Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

DSC_2102

(ВИДЕО) Заев: Владата излезе во пресрет на барањата на бизнис-заедницата за намалување на казните

Претседателот на владата, Зоран Заев, се обрати за време на промоцијата на ТОП 100 најуспешни компании на Стопанската комора на Северозападна Македонија.На настанот беа доделени и награди за ТОП 5 најуспешните компании на Стопанската комора на Северозападна Македонија, меѓу кои три од најуспешните се производствени компании, кои учествуваат во вкупниот раст на индустриското производство.„Околу 1.800 компании членки го препознаа големиот потенцијал на Стопанската комора на Северозападна Македонија да влијае и да дејствува во општеството во интерес на бизнис-заедницата за подобрување на условите за деловно работење, јакнење на приватниот сектор и раст на бизнисите.Во процесот на креирање на економските политики на владата на Република Македонија Стопанската комора на Северозападна Македонија презема активна улога во рамките на јавно-приватниот дијалог којшто владата го отвори со стопанските комори за градење стабилна и плодна соработка со бизнис-секторот.Во чест на плодната соработка владата излезе во пресрет и одговори на барањата на бизнис-заедницата за намалување на драконските ригорозни казни кои во минатото се злоупотребуваа за затворање и уништување на фирмите и уцени. Казните ќе бидат отсега натаму правични и сразмерни, ќе се направи градација помеѓу мали, средни и големи претпријатија, целта е да се поттикнат правичност и почитување на законите. Казните за малите и средни претпријатија ќе се намалат дури за 60%.Малите фирми ќе плаќаат пониски казни во однос на поголемите компании. За фирмите, при одмерување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, бројот на вработени и претходни санкционирања за исти или слични прекршоци.За малите фирми според новиот закон минималната глоба ќе биде 50 евра, а максималната глоба ќе изнесува 2 000 евра. За споредба само, во стариот закон максималната глоба изнесуваше 5 000 евра – што значи глобите за малите фирми се намалуваат за 60 %“, изјави премиерот Заев во своето обраќање.

Македонија | пред 7 години

KING2652

Влада на РМ: Зголемување на инвестициите за децата во здравството и социјалната политика

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс учествуваа на дебата на тема „Колку државата инвестира во децата? Образование, социјална заштита и здравство“. Настанот беше во организација на Finance Think Институтот за економски истражувања и политики и Канцеларијата на УНИЦЕФ.Малиот капацитет на постојните градинки кој се наметна како реална потреба за инвестиција на ова поле е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика. Изминатата година и половина МТСП посветено работеше на изградба на нови и проширување на постојните капацитети на детски градинки. Како резултат, отворени се 11 градинки со капацитет од 600 деца и обезбедени се 68 вработувања додека 13 градинки со капацитет за 682 деца и 97 нови вработувања ќе профункционираат до крајот на годинава. Тоа се 24 градинки, најголем дел во руралните средини кои со години беа заборавени дека постојат.„Оваа Влада освен што инвестира повеќе пари во детската заштита, посветено работи и на подобрување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, дури и во општините кои со години беа запоставувани. Дел од руралните места како што се Зрновци, Караслари, Врапчиште и многу други за прв пат добија детски градинки. Децата ќе бидат згрижени на само неколку чекори од нивните домови и повеќе нема да треба секојдневно да поминуваат километри за да одат во градинка“, рече Царовска.Министерот за здравство д-р Филипче, во име за севкупната здравствена политика во земјава, грижата за децата и нивното здравје, ги потенцираше како приоритет на министерството, но и на државата.-Секако дека вложувањето во здравјето и благосостојбата на  децата е вложување во општеството, вложување во здрава иднина. Почнавме од почеток, таму каде децата се раѓаат. Условите на клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) ги доведовме на ниво каде новороденечката смртност е намалена за 8 процентни поени или од 25 на 18 отсто, и тоа за само неколку месеци. Ги подобруваме условите секаде каде има деца на лекување, купуваме нова опрема, образуваме и вработуваме кадар.Најголем проблем е што наследивме систем со голем дефицит на матични лекари, гинеколози и друг лекарски кадар. За жал со години не се распишувале специјализации за педијатри. Од оваа дупка во здравствените политики, каде немало вложување ниту во кадар ниту во капацитети, од најмалку една деценија, сега мора да најдеме начин како тоа да го надминеме, а притоа да создаваме модерно и одржливо здравство.Имунизацијата е столб, а со години имавме негативна кампања против одредени типови вакцина, дури и кај здравствените работници. Затекнавме состојба кога голем број врвни професионалци си заминаа во приватното здравство. Тоа се поттикнувало во минатото. Целиот процес на враќање на довербата, подобрување на условите во јавното здравство но и лекарската услуга,  ќе се одвива споро, но полека и сигурно. Една од мерките е јавното приватно партнерство и изградбата на нов Клинички кампус. Ќе добиеме и нова инфраструктура која ветува одлично јавно здравство, кое ќе биде  препознатливо и во регионот. Нема современи третмани во здравството без добра инфраструктура, без добар и обучен кадар во што ние особено и со внимание вложуваме.Сега во јавното здравство претежно останаа лекари специјализанти кои ги изгубија  едукаторите.„Со измените во Законот за здравствена заштита, со укинувањето на паралелниот увоз на лекови, воведување на три нови видови инсулини, зголемување на бројот на инсулински пумпи, зголемување на буџетот за набавка на лекови за лицата со ретки болести, ние почнавме нова битка за подобра здравствена заштита кај децата“, рече министерот Филипче.Министерството за труд и социјална политика неодамна обезбеди 30 милиони евра од Светската банка, од кои 16 милиони се наменети за изградба на нови градинки и проширување на постоечките, обезбедувајќи простор за нови 7.000 деца. Паралелно ќе се зголемува и бројот на вработени со што се очекува во наредните четири години застапеноста на децата од 35% да се зголеми на 50%. Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, се инвестира и во подобрување на квалитетот на предучилишното образование, се работи на нов систем на лиценцирање и унапредување на квалитетот на програмите во градинките.Дополнително, правото на детскиот додаток за првпат ќе биде достапно и за домаќинствата со ниски примања.  Ова значи дека бројот на деца кои ќе примаат детски додаток од 3.200 корисници ќе порасне на 73.500. Дополнително, воведуваме ново право - додаток за образование, наменето за деца во основно и средно училиште и од семејства со ниски примања, како и за деца на корисници на гарантирана минимална помош. Со ова, бројот на деца кои ќе примаат образовен додаток ќе порасне од 3.800 на 64.316.Дел од законските измени се однесуваат на инклузивност на децата со попреченост во градинките, за кои се предлага наместо во посебни групи да се вклучат во редовните, со што во рамките на детските градинки ќе се формираат мултидисциплинарни/инклузивни тимови.За идната година буџетот за детска заштита на МТСП е поголем за 28%, споредено со 2018 година. Парите се наменети за права од детската заштита, блок донации за градинките и инвестиции за проширување на капацитетите. 

Македонија | пред 7 години

Capture-5

(ВИДЕО) Како изгледа утро во Јакутска на -39 степени

Во одредени делови на светот, наутро има температури и до -50 степени. Во Јакутска од видео кое е снимено се гледа како на -39 степени луѓето ги вршат своите секојдневни обврски.https://twitter.com/yakutia/status/1071915729384026113?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071915729384026113&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.faktor.mk%2Fvideo-poglednete-kako-pochnuva-denot-vo-rusija-na--39-stepeni%3Ffbclid%3DIwAR3hGH2Vkh7jrjYYlrH-HzwHrO4IBYZ455Iot7e2-mR0FCismOGvrWnPThIОдат на работа, носат деца во градинка, работат. Јануари им е најстуден месец со температури од -43.2 степени.

Свет | пред 7 години

rakija2

Македонската ракија е најдобра на Балканот

На фестивалот „Salines Spirit Fest“ кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина, македонската ракија беше оценета од стручното жири, како најдобра ракија во регионот.На фестивалот на овошни ракии и жестоки алкохолни пијалоци, изложуваа над 30 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Стручното жири, кое ги дегустираше и оценуваше пијалоците беше составено од енолози, професори на технолошки факултети, гурмани и познати угостители.Посетителите, покрај пијалоци дегустираа и месо и сирења од земјите-учесници на саемот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Прекинат затворскиот штрајк со глад, Владата ветила преговори за амнестија

Затвореници од затворот Идризово попладнево соопштија дека го прекинуваат штрајкот со глад откако по средба со директорот добиле уверување за средба со владата на која ќе ги претстават своите барања, објави Телма.Семејствата на затворениците го откажаа и за утре најавениот протест пред владата. Затворениците бараат амнестија и за нив како и за 27-ми април, да се преиначат доживотните затворски казни во определени временски казни, ревизија на сите судски процеси за кои сметаат дека се монтирани и европско регулирање на статусот на затворениците од странство.Штрајкот со глад, затворениците го почнаа во понеделник незадоволни што за 27-ми април политичарите подготвија амнестија за своите колеги. Штрајкот се одвиваше без поголеми проблеми, а од попладнево е прекинат поради најавена средба со премиерот и претставници на владата.

Македонија | пред 7 години

Streaker_FB_Cover

Урнебесната швајцарска комедија „Стрикер (Гол натрапник)“ во домашните кина

– Урнебесната комедија за активистите кои трчаат голи по теренот на фудбалските натпревари „Стрикер (Гол натрапник)“ во режија на Петер Луизи се прикажува од 13-ти декември (четврток) во киното „Милениум“ (15ч.) и Кинотеката на Македонија (20ч.). Станува збор за швајцарска продукција од минатата година. Филмот изобилува со шеги, голи луѓе, критика на модерното општество. До крајот на месецот ќе се прикажува во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, Центарот култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, Центарот за култура „АСНОМ“ – Гостивар и Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш.За да излезе од финансиска криза, средношколскиот наставник Балц Неф (53) започнува со регрутирање и тренинг на стрикери за нелегални спортски обложувања. Додека тој и неговиот тим помагаат соблекувањето и трчањето гол по теренот да стане нов вид спорт, неговата ситуација не се подобрува. Напротив. Неговите проблеми само што започнаа.Филмот освои награда за најдобар странски филм и режија на Филмскиот фестивал за комедии во Лос Анџелес. Во улогата на Балц е фантастичниот Беат Шлатер, а одлични остварувања имаат и Доро Миглер, Бендрит Бајра, Луна Ведлер.Дистрибутер за Македонија е „Катавеј“, а дистрибуцијата е поддржана од „Свис филмс“.

Магазин | пред 7 години

DSC_5398

Во гостиварско Лакавица се пушти во употреба нов реконструиран пат

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска присуствуваше  на официјалното пуштање во употреба на реновираниот регионален пат Лакавица-Србиново и почетокот на изградбата на новиот пат кој води до депонијата "Русино" во Гостивар. Со овој значаен инфраструктурен чекор, се создадени подобри услови за безбедно движење на сообраќајот за жителите на седум села од Србиновкиот регион, додека со патниот правец кој води до регионалната депонија, започнува реализацијата на  проектот  од регионален карактер.- Министерството за локална самоуправа во континуитет ги подржува градежните инфратуктурни пројекти а ова го потврдуваме и денеска со пуштањето во употреба на реконстуираниот дел од реновираниот пат. Обезбедивме над 4 милиони денари со што беше уфрлен чекор за реализација на овој проект. Сигурно дека  за оваа заслужни се сите структури кои се вклучени, Бирото за регионален развој, Центарот на Полошкиот плански регион и општина Гостивар а голема  заслуга имаат и жителите од овој крај кои помогна во реализацијата на работите. Ова покажува дека сите ние заедно сме посветени на вакви инвестиции, во корист на граѓаните. Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе продолжи да  поддржува квалитетните проекти, со единствена цел за подобрување на условите за живот на жителите во селата и помалку развиените региони. Се надевам дека за жителите на овој регион, ова инвестиција е добредојдена, уште повеќе кога се знае дека во планинстике села се потребни вистински инвестиции кои  ќе придонесуваат за намалување на миграцијата, која сега стана главна пеокупација за сите нас. Се надевам дека жителите на овој регион новиот асфалтен пат ќе го  користат долго и безбедно, рече министерот ФазлиуДенеска исто така започнаа и градежните работи  на еден друг зафат од инфраструктурен карактер. Станува  збор за новиот пат кој води до депонијата Руино, во должина од 2.5 киломатри. Овој проект е скап, но многу важен за сите општини во Полошкиот регион. За изградбата на овој патен правец се обезбедени 24 милиони денари.

Македонија | пред 7 години

48099910_2105820329464168_1898484207504588800_o

Заврши асфалтирањето на улицата до хотел „Хилтон“ во Аеродром

Во изминатите денови асфалтирана беше сервисната уличка до хотел „Хилтон“ во Општина Аеродром.„Екипите на ЈП Улици и патишта, деновиве асфалтираа пристапна површина од 550м2 од булевар АСНОМ кон сервисна уличка до хотел “Хилтон” во Општина Аеродром.Санирана е и површината на постојаната сервисната улица во 1100м2, со вградена асфалтна маса, а поставени се и нови бетонски каналетки по должината на улицата што ја спроведуваат водата до сливниците“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

48376445_2105825152797019_3328179958785769472_o

Град Скопје засади нов дрворед во Ѓорче Петров

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје денеска продолжува со засадување нов дрворед по должината на улицата Ѓорче Петров.- По добиените информации за подземните инсталации од повеќе институции како што се ЕВН, БЕГ, ЈП „Водовод и канализација“, МВР и други оператори, Градот Скопје со јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ денеска засадуваa нов дрворед во Ѓорче Петров. На потегот од раскрсницата што води кон болницата „Санте плус“, па до бензинската пумпа на Макпетрол, од двете страни на улицата ќе бидат засадени 70 дрвја од видот јасен. Сите дрвја што ги садиме, наскоро ќе ги добијат имињата на новородените деца во градот, како дел од проектот „Дрво за секое дете“ – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на денешната прес-конференција.Oваа есенска акција за обновување на дрворедите и за подигање нови дрвореди Градот ја спроведува во соработка со сите скопски општини кои учествуваат со механизација и садници.- Продолжуваме со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот. Им обезбедуваме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која директно влијае врз здравјето на граѓаните – нагласи Салиху.

Скопје | пред 7 години

policija-3-640x382

Момче нападнато на автобуска станица во Скопје

Момче било нападнато на автобуска станица во Скопје. Полицијата информира дека вчера во 19,50 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Ш.(42) од Скопје пријавила дека два часа претходно на автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ од страна на неколку лица бил физички нападнат нејзиниот 16 годишен син.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Kamcev-Mijalkov

Се подготвува терен Мијалков и Камчев да излезат од притвор?

Во наредниве неколку дена ќе биде познато дали екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, ќе излезе од притвор, или понатаму ќе продолжи неговиот престој во истражниот затвор „Скопје“. Тој понуди гаранција од еден милион евра, дека нема да избега, а судијата на претходна постапка треба да одлучи дали истата ќе ја прифати, пишува Фокус.Околностите укажуваат дека е можно Мијалков набрзо да го напушти затворот, бидејќи случајно или не, се создадени услови за прифаќање на неговата гаранција.Поточно, кога судијата на претходна постапка му одреди притвор за случајот „Империја“, го оправда по два основа и тоа дека постои опасност Мијалков да избега и дека постои опасност да влијае врз сведоци. Сепак, по неговата жалба поднесена до Кривичниот совет, тој и понатаму остана во притвор, но само поради опасност од бегство. Во ваков случај, може да се активира гаранцијата, и тој да излезе на слобода.Веќе подолго време се шпекулира дека од притвор можеби ќе излезе и бизнисменот Орце Камчев, исто така осомничен во „Империја“, кој таму е веќе еден месец. Пред неколку дена Кривичниот совет му го продолжи притворот за нови 30 дена, а пред два дена неговиот адвокат Антонио Апостолски поднесе жалба пред Апелациониот суд.Тој е во притвор поради два основи и тоа опасност од бегство и поради опасност од попречување на истрагата и влијание на сведоци.

Македонија | пред 7 години

restoran-mecka2-1000x500

Кривична пријава против лицата кои запалија кафеана во Дебар Маало

Две лица од Скопје се приведени поради тешки дела против општата сигурност, соопшти МВР.Единица за насилен криминал при СВР Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде лицата П.П.(21) и С.М.(19), двајцата од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела.Првопријавениот сторил  кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а второпријавениот сторил кривично дело „помагање“.П.П. на 26 ноември околу 2:50 часот во угостителски објект лоциран на улица „Дане Крапчев“ во Скопје сопственост на С.Б. го отстранил прозорското стакло од влезната врата на ресторанот и со запалива течност го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата по што предизвикал пожар во објектот.По пријавување на настанот, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот. На 11 декември по добиена усна наредба за вршење претрес во дом и други простории издадена од судија на претходна постапка, извршени се претреси во домовите на пријавените лица.Двете пријавени лица се лишени од слобода, извршен  е разговор со нив, при што второпријавениот во целост го појаснил текот и извршувањето на кривичното дело.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Италијанскиот јазик „влегува“ во училиштата во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска се сретна со амбасадорот на Италија во  Скопје, г – дин  Карло Ромео.На средбата се разговараше за актуелни случувања во Општина Карпош и продлабочување на соработката меѓу локалната самоуправа и амбасадата на Италија.Италијанскиот јазик, од оваа учебна година е воведен како втор странски јазик во основното образование во нашата држава и учениците веќе имаат можност да го изучуваат.Градоначалникот Богоев и амбасадорот Ромео изразија подготвеност италијанскиот јазик од наредната учебна година целосно да се воведе во наставата во едно од основните училишта во Карпош, притоа да се запазат сите процедури и правила пропишани од Министерството за образование и наука.  На овој начин, учениците од шесто одделение ќе имаат можност да се запознаат со особеностите на јазикот, но и со италијанската култура и традиција.Исто така, Богоев се осврна и на другите сегменти за соработка со Амбасадата на Италија во Скопје.„Oтворена е можноста за создавање на „италијански корнер“ во Карпош. Имајќи предвид дека Италија во многу наврати ја има покажано солидарноста кон Градот Скопје, но и кон Карпош, ние сме отворени да ја доближиме италијанската култура и традиција поблиску до граѓаните“, изјави Богоев.Улицата „Римска“ е симбол на солидарноста која Италија ја покажала кон Скопје и Карпош по катастрофалниот земјотрес во 1963. Сега имаме можност преку нови проекти и активности да ја развиваме соработката, рече Богоев.Присутните разменија мислења и за зголемена соработка или збратимување на Општина Карпош со некоја од општините во Италија, која по своите особености и број на жители е слична со Карпош.Амбасадата на Италија има поголем број на активности на полето на културата, а токму Неделата на италијанскиот филм се одржува во Кинотеката на Македонија, која територијално припаѓа на Карпош.На средбата присуствуваа и проф. д – р Александра Саржоска, шеф на Катедрата на италијански јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Марко Пешетели, лектор и одговорно лице за делот култура при Амбасадата на Италија во Скопје.

Скопје | пред 7 години

aleksandar-1

Доделена наградата „Жан Моне“

Делегацијата на Европската Унија, во партнерство со Советот за етика во медиумите, синоќа ја додели наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија, како и за најдобра репортерска и аматерска фотографија. Бојан Блажевски, новинар на „Билд“, ја доби наградата за новинарскиот текст на тема „Слепите црева на недоградениот автопат меѓу Македонија и Албанија“, Томислав Георгиев за најдобра репортерска фотографија и Александар Ристовски за најдобра аматерска фотографија.“Со оваа награда им даваме признание на оние кои се обидуваат да направат разлика, ги афирмираме оние кои се залагаат за точно известување и градат доверба, наместо страв и несигурност. Ги наградуваме оние кои се обидуваат да најдат решение за проблемите и поттикнуваат позитивни промени на сите нивоа на општеството“, рече Шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар при доделувањето на наградите.Со жирито кое ја додели наградата претседаваше Надежда Гаче, директор и главен и одговорен уредник на неделникот Нови Магазин во Србија.„Осведочивме квалитетни трудови, кои се одликуваа со висок квалитет, иновативност и креативност во изработката. Тоа треба да биде белег на доброто новинарство“, рече Надежда Гаче.„Доделувањето на наградата продолжува да биде континуирана поддршка на посветеноста на слободата на изразувањето, слободата на медиумите и размената на идеи, мислења и ставови како основен столб на отворените општества и како одраз на демократијата“, истакна извршната директорка на СЕММ Марина Тунева.На овогодинешното 16-то издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ беа пријавени вкупно 49 стории, 30 професионални и 15 аматерски фотографии. Наградата се состои од мали статуети за сите победници, ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра за победниците во категоријата најдобра новинарска сторија и најдобра професионална фотографија, како и ваучер во вредност од 500 евра за победникот во категоријата најдобра аматерска фотографија. Статуетките за наградата годинава ги изработи ликовниот уметник Никола Пијанманов.Темата на конкурсот за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија беше „Градење доверба во несигурни времиња“, а за аматерска фотографија на тема „Нашата различност, наша сила“.

Македонија | пред 7 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Пратениците не се тие кои што треба да го штитат Собранието, тие немаат таква дејност

Јас прво навистина сакам да кажам дека јас сум една од тие кои што се против амнестии. Посебно против такви чести амнестии како што почнаа да се случуваат во Република Македонија, посочи професорката Мирјана Најчевска при гостување на емисија „24 анализа“.Пратениците треба да бидат амнестирани чисто од политички причини, заради тоа што да јас мислам дека амнестија треба да биде искористена за политички дел. Меѓутоа под еден услов, јас лично би го поставила условот да бидат амнестирани во моментот кога ќе гласаат за уставните промени и да поднесат оставка. Заради тоа што мораат да бидат препознаени како недостојни за вршење на функцијата пратеник, истакна Најчевска.Според Најчевска пратениците не се тие кои што треба да го штитат Собранието. Пратениците немаат таква дејност.

Скопје | пред 7 години

Debata-ustavni-izmeni

Дебатите за уставните измени платени по 20.000 ден: „Експертите“ добивале по 200 денари од минута !

Експертите во дебатата за уставните измени се платени по 20.000 денари, пренесува Алсат-М телевизијаЗа време на траењето на јавната расправа, околу девеесетина минути колку што траеше секоја дебата, во која беа исплатени по петмина експерти, на секој од нив им е платено по 200 денари за една минута, пишува Алсат-м.Помеѓу т.н. експерти беа вклучени Нано Ружин, Љубомир Фрчковски, Владо Поповски итн. 

Скопје | пред 7 години

petardi

За пукање петарди за Нова Година може да добиете казна до 500 евра

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на празниците да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства.Согласно Законот за прекршоци, против јавниот ред и мир на лице кои неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му биде изречена глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.– Нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на пиротехничките средства, извести полицијата.Согласно Кривичниот законик, тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години. 

Македонија | пред 7 години

melanija-1

(ВИДЕО) Првата дама на САД го промена имиџот- стана русокоса

Првата дама на Америка, Меланија Трамп во најновото интервју кој го даде за CNN го покажа својот нов имиџ, поточно, новата боја на коса. До сега ја знаевме како бринета со понекој светол прамен, но овојпат Меланија направи вистинска промена на имиџот. 

Магазин | пред 7 години

leonardo-oskar

Леонардо Ди Каприо ќе мора да го врати својот Оскар!

Леонардо Ди Каприо ќе мора да го врати својот Оскар. 44-годишниот актер, кој конечно го доби признанието во 2015 година, беше награден со трофејот на Марлон Брандо од 1954 година, но ќе треба да го предаде на полицијата поради тужба.Според “Њујорк тајмс”, малезискиот бизнисмен Џо Ло, кој му ја додели наградата на Леонардо, ја купил на аукција од 600.000 долари.

Магазин | пред 7 години

mvr

Исчезна 22 годишна девојка

Татко пријавил дека исчезнала неговата 22 годишна  ќерка Б.М.  Како што информира полицијата, изутринава во 2:10 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ќ.(43) од село Студеничани пријавил дека претходниот ден од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка.МВР презема мерки за пронаоѓање на девојката.

Скопје | пред 7 години

nasisltvo

38-годишник извршил семејно насилство врз својот татко

Шеесет и седумгодишен тетовец, вчера ( 12 декември ) пријавил семејно насилство што околу 20 часот и 30 минути во заедничкиот дом го извршил неговиот 38-годишен син. По кусата вербална расправија, синот физички го нападнал, а нешто подоцна лишен е одслобода и се расчистува случајот, по што ќе следува поднесок.

Македонија | пред 7 години

vozila-kfor

(ВИДЕО)Танјуг: Колона возила на КФОР се движи кон северот на Косово

Над 45 возила на КФОР влегле на северот на Косово, нешто пред 10 часот, а се движат во колона и, според српски извори, одат во правец на Лепосавиќ, јавува Танјуг.Покрај борбени возила, во колоната има и опрема за блокади и правење бариери, како градежни машини, багери и боцкава жица.Според информациите од теренот, возилата на КФОР во кои се наоѓаат припадници на унгарскиот контингент, се поставени на две локации кај Лепосавиќ.Движењето на КФОР на северот на Косово се случува во моменти на веќе кренати тензии по потезите на Приштина кои ги влече без поддршка од ЕУ, а особено пред утрешниот план да се донесе одлука за формирање косовска војска, со отворена поддршка од САД.Командантот на здружените сили на НАТО во Наполи, американскиот адмирал Џејмс Фого, вчера кажа дека формирањето војска е нешто за што „суверено одлучува“ Приштина.„Во тој контекст, присуството на КФОР на северот на Косово, предизвикува страв од можна реакција на Србите“, заклучува српската агенција Танјуг. 

Свет | пред 7 години

xOPk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVRJN01EQV8vY2I2M2U0MzBjZmJmMDNjODhmZGUxMmE1YWE2MGVkOGIuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) По железничката несреќа во Турција уапсени три лица

Турските власти денеска уапсија три лица, вработени во државната железничка агенција, а кои се сомничат за пропусти кои доведоа до железничката несреќа во Анкара.Трите лица се уапсени откако брз воз удри во локомотива за инспекција на пругата, а потоа во пешачки надвозник на станицата во Анкара, усмртувајќи најмалку девет лица и повредувајќи 46, од кои тројца се во критична состојба. Меѓу загинатите се и тројцата машиновозачи.Брзиот воз требало да мине низ станицата во Анкара без да се запира, но тогаш удрил во локомотивата која правела инспекција.Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган вети темелна истрага и порача дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.  

Свет | пред 7 години

KIR_0837

Министерот Венко Филипче се сретна со Синдикатот на здравствените работници

Средна на министерот Венко Филипче и Синдикатот на здравствените работници. Тие се обидуваат да најдат решение во врска со поскапувањето на паркирањето за вработените на Клиничкиот центар во Скопје, а како можност се разгледува паркингот да се врати на стопанисување на Центарот.– За решавање на проблемот со паркирањето сакаме да изградиме две монтажни катни гаражи, едната кај Гинекологија, а другата кај хелиодромот. Во тек е ревизијата на физибилити студијата за гаража кај хелиодромот што ја наследивме –  изјави денеска министерот Филипче.Филипче спомена дека можностите за зголемување на платите годинава биле толкави, но затоа пак напомена дека се зголемени и надоместоците за дежурства, а најави дека следната година ќе има ново покачување на платите. 

Скопје | пред 7 години

papa

Папата Франциск на 7 мај ќе дојде во посета на Македонија

Неговата Светост Папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките Власти на Државата и на Католичката Црква, ќе оствари Апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети градот Скопје - родниот град на света Мајка Тереза.Програмата на посетата ќе биде објавена благовремено.Претходно Папата Франциск ќе оствари Апостолско патување во Бугарија од 5 до 7 мај, каде ќе ги посети градовите Софија и Раковски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања