Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Министерот Фатмир Лимани ги отфрли реакциите во ВЛЕН по фотографијата од ифтар во Тирана, каде седел со Али Ахмети и Арбен Таравари. Вели дека распоредот го одредил домаќинот Еди Рама и дека заедничката трпеза не носи политичка порака. Лидерот на ВЛЕН Билал Касами рече дека Лимани отишол сам, не како претставник на коалицијата, и најави разгледување на неговата позиција во Владата. Настанот се случува додека ВЛЕН се обединува во партија, со промени во претставувањето на АА во коалицијата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот Фатмир Лимани даде објаснување по реакциите во ВЛЕН откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со лидерите на ДУИ и на АА, Али Ахмети и Арбен Таравари, на ифтар организиран од албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.

— реклама —

Лимани тврди дека распоредот на гостите го одредил домаќинот, додавајќи дека присуството на заедничка трпеза не значи политичка порака.
„На трпеза за добредојде не се оди за политички калкулации или за нарушување на атмосферата, туку за да се почитуваат традицијата и гостопримството. Фотографијата или присуството во заедничка средина не ја менува политичката историја на никого“, изјави Лимани.

— реклама —

Тој додаде дека додека дел од јавноста се обидува да создаде дилеми од една фотографија, тој се соочува со, како што вели, „отворен и исклучувачки обид“ против него од луѓе со кои го градел политичкиот проект.

— реклама —

Еден од лидерите на ВЛЕН, Билал Касами, изјави дека Лимани во Тирана заминал самостојно, а не како претставник на коалицијата. Касами додаде дека ќе се разгледа и неговата позиција во Владата како кадар на Движењето Беса.

„Фотографијата не е најдобра, но ја покажува позицијата на министер кој сè уште е дел од владата предложена од ВЛЕН. Останува на Лимани да објасни зошто седнал на маса со Али Ахмети, за кого самиот кажал дека никогаш не би седел со оние што ги обвини за убиството на неговиот татко“, изјави Касами.

Случувањата доаѓаат во период кога ВЛЕН е во процес на обединување во една политичка партија. Во меѓувреме, Арбен Фетаи, кој важеше за претставник на Алијансата за Албанците во коалицијата, остана надвор од процесот, а неговото место го презеде Латиф Арифи, со поддршка од Азир Алиу и Мимоза Муса.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Македонија | пред 1 седмица

media-library41br1gou1qek5Gy9cIO

ВЛЕН бара објаснување од министерот Лимани за фотографијата со Али Ахмети и Арбен Таравари

Македонија | пред 2 седмици

grubi-41

Вреди: Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите

Македонија | пред 1 месец

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ВЛЕН: Стариот лисец Ахмети од вчера стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања