможат новинарите да имаат свој глас во јавноста. Овие неспособни луѓе, кои единаест години беа најсилните сојузници на режимот на Груевски, сега се обидуваат да се врзуват со новиот режи  за да цицат уште пари од буџетот на државата. За да ги одржат овие коруптивни врски со новата власт ќе треба претходно да ја парализираат ЗНМ, во што не успеа.Клучното, кој е интересот на оваа група времено ангижани во новинарството?! Да служат на газдите и на власта и да профитират лично. Ништо повеќе!Овој пат нема да спомнам имиња. Еден бараше поддршка од СДСМ да стане претседател на ЗНМ, по смената на власта ја вработи жената во МЕПСО, а додека беше член на Управен одбор, по смената на власта на седниците на Управен ги застапуваше ставовите на оваа партија за различни прашања од медиумската сфера. Овој кандидат за претседател на ЗНМ, кој ме критикуваше дека сум го поддржувал Младен, прв ми пристапи,  да ме замоли и да се спогодувал со мене за неговиот избор. Откако го одбив, почна да зборува дека не било добро јас да сум се машал во изборот на мојот наследник. Многу ми е драго што овој муабет човекот го правеше во присиство на уште двајца сведоци.Не го одбив затоа што го мразам човекот, ниту дека имам нешто лично против него, го одбив затоа што сметав дека не е добро решение. На ЗНМ му треба претседател со став, а не претседател кој дневно ги менува ставовите.Друг член на оваа групација стана член на ад хок телото за оценување на известувањето на медиумите за време на изборна кампања предложен од СДСМ.Трет стана уредник во државна новинаска агенција по смената на власта, четврт е познат по скандалот Фабрика од времето на Бучковски, петти беше претседател на медиумскиот регулатор избран во време на владеење на СДСМ, шести е уредник во МРТ за време на СДСМ.Листата нема крај, ретко кој од таа група не е врзан директно или индиректно со партијата на власт.На овие луѓе не им стало до новинарството и ЗНМ, туку слугувањето на интересите на моѓниците од политиката и бизнисот, од кои профитираат цел живот.Не заборавјте дека новинари од оваа група во првите шест месеци од мојот мандат координирано и колективно дадоа оставка од Советот на честа. Првата година инструираа луѓе во Надзорен да шират приказна дека имало злоупотреба на средства во ЗНМ.Осум години додека бев претседател на ЗНМ пропагандистите на Груевски ме обвинуваа за истите работи што сега ме обвинуваат пропагдандистите на СДСМ. Тие се како сијамски браќа.На крај сакам да го кажам тоа што му го кажав на еден директор на национална телевизија, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НАЧАЛНИЦИ ВО ЗНМ“, се вели во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања