Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

donacija-SAD-1

Донација од Владата на САД во вредност од околу 500.000 долари за Министерството за внатрешни работи

Денеска во Министерството за внатрешни работи амбасадорот на САД Н.Е. Џес Бејли на министерот Оливер Спасовски му ја предаде донацијата на опрема и возила за Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за криминалистичко разузнавање и анализа при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Опремата и возилата со вредност од околу 500.000 долари се обезбедени од Владата на САД преку програмата за контрола на извозот и граничната безбедност при амбасадата на САД во Република Македонија.- И денеска, како и многу пати претходно, имаме чест да ве информираме за уште една важна и вредна донација од нашите пријатели - Соединетите Американски Држави, а наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.  Овој пат, македонската полиција добива донација во технички средства, што веднаш ќе бидат ставени во функција во соодветните организациони единици на МВР, а дел од нив како двете комби возила односно мобилни системи за откривање радиоактивен материјал ќе можат да ги користат и други надлежни институции во државата, како што е Царинската управа на Република Македонија - рече Спасовски.Министерот Спасовски потенцираше дека од почетокот на воспоставувањето на граничната полиција во рамки на МВР од 2004 година наваму, односно на концептот на интегрирано  гранично управување, владата на САД преку оваа програма е најсилниот партнер и поддржувач на реалното организационо, професионално и техничко етаблирање на граничната полиција.- Овде не се работи само за речиси стотината донации во разновидна техничка помош, туку и за стручната, професионална и техничка едукација и обука на полициските службеници во рамки на граничната полиција. Оттаму, сакам во оваа прилика уште еднаш во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите докажани пријатели- владата на САД и амбасадата на САД во Република Македонија за нивното конзистентно и цврсто партнерство во реформирањето и развојот на македонската полиција како еден од клучните сегменти во унапредувањето на националната, но и регионалната и глобална безбедност- рече Спасовски.Амбасадорот на САД Н.Е. Џес Бејли рече дека програмата за контрола на извоз и гранична безбедност и Министерството за енергетика на САД ја даваат оваа донација за да ги подобрат капацитетите на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност за да спроведуваат професионални операции за гранична контрола и внатрешната безбедност.- Програмата EXBS ѝ помага на Македонија веќе 17 години и има обезбедено повеќе од девет милиони долари помош преку донирање на опрема и обуки. Оваа донација денес е само уште еден пример за силата на партнерството на САД, преку Програмата и Министерството за енергетика, со Владата на Македонија. Би сакал да упатам пофалби на Граничната полиција, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност за нивните заложби за заштита на македонската граница и внатрешната безбедност. Ви посакувам голем успех во идната работа во ова поле и се радувам на нашето постојано партнерство - рече амбасадорот Бејли.Донацијата е во вредност од околу 500.000 долари, а се состои од две специјални комбиња со мобилна опрема за откривање на радијација, патролен чамец кој ќе се користи за надзор на Охридското езеро, како и уред за вештачење мобилни електронски уреди. 

Скопје | пред 7 години

MNR-1

МНР: Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции

Денес во Министерството за надворешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции. Со овој документ ќе се воспостави меѓусебна соработка во интерес на промоција на евроатлантските интеграции која што ќе обезбеди простор за активен дијалог и дебата, како и организирање на промотивни настани и други активности.Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции ќе соработуваат на полето на информирање, промоција,едукација, обука, давање на помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.Исто така, преку склучувањето на овој Меморандум ќе се иницира соработка со други институции и претставништва во земјата и од странство, како и релевантни невладини организации, во давање поддршка за организирање настани, иницирање проекти, обезбедување стручни консултации, размена на искуства, но и спроведување на обуки за стручни доусовршувања од делокругот на евроатлантските политики, интеграциските процеси и соработка со посебен акцент на зачленувањето на Република Македонија во НАТО.Меморандумот за соработка го потпишаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската Асоцијација МОСТ која што го имплементира проектот Инфо центар за евроатлантски интеграции.

Скопје | пред 7 години

grujoski-so-logo

„Случајно уловен, или сценарио“: Груевски безгрижно на прошетка, па на ручек низ Будимпешта

За две недели јавноста ќе добие одговори за бегството на екс премиерот кој веќе два дена по ред слободно се движи низ главниот град на Унгарија. Ова го вети скопското обвинителство кое води предистражна постапка за бегството на Никола Груевски во Будимпешта, објави Фактор.мк.Завчера фотографиран, а наредниот ден снимен како руча во скап ресторан, Никола Груевски и далеку од дома бега од медиумите.Важен како никој да не му се обраќа, почесниот вмровски претседател со брзи чекори поита да се качи во автомобилот во кој го чекаше возач, одбивајќи да одговори на новинарските прашања од новинарот Барди Балинт.Социјалните мрежи како да чекаа со нетрпение однекаде да се појави токму такво видео и да зовријат.Разни коментари но и тези „дали новинарот Барди Балинт и медиумот  24.hu. кој го пласираше видеото и кој е близок до власта на Орбан намерно не му улета на екс македонскиот премиер“ во скапиот ресторан?Се поставува прашањето дали можеби Никола Груевски сам не го исценирал ова негово појавување со цел Македонија да не го заборави? Кога е тој во прашање сѐ е можно, па дури и ова.Извор:Фактор.мк

Македонија | пред 7 години

pimen

Отец Пимен: Бетмен е мое духовно чедо

Отец Пимен восвојство на сведок денеска на рочиштето за 27 април рече дека се сретнал со обвинетиот Богдан Илиевски на 28 април и дека овој му кажал дека треба да си го вратат угледот и дека намерата не им била да се влезе во Собранието.Инаку рече Отец Пимен „Богдан Илиевски ми е пријател од Охрид, но и не само тоа, туку тој е мое духовно чедо“. Тој додаде дека со обвинетиот Бетмен се запознал преку социјалните мрежи и се споиле заради лична правдина.„Кај Богдан се јави интимна потреба за лична исповед и го познавам многу длабоко. Цело време беше во истиот дух и убеденост, а сето тоа го правеше без паричен надомест и без намера за напредок во кариерата“, сведочеше отец Пимен. Сведокот го пофали Богдан Илиевски и за тоа како успевале на протестите „За заедничка Македонија“ да го смируваат народот, а и за тоа дека го собирале ѓубрето по завршување на протестите.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Атина: Амандманите за измена на македонскиот Устав се во согласност со Преспанскиот договор

Извори од владата во Атина за грчката новинска агенција АНА-МПА, соопштиле дека амандманите за измена на македонскиот Устав се во согласност со Преспанскиот договор.Според изворот, спорен бил ставот 3 од членот 49, поточно делот во кој се наведуваше дека државата се грижи за “македонскиот народ што живее во соседните земји”. Во новата верзија, наместо „македонски народ“, пишува “дијаспора”, што повеќе не било спорно за Грција.Истиот извор оценува дека повремените “несреќни изјави” на Заев најверојатно биле дадени за да ја смират неговата домашна публика и да го постигнат неопходното мнозинство за поддршка на договорот.Во текстот се додава дека финалното гласање на уставните измени ќе се случи во македопнското Собрание во средината на јануари.

Свет | пред 7 години

sobranie

(Видео) Оган пред Собрание

Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос.Се пали на отворено пред Собрание на Република Македонија, во импровизирано ќумбе од буре, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не рагира, напишаа на својот ФБ профил од иницијативата О2.Тие додаваат: Постојат ли служби во Собрание на Република Македонија за обезбедување? постои ли еден пратеник што е на работа во 8.30ч и не го видел ова? и никој не реагира? Немаат публика или спремен говор колку се загрижени за загадувањето, па не можат да излезат да им објаснат на луѓево дека НЕ СМЕАТ, дека е забрането со закон, дека е штетно пред сè за нив!И сето ова е на 100 м од градска болница, Универзитетска клиника по хируршки болести "Св.Наум Охридски"-Скопје, во центар на метрополата што конкурира за Зелена престолнина. На реакцијата дали знаат дека е забрането, одговорот е: Па полиција гледа и ништо.И затоа  ни се случува ова, фрази, семинари, трибини, говори, програми, а на терен и во суштина НИШТО , велат од од иницијативата О2.https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/520860518417386/

Скопје | пред 7 години

policija-3-640x382

Кривични пријави против тројца малолетници, вршеле разбојништво и кражби

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство-Скопје против тројца малолетници од Скопје ( на возраст од 15,16 и 17 години) поради основано сомнение за извршени кривични дела разбојништва и дрски кражби во централното градско подрачје.Осомничените со сериозна закана, употреба на физичка сила и нож врз малолетници во вечерните часови во периодот од 18.00 до 21.00 часот одземале пари, мобилни телефони, часовници и друго. Во извршениот разговор, осомничените ги признале делата и го појасниле начинот на извршување.По насока на Јавен обвинител, извршено е и препознавање од страна на десетина оштетени лица, кои ги препознале малолетниците како сторители на кривичните дела.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Екс градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев експересно си ја одлежа затворската казна

Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, ја одлежа затворската казна за шверц на цигари на македонско-бугарската граница. Стојчев правосилно беше осуден на шест месеци затвор откако беше фатен на дело од македонската полиција, но поради примерно однесување излегува на слобода еден месец порано.Инаку Стојчев си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село, а Владата во моментов прави модел како да биде избран нов градоначачник. 

Македонија | пред 7 години

IMG_4421

Денес во Општина Кисела Вода ќе се одржи крводарителска акција

Денеска во големата сала на Општина Кисела Вода од 11:00 до 15:00 часот ќе се одржи крводарителска акција на која граѓаните ќе можат да ја покажат хуманоста, да даруваат крв, да спасат нечиј живот.Имено, оваа акција традиционално ја организираат Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвен крст- Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.Локалната самоуправа ги повикува сите заинтересирани хумани граѓани кои се можност да се приклучат на акцијата.

Скопје | пред 7 години

5-1

(ВИДЕО) Хаос на паркингот до Влада, секој се паркира каде стигне

Секојдневен хаос владее на паркингот до Владата на Република Македонија. „Си паркира кој каде стигне“, „Овој хаос владее со недели“, „Кога е бесплатно секој ќе се бори да си обезбеди паркинг“...се само дел од коментарите на социјалните мрежи по објавувањето на ова видео.https://www.facebook.com/pressingtv/videos/472309139960145/

Скопје | пред 7 години

zemjotres-1

Нов силен земјотрес го погоди Закинтос

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтерова скала е регистриран утрово во Јонското Море, северозападно од грчкиот остров Закинтос.Според првичните податоци од Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 13 километри под површина на земјата. Нема информации за настрадани или причинета материјална штета.Според Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар, интензитетот на земјотресот изнесувал 4,9 степени.  Во областа е забележана зголемена сеизмичка активност по земјотресот со интензитет од 6,4 степени, што го потресе островот кон крајот на октомври.Сеизмичката активност се зголеми во областа по земјотресот со јачина од 6,4 степени, што го потресе островот кон крајот на октомври. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Мијалков нуди милион евра за да излезе од притвор

За да се брани од слобода, односно да биде пуштен од притворот во Шутка, Сашо Мијалков нуди гаранција од милион евра, пишува МКД.Станува збор за три недвижни имоти со вкупна вредност од 1,092 милиони евра кои ги понудил поранешниот директор на УБК, дознава Телма од судски извори.Адвокатите ова го потврдиле, но не се открива како имот се става во залог, нити дали е лично во негова сопственост или е на негови блиски.Претходно кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Мијалков и ја потврди одлуката на судија на претходна постапка да му одреди 30 дена притвор како осомничен во предметот на СЈО „Империја".Мијалков од судија на претходна постапка доби на 2 декември нова мерка притвор, втора по ред, во траење од 30 дена.Првата, како за обвинет во „Тврдина-Таргет" за масовното прислушување, му е укината, а втората како за осомничен во истрагата на СЈО „Империја". По барање на СЈО втората мерка притвор му е поради опасност за влијание врз сведоците и опасност од бегство.

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje-sred

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ единствено ги исклучи мерните станици каде што загаденоста ја надминува границата на рекордно ниво

СДСМ навистина да се залагаше против загаденоста на воздухот, немаше да сме познати во светот по загадувањето. СДСМ да се грижеше за народот и за неговото здравје немаше да бега од одговорност, туку ќе преземеше мерки против загаденоста, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.Од партијата додаваат дека единствено СДСМ успеа да ги исклучи мерните станици каде што загаденоста ја надминува границата на рекордно ниво.„Клиниките се преполни со граѓани со респираторни проблеми, додека функционерите од СДСМ си играат игрици. Народот ќе го казни СДСМ, бидејќи докажа дека нема намера ниту пак капацитет да го реши овој проблем кој што го загрозува нивното здравје.“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

“Мојата порта“ – краток филм на децата од основните училишта во Општина Центар

Вчера, 12 декември, во Кинотека на Македонија беше премиерата на кусиот аматерски филм „Мојата порта“, производ од неколку месечни интерактивни работилници за изработка на филм, на кои учествуваа ученици од сите основни училишта во Општина Центар.Работилниците се реализираа во организација на Општина Центар и Киненова, а под менторство на режисерката Марија Џиџева.  Тема на филмот е дијалогот како моќна алатка на родителите, општеството и децата во надминување на насилно однесување.По проекцијата на „Мојата порта“, беше одржана трибина на истата тема, со цел пронаоѓање на можности и начини за општествено канализирање и разумно надминување на семејни, социјални и општествени конфликти кои доведуваат до насилно однесување.На трибината, организирана од Киненова и УНИЦЕФ, публиката можеше да ги слушне мислењата, но и да дебатира со говорниците Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во РМ, Јана Белчева Андреевска, претседателка на Советот на Општина Центар, Марија Ралева, психијатар и Радмила Живановиќ, психолог.

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Владата и сите институции активно работат на обезбедување чист воздух и здрава животна средина

11 годишното игнорирање на аерозагадувањето од страна на ВМРО ДПМНЕ придонесе тоа да стане огромен проблем. После деценија игнорирање Владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции на локално и национално ниво постојано преземаат низа мерки за справување со долгогодишниот проблем со загадувањето, велат од СДСМ.„Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје продолжи во општината Сараj. Претходно такви акции имаше и во Карпош, Бутел, Аеродром и Бит пазар.Планот е до крајот на годинава да се  подигнат  и реконструираат  околу 130.000 квадратни метри зелени површини од страна на  Град Скопје што претставува рекордна површина уредена во една календарска година.Набавката  на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје и автобуси со еколошко гориво за Прилеп и во Битола, субвенциите за електрични и хибридни автомобили, субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори се само дел од мерките кои се превземат со цел намалување на аерозагадувањето.Покрај справување со загадувањето,  владата предводена од СДСМ, останува посветена на заштита на животната средина . По речиси четири децении од почетокот на неговата изградба, Владата го презема колекторот за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води, како нужна интервенција со оглед на тоа дека колекторскиот систем е во тешка состојба и итно е потребна негова санација, за да може да си ја врши функцијата“ велат од СДСМ.Оттаму додаваат дека ќе се формира јавно претпријатие „Колекторски систем“, кое во иднина ќе управува и стопанисува со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.„Поради сложеноста на проблемот со загадувањето, со сеопфатен пристап  и со вклученост на сите надлежни институции  и низа мерки се прават максимални напори за решавање на проблемот со загадувањето и на локално ниво и на ниво на цела држава.„„Целта е намалување на загадувањето за 50 отсто за две години , а на ниво на држава од 30-50 отсто“, се наведува во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

h_54828099-202427

„Жолти елеци“ и во Хрватска

Протестите на „жолтите елеци“ во Франција, кои траат подолго од еден месец, ги поттикнаа и останатите да ги следат, по што слични собири најавуваат и во Хрватска.Поттикнати од успехот на француските демонстранти, слични протести почнаа да се одржуваат и во другите европски земји, како Белгија и Холандија, а сега слично движење се формира и во Хрватска.На Фејсбук е отворена група „Жолти елеци Хрватска“, која моментално брои околу 10.000 луѓе. Групата е создадена од вонпарламентарната партија Слободна Хрватска.Првите протести на хрватските „жолти елеци“ се најавени за оваа сабота во три градови Загреб, Пула и Риека, со почеток во 12 часот.Организаторите на протестите ги повикуваат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус и состојбите во политичкиот и општествениот живот.

Свет | пред 7 години

xOPk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVRJN01EQV8vY2I2M2U0MzBjZmJmMDNjODhmZGUxMmE1YWE2MGVkOGIuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Турција: Згмечени вагони, најмалку седум загинати

Брз воз кој сообраќал од Анкара кон Кониа излетал од шините. Според информациите најмалку седум лица го загубиле животот, а повеќе од 40 се повредени.Несреќата се случила четири минути откако возот тргнал од станицата во Анкара, кога дошло до судир на локомотивата со друг воз, кој судрил во машина за проверка на шините.Итните служби за помош се на терен и се обидуваат да ги излечат настраданите и преживеаните лица кои останале заробени во згмечените вагони.Во тек е истрага за да се утврди како возот и машината за проверка на шините се нашле на ист коловоз. 

Свет | пред 7 години

apostol-andrej

Денеска се слави Свети апостол Андреј Првоповикан, именден слават Андреј, Андреја, Андријана...

Празник на првиот Господов апостолВо народниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува.Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана...Првиот Христов апостол Св. ап. Андреј наречен Првоповикан има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и со неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и е роден брат на Св. апостол Петар. Тие биле рибари и ловеле риби во Генизаретското Езеро. Најпрвин Св. ап. Андреј бил ученик на Св. Јован Крстител, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: „Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, отука и е наречен Првоповикан. Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него. Легендата раскажува дека еднаш додека Андреј и Петар ловеле риби на езерото тука минал Исус и им рекол: „Дојдете со мене, јас ќе ве научам да ловите луѓе“. Оттогаш Андреј е неразделен од Исуса. Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух.Светата православна црква споменот на Св. ап. Андреј Првоповикан го празнува на 13. XII/30 XI на денот кога маченички умрел за верата Христова.Во народниот говор името Андреја асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува. Ваквото толкување на овој ден во Охрид го запишал Е. Спространов, а слични толкувања се запишани и во Прилеп, Штип, Крушово и др. места. М. Цепенков во записот „Зошто се држат некои празници“ запишал дека „празнико Свети Јандреја во тој ден што паѓа нарастуал по прилепски. Власите крушоски и битолски велат по влашки: арс’ри дзуа кт’н андреоа (скочи денот колку една игла самарна).“

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Битолчани, Скопјани, Струмичани и Кумановчани синоќа се гушеа во канцероген воздух

Битолчани, Скопјани, Струмичани и Кумановчани синоќа се гушеа во канцероген воздух. Загаденоста во градовите достигна и до 328 микрограми на метар кубен, а Заев, Шилегов, Максим, Наташа и Коста не преземаат буквално ништо. Црн воздух, црн живот во Република Македонија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Секојдневно болниците ширум  државата се полнат со десетици граѓани со срцеви и  белодробни проблеми настанати како последица на аерозагадувањето. Зоран Заев пред повеќе од две години ветуваа чист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, сега две години подоцна, воздухот не е почист, напротив загадувањето се повеќе е проблем за граѓаните.Власта не презема суштински чекори во насока на решавање на загадувањето, од 7 милијарди евра колку што потрошија изминативе две години, ниту еден денар не одвоија за проекти и мерки кои ќе го намалат  загадувањето, но затоа одвојуваат 1.6 милиони евра за лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра за морски плодови и се делат милиони во четири очи“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека наместо решенија за овој горлив проблем заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули шета низ Европа на чист воздух, а кога е во државата спие во собрание“, велат од партијата„Црната власт не презема ништо за подобрување на квалитетот на воздухот. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора веднаш да си замине. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протесните маршови низ Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Tereza-Mej

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. Така британската премиерка останува лидер на Конзервативната партија барем до следната година, период во кој не смее да се одржи повторно гласање недоверба, пренесуваат британските медиуми.Како што се наведува, на Меј ѝ биле потребни најмалку 159 гласа од пратениците од Конзервативната партија за да го преживее гласањето.Во емотивно обраќање пред гласањето, премиерката објасни дека нема да ја води партијата на следните избори во 2022-ра година, но сега би сакала да остане на чело, за да ја извади Велика Британија од Европската унија. Причината за бараното гласање за доверба е незадоволството на 48 пратеници конзервативци. Тие не беа согласни со начинот на кој Тереза ​​Меј ги водеше преговорите со ЕУ за Брегзит.

Свет | пред 7 години

saso-ordanovski

Аирлија амнестија, во очекување на Халиевата комета!

Ветувањето на СДСМ за брз напредок кон НАТО и ЕУ го чинат Заев кредибилен; овие од ВМРО-ДПМНЕ останаа без никакви ветувања, па немаат ни што да остварат.Напишано од  Сашо ОрданоскиЕте, дојдовме и до таа точка: најавата на премиерот Зоран Заев за помирување, завршува со амнестија. Тоа (дека е амнестија) го тврдевме уште од моментот кога Заев за прв пат го изусти помирувањето во Собранието.Целата оваа операција говори многу за тоа како функционира Заев политички. Речиси е сигурно дека тој се потврдува како мошне контроверзен политичар, флексибилен и кога треба да се економизира со вистината до мерка што може да го доведе самиот концепт на тој општествен феномен во прашање, но секогаш прагматично ориентиран, ласерски фокусиран кон постигнување на резултат. Во случајов, тој резултат може доволно растегливо да се толкува како „општо добро“, врз основа на националниот политички консензус за членство на земјава во НАТО и ЕУ.Има нешто (и ова не го кажувам сефте) во тоа негово струмичко потекло, тој ендемски унијатски дух што пирка таму, таа една протестантска прагматичност која ја имаше и методистот Борис Трајковски. И социјалдемократи и вмровци, таму како сите од ист казан по слави да сркале, како од иста крава млеко да молзеле, па некако практичноста и крајниот успех, а не недостижните морални императиви, им го дефинираат политичкиот концепт. Нема дескрипции, сентименти и фрустрации – потрагата е по решенија и ефект!Раскажува еден висок американски дипломат: „Пред дванаесет месеци да ми кажевте дека Македонија ќе биде членка на НАТО за година-две, ќе се искинев од смеење! Верувале или не, денеска тоа е реалност!“… За ваква прагматичност ви говорам. Американците се вљубени во оние кои вакво нешто можат да испорачаат во политиката. Русите преферираат свирење балалајки.Да нема дилеми, оваа амнестија нема да доведе до никакво помирување. Тоа е едно политичко тра-ла-ла згодно за „камуфлирање“ на политичкиот пазар. Значи, помирување ќе нема – освен помеѓу некои луѓе кои седат во собраниските клупи, можеби – но, затоа, од неа ќе има две конкретни политички последици: прво, ќе се олесни процесот во добивање двотретинско мнозинство за неопходните промени на Уставот, за да помине „Преспанскиот договор“; и, второ, ќе се оштети правната држава до степен што, во јавноста, повторно ќе го доведе во прашање концептот за тоа дека во Македонија пред законот се сите исти. Мнозинство ќе има; пред законот не сме сите исти.Парадоксално, од таквото решение можно е подеднакво незадоволни да излезат и искрените учесници во „Шарената револуција“ и искрените учесници во контра-шарените протести, оти во паролата „Нема правда, нема мир!“ ќе останат разликите во дефинирањето на правдата, а за недостатокот од мир сите брзо ќе се согласат. Затоа кукавичкото бегство на Груевски (и уживанцијата во Будимпешта) ги дотепа „патриотите“, бидејќи неговото заминување в затвор ќе им го дефинираше нивниот концепт за (не)правда. Вака, „шарените“ се, барем, морални победници.Од друга страна, опипливоста на аргументите за „продавање“ на ваквиот исход на овој собраниски пазар се многу подобри на страната на СДСМ на Заев, одошто конфузијата што ја нуди она што остана од ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски. Ветувањето на СДСМ за брз напредок кон НАТО и ЕУ го чинат Заев кредибилен; овие од ВМРО-ДПМНЕ останаа без никакви ветувања, па немаат ни што да остварат. Тоа го доведува во ситуација Мицкоски да изгледа како шутрак, качен на гајби секоја среда на протестите пред Владата.Во крајна линија, тоа не е мала разлика. Но, само во крајна линија. Бидејќи, ако во сосема догледна иднина не стигнат опипливи резултати од овие тра-ла-ла собраниски пазарења, вратата за скорешно појавување на некој нов, неочекуван популистички лидер останува многу широко отворена. Ќе се вивне на небото како најблескава Халиева комета чиј сјај, барем за една употреба, убедливо ќе ги засени сите постоечки демагози во Македонија!Извор: Цивил медиа 

Скопје | пред 7 години

plakat-KRIK03

На КРИК 03 промоција и дискусија за критиката во регионот

Третото издание на КРИК, фестивал на критичка култура, продолжува во Музејот на современа уметност во 19:30 часот. Оваа фестивалска вечер ќе биде посветена на критиката во регионот (Словенија, Хрватска, Србија). Ќе се одржи промоција на книгите „Напомош,читаме книга!“ и„Опасно читање, поимник за книжевна критика“, а ќе ги промовираат Лука Остојиќ,  писателот на „Напомош, читаме книга!“ и уредникот на „Опасно читање, поимник за книжевна критика“, и Миленка Булевиќ, уредничка на „Напомош, читаме книга!“ и претседателка на Kulturtreger, како и партнерите од Контрапункт, Kurziv, SEEcult and SCCА. Двата поимници го прикажуваат потенцијалот на критичкото читање и поширокиот контекст во кој се случува ова читање (и уметничката критика воопшто).И во ова издание, КРИК се застапува за сегментот кој директно ја засега уметничката продукција – станува збор за критиката и критичката рефлексија. Без критика не може да има вистински исчекор, вистинска промена. Клучното прашање што ќе се отвори со регионалната партнерска платформа „Kритичките ставови во регионот“ е што претставува критиката денес, со акцент на критиката на уметничките пратики и нејзината фрагментираност со процесите што ја условуваат нејзината трансформација. Каде се наоѓа денес критиката, кому се обраќа, која е нејзината улога и како таа ги наоѓа своите нови форми и јазици – се некои од прашањата на кои често се навраќаме и се обидуваме да ги држиме отворени во просторот на поширока јавна дискусија. Платформата „Критичките ставови во регионот“ е во партнерство со kulturpunkt. hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија) и SCCA-Љубљана (Словенија)Booksa.hr заедно со партнерите Kontrapunkt, Kurziv, SEEcult и SCCA создадоа и објавија два поимници од областа на книжевната критика. Овие книги не се конвенционални поимници бидејќи не ги дефинираат условите, но ги користат како почетна точка за да иницираат размисли за книжевноста, книжевната критика и нивната улога во современото општество.Првиот поимник „Опасно читање, поимник за книжевна критика“ е збирка на текстови од реномираните регионални книжевни критичари за различните аспекти на критиката. Тие објаснуваат како постојано променливиот социјален, политички и медиумски контекст влијае врз критиката и улогата на критичарот. Овој поимник ги разгледува односите меѓу текстот и контекстот, критичкото читање на новите медиуми, феминистичката критика, меѓу академската и новинарската критика и влијанието на личноста на критичарот врз неговиот текст.Вториот поимник „Напомош, читаме книга!“ е антологија на сатирични текстови за фиктивниот лекар д-р Остојиќ, „литературолог“ за лекување на читатели – пациенти кои се борат со болни значења на класичните книжевни дела. Овие текстови, претходно објавени како колумни на Booksa. hr, нудат нови толкувања на познати дела, повремено пристапуваат кон „сериозната“ литература и го прикажуваат влијанието што книжевноста и критичкото читање го имаат врз животот на луѓето.Потоа ќе се одржи и дискусија на тема „Критиката во регионот“, со учесниците: Лука Остојиќ, Миљенка Буљевиќ, Антонија Летиниќ, Лујо Парежанин од Хрватска, Миха Келемина и Душан Довч од Словенија и Весна Милосављевиќ од Србија.Фестивалот годинава ја обработува генералната тема „АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување“. На програмата на фестивалот, која ќе се одвива во неколку делови до 19 декември 2018 година, ќе има предавања, уметнички презентации, дискусии, работилници и филмови.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја дел од Горно Оризари и Долно Коњаре

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во општина Бутел во период од 9:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Горно Оризари.Во периодот, пак, од 9:00 до 15 часот и 30 минути без струја ќе останат дел од корисниците од улицата 4 во село Долно Коњаре во општина Петровец.

Скопје | пред 7 години

nema-voda

Дел од Капиштец денеска без вода

Дел од корисниците од улиците „ Козара“, „Бел камен“ и „Шарски одреди“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улица „Козара бб“ во Капиштец.Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не  завршат со работата. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно време, попладне врнежи од снег

Времео денес ќе биде облачно, попладне со повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка. Утринската температура ќе се спушти до - 8 степени, а дневната ќе се движи во интервал од -3 до 6 степени.Во Скопје ќе биде претежно облачно, попладне со услови за провејување на снег, со температура до 2 степена.И утре претпладне ќе има локални врнежи од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните делови. Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања