Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Законот за прекршоци ќе помине со двотретинско мнозинство без Бадентер, „Сејф сити“ стартува од февруари, Ахмети не условува, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
mickoski-ahmeti

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на лидерската средба било договорено безусловно да се поддржат измените на Законот за прекршоци, со што ќе се овозможи старт на системот „Сејф сити“. Тој појасни дека иако од Али Ахмети биле спомнувани наводни поднесени амандмани, подоцна било констатирано дека такви не постојат, по што било договорено координаторите на пратеничките групи да одржат посебен состанок.

— реклама —

Според Мицкоски, очекувањата се Законот за прекршоци да биде усвоен на следната собраниска седница со двотретинско мнозинство, без примена на Бадентеровиот принцип. Тој најави дека проектот „Сејф сити“ би требало да започне со имплементација од февруари, при што најпрвин ќе следува фаза на нивелирање, која може да трае неколку месеци, а потоа и влегување во следната оперативна фаза.

— реклама —

Прашан за евентуалните услови на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поддршка на законските измени, Мицкоски истакна дека не очекува политички калкулации кога станува збор за прашања што директно се поврзани со заштита на човечки животи. Тој додаде дека е можно да има средба со Ахмети, но дека засега не е утврден конкретен датум.

— реклама —

Премиерот повтори дека „Сејф сити“ е проект од суштинско значење за безбедноста во сообраќајот и јавниот простор и дека очекува политичка зрелост и одговорност од сите парламентарни субјекти за негово конечно ставање во функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 15 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања