Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

Нема фотографија

МЗШВ: Изградбата на системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди вода за наводнување на околу 5 000 хектари земјоделска површина

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во општина Велес одржа работен состанок за реализација на проектот за „Повеќенаменски ХС Лисиче 2“.На состанокот присуствуваа жители од велешкиот регион, пратеници, градоначалниците на Велес и Чашка, директорот на ЈПВ Лисиче, директорот од Управата за водостопанство и претстваници од МЗШВ и консултантот на германската развојна банка „KfW“. На состанокот се разговараше за почетокот на проектот а консултатот на германската развојна банка „KfW“, беше информиран за потребите и значењето на овој проект за велешкиот регион.Системот за наводнување Лисиче 2 ќе обезбеди  вода за наводнување на околу 5.000 хектари земјоделска површина, вода за производство на електрична енергија од три мали хидроцентрали и полнење на акумулацијата “Младост” кој се наоѓа блиску до Велес. Овој систем за наводнување ќе опфати речиси 85% од населението во регионот, вклучено во земјоделски активности. Со изградбата на системот за наводнување ќе се изврши и поврзување на акумулациите Лисиче и Младост и изградба на мали хидроелектрани. Вкупната инвестиција е околу 28,5 милиони евра, а ќе се финансира со помош на  германската развојна банка „KfW“ банка.Проектот е долгогодишно барање на граѓаните и од големо значење за регионот, а неговата  реализација директно ќе влијае врз зголемување на наводнуваните површини во велешкиот регион и врз подобрување на конкурентноста на земјоделството.

Македонија | пред 7 години

VIK_4597

роект за зајакнување на капацитетот на БЈН – Новиот систем ќе сигнализира ризични посапки

Сигнализирање ризик од корупција, надградба на електронскиот систем за јавни набавки и јакнење на капацитетот на Бирото за јавни набавки, се трите успешно имплементирани активности преку заедничкиот проект на БЈН и Светска банка за „Зајакнување на праксата на јавни набавки“.Министерот за финансии, Драган Тевдовски, вели дека овој проект и новиот Закон за јавни набавки ќе придонесат за унапредување на целиот систем за јавни набавки.- Новата управна контрола што ќе ја врши Бирото за јавни набавки во голема мера ќе се потпира на системот за проценка на ризик кој директно произлегува од главната активност на проектот за генерирање индикатори на успешност и ризици, кои во праксата се познати како „црвени знаменца“. Исто така, се имплементираа модули за електронска жалба и електронска архива кои се предвидени како решенија во новиот закон и кои треба значително да ја олеснат неговата примена во овие сегменти што покажуваа одредени слабости во досегашната практика, истакна Тевдовски.Според податоците, во Македонија минатата година вредноста на склучените договори изнесувала 38,2 милијарди денари, што е 6,2 процента од БДП. Во светски рамки, на пример во ЕУ, јавните набавки се еднакви на БДП на Франција, или приближно еднакви на светската продажба на автомобили. Ова е само уште една потврда за важноста на јавните набавки за една економија.- Одговорното работење, транспарентноста и ефикасностa во управувањето со јавните финансии се основните начела на кои се потпира нашето работење. Притоа, реформата на системот на јавни набавки е несомнено еден од главните приоритети. Јавните набавки се една од клучните алатки во економските политики на една Влада и веројатно се највидливиот сигнал за доброто управување со јавните финансии, истакна Тевдовски.Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Макeдонија, Марко Мантованели, оцени дека „црвени знаменца“ ќе го поддржат следењето на системот и ќе алармираат во текот на обработката, што ќе придонесе за зголемување на транспарентноста.- Програмата не беше огромна, но беше насочена кон клучните функционалности и го пренесе системот за електронски јавни набавки на наредното ниво, рече Мантованели и изрази отвореност за натамошна соработка во исполнување на оваа агенда.Директорот за јавни набавки, Бардул Насуфи, објаснувајќи ги бенефитите од имплементацијата на проектот, рече дека сега сите проекти финансирани од меѓународни организации можат да се објавуваат на Електронскиот систем. Ова претставува одлична можност без дополнителни трошоци да се публикуваат тендерите онаму каде што е најкорисно и каде што секоја заинтересирана фирма ќе ја види можноста што ја има за учество.- Се олесни и регистрацијата на странските економски оператори на Електронскиот систем. Имплементиравме плаќање на надоместокот со кредитна картичка, што ја прави регистрацијата брза и поевтина бидејќи банкарските трошоци се далеку пониски, појасни тој.Проектот за „Зајакнување на праксата на јавни набавки“ е финансиран од Фондот за грант средства за зајакнување на финансиската отчетност, со кој управува Светска банка. Главен финансиер на проектот е Европската комисија. Неговата цел е да се подобри управувањето со јавните финансии во регионот на Европа и Централна Азија.

Македонија | пред 7 години

DSC_1572-2

Османи: Европската агенда создава подобри услови за земјоделците, иноваторите и воопшто за бизнисот

Во Клубот на пратениците се одржа вториот состанок на Секторскиот мониторинг комитет за конкурентност, иновации и земјоделство со кој претседаваа Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога Национален ИПА координатор; и шефот на одделот за соработка при Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.„Зголемување на конкурентноста, сивата економија, правната стабилност и предвидливоста во приватниот сектор претставуваат клучни предизвици за бизнис секторот и Владата е сериозно посветена во напорите да обезбеди соодветни услови за водење бизнис, особено во рамките на реформскиот процес кој произлегуваа од европската агенда“- истакна Османи, посочувајќи на планираните мерки кои се содржани во новиот реформски План 18, а ќе имаат соодветен импакт во зацврстување на принципот на владеење на правото, борбата против корупцијата, но и борбата против сивата економија, унапредвуање на ефикасноста на судството итн. Османи додаде дека целиот процес на европски интеграции е во насока да се обезбедат подобри услови за земјоделците, за претприемачите, секако иноваторите и сите сегменти од бизнис секторот.Во рамки на состанокот со свои презентации учествуваа донаторите, претставниците на ресорните министерства, при што заеднички беше констатирано дека напредокот во ИПАРД е очигледен и тоа преку реализацијата на проектите како и склучените 940 договори со лицата кои успешно аплицирале од првиот повик во вкупен износ од 18 милиони евра.На состанокот присуствуваа претставници од Делегацијата на ЕУ, донаторите во земјава како Светска Банка, Европската банка за обнова и развој, претставници на четирите стопански комори во РМ како и претставници од ресорните министерства. Целта на овие состаноци е по дискусијата за напредокот на спроведување на програмите, низ дијалог на членовите да се договорат препораки за подобрување на спроведувањето на акциските програми во наредниот период и истите се одржуваат два пати во годината.

Македонија | пред 7 години

naum

(Видео) Стоилковски: Нарачки на судии во Судскиот совет по директива на Заев

Нема крај на партизацијата која што оваа црна власт не ја спроведува во македонското општество. Нема крај на девастацијата на Република Македонија која што однародените за една намена нема да ја предизвикаат, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Пред неколку дена од тука на прашање од јавноста изразивме сомнеж дали изборот за член на Судскиот совет не е завршен пред време, односно дали не се чува место за Лорета Георгиева од Струмица?И покрај тоа бесрамно беше истуркан изборот на судијката Лорета Георгиева. Имено станува збор за судијка, сопруга на првиот човек на Зоран Заев во Струмица.Ова е очигледна надоградба на нарачаното „Кацарска судство“ и нарачаното „Рускоска обвинителство“ во Република Македонија. Очигледна е задачата, по партиски налог да се казнува и да се разрешува. Задача на Судскиот совет, за појаснување е да избира, унапредува и разрешува судии во сите степени на судството во Република Македонија.Почитувани, ова не е прв скандал на СДСМ, на судството во пупките на СДСМ, поврзано со изборот на сопругата на пријателот на Заев, судијката Лорета Георгиева. Дека нејзиното напредување во кариерата се должи единствено на тоа што е сопруга, потврдуваат и написи и оценки од минатото, кога со судството и Советот раководеше и ги тресеше, Ленче Софрониевска.И тогаш, токму на инсистирање на Заев како нов градоначалник на Општина Струмица и на Цветанка Иванова, тогаш висок партиски функционер, и пратеник на Републичкото Собрание само таа, сопругата на компањонот на Заев морала да биде избрана за судија. И затоа сега, ќе ја прочитам тогашната оценка на проф. Ѓорѓи Марјановиќ кој за изборот на Лорета Георгиева напиша, „Има ли нешто попонижувачко за една жена, некој да сака да ја направи судија не заради нејзините стручни квалитети туку затоа што му е сопруга на човек кој му помогнал на некој си Зоран Заев да стане градоначалник на Струмица“?“, изјави Стоилковски.Според него очигледно е дека Георгиева напредува само и само кога СДСМ, Заев и Цветанка Иванова имаат моќ во раце.„Тоа се судските реформи на аболицираниот Зоран Заев, така тој ги замислува независното судство и европскиот пат. СДСМ без партиско судство не може да функционира. Со ваков избор може да се очекува на пролет наместо препорака, од Брисел да дојде порака „Со вака избрани судии, вие не сте за Европа!Црнилата кои што секојдневно ги приредуваат од оваа страховлада, ја девастираат државата, црнила ги затвора сите пори на општеството. Колку побрзо си заминат, толку побрзо ќе ја вратиме Република Македонија на вистинскиот пат. Затоа приклучете се на протестите попладне, оваа како и секоја среда во 17 часот, заедно да го забрзаме падот на оваа црна влада, да бидеме искрата што ќе ја донесе зората во република Македонија“, вели Стоилковски

Македонија | пред 7 години

Prilep-1-web

МЕПСО: Прилеп добива сигурно снабдување со електрична енергија за идните 20 години

Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во наредните 20 години со модернизацијата на трансформаторската станица „Прилеп 1“ во која МЕПСО вложува 1,1 милиони евра. По тој повод денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“ договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“. На потпишувањето на договорот присуствуваа и Горан Сугарески, министерот за транспрот и врски, министерството кое што од Владата ја превзеде сопственоста врз МЕПСО, согласно со новиот Закон за енергетика и европските директиви како и хрватската амбасадорка Даниела Баришиќ и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски.Модернизацијата на трафостаницата вклучува промена со нова на високонапонска опрема што е во функција 40 години. Станува збор за вградување на нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов системи за мерење електрична енергија и нов систем за релејна заштита.Министерот Сугарески потенцираше дека моденризацијата на оваа трафостаница е од огромно значење за Прилеп и околината, но и повик за сите инвеститори дека градот има квалитетна електроенергетска инфраструктура.- Сакам да ги уверам сите заинтересирани инвеститори за овој регион дека ние сме подготвени да понудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија и да одговориме на нивните потреби. Овој менаџмент на МЕПСО започна инвестициски циклус од преку 26 милиони евра за модернизација на 10 трафостаници и изградба на 5 нови далекуводи. Сакам да изразам задоволство од нивото на инвестиции во преносната мрежа, рече Сугарески.Директорот Василевски изјави дека Прилеп добива сигурно и стабилно снабдување со квалитетна електрична енергија за идните 20 години и додаде:- МЕПСО за жителите и компании во Пелагонија сега вложува 6 милиони евра. Станува збор за три инвестиции во преносната мрежа во Пелагонија. Овде во оваа трафостаница вложуваме 1,1 милиони евра, уште 1 милион евра сега вложуваме во трафостаницата „Битола 2“, а склучивме договор вреден 3,9 милиони евра за изградба на нов далекувод што ќе ќе поврзе оваа со трафостаницата „Битола 1“ , потенцираше Василевски, генералниот директор на МЕПСО по потпишувањето на договорот со „Кончар КЕТ“ и „Елтек“.Лековиќ, претставникот на изведувачите соопшти дека овие договори се солиден темел за јакнење на соработката меѓу компаниите од Хрватска и од Македонија и дека очекуваат продлабочување на соработката и реализација на овие договори.-Ова е трет договор за модернизација на постројки во преносната мрежа во кој учествува „Кончар КЕТ“ во рамки на овој инвестициски циклус на МЕПСО, додаде Лековиќ.Модернизацијата на оваа трафостаница и на далекуводот што ги поврзува Прилеп и Битола ќе се реализира за година и половина, а модернизацијата на трафостаницата „Битола 2“ ќе биде готова за 2,5 години.ТС Прилеп 1 претставува централна напојна точка за регионот на северна (горна) Пелагонија и регионот на Мариово. Истата е поврзана на електропреносниот систем преку 110 киловолтни далекуводи со трафостаници во Битола и во Кавадарци, а со неа се поврзани и три трафостаници на дистрибутивниот систем преку кој се напојува со електрична енергија градот Прилеп, неговата околина и Мариово.

Македонија | пред 7 години

Feedback-1

„Дај ми фидбек“ - новитет на бендот „Фидбек“ кој е еден од ретките со квалитетна авторска музика кај нас

„Фидбек бенд“ ја објавија новата песна за која снимија и спот. Момците од бендот, пред празниците решија да промовираат уште едно свое авторски дело.„Дај ми фидбек“ е комплетно на Драган Ристовски, односно негови се текстот, музиката и аранжманот, додека видеото го изработи „Вертиго Креатив“.„Спотот се снимаше на неколку локации низ Скопје. Снимавме во градскиот парк и во неколку ресторани. Тимот со кој соработувавме, даде се од себе за да овој наш најнов проект излезе баш онака како што го планиравме, од песната, па се до самото видео. Нормално, ова е само најава за сите планови следната година на музички план, која веруваме ќе биде доста продуктивна, доколку ги реализираме сите идеи. Нека ни се среќни празниците и слушајте македонска музика“, велат момците од бендот.Песната и спотот на „Фидбек“, кои се едни од ретките кај нас, посветени и на создавање авторска музика, ветува многу.

Магазин | пред 7 години

Poster-Rumena

Промоција на збирката раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска

Во петок, во 20 часот и 30 минути во киното „Фросина“ во МКЦ Скопје, ќе се одржи промоцијата на новата книга од Румена Бужаровска, збирката раскази со сигнификативен наслов „Не одам никаде“. По успехот со третата збирка раскази „Мојот маж“, која беше преведена на неколку јазици и имаше завидна балканска промоција, ова е четвртата книга со раскази на авторката, или вкупно 166-иот наслов во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, чии промотори ќе бидат Ирена Цветковиќ и Магдалена Хорват, по што ќе следи дружба со музиката на ди-џеј Ненад Тонкин.Најновото прозно дело, збирката раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска е своевидно продолжување и надоградување на веќе препознатливиот содржински и стилски раскажувачки манир на оваа современа македонска писателка. Оваа книга, составена од седум раскази, на извноредно прецизен и прониклив начин претставува остар и реалистичен, но истовремено суптилен и често трогателен приказ на современата македонска реалност. Имено, преку мајсторското прикажување на многу комплексни меѓучовечки односи – семејни, пријателски и професионални – авторката гради слика на македонското совремие, истовремено прикажувајќи како општеството со своите наметнати патријархални, но и политички и социо-економски матрици, се отсликува во најинтимните јадра на човековите релации. Заебележително е што во овие раскази преовладува темата на економската миграција и растурените меѓучовечки односи што таа ја предизвикува, како и комплексот на инфериорност кон западниот свет.Во ова дело на Бужаровска гледаме продолжување на северно-американската традиција на раскажување, на автори како Елис Манро (со кого неслучајно Бужаровска ја спореди критичарот Теофил Панчиќ), но присутна е и минималистичката, хипер-реалистична традиција на раскажување на Рејмонд Карвер, како и насилно-епифаниската нишка присутна кај Фланери О’Конор. Сепак, Бужаровска гради изразито сопствен, сликовит, реалистичен, но и хумористичен стил што ќе остане забележан во македонската раскажувачка традиција, во која оваа авторка веќе го остави својот печат.Румена Бужаровска (1981, Скопје) е авторка на збирките раскази Чкртки (2007), Осмица (2010) и Мојот маж (2014), книгичката мали фикции Спиј (2017), како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (2012). Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Луис Керол, Џ.М. Куци, Труман Капоти, Ричард Гвин, Чарлс Буковски). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата Literary Europe Live. Добитничка е на хрватската регионална награда за кратка проза „Едо Будиша“. Во 2018 година беше стипендистка на Меѓународната програма за писатели при Универзитетот во Ајова. Таа е една од организаторките и иницијаторките на ПичПрич – платформа за раскажување женски приказни. Предава американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.

Магазин | пред 7 години

narodna-banka-na-rm

КОМП: Во услови на поволни движења на девизниот пазар донесена е одлука за намалување на основната каматна стапка

Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на постоечките ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. На седницата беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75% на 2,50%. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 12 декември e задржана на нивото од 25.000 милиони денари.Намалувањето на каматната стапка е одраз на натамошните поволни движења на девизниот пазар, коишто упатуваат на солидна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти. Поволни се и поместувањата во депозитната база на банките, што исто така е сигнал за стабилни очекувања и доверба. Општо земено, и на оваа седница, Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и отсуство на нерамнотежи.Во однос на најновите макроекономски показатели, проценетите податоци за БДП за третото тримесечје од годинава покажуваат солиден економски раст од 3,0%, на годишна основа, малку повисок од очекуваниот во октомвриските проекции. Од аспект на структурата на растот, во третиот квартал поволните остварувања на извозната страна се главниот фактор за високиот позитивен придонес на нето-извозот за вкупниот економски раст. Позитивен придонес има и домашната побарувачка, воден од растот на личната и јавната потрошувачка, и покрај продолжениот пад кај бруто-инвестициите. За последниот квартал од 2018 година, при ограничен обем на расположливи високофреквентни показатели за економската активност, тешко може да се даде прецизна слика за движењата во овој период. Сепак, дел од засега расположливите показатели, конкретно од индустријата и трговијата, упатуваат на натамошен раст на економијата.Од аспект на инфлациските движења, во периодот јануари-ноември, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени и натаму изнесува 1,5% и е во согласност со очекувањата. Ризиците околу проектираната стапка на инфлација за 2018 година од 1,6% се оценуваат како урамнотежени.Последните податоци за девизните резерви покажуваат нивен натамошен раст, при понатамошни поволни движења на девизниот пазар и интервенции со нето-откуп на девизи од страна на НБРМ. Поместувањата кај девизните резерви во периодот октомври – ноември се повисоки од очекувањата во рамки на октомвриските проекции, а анализите на показателите за нивната адекватност покажуваат дека тие и натаму се одржуваат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор за последното тримесечје, нивниот број засега е ограничен. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада од ноември упатуваат на нето-приливи во согласност со очекуваните од октомвриската проекција.Остварувањата во надворешнотрговската статистика во октомври исто така упатуваат на трговски дефицит, во рамки на проектираниот. Во однос на остварувањата во билансот на плаќања, податоците за третото тримесечје од годинава укажуваат на повисок суфицит во тековната сметка во однос на октомвриската проекција, но и на нешто повисоки нето финансиски одливи од очекуваните за овој период.Во однос на монетарните движења, првичните податоци за ноември покажуваат забрзување на месечниот раст и на депозитите и на кредитите. Притоа, раст е забележан и кај штедењето на домаќинствата и кај корпоративните депозити. За растот на кредитната активност речиси подеднакво придонесуваат и секторот „домаќинстава“ и секторот „претпријатија“. Во периодот октомври ‒ ноември, остварувањата кај депозитните и кредитните текови се во рамки на очекуваните за овој период согласно со октомвриските проекции. На домашните пазари на пари беше забележана стабилна активност, при задржување на поволната ликвидносна состојба во банкарскиот систем. Имено, во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, денарските ликвидни средства на банките се зголемија пред сѐ заради континуираните девизни приливи и интервенциите на НБРМ за откуп на девизи, коишто изнесуваа 17,6 милиони евра во ноември и 4,8 милиони евра во првите десет дена од декември. Со оглед на ваквите остварувања, вкупниот откуп на девизи на НБРМ од почетокот на годинава заклучно со 10 декември изнесува 319,7 милиони евра, што е највисок откуп во последните десет години. Откупот на НБРМ на вишокот девизни средства на девизниот пазар се одвива во услови на стабилна девизна ликвидност на банките, којашто овозможува целосно задоволување на сезонски повисоката нето-побарувачка за девизи на клиентите од корпоративниот сектор. Банките ги регулираа краткорочните флуктуации кај денарската ликвидност во текот на ноември преку пласирање во расположливите депозити преку ноќ кај НБРМ, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречена кредитна поддршка на домашните економски субјекти.Во ноември, на меѓународните финансиски пазари и натаму постојат променливи движења при зголемена одбивност за преземање ризик кај инвеститорите, што услови раст на побарувачката за безбедните финансиски инструменти во еврозоната и САД. Пазарното расположение беше движено од послабите макропоказатели во еврозоната, при што во услови на зголемена загриженост за забавување на економскиот раст, инвеститорите ги намалија очекувањата за динамиката на нормализирање на монетарната политика на Европската централна банка во текот на следната година. Сигнали за постепено запирање со зголемувањето на каматните стапки беа воочени и на американските пазари, по изјавата на претседателот на централната банка дека тековното ниво на референтната каматна стапка во САД е само умерено пониско од неутралното ниво. Во услови на зголемена понуда на нафта и намалени изгледи за глобалниот економски раст, цената на нафтата се намали на најниско ниво во последните седум месеци. Општо земено, на седницата беше заклучено дека согласно со тековните економски и финансиски услови, согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се нешто поповолни од претходно, што укажува на тоа дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. Ова, пред сѐ се однесува на девизниот пазар, каде што движењата и натаму се поволни, како одраз на подобрата девизна позиција на корпоративниот сектор, но и поволните движења на менувачкиот пазар. Сепак, останува констатацијата за и натаму присутни ризици и од домашното и од надворешното окружување, коишто можат да ги променат поволните трендови. НБРМ и натаму внимателно ќе ги следи трендовите во следниот период во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Македонија | пред 7 години

data-viz-korupcija-MK1

Додека се гради нов антикорупциски систем, Македонија „се снаоѓа“

МВР, кое треба да гони корупција, е разорена институција и и треба реформа, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Антикорупциската комисија, со години обвинувана за партизираност, и формално не функционира од крајот на март.По две кривични пријави за примање и за давање поткуп бил резултатот на Македонија во борбата против корупцијата минатата година, покажуваат податоците на МВР. Тоа е најслаб резултат на полицијата во гонење на тоа кривично дело, а лани бил најслаб резултатот и во откривање на другите кривични дела од областа на организираниот криминал – трипати помалку од 2010 и три и пол пати помалку од 2015 година.– Во Македонија многу повеќе криминал открија истражувачките новинари и истрагите на СЈО, отколку државните органи задолжени за тоа, пред се МВР, институција која треба да се бори против корупцијата и криминалот. МВР е разорена институција. Таа е комплетно надвор од системот за борба против корупцијата – смета Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен оперативец во МВР.Минатата година полицијата открила и помалку кривични дела „злоупотреба на службената положба“, „даночно затајување“ и „фалсификување исправа“.Трајанов смета дека на МВР му е потребна темелна реформа.– Не можат само да се правдаат дека чекаат наредба од јавен обвинител. Во МВР има неколку илјади луѓе со многу високи плати и треба да се изборат со корупцијата. Се истражува, се пишуваат колумни, но додека отсуствува ефикасна борба против корупцијата од надлежната институција, тешко дека може да се постигне позначаен резултат – смета Трајанов.Состојбата наскоро ќе се смени, убедена е власта, пред се со новиот закон за спречување корупција, кој е во собраниска процедура.– Наскоро целиот институционален и законски систем за превенција и борба против корупција ќе биде во функција, а во меѓувреме го правиме тоа што можеме – рече премиерот Зоран Заев на отворањето на конференцијата „За општество ослободено од корупцијата“.Заев нагласи дека еден од приоритетите на Владата е транспарентното водење на политиките, правилното функционирање на судскиот систем, ефикасна борба против корупцијата, но и почитувањето на човековите права.– Веќе се разгледуваат резултатите од имплементацијата на нашиот концепт за отворена и транспарентна Влада. Според индексот на отвореност Владата како централно-извршно тело е на прво место во регионот со 76 отсто исполнување на индикаторите – рече Заев и додаде дека ова го потврдило истражувањето за отвортеност на институциите за извршаната власт во ЈИЕ и во Македонија.Ефикасноста на полицијата и работата на Државната комисија за спречување корупција, меѓу другите фактори, се одразуваат и на Индексот за перцепција на корупција, што од 1995 година го објавува „Транспаренси интернешнел“, според кој Македонија минатата година, со индекс 35 била најслабо рангирана од 2010 година. Македонија лани се пласирала во ранг на Виетнам и Етиопија.Индексот рангира 180 земји и територии според забележаното ниво на корупција во јавниот сектор. На скалата индексот 0 е многу корумпирана, а 100 е земја чиста од корупција. Минатата година две третини од земјите имале индекс понизок од 50. Највисоко котирале Нов Зеланд и Данска со индекс 89 и 88, и регионот на Западна Европа. Најлоши региони биле Подсахарска Африка и Источна Европа (просечен индекс 34).

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Министерството за здравство не кажува кој ќе ја прави физибилити студијата за Брзата помош

Министерството за здравство веќе две недели одбива да каже, кои компании ќе ја изработат физибилити анализата за изборот на моделот на функционирање на Итната медицинска помош, иако тоа беше ветено од министерот за здравство, Венко Филипче, пишува „Порталб.мк“.На прашањето на Порталб.мк за тоа „Кои компании ќе ја спроведат физибилити анализата за Итната помош“, министерот Филипче објави дека „има три компании, но дека имињата ќе ги објави неговиот кабинет.”Од неговиот кабинетот веќе две недели не одговараат, со образложение дека не ги знаат имињата, и дека не се запознаени за ветувањето на министерот.„Знаеме дека министерот вети дека ќе ви ги даде имињата на компаниите, но ние не знаеме“, ни рекоа од кабинетот на министерот.По отворањето на повикот за физибилити анализа, во јавноста имаше бројни реакции, во кои се оценува дека еден таков потег ќе ја уништи здравствената заштита во Македонија.Додека се прават обиди за приватизација на Итната медицинска помош, Министерството има набавено 12 амбулантни возила.  Проблемот со Итната медицинска помош е загрижувачки, бидејќи не се раководи од една институција која има апсолутна одговорност кон неа.Таа функционира во рамките на Здравствените домови, а овие пак не се транспарентни да разговараат и да ги обелоденат податоците, начинот на користењето како и за самите медицински услуги.Медицинската помош во Македонија функционира со стари и амортизирани возила, а истовремено нивниот број не соодветствува со бројот на жители во одредени градови. Имало случаи во таквите возила, луѓето да ги изгубат своите животи.За да се избегнат ваквите ситуации, Министерството за здравство вети замена на амбулантни возила врз основа на помината километража, со што не се согласуваат автомеханичарите, бидејќи тие бараат замена на возила врз основа на километражата во градовите надвор од Скопје, додека во Скопје, тоа треба да се прави врз основа на употребливоста.

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje

Скопје не постави свој мерач на аерозагадувањето, иако беше обврска за 2018

Град Скопје ја завршува годината без поставен мерач на загадување на амбиенталниот воздух во градот, иако тоа беше второ на листата на приоритетни зафати од Годишна програма за активности од областа на животната средина на градот, а од буџетот се издвоени еден милион денари за негово поставување.Во делот на програмата наречен „Заштита на амбиентниот воздух“ стои, меѓу другото, дека е потребно поставување на „ерпоинтерот на Град Скопје на нова локација“ со цел, како што е наведено „добивање податоци за квалитет на амбиентниот воздух во реално време и заштита на здравјето на луѓето“.Иако најавен во програмата за 2018, „ерпоинтерот“, според најавите од Градот, треба да биде поставен најрано – догодина.„Изминатиов период е направена анализа на работата на „ерпоинтерот“, при што е утврдено дека треба да се сервисираат повеќе делови на истиот, пред да биде поставен. Во тек е постапка за распишување на јавна набавка, по што би се избрала компанија за сервисирање, по што во 2019 година тој ќе биде поставен“, информираа за „Мета“ од Град Скопје.Тој претставува комплетна мерна станица за мониторинг на квалитетот на воздухот и беше поставен во 2011 година на улица Македонија, а потоа отстранет заради обемните градежни активности во неговата непосредна близина.Мерачот беше сопственост на Град Скопје, во соработка со фирмата „Фармахем“ и беше поврзан со веб-страницата „Скопје дише“, која беше сервисирана од страна на оваа компанија, но многу бргу потоа престана да работи.Образложението кое тогаш го дадоа градските власти беше дека, поради почетокот на градежните работи на црквата кај Домот на АРМ, во чија близина се наоѓаше мерачот, тој ќе покажувал многу поголема загаденост на воздухот и затоа е исклучен. Но, едногодишниот договор на „Фармахем“, кој имаше обврска да го сервисира мерачот, истече, а тој во меѓувреме беше дискретно дислоциран и до денес не е вратен.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Екологистите: „Планот за чист воздух“ е нереален, неконкретен и без прецизни рокови

Иако сметаат дека е добро што Владата го препознала проблемот со аерозагадувањето како сериозен и усвоила план како да почне да се справува со него, екологистите сепак велат дека владината програма за борба со аерозагадувањето наречена „План за чист воздух“, за чие што финансирање во Собранието беше одржана и донаторска конференција, не дава прецизни одговори кои чекори се приоритетни, со која динамика ќе се реализираат предвидените активности, колку пари ќе се потрошат за која намена и какви ефекти од секоја конкретна мерка се очекуваат.Од „О2 Иницијативата“ на својата Фејсбук-страна објавија глобална анализа на содржината на владината програма за борба против аерозагадувањето.„Премногу често, мерките најавуваат воопштени активности како „зголемено, зајакното, зачестено, воведување, стимулирање, примена, измени”, но нема конкретно наведни активности точно за колку зголемено, за колку зајакнато, колку зачестено, како точно ќе се спроведе, тоа што се планира да се воведе, како точно ќе се стимулира, кои точно модели ќе се применат, кои ќе бидат законските измени и што тоа значи конкретно, кои се импликациите од тие измени“, се вели во анализата на „О2 Иницијатива“.Од таму додаваат дека Планот за чист воздух наведува на заклучок дека не се направени потребни анализи, не е изготвен детален реален план, врз чија основа ќе се реализира програмата, конкретно, месец за месец, со видливи и мерливи резултати за да се постигне зададената цел во зададениот рок.Тие велат и дека во програмата нема конкретни одговори како ќе се овозможи приклучување на индивидуални домови на топловодната или на гасоводната мрежата, а во своите домови треба да извршат градежни активности за поставување инсталација, радијатори, кога ќе се намали ДДВ за парно греење, како ќе се спроведе одлуката за забрана за продажба на јаглен за греење, како ќе се спроведе поефикасна инспекциска контрола, што подразбира планираниот „зимски режим на сообраќај“, како Владата ќе ја подигнува еколошката свест и други дилеми.Од невладината „Еко-Свест“, пак, велат дека сепак е за поздравување тоа што за првпат Владата воопшто излегува со стратегија за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.„За прв пат имаме план со планирани финансиски средства за негова реализација. Но, важно е како и дали оваа стратегија ќе се спроведе и колку ќе биде ефикасна“, вели Ана Чоловиќ Лешоска, извршен директор на „Еко-Свест“ и додава дека неопходно е еколошките граѓански здруженија будно да го следат нејзиното спроведување.Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули пред донаторската конференција повторно ги повика невладините еколошки здруженија да работат на кампањи за информирање на граѓаните кои користат загадувачки материјали каков што е јагленот за загревање на домовите, по угледот на нивни колеги од други европски земји.Екологистите сметаат дека не е доволно Владата само да декларира вакви мерки и да ги повикува невладините да работат на подигање на јавната свест.„Токму граѓанскиот сектор упорно инсистира на соработка со Министерството за животна средина и со Владата, но сега не сме консултирани за начинот на реализација на овој аспект од владината програма“, вели Чоловиќ Лешоска од „Еко-Свест“, додавајќи дека за такви кампањи требаат пари, а не само нивна волонтерска работа.За „О2 Иницијатива“ ова е уште една непрецизно осмислена мерка која покажува дека отсуствува детален реален план, врз чија основа ќе се реализира програмата, конкретно, месец за месец, со видливи и мерливи резултати за да се постигне зададената цел во зададениот рок.„Какви ќе бидат едукативните кампањи, директни, преку медиуми? Кој ќе ги спроведува овие кампањи? Под чиј надзор?“ прашуваат од „О2 Иницијатива“.

Македонија | пред 7 години

2-5

Работна посета на Комисијата за одбрана и безбедност во Штабот на НАТО во Брисел

На покана на амбасадорот Такан Илдем, помошник на генералниот секретар од Дивизијата за јавна дипломатија, делегација од Собранието на Република Македонија оствари работна посета во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.Во составот на делегацијата на оваа значајна посета за Република Македонија, беа Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими, координаторот на пратеничката група на ДУИ и заменик-член на Комисијата за одбрана и безбедност; и пратениците Емил Димитриев, Реџеп Мемеди, Емилија Александрова и Владанка Авировиќ.За време на работната посета делегацијата оствари значајни средби и размена на мислења со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Е. Гетемоилер, високи претставници на НАТО, амбасадорот Такан Илдем, Дивизија за јавна дипломатија; Џејмс Мекеј, Дивизија за политички прашања и безбедносна политика; Иан Бејлес, Дивизија за планирање и одбранбена политика; полковник Хуан Мартинез-Еспарза, Директорат за соработка и безбедност, како и со повеќе експерти од Германија, Норвешка и Словенија.На средбите беше разгледан политичкиот, безбедносниот и воениот аспект на приклучувањето кон НАТО и придобивките кои Македонија ќе ги има од членството во Алијансата. Се разговараше и за улогата на парламентарниот аспект и на пратениците во пристапниот процес кон забрзување на процесот и исполнување на критериумите и задачите.За време на посетата, пратениците имаа можност да се запознаат и со политиките и начинот на работа на НАТО.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во цел свет се стеснуваат улици, кај нас се прошируваат - „На точак“ алармираат за безбедноста

Поширока улица не е побезбедна улица. Или правите побрза улица или правите побезбедна. Не може и двете. Ова е логичка грешка која многу често ја прават нашите донесувачи на одлуки во желба да ги промовираат новите проекти со сите можни позитивни епитети, и оние кои важат и оние кои не важат во случајот, велат од граѓанската иницијатива „На точак“.„Во цел свет се стеснуваат улици за поголема безбедност, се прават пошироки тротоари, се воведуваат велосипедски ленти за да се стесни коловозот, се прават пошироки пешачки острови, се намалуваат радисуите на кривините, се прават закривувања на коловозот со зеленило (шикани), се прават издигнувања на коловозот (подигнати пешачки премини)...Еве со обично гуглање safe streets design before after се добиваат обратни примери од нашите: http://bit.do/safestreetsbeforeafterАпелираме општините и било кои институции кои се бават со сообраќај, доследно да се држат до своите цели. Ако целта била поголема брзина за возилата на улицата, ако целта била поддршка на автомобилскиот сообраќај на сметка на пешачкиот и зеленилото, нека се држат до таа цел и доследно да ја промовираат, без да ја мешаат безбедноста, а особено не безбедноста на ранливите, на пешаците. Како на пример на оваа улица ќе помине лице во инвалидска количка? Тротоарите се под секаков стандард. Не можат да се разминат ни 2 пешаци. Јасно е дека реконструкцијата ја немала за цел безбедноста. Општина КарпошStefan Bogoev Grad Skopje Петре Шилегов РСБСПБезбедноста е сосем друго поле и бара сосем различни мерки од оние кои ги гледаме во Скопје.Освен: поставување само знаци (без физички мерки) за Зона 30 во само 2 маала во Скопје (Дебар Маало и Карпош 4) и по некое монтажно издигнување минатиот месец (на ул. Козле) и 2 улици со велосипедски ленти на нив кои ги стеснија коловозните ленти (ул. Втора Македонска бригада и бул. Климент Охридски), за жал немаме видено сериозен проект за улица во насока на поголема безбедност, а уште помалку визија за безбедни улици, Визија за нула жртви (Vision Zero) на некоја општина или Градот“, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 7 години

48257120_2204129032944495_289139229886251008_n

На Собраниската комисија за култура беа презентирани активностите за Охридскиот регион

Денеска се одржа 17 седница на Комисија за култура на Собранието на Република Македонија на која беа презентирани активностите околу управувањето со Охридскиот регион и состојбите со природното и културното наследство.Презентацијата ја одржаа министерот за култура Асаф Адеми и претседателот на Комисијата за управување со Охридскиот регион, Зоран Павлов.Тие реферираа за реализираните и тековните активности во врска со Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за состојбата со заштита на светското наследство – Природно и културно наследство на Охридскиот регион усвоена на 41-та сесија на Комитетот за светско наследство која се одржа во Краков, Полска, 2017 година.Асаф Адеми им се заблагодари на членовите на Комисијата за култура како и на групата пратеници и граѓански организации за поддршката која ја искажаа преку формирањето на неформалната група Пријатели на Охридскиот регион (група која се залага за Охридскиот регион во Собранието и во јавноста), како и за сериозната контрибуција која ја даде Собранието на Република Македонија со организирањето на надзорна расправа за состојбата со доброто.Во извештајот стои дека интензивно се работеше на: Ревизија односно подготовка на нов Закон за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, Ревизија на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и Стратегиска оцена за влијанието на животната средина за План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018-2027).Нацрт Законот е на јавна расправа која ќе трае до 27 јануари 2019 година, а Стратешка оценка е во завршна фаза.Во прилог на ова, изработен е План за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид , а ќе следи и изработка на нова Стратегија за развој на туризмот која ќе ги задоволи бараните критериуми.Изготвено е номинациското досие за проширување на територијата на Охридскиот регион на Листата на УНЕСКО и на албанска страна.Ажурираниот извештај за активностите на Министерството за култура и на националната комисја на УНЕСКО за Охридскиот регион ќе биде изготвен до 1 февруари 2019 година како и до 43-тата Сесијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во 2019 година на која ќе се разгледува статусот на Охридскиот регион.

Македонија | пред 7 години

47574998_2259794247387999_1336203744995442688_o

Започна проектот „Превенирање на насилното однесување во основните училишта“

Денеска во ООУ „Александар Македонски“ го почна проектот „Превенирање на насилното однесување во основните училишта“ во организација на Општина Аеродром и Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики – Европа за тебе.Во рамките на проектот ќе се одржат три семинари, на кои реномирани универзитетски професори ќе им помогнат на наставниците од одделенска и од предметна настава, како и на стручните соработници од основните училишта на територијата на Општина Аеродром преку интерактивна дискусија да ги надградат своите знаења и да разменат искуства. Целта на проектот е наставниците во основните училишта да се стекнат со ефикасни стратегии за полесно препознавање на насилни ситуации во нивните училишта. „Насилството меѓу учениците е едно од најактуелните глобални феномени присутни и во Македонија“, изјави на почетокот на семинарот проф. по правни науки, д-р Дејан Мицковиќ, и додаде дека најдобар пристап за справување со овој проблем е превенцијата. Да се превенира насилството меѓу учениците е пораката и на проф. по педагошки науки, д-р Елизабета Томевска-Илиевска, бидејќи, како што рече, Македонија е земја во која насилството е секојдневие. Додека професорката по социолошки науки, д-р Татјана Стојаноска Иванова, посочи дека семинарот е посветен на психолошките аспекти на овој присутен проблем во училиштата и дека во текот на дискусијата ќе се разгледаат и европските искуства и практики во превенирањето на оваа појава. Другите теми што ќе се обработуваат во текот на семинарот се правата на децата, правни, социолошки, психолошки и педагошки аспекти на насилството и малтретирањето (булингот) во училиштата, психолошки последици од изложеноста на малтретирање и насилство во училиштето и можности за нивно рано препознавање и превенција, позитивни европски практики за намалување на насилството во училиштата, како и наоди од најнови релевантни истражувања спроведени кај нас и пошироко.

Скопје | пред 7 години

grujoski-so-logo

(ВИДЕО) Груевски снимен во кафана, во друштво со неколку лица и возач

Унгарскиот интернет портал „24.ху“ го улови експремиерот Никола Груевски во познат унгарски ресторан, каде бил во друштво на 4 лица, а имал и возач. Новинарите му поставија неколку прашања, но не добија конкретни одговори.Инаку Груевски веќе еден месец е во Унгарија. Унгарските институции се уште молчат за барањето на македонската Влада за екстрадиција на поранешниот македонски премиер.Груевски замина од Македонија во моментите кога требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот со набавка на луксузниот мерцедес.„Правно гледано, спецификата во овој случај е во азилот”, посочуваат од Министерството за правда, нагласувајќи дека лицето, кое и да е, се додека има меѓународна заштита не може да биде екстрадирано во матичната земја.Во случајот со Груевски, според постапките за азил на Унгарската канцеларија за имиграција на секои три години повторно се разгледува статусот на секој кој добил азил во Унгарија. Да видиме дали ќе се чека толку време за преиспитување на азилот и за поранешниот македонски премиер, кој има блиски пријателски односи со актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.Министерството за правда на Република Македонија барањето за екстрадиција го поднесе на 20 ноември оваа година до надлежното унгарско Министерство за екстрадиција, но истиот ден Груевски во статус на својот Фејсбук профил објави дека добил политички азил во Унгарија.

Македонија | пред 7 години

pravda-1

Успешната борба против корупцијата е суштински услов за создавање пристоен живот во Македонија

Корупцијата ги засега сите и доведува до слаби институции, непочитување на човековите права, неправда, организиран криминал, нестабилност, небезбедност, незадоволство, нетрпеливост, гнев, изгубен просперитет, загрозена животна средина.Министерката за правда, Рената Дескоска денеска се обрати на конференцијата посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата насловена „Итни реформски приоритети: Зајакнување на институционалната рамка во борбата против корупцијата. Има ли напредок?“, која се одржа денеска во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, со поддршка на УСАИД. Во прилог го пренесуваме интегрално обраќањето на министерката Дескоска:„Темите поврзани со борбата против корупцијата се особено значајни во процесот на реформи кои се одвиваат во Република Македонија.Пред неколку години, како опозиција, се осмеливме и обелоденивме бројни корупциски скандали кои силно одекнаа и ги охрабрија граѓаните да побараат смена на власта. Бескомпромисната борба против корупцијата беше едно од нашите клучни, ако не и најважно изборно ветување. Оваа борба не завршува со борба против корупцијата од минатото, туку треба да продолжи и со борба против евентуална корупција денес и во иднина – како што им ветивме на граѓаните. Борбата против корупцијата не познава поделби на наши или ваши, туку на чесни и нечесни, на оние кои ќе работат во интерес на граѓаните и владеењето на правото, и оние кои тоа не се.Бескомпромисна борба против корупцијата ќе постигнеме само со независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија и со капацитетни институции.Сите реформи коишто ги водиме во Министерството за правда се во насока на создавање силни и независни институции и механизми за борба против корупцијата.Тоа го правиме преку реформирање на трите столба за борбата против корупцијата: Судството, обвинителството и антикорупциската рамка.Како што е забележано со „извештајот на Прибе“, во антикорупцискиот систем постојат слабости кои се однесуваат на регулаторни и институционални капацитети на сите нивоа и постојат перцепции за политички именувања и назначувања со цел контрола на независните тела од страна на политичките партии.Експертите укажуваат на потребата ДКСК да биде зајакната за да ги остварува свои надлежности за борба против корупцијата без политички влијанија.За таа цел, работна група формирана од Министерството за правда, изготви нова антикорупциска рамка: Предлог на закон за спречување на корупција и судир на интереси, користејќи како основа нацрт текст изработен од страна на експерти во рамки на проект на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).По спроведувањето на консултативниот процес, Предлог законот од ноември месец оваа година, утврден од Владата во ноември оваа година, е во собраниска процедура.Во меѓувреме, овој Закон го пративме на експертска евалуација од страна на експерти од Европската унија, и добивме сериозни укажувања дека станува збор за подобрена законска рамка којашто покажува посветеност на Владата во создавање на правни норми коишто ќе дадат можност за создавање на капацитетни институции во борбата против корупцијата. Одредени сугестии коишто се дадени за подобрување на законската рамка во текот на собраниската процедура ќе бидат имплементирани преку амандмани од страна на пратениците.Со одредби од Предлог законот, се адресираат добиените препораки кои се однесуваат на условите за избор, именување и разрешување на претседателот и членовите во состав на ДКСК, развојот на анти-корупциската програма и пријавувањето и проверката на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица.Се предлагаат зајакнати услови за избор и именување на претседателот и членовите на ДКСК и јасни услови за престанок на мандатот и разрешување на претседателот и членовите на ДКСК. Еден од условите за избор на претседател односно член на ДКСК е лицето во последните десет години да не било пратеник, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија. Со тоа ја покажуваме волјата и желбата за целосна департизација на овој орган.Се предвидува транспарентна постапка за избор на кандидати за претседател и членови на ДКСК, во која се вклучуваат како учесници во интервјуто претставници на Народниот правобранител на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Интеруниверзитетската конференција, здруженија на новинари, други здруженија и фондации. Целта е преку еден транспарентен процес да се изврши евалуација на кандидатите коишто се пријавиле да бидат членови и претседател на оваа антикорупциска комисијаПонатаму, се предлага зајакнување на надлежностите на ДКСК, особено со воведување на надлежноста за следење на законитоста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи и пристап на ДКСК до разни бази на податоци коишто постојат во различни институции со цел самата да може преку вкрстување на тие податоци да ја следи имотната состојба на функционерите и политичките партии и ова е еден од аспектите коишто особено се потенцира како позитивен во извештајот којшто го добивме од страна на европските експерти.ДКСК, како специјализирана независна институција за превенција на корупцијата, е само една од позначајните специјализирани институции од анти-корупциската институционална рамка во Република Македонија.Покрај улогата на ДКСК, во рамките на реформите коишто ги водиме земаме предвид дека одредени позитивни исчекори коишто беа направени во изминатиот период од страна на одредени институции треба да бидат зачувани и поддржани и овде најмногу мислам на СЈО, но и добрите искуства од градењето на оваа институција во нејзиното функционирање да бидат пресликани и пренесени во другите јавни обвинителства со цел да создадеме повеќе капацитетни институции во борбата против корупцијата.Во тој дел, веќе се објавени Законот за СЈО и Законот за Јавното обвинителство и ирелевантно е дали ќе биде еден или два закони, она што е битно е надлежностите коишто ќе бидат предвидени и трајноста на органот којшто треба да води ефикасна борба против корупцијата.Од исклучителна важност се воведувањето на стандарди во управувањето, спроведувањето на работните процеси и давањето на услуги за граѓаните, јакнењето на свеста за превенција на корупцијата и судирот на интереси, како и унапредувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите.Во рамките на борбата на корупцијата, можеби не се перцепира како тесно поврзан, но за мене е исто така значаен Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата.Во овој Закон, се предлага намалување на исклучоците од слободен пристап до информации и скратување на рокот за одговор по барање за информации, бидејќи некогаш закаснетата информација значи губење драгоцено време за реакција во одредени ситуации. Исто така, ги вклучуваме на политичките партии како иматели на информации во делот на нивните приходи и расходи и трансформација на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во Агенција којашто покрај останатите надлежности ќе има надлежност да води прекршочна постапка и да изрекува прекршочни санкции за прекршоците утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.Свесни сме дека успешната борба против корупцијата е формален услов за пристапување во Европската Унија, и во таа насока имаме партнери во Европската унија. Но, она што сме уште повеќе свесни е дека од формалните услови од Европската унија зависат суштински услови за создавање пристоен живот во Република Македонија, за враќање на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите, бидејќи граѓаните се оние коишто првенствено ја дале довербата на политичките партии да ги водат институциите и затоа треба да создадеме капацитетни институции во коишто граѓаните ќе веруваат без оглед која политичка партија е на власт“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Починато новороденче донесено во Поликлиника во Шуто Оризари, случајот пријавен по две недели

Вчера утрото во 09.20 часот од Поликлиника „Интер-Гин“ во населба Шуто Оризари, пријавиле дека во 08,50 часот кај нив Ф.Д.(26) донел починато новороденче родено на 29.11.2018 година.По наредба на Јавен обвинител се извршува обдукција.

Скопје | пред 7 години

pozar

ОЈО донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица - со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од чл. 292 ст.1 во врска со чл.288 ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Надлежниот јавен обвинител утврди дека постои основано сомнение дека лицата како соизвршители на 26.11.2018 година со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во сопственост на оштетениот.Осомничените набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот. Се работи на утврдување на мотивите за извршување на кривичното дело.Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на страв од бегство и на страв дека осомничените можат да ги сокријат трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица.

Скопје | пред 7 години

javno-obvinitelstvo-skopje

ОЈО: За две недели ќе има информации од истрагата за бегството на Груевски

Јавното oбвинителство во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава. Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа што поскоро да ги достави материјалите со кои располага.– Добивме информација од колегите од Црна Гора дека ги прибрале сите снимки кои ни се потребни и во понеделник или вторник ќе одиме да ги преземеме. Колегата вчера ургираше во Албанија да ни се достават што поскоро материјалите што тие ги имаат, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска одговарајќи на новинарски прашања пред одржувањето на конференцијата поврзана со борбата против корупцијата.Таа додаде дека прегледувањето на снимките што ги имаат е веќе при крај и најави дека очекуваат во наредните две недели да излезат со соопштение за резултатите од предистражната постапка.Во врска со фотографијата на Никола Груевски што беше објавена вчера во медиумите и по социјалните мрежи, Русковска истакна дека најверојатно ќе преземат активности да видат од каде потекнува и кој ја сликал. Со оглед на тоа што на неа покрај Греувски, за кој се тврди дека е сликан во Будимпешта, е препознат и еден од обвинетите за случајот на СЈО „Насилство во општина Центар”, Рускоска истакна дека во Обвинителството ќе бидат повикани сите за кои се смета дека можат да дадат одредени информации во врска со бегството на Груевски.-Ние и досега имаме сослушано од неговото обезбедување така што ќе продолжиме во таа насока, рече Рускоска.Министерката за правда Рената Дескоска рече дека засега немаат ништо ново во врска со барањето за екстрадиција на Груевски од Будимпешта, каде што унгарските власти му дадоа политички азил.Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија.

Скопје | пред 7 години

IMG-23374af25a284f491181c2611aa7e901-V-960x720

(ФОТО) Скопје преплавено со транспаренти со пораки против Владата предводена од СДСМ

Низ цело Скопје утрово осамнаа транспаренти на речиси сите поголеми раскрсници. На нив, граѓаните упатуваат пораки до Владата предводена од СДСМ.Имено, на платна е испишано дека СДСМ и Зоран Заев се црнилата во Македонија.Оваа кампања следува откако веќе две недели, опозициската ВМРО-ДПМНЕ носеше и оставаше разни предмети пред повеќе државни институции, тврдејќи дека тие се „зацрнети“.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во низата митинзи кои ги одржа, се осврнуваше на зборот „црнила“, но и на тоа дека кога тие ќе дојдат на власт ќе огрее „нова зора“.

Скопје | пред 7 години

kisela-voda-ubistvo3-640x294

Газдата на скопската менувачница кој уби двајца разбојници нема да биде гонет за убиство

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против едно лице, бидејќи постојат други околности што го исклучуваат гонењето, односно правото на нужна одбрана согласно чл.9 од Кривичниот законик.Против лицето, од страна на МВР – СВР Скопје, беше поднесена пријава за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.3 од Кривичниот законик за настанот кој се случи на 27.11.2017 година во менувачница во Кисела Вода. Пријавениот, инаку сопственик на менувачницата, со пиштол кој го поседувал со дозвола, лишил од живот две лица кои насилно влегле, му се заканиле вооружени со пиштоли, му нанеле повеќе удари во пределот на главата и грбот и се обиделе да извршат кривично дело разбојништво во менувачницата.Во текот на постапката, меѓу другите докази, беше прибавен и вешт наод и мислење за пресметливоста на осомничениот, во кое беше констатирано дека тој бил психофизички здрав и пресметлив, но дека во критичниот момент кај него се развил интензивен страв за сопственото здравје и живот, кој кулминирал кога двете лица влегле зад пултот на менувачницата и започнале да вршат физичко насилство врз него. Од анализата на сите докази прибрани во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител оцени дека осомничениот немал претходно формирана намера некого да лиши од живот, туку делувал исклучиво во нужна одбрана, со цел да го заштити својот живот, своето здравје и имот.Притоа, одбраната била преземена во истиот момент кога бил и нападот и таа е сразмерна на нападот, со што се исполнети елементите на институтот – нужна одбрана, кој не дозволува лицето да биде гонето за кривично дело убиство.

Скопје | пред 7 години

94-_45244979442_o

Денеска 108 – ма седница на Влада

На дневен ред на денешната 108-ма владина седница се пакет закони предложени од Министерството за правда. Министрите ќе одлучуваат за Предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на Законот за судовите, Законот за Судскиот совет, Законот за извршување на санкциите и за Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за прекршоци.Владата денеска ќе ја разгледа и информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на законот за поштенски услуги.За седницата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја предлага информацијата за распишување на јавен повик за прибирање на понуди за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари, со предлог-решение. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Газдата на скопската менувачница кој уби двајца разбојници нема да биде гонет за убиство

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против едно лице, бидејќи постојат други околности што го исклучуваат гонењето, односно правото на нужна одбрана согласно чл.9 од Кривичниот законик, објави курир.мк.Против лицето, од страна на МВР – СВР Скопје, беше поднесена пријава за кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.3 од Кривичниот законик за настанот кој се случи на 27.11.2017 година во менувачница во Кисела Вода. Пријавениот, инаку сопственик на менувачницата, со пиштол кој го поседувал со дозвола, лишил од живот две лица кои насилно влегле, му се заканиле вооружени со пиштоли, му нанеле повеќе удари во пределот на главата и грбот и се обиделе да извршат кривично дело разбојништво во менувачницата.Во текот на постапката, меѓу другите докази, беше прибавен и вешт наод и мислење за пресметливоста на осомничениот, во кое беше констатирано дека тој бил психофизички здрав и пресметлив, но дека во критичниот момент кај него се развил интензивен страв за сопственото здравје и живот, кој кулминирал кога двете лица влегле зад пултот на менувачницата и започнале да вршат физичко насилство врз него. Од анализата на сите докази прибрани во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител оцени дека осомничениот немал претходно формирана намера некого да лиши од живот, туку делувал исклучиво во нужна одбрана, со цел да го заштити својот живот, своето здравје и имот.Притоа, одбраната била преземена во истиот момент кога бил и нападот и таа е сразмерна на нападот, со што се исполнети елементите на институтот – нужна одбрана, кој не дозволува лицето да биде гонето за кривично дело убиство.Извор:курир.мк 

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања