Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АХМЕТИ

media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Министерот Фатмир Лимани даде објаснување по реакциите во ВЛЕН откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со лидерите на ДУИ и на АА, Али Ахмети и Арбен Таравари, на ифтар организиран од албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.Лимани тврди дека распоредот на гостите го одредил домаќинот, додавајќи дека присуството на заедничка трпеза не значи политичка порака.„На трпеза за добредојде не се оди за политички калкулации или за нарушување на атмосферата, туку за да се почитуваат традицијата и гостопримството. Фотографијата или присуството во заедничка средина не ја менува политичката историја на никого“, изјави Лимани.Тој додаде дека додека дел од јавноста се обидува да создаде дилеми од една фотографија, тој се соочува со, како што вели, „отворен и исклучувачки обид“ против него од луѓе со кои го градел политичкиот проект.Еден од лидерите на ВЛЕН, Билал Касами, изјави дека Лимани во Тирана заминал самостојно, а не како претставник на коалицијата. Касами додаде дека ќе се разгледа и неговата позиција во Владата како кадар на Движењето Беса.„Фотографијата не е најдобра, но ја покажува позицијата на министер кој сè уште е дел од владата предложена од ВЛЕН. Останува на Лимани да објасни зошто седнал на маса со Али Ахмети, за кого самиот кажал дека никогаш не би седел со оние што ги обвини за убиството на неговиот татко“, изјави Касами.Случувањата доаѓаат во период кога ВЛЕН е во процес на обединување во една политичка партија. Во меѓувреме, Арбен Фетаи, кој важеше за претставник на Алијансата за Албанците во коалицијата, остана надвор од процесот, а неговото место го презеде Латиф Арифи, со поддршка од Азир Алиу и Мимоза Муса.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydnjdsacme7kdaNT3LDk

Се дестабилизира државата со одлуките на Уставен суд кој се претвора во параполитичка институција, им пишал Ахмети на странците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку нон-пејпер испратен до меѓународните партнери предупредува дека одлуките и постапките на Уставниот суд отвораат чувствителни прашања кои можат да ги дестабилизираат меѓуетничките односи во земјата.Ахмети го обвинува Судот дека се претвора во параполитичка институција, дека носи одлуки по етничка линија и дека со своите иницијативи ги доведува во прашање темите поврзани со Охридскиот рамковен договор.Како проблематични се посочуваат укинувањето на „балансерот“, иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците, намалувањето на бројот на општински советници, како и отворањето на прашањето за таканаречените „хашки случаи“, односно Законот за амнестија.ДУИ претходно побара оставка од претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, а не ја исклучува и можноста да бара кривична одговорност, оценувајќи дека со ваквите постапки се нарушува уставниот поредок.Во нон-пејперот Ахмети пред странските претставници го отвора и прашањето за воведување на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд, односно законите донесени со двојно мнозинство да не можат да се укинуваат без ист таков принцип на одлучување.ДУИ во документот предлага и три мерки: избор на влада со Бадентеров принцип, негова примена во Уставниот суд и продлабочување на децентрализацијата. Партијата повторува и дека е потребен сеопфатен ветинг во институциите.

Македонија | пред 2 седмици

media-library41br1gou1qek5Gy9cIO

ВЛЕН бара објаснување од министерот Лимани за фотографијата со Али Ахмети и Арбен Таравари

Коалицијата ВЛЕН побара јавно објаснување од Фатмир Лимани, откако актуелниот министер за социјална политика, демографија и млади од редовите на Беса беше забележан на заедничка фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со претседателто на Алијансата а Албанците, Арбен Таравари.Објавената фотографија е направена на ифтарската вечера организирана од премиерот на Албанија, Еди Рама. а од ВЛЕН реагираа дека тој треба лично да објасни зошто седел на заедничка маса со Али Ахмети и Арбен Таравари.„Во интерес на вистината, а со цел да се прекинат различните толкувања за вечерашната ифтарска фотографија кај албанскиот премиер Еди Рама, очекуваме Фатмир Лимани лично да ѝ објасни на пошироката јавност зошто седел на заедничка маса со Али Ахмети и Арбен Таравари. По сè што јавно има изјавено против нив, Лимани има морална обврска да ги разјасни забуните што природно се наметнуваат“, велат од Влен за ТВ21.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryubcsa556keil7DKsDUc

ДУИ нудела влез во Владата по секоја цена, Ахмети прифатил помалку министерства и без претседател на Собрание, вели Стојаноска

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, изјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бил подготвен на значајни отстапки само за да стане дел од новата влада, вклучително и прифаќање помал број министерства од коалицијата ВЛЕН и откажување од барањето Албанец да биде претседател на Собранието.Стојаноска посочи дека Ахмети во јавноста тврди оти пред една година со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, договорил предвремени избори, но, како што нагласи, не ја кажува целосната вистина за средбата што се одржала во нејзината канцеларија. Според неа, на таа средба Ахмети нудел влез во Владата без барање за претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од она што го барала коалицијата ВЛЕН, само за да биде дел од истата влада.„Ние останавме истрајни во она што беше јасна порака од народот – дека ДУИ мора да оди во опозиција. Затоа, пред да кажува невистини, нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини“, изјави Стојаноска.Таа додаде дека останува отворено прашањето дали ваквите јавни изјави на Ахмети имаат за цел да ја спречат ерозијата во сопственото членство и кај досегашните поддржувачи на ДУИ.

Македонија | пред 2 месеци

mickoski-ahmeti

Законот за прекршоци ќе помине со двотретинско мнозинство без Бадентер, „Сејф сити“ стартува од февруари, Ахмети не условува, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на лидерската средба било договорено безусловно да се поддржат измените на Законот за прекршоци, со што ќе се овозможи старт на системот „Сејф сити“. Тој појасни дека иако од Али Ахмети биле спомнувани наводни поднесени амандмани, подоцна било констатирано дека такви не постојат, по што било договорено координаторите на пратеничките групи да одржат посебен состанок.Според Мицкоски, очекувањата се Законот за прекршоци да биде усвоен на следната собраниска седница со двотретинско мнозинство, без примена на Бадентеровиот принцип. Тој најави дека проектот „Сејф сити“ би требало да започне со имплементација од февруари, при што најпрвин ќе следува фаза на нивелирање, која може да трае неколку месеци, а потоа и влегување во следната оперативна фаза.Прашан за евентуалните услови на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поддршка на законските измени, Мицкоски истакна дека не очекува политички калкулации кога станува збор за прашања што директно се поврзани со заштита на човечки животи. Тој додаде дека е можно да има средба со Ахмети, но дека засега не е утврден конкретен датум.Премиерот повтори дека „Сејф сити“ е проект од суштинско значење за безбедноста во сообраќајот и јавниот простор и дека очекува политичка зрелост и одговорност од сите парламентарни субјекти за негово конечно ставање во функција.

Македонија | пред 2 месеци

ahmetii

И Ахмети по Апасиев одлучи да оди на лидерска, осамен во бојкотот остана Филипче

Али Ахмети ќе присуствува на утрешната лидерска средба. Ова е одлука на партиското тело. Избор на Влада со Бадентер, одлуките на Уставен за законите со Бадентер, да се носат со двојно мнозинство, членството на Македонија во ЕУ и договорот кој што ДУИ го нуди за спас на државата, ова ќе бидат барањата на ДУИ кој од партијата е овластен да носи одлуки на средбата.Потврда за учество има и од Левица. Тие ќе бараат изборна единица и еднаков медиумски пристап за избори за сите партии.Само СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата.„На Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт.Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните.Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните”, вели Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче за заканите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче одговори на заканите на Али Ахмети кој рече:,, Нема никој во Македонија од мене што подобро прави национализам. Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови”.Филипче смета дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање.,,Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од друга на од другите етнички заедници нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети.Гледам кажал ја растурил Југославија, ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин.Во однос на коментарите на ВМРО-ДПМНЕ нека го гледаат сопствениот двор со какви кадри располагаат. Еве гледаме за жал кадрите што ја менаџираат во овој момент државата граѓаните ги доведоа до просјачки стап. Така да тоа треба да им е работата нив, не да се занимаваат со СДСМ.Имаме многу висок критериум за избор на личности на сите позиции и практично се спремаме на следните избори,кога и да се случат, власта да ја вратиме во рацете на граѓаните”, рече Филипче

Македонија | пред 3 месеци

media-library69fqtegusji19Pvvy53

Ахмети: Јас ја уништив Југославија, не сум претставник на мачки, туку на лавови

Различни оценки има за петтиот конгрес на ДУИ, на кој Али Ахмети беше реизбран за лидер.За партијата конгресот бил успешен и ја потврдил нејзината висока политичка зрелост и капацитет за длабоко, одржливо и сеопфатно реформско преструктуирање.Додека едни се одишевени, Валмир Азири, еден од функционерите на ДУИ во Тетово и поранешен државен секретар во Министерството за култура оценува дека во паријата на се случила реформа, туку шоу.За Изет Меџити од ВЛЕН по изборниот дебакл, Конгресот на ДУИ станал театар во кој од никого не била побарана политичка одговорност.Ахмети пак се пофали:,,Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, кажа Ахмети.Тој има два плана, планот А е развој и напредок на државата, а изрази надеж дека нема да се префрли на план Б.„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, рече Ахмети.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Ахмети старо-нов лидер на ДУИ: бара Бадентер за избор на Влада и целосен ветинг за функционерите

Али Ахмети е реизбран за лидер на ДУИ на партискиот конгрес. Арбер Адеми е избран за генерален секретар на петтиот конгрес на Демократската унија за интеграција.Фатон Ахмети е избран за потпретседател на партијата.За други потпретседатели на партијата се избрани Бујар Османи, Еркан Арифи, Арбана Пашоли и Арта Билали-Зендели.Ахмети на Конгресот најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години.Ахмети се залага и за воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата, потоа примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд и нова фаза на функционална и фискална децентрализација.„Унитарната држава може да биде функционална и стабилна само доколку се темели врз довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа. Во таа насока, предлагаме три клучни мерки кои обезбедуваат правична застапеност, функционална еднаквост и општествена кохезија, во духот на Рамковниот договор од Охрид. Прво, избор на Владата со двојно мнозинство, односно извршен Бадентер; Секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство од вкупниот број пратеници, туку и со мнозинство од пратениците кои ги претставуваат немнозинските заедници”, рече Ахмети.ДУИ ја поддржува идејата за темелна истрага на потеклото на имотот, приватизацијата и дејствијата на безбедносните служби од 1945 година до денес, бидејќи смета дека правдата не смее да биде селективна.

Македонија | пред 3 месеци

media-library69fqtegusji19Pvvy53

Ахмети на плоштадот „Скендербег“: Нашата борба е чиста, нашите момчиња се невини

Денешниот протест на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, посветен на поддршка за поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), привлече голем број граѓани и претставуваше впечатливо иконографско и националистичко собрание. Многу од присутните носеа знамиња на УЧК, на основачот Адем Јашари, како и симболи на Голема Албанија. На бината беа поставени и знамиња на Албанија, САД, ЕУ, НАТО, па дури и на Македонија, додека знамето на Косово недостасуваше.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говор порача дека судскиот процес во Хаг против поранешните команданти на ОВК, меѓу кои поранешниот косовски премиер Хашим Тачи и поранешниот претседател Јакуп Красниќи, треба да заврши со ослободителна пресуда. Тој ги оцени обвинетите како невини и ги опиша како борци за слобода на албанскиот народ.„Време е нашите момчиња да се вратат дома! Нашите момчиња се невини, нашата борба е чиста! Војната на ОВК е света и затоа сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК!“, рече Ахмети пред присутните.Ахмети во својот говор ги спомена и поранешниот американски дипломат Џејмс Рубин, како и поранешниот амбасадор на САД во Македонија и Србија Кристофер Хил, како и влијанието на Москва и Белград. Лидерот на ДУИ оцени дека по Тирана и Приштина, Скопје го покажало својот став за поддршка на слобода и правда за поранешните припадници на ОВК.Протестот ја истакна поддршката на Албанците во Македонија за поранешните команданти на ОВК и ја нагласи националистичката и политичката димензија на денешниот собир.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd6fv9oi5jsmm3Tkz9s3

Ахмети повика на масовен митинг во поддршка на поранешните лидери на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати повик до граѓаните за масовно учество на митингот што ќе се одржи утре, 13 декември, во 13 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во знак на поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.Во своето соопштение, Ахмети нагласи дека ОВК претставува дел од националниот идентитет и дека целта на собирот е, како што наведе, барање правда и отфрлање на „измислените обвинувања“ од Србија и Русија.„Утре, на 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот ‘Скендербег’ во Скопјe, се обединуваме за јасна цел: барањето за правда и отфрлањето на измислените обвинувања од Србија и Русија. Излегуваме одговорно, за да ја почитуваме жртвата и да ја одбраниме вистината за нашата историја. Ве поканувам сите да бидеме заедно утре“, стои во повикот на Ахмети.Организаторите најавуваат мирен собир со јасна порака за поддршка на обвинетите поранешни команданти на ОВК.

Македонија | пред 3 месеци

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

По критиките од Мицкоски, Ахмети со порака: „Горди и непоколебливи, ќе бидеме на плоштад“

Поддржувачи на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово најавија масовен протест во Скопје на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“. Настанот, кој следи по протестите во Хаг, Приштина, Тирана и Стразбур, го организираат ветерани и здруженија што бараат „правда за обвинетите во Хаг“.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно ги повика граѓаните да се приклучат на протестот, наведувајќи дека, како што рече, „гласот за правдата мора да се слушне и во Скопје“. Во неговата објава Ахмети ја истакна поддршката за ОВК и порача дека „слободата не се обвинува, туку се брани“, алудирајќи на судскиот процес против косовските лидери.Според него, поддршката што доаѓала од Приштина и Тирана ќе продолжи и во Скопје, а протестот го нарече „дел од борбата за вистината“.Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го повика Ахмети да се откаже од протестот, оцени дека ваквиот чекор ќе го изолира лидерот на ДУИ на политичката сцена. Тој тврдеше дека протестот е мотивиран од внатрепартиски пресметки пред конгресот на ДУИ и предупреди дека ваквите потези можат да создадат дополнителни тензии.Мицкоски изјави дека, според информациите што ги добива, на протестот би можеле да се приклучат групи од Косово и Албанија, како и неколку помали радикални структури од земјата. Тој додаде дека не очекува поддршка за протестот од коалициската групација „Вреди“, ниту пак позитивен сигнал од меѓународната заедница.Здружението на ветераните на ОНА, кое исто така најави учество, посочи дека протестот во Скопје ќе биде петтиот по ред собир за поддршка на обвинетите поранешни лидери на ОВК.Настанот е закажан за 13 декември во 13 часот, со најавен марш кон плоштадот „Скендербег“.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryj8gbb1p5ksjdfYmutYa

Илир Демири го напушти Ахмети, ќе делува како независен пратеник

Пратеникот Илир Демири официјално го известил претседателот на Собранието Африм Гаши, дека ќе продолжи да делува како независен пратеник.Демири, досега беше дел од пратеничката група на Европскиот фронт. Неговата одлука веднаш е ажирирана и тој веќе стои како независен пратеник на официјалната веб-страница на Собранието, но како коалиција стои „Европски фронт“.Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, кој на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.Одлуката на Демири следува откако Села најави дека ја напушта коалицијата со ДУИ.Инаку од месец февруари до јуни 2024 годин, Демири ја извршуваше функцијата министер за здравство.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4tleioo2toejbmAASGH

(Фото) Ахмети откри споменик на Скендербег во кичевско Горане

Во селото Гаране, кичевско, вчера ма Денот на албанското знаме, беше откриен споменик на Скендербег.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека споменикот ќе биде вечен симбол на слободата, отпорот и националната гордост.„Овој важен момент доаѓа токму на ден кога нашите срца чукаат посилно за црвено-црното знаме, потсетувајќи нè на патот на жртвата што нè донесе овде“, објави Ахмети на Фејсбук.Тој нагласи дека во текот на денот се оддаде почит и на споменикот на Албанката мајка во Зајас, кој, според него, симболизира посветеност, жртва и безусловна љубов што го одржува семејството и нацијата живи со векови.„Оваа двојна почит, на херој и мајка, нè потсетува дека нашата слобода и идентитет се заедничко наследство на мажите и жените кои дадоа сè за нашата иднина“, потенцира Ахмети.

Македонија | пред 4 месеци

ahmeti-grubi

Ахмети со поддршка за Хашим Тачи и соборците: „Овие луѓе се сојузници на Америка, не злосторници“

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, изјави дека денеска „со ум и срце“ ќе биде на протестот организиран од Организацијата на војната на Ослободителната војска на Косово (ОВЛ УЧК) во Стразбур, јави Ора њуз.„Овој суд не суди за тоа за што е основан, туку ги суди клеветите на Србија измислени од Русија. Хашими, Кадриу, Реџепи, Јакупи и другите се сојузници на Америка и Косово, и нивното место е во Косово“, напиша Ахмети.Тој оцени дека токму во Стразбур започнала „големата неправда врз ОВК и албанскиот народ“, додавајќи дека поранешните водачи на косовската борба за независност се неправедно обвинети.„Нивната невиност е потврдена од нашите американски и европски пријатели во Хаг. Неправдата мора веднаш да заврши — целиот албански народ се залага за правда и за светоста на нашата ослободителна војна“, порача Ахмети.Протестот во Стразбур започна денеска во 13 часот пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, во знак на поддршка за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово кои се во притвор во Хаг.

Свет | пред 4 месеци

ahmeti-4

Ахмети: Довербата на граѓаните не е ослабена, туку зајакната

По завршувањето на вториот круг од локалните избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека неговата партија и коалицијата НАИ ја добиле довербата на народот со над 23.000 гласови предност, оценувајќи ја оваа поддршка како „морален и политички мандат“ за продолжување на работата во нов дух – пообединет, подисциплиниран и посветен на граѓаните, пренесе „Коха“.„Победата на народното и општинското гласање, со разлика од над 23.000 гласови, е морален и политички мандат што нè обврзува да продолжиме пообединети, подисциплинирани и попосветени на граѓаните. На крајот на денот, легитимитетот на секоја политичка визија произлегува од довербата на граѓаните, а оваа доверба не е оштетена, туку зајакната“, изјави Ахмети.Во својот говор одржан во седиштето на партијата, тој нагласи дека ДУИ останува партија со стабилна поддршка и дека резултатите не се причина за разочарување, туку за преиспитување и нова енергија.„Ќе спроведеме длабинска анализа, ќе ги обновиме нашите редови и стратегии и ќе ги исправиме сите недостатоци за да им понудиме повеќе и подобро на граѓаните“, порача Ахмети, додавајќи дека губењето на неколку општини ќе биде искористено како повик за самоанализа и подобрување.Ахмети најави дека ДУИ ќе се фокусира на зајакнување на локалните структури и на подобро управување со локалната политика, со цел поефикасно претставување и обезбедување подобри услуги за сите заедници низ земјата.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Албански медиум: Ахмети размислува за повлекување по локалните избори

Досегашниот неприкосновен лидер на ДУИ, Али Ахмети сериозно размислува да се повлече од активната политика, објави медиумот на албански јазик „Фол“.Информациите медиумот ги добил од ДУИ и според нив, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите од партијата.Засега нема официјален коментар на оваа информација од ДУИ и од Ахмети, кој се нема огласено во медиумите и социјалните мрежи по првиот изборен круг на 19 октомври, на кои коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи само во Липково и во Пласница.Оставка од Ахмети по првиот круг од локалните избори побараа челниците на ВРЕДИ, а за Бујар Османи, Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците.

Македонија | пред 5 месеци

ahmetii

„Ахмети зборува за историја, а си купува трговски центри“ – порака од Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Битола изјави дека СДСМ настапува на изборите со слоганот „се бориме за нашиот дом“, но како што рече, токму тие пред година и три месеци го „уништија домот“.„Кога дојдов во Владата, првите одлуки беа враќање на плати кои тие не ги исплатиле и исплата на субвенции што со години ги задржувале. Секој ден ми доаѓаше човек што сведочеше за рушвет, тоа трае и денес. Се сеќавате – половина милион наши сограѓани живееја со 150 денари на ден, инфлацијата беше двоцифрена, а стандардот урнат,“ порача Мицкоски.Тој додаде дека во тоа време „ДУИ биле господарите на економијата, одлучувале за тендери и купувале трговски центри, бензински пумпи и деловни простории“, потсетувајќи и на случаите со „играње фудбалчиња во канцеларија“.Мицкоски се осврна и на критиките од Венко Филипче за зголемувањето на пензиите. „Намерно пропушта да каже дека за година и пол пензиите се зголемени за 5000 денари. Разликата е што тие земаа од пензионерите, а ние испорачавме ветено. За Филипче тоа не се пари, бидејќи е навикнат на јахти и веселби во Дубаи, ама за пензионерите значи многу,“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Во говорот тој го спомна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Тажно е што зборува за историски лекции, а неговиот народ се иселува поради криминалното владеење. Во Владата го зголеми своето семејно портфолио со трговски центар во главниот град, неговите луѓе купуваа скапи деловни простории. Но, не кажува ни збор како ќе ги задржи Албанците дома. Тој игра на етничка карта, а ние пишуваме нова книга – за развиена Македонија каде младите ќе се враќаат,“ порача Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygm9m3o3l6l2bfSDVIdL

(Видео) Ахмети до Мицкоски: „Христијане млад си размисли, орли летајте високо – кучиња, чувајте се од зајци“

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции со сцени од војната во 2001 година започна конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Атмосферата на почетокот беше јасна демонстрација на симболиката и политичкото наследство на кое партијата гради мобилизација во кампањата. Во салата се скандираше и „Артан Груби“.Лидерот Али Ахмети го искористи говорот за жестока критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини дека преку своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии.„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.Со оваа порака Ахмети го стави Мицкоски во центарот на критиката, обвинувајќи го дека со постапките ја поттикнува обединувачката енергија кај Албанците.

Македонија | пред 6 месеци

ahmeti-bujar

Ахмети бара внимание со квази-патриотизам од „милошевички вид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека тој секогаш пред избори прибегнува кон манипулативни теми и создавање тензии.„Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една ‘немирна закачица’ и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува. Исто како и достоинството и поддршката,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата сметаат дека со „павлов рефлекс“ пред секои избори Ахмети зборува за крв и квази-патриотизам „од најдолен милошевички вид“, наместо да се соочи со реалните проблеми.„Ахмети ги потценува Албанците кои, поради тајкуните и шеиците што тој ги создаде на грбот на чесните граѓани, живеат тешко и сè повеќе се иселуваат од земјава. Да си го потценуваш сопствениот народ и да измислуваш теми кои се погрешни, манипулативни и создаваат тензии само затоа што си уплашен – тоа не е убаво,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 месеци

Gruevski-Ahmeti-696x371

Меџити: Автомобилот на Али Ахмети стоел 24 часа во полициска станица, се сомневаа дека Груевски избегал со него

Првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, упати ново сериозно обвинување кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.Во интервју за весникот Лајм, Меџити изјави дека во времето кога поранешниот премиер Никола Груевски побегнал од земјата, автомобил на Ахмети бил задржан 24 часа во полициска станица под сомнение дека токму со него Груевски можел да ја напушти државата.„Автомобилот на Али Ахмети стоел цел ден во полициска станица, затоа што се сомневаа дека Груевски избегал со него. Ова е вистина што многу брзо целосно ќе излезе пред јавноста,“ изјави Меџити.Тој нагласи дека станува збор за еден од најскандалозните случаи кој, според него, ги потврдува сомнителните врски на тогашната власт со бегството на Груевски во Будимпешта. Меџити додаде дека граѓаните имаат право да знаат што точно се случувало зад сцената.

Македонија | пред 6 месеци

mickoski-ahmeti

Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите, но огледалото е од Али-експрес, вели ВМРО-ДПМНЕ за Ахмети

ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во последните настапи повторно се навраќа на 2001 година.„ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, но сега е 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат државата. Ахмети се враќа 24 години наназад, а 23 од тие години беше на власт и учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите,“ стои во реакцијата.Од опозициската партија велат дека најголемите бенефити од конфликтот ги добиле „50-тина луѓе од врвот на ДУИ, кои од овчари, земјоделци, механичари и слаткари станаа шеици и тајкуни“, додека граѓаните, особено Албанците, масовно се иселувале.„Ахмети дури и да ја поделел Македонија во 2001 година, денес ќе имал иста држава – празна, сиромашна и опљачкана. ДУИ 24 години произведува тајкуни блиски до партијата, а резултатот е пепел и сиромаштија,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата дополнително оценува дека „српското влијание врз ДУИ е непобитно“, споредувајќи ги со „скороевиќите од времето на Милошевиќ“.„Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите криминалци, но огледалото е од Али-експрес, па делуваат трагикомично,“ се додава во реакцијата.

Македонија | пред 6 месеци

ahmeti-bujar

Ахмети: Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на партискиот собир во Чаир одговори на, како што рече, „измислени наводи“ од дел од политичарите дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија.„Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници. Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни,“ изјави Ахмети, пренесуваат медиумите на албански јазик.На настанот, заедно со кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, лидерот на ДУИ го потпиша таканаречениот „Акт на Чаир“, кој, според него, претставува „запечатување на најголемото национално единство од 2001 година“.

Коментари | пред 6 месеци

ahmeti-bujar-1

Ахмети: Во Чаир потпишан „Актот на Чаир“ – најголемо национално обединување по 2001 година

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа на својот „Фејсбук“ профил објави дека заедно со кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи и пратеникот Скендер Реџепи – Зејди го потпишале „Актот на Чаир“, кој, како што истакна, претставува „најголемо национално обединување по 2001 година“.„Сите се обединети, како и порано, за да се врати достоинството, за да се врати честа, за да се заштитат постигнатите права. Тогаш повикот беше за да се добие еднаквост, денес е за да се одбрани,“ напиша Ахмети.Тој додаде дека целта на движењето е да ѝ се стави крај на дискриминацијата, потценувањето и лошото управување, потенцирајќи дека станува збор за „сепопуларно движење на отпор и надеж, кое секој ден станува посилно и поинклузивно“.Ахмети во пораката упати повик за мобилизација пред изборите во октомври: „Сите на нозе, подготвени за референдумот во октомври!“ – стои во објавата.

Скопје | пред 6 месеци

519681974_1328214758986748_119152773283381761_n

Ахмети и Беџети со порака за мобилизација: „Сарај обединет, подготвен за победа“

„Сарај обединет и решителен кон следната победа“, порача пратеникот Блерим Беџети, објавувајќи фотографија од партиската средба во седиштето на ДУИ, на која е и лидерот Али Ахмети.„Во овој момент, во пресрет на изборите во октомври, структурите и активистите се собраа за да покажат единство, посветеност и целосна подготвеност да ја спроведат волјата на граѓаните“, напиша Беџети на социјалните мрежи.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања