Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Ахмети зборува за историја, а си купува трговски центри“ – порака од Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
ahmetii

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Битола изјави дека СДСМ настапува на изборите со слоганот „се бориме за нашиот дом“, но како што рече, токму тие пред година и три месеци го „уништија домот“.

„Кога дојдов во Владата, првите одлуки беа враќање на плати кои тие не ги исплатиле и исплата на субвенции што со години ги задржувале. Секој ден ми доаѓаше човек што сведочеше за рушвет, тоа трае и денес. Се сеќавате – половина милион наши сограѓани живееја со 150 денари на ден, инфлацијата беше двоцифрена, а стандардот урнат,“ порача Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека во тоа време „ДУИ биле господарите на економијата, одлучувале за тендери и купувале трговски центри, бензински пумпи и деловни простории“, потсетувајќи и на случаите со „играње фудбалчиња во канцеларија“.

Мицкоски се осврна и на критиките од Венко Филипче за зголемувањето на пензиите. „Намерно пропушта да каже дека за година и пол пензиите се зголемени за 5000 денари. Разликата е што тие земаа од пензионерите, а ние испорачавме ветено. За Филипче тоа не се пари, бидејќи е навикнат на јахти и веселби во Дубаи, ама за пензионерите значи многу,“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во говорот тој го спомна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Тажно е што зборува за историски лекции, а неговиот народ се иселува поради криминалното владеење. Во Владата го зголеми своето семејно портфолио со трговски центар во главниот град, неговите луѓе купуваа скапи деловни простории. Но, не кажува ни збор како ќе ги задржи Албанците дома. Тој игра на етничка карта, а ние пишуваме нова книга – за развиена Македонија каде младите ќе се враќаат,“ порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 5 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања