Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТАРАВАРИ

mickoski-taravari-1

Мицкоски: Таравари тагува по Ѓока бизнисот којшто не му успеа, односите со него беа вовлекувачки

Арбен Таравари вчера во телевизиско гостување го обвини премиерот Христијан Мицкоски за свесно слабеење на албанскиот политички фактор, а Влен ги нарече декор во владата без реален импакт.Според Мицкоски ова се неосновани тврдења и политички маневри. Тој посочи дека Таравари„Јас сè уште не можам да се изначудам зошто господинот Таравари тагува по Ѓока, бизнисот којшто не му успеа, и во јавноста измислува работи коишто немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Инаку јас многу пати сум ги коментирал односите во Владата и односите со нашиот партнер ВЛЕН, и можам да кажам дека се исклучително принципиелни за разлика од односите коишто ги имавме со господинот Таравари, којшто беа исклучително вовлекувачки од негова страна. Така што претпоставувам тој принцип на вовлекување којшто го применувал кон мене сега го применува кон нивниот нов коалициски партнер, а тоа е Демократската унија за интеграција. Тогаш во комуникацијата со мене жестоко ги критикуваше, сега претпоставувам во комуникацијата за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети ме критикува мене“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Не можам да бидам кукла во една влада

Одлуката за напуштање на владината коалиција не била изненадна, туку резултат на подолг период на незадоволство и чувство на исклученост од клучните процеси, изјави Арбен Таравари во емисијата „Вин-Вин“ на Телма телевизија.„Нашата идеја на почетокот на 2024 година беше многу добра – им кажавме на Албанците дека се потребни промени по 22 години власт на ДУИ“, изјавиТаравари, потсетувајќи дека коалицијата Влен успеала да освои 107.000 гласови и да ја исполни својата главна цел – испраќање на ДУИ во опозиција.Сепак, според него, по само десет месеци владеење, очекувањата биле заменети со разочарување. Таравари тврди дека нивните кадри биле маргинализирани, а институционалното влијание сведено на минимум.„Влен е само декор во владата, без вистинско влијание“, изјави тој, додавајќи дека ваквата позиција е неприфатлива за неговата партија.Тој остро критикуваше дека е подобро да се биде во опозиција отколку дел од, како што рече, нефункционален систем.„Не можам да бидам кукла во една влада“, нагласи Таравари.Во однос на внатрепартиските состојби, тој изрази уверување дека разделбата со Зијадин Села не претставува загуба, туку процес кој веќе бил завршен.Таравари предупреди и за пошироките политички предизвици, истакнувајќи дека застојот во евроинтеграциите и оддалечувањето од реформите претставуваат сериозна опасност за државата. Според него, земјата веќе заостанува зад Албанија и Црна Гора, додека се наоѓа во група со Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Македонија | пред 3 дена

media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Министерот Фатмир Лимани даде објаснување по реакциите во ВЛЕН откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со лидерите на ДУИ и на АА, Али Ахмети и Арбен Таравари, на ифтар организиран од албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.Лимани тврди дека распоредот на гостите го одредил домаќинот, додавајќи дека присуството на заедничка трпеза не значи политичка порака.„На трпеза за добредојде не се оди за политички калкулации или за нарушување на атмосферата, туку за да се почитуваат традицијата и гостопримството. Фотографијата или присуството во заедничка средина не ја менува политичката историја на никого“, изјави Лимани.Тој додаде дека додека дел од јавноста се обидува да создаде дилеми од една фотографија, тој се соочува со, како што вели, „отворен и исклучувачки обид“ против него од луѓе со кои го градел политичкиот проект.Еден од лидерите на ВЛЕН, Билал Касами, изјави дека Лимани во Тирана заминал самостојно, а не како претставник на коалицијата. Касами додаде дека ќе се разгледа и неговата позиција во Владата како кадар на Движењето Беса.„Фотографијата не е најдобра, но ја покажува позицијата на министер кој сè уште е дел од владата предложена од ВЛЕН. Останува на Лимани да објасни зошто седнал на маса со Али Ахмети, за кого самиот кажал дека никогаш не би седел со оние што ги обвини за убиството на неговиот татко“, изјави Касами.Случувањата доаѓаат во период кога ВЛЕН е во процес на обединување во една политичка партија. Во меѓувреме, Арбен Фетаи, кој важеше за претставник на Алијансата за Албанците во коалицијата, остана надвор од процесот, а неговото место го презеде Латиф Арифи, со поддршка од Азир Алиу и Мимоза Муса.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryemfhs4k6mr4m2wASFPs

Таравари поднесе тужба за клевета против Меџити

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат Aбидин Абдули, вчера поднел тужба за клевета во Основниот суд Скопје 2 против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.Во соопштението се наведува дека тужбата доаѓа по изјавите дадени од Меџити во телевизиска емисија на Lajm TV, каде што тој тврдел дека Таравари за време на својот мандат како министер, издал седум лиценци за фабрики за преработка на канабис.Според соопштението, пред поднесувањето на тужбата бил даден и законски рок за јавно извинување, кој Меџити не го искористил.Таравари ги демантира овие обвинувања, оценувајќи ги како невистинити и клеветнички. Тој претходно најави дека ќе преземе правни чекори доколку не биде упатено јавно извинување за дадените изјави.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Ни треба нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците во земјата, фискална конфедерација или федерација

Ни треба нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците во земјата, а тоа е фискална конфедерација или федерација, вели Арбен Таравари во подкастот „Риштази“ („Скоро“) на „Коха“.Тој вели дека федерализацијата на државата не се однесува на територијална поделба, туку овој модел значел поголеми овластувања и повеќе финансиски средства за општините, со што, како што вели, локалната самоуправа би добила значително посилна улога во управувањето и развојот.„Наскоро ќе го промовираме нашиот нов договор за односите меѓу двата етникума што живеат во Македонија. Главниот столб на нашата следна кауза ќе биде децентрализацијата – фискална конфедерација или федерација, не територијална“, изјави Таравари.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Според досега пребројаните гласови од повторените избори за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани има убедливо водство пред противкандидатот Невзат Бејта, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија.Иако резултатите сѐ уште не се конечни, од изборниот брифинг, како и од увидот во податоците на ДИК, може да се заклучи дека кандидатот Валбон Лимани, кој настапува со поддршка на коалицијата поврзана со Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција, има значајна предност во однос на Невзат Бејта, кандидат на коалицијата ВРЕДИ.Според последните објавени бројки, при обработени над две третини од избирачките места, Лимани освојува над 60 проценти од гласовите, додека Бејта останува на околу 30 проценти поддршка. Во Гостивар досега се преброени гласовите од 100, од вкупно 121 избирачко место, со излезност од над 71 илјада гласачи.Валбон Лимани по професија е доктор, а во минатото ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Гостивар во периодот кога Арбен Таравари беше градоначалник. Подоцна, по заминувањето на Таравари во извршната власт, Лимани ја презеде и функцијата вршител на должност градоначалник. На редовните локални избори во октомври минатата година, Лимани не успеа да обезбеди победа, откако му недостигаа само 21 глас за да го помине потребниот цензус, иако освои значително повеќе гласови од кандидатот на тогашната коалиција ВРЕДИ.Неговиот противкандидат Невзат Бејта е долгогодишна политичка фигура во Гостивар. Тој беше градоначалник на општината во два мандати како кандидат на ДУИ, а се обиде да освои и трет мандат, но на тие избори загуби од Арбен Таравари. Бејта во минатото ја извршуваше и функцијата пратеник во Собранието како кандидат на ДУИ.Од Државната изборна комисија најавуваат дека конечните резултати ќе бидат соопштени по целосното пребројување на сите гласачки места, по што ќе биде јасно дали водството на Лимани ќе се претвори и во официјална победа на повторените избори за градоначалник на Гостивар.

Македонија | пред 2 месеци

taravari-vredi-koalicija-h

Крилото на Таравари со поддршка за протестот за УЧК во Скопје, политичките реакции растат пред 13 декември

Силни политички реакции се отворија во пресрет на најавениот протест на 13 декември во Скопје во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг. Едното од трите крила на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува протестот, оценувајќи го како „одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна“.Од таборот на Таравари повикуваат на масовност и единство: сите Албанци, велат, без разлика на политичката определба, да се приклучат на настанот што треба да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Според нив, протестот е момент за јасно и заедничко искажување на поддршка за „правдата и вистината за ослободителната војна, најчистиот чин на борба за слобода на албанскиот народ“.Организаторите, пак, информираат дека ги завршиле сите административни процедури со Град Скопје и дека очекуваат дозволата за одржување да биде официјално издадена. „Поднесовме две барања и ја плативме потребната комунална такса. Сега очекуваме формалната согласност, затоа што протестот е наше уставно право“, изјави Бујар Дардишта од Организацискиот совет.Протестот веќе доби принципиелна поддршка и од градоначалникот на Чаир и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, кој оцени дека иницијативата е легитимен израз на став за хашките процеси. Како градоначалник на општината на чија територија треба да се одржи протестот, тој најави дека ќе даде согласност за негово организирање, но не прецизираше дали лично ќе присуствува.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски упати критика кон иницијативата, оценувајќи дека најавата за протест од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е „погрешен потег“ и дека треба повторно да ја разгледа одлуката.Протестот, кој формално сè уште го чека последниот административен чекор, веќе предизвика значајни политички превирања, дополнително вжештувајќи ја сцената пред 13 декември.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

ВЛЕН за Таравари: Oтиде за шест, остана со четири, заврши со нула општини

ВЛЕН исрати порака до довчерашниот партнер Таравари. Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, велат од ВЛЕН.„Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари.Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна шлаканица на политиките на менување принципи за ситни лични интереси. Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула“, велат од Коалицијата ВЛЕН.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Време е за нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во интервју за „Лајм ТВ“ изјави дека по изборите е неопходно Албанците и Македонците да постигнат нов историски договор, кој ќе постави поинакви и постабилни односи меѓу двата народа.Според Таравари, таквиот договор треба да обезбеди функционални политички и општествени односи, независни од тоа која партија е на власт, а која во опозиција.„Мислам дека на Албанците и Македонците, како и на 90 проценти од населението во Северна Македонија, им е потребен нов историски договор — договор што ќе воспостави односи кои секогаш ќе бидат функционални и кои нема да зависат од тоа кој е на власт, а кој е во опозиција“, изјави Таравари.

Македонија | пред 5 месеци

taravarikongres2

„Злото“ денес, партнер вчера – ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на Арбен Таравари

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, со порака дека неговите позиции се недоследни и во спротивност со фактите.„Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е ‘злото’, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата,“ се наведува во реакцијата.Од партијата потсетуваат на неколку клучни моменти:Во февруари 2024, Таравари изјавил дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го гледале неговиот блок како посакуван партнер, а од Али Ахмети добивал „неодоливи понуди – прв албански премиер и претседателски кандидат“.На 23 јуни 2024, Владата беше изгласана со партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозициска коалиција Вреди, што тогаш се толкуваше како победа над матрицата на криминализираната ДУИ.Во мај 2025, Алијансата на Таравари ја напушти коалицијата со образложение за „неисполнети ветувања“, но дел од неговата партија остана во Владата, што според ВМРО-ДПМНЕ покажува дека проблемот не е идеологија, туку нешто друго – можеби уцена.Дополнително, партијата наведува економски показатели кои, како што велат, демантираат тези за „катастрофа“:Индустриско производство +4,1% во јули 2025 во однос на истиот месец 2024,Просечна бруто плата +8,5% во јуни 2025 на годишно ниво,Реална плата +3,8% поради стабилизирана инфлација,Инфлација од 3,7% во јули 2025, далеку од двоцифрените нивоа од времето на СДСМ и ДУИ.„Овие факти покажуваат дека државата оди напред, а не назад. Нема катастрофа, туку стабилизација. Таравари не знае што зборува или знае, ама намерно ја менува плочата за да си го оправда влезот и излезот од коалицијата,“ завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-taravari-1

Алијансата за Албанците: ВЛЕН да не ја обвинува албанската опозиција, вината е кај ВМРО, ЗНАМ и српската партија

Алијансата за Албанците, крилото предводено од Арбен Таравари, остро реагираше на ставовите на ВЛЕН, нагласувајќи дека вината за политичките состојби не треба да се бара кај албанската опозиција, туку кај нивните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ.„Злото на ВЛЕН не е албанската опозиција и Алијансата за Албанците, туку нивните владини партнери. Со своите антиалбански политики, тие секојдневно го користат и деградираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците,“ порачуваат од Алијансата.Од партијата предупредуваат дека дискриминацијата врз Албанците се случува отворено, пред очите на функционерите на ВЛЕН, и дека одговорноста за тоа не може да се префрлува врз опозицијата. „Злото има име – ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери. Вината треба да ја бараат таму, како и кај своите функционери кои ги легитимираат реваншистичките политики против Албанците од нивниот тутор Христијан Мицкоски,“ наведуваат.Алијансата порача дека ВЛЕН треба да се повлече од „екстремната влада против Албанците“ и да се врати кон народот, порачувајќи дека во спротивно ќе сноси одговорност за сите штети. „Никој нема да ги амнестира ако продолжат да бидат дел од оваа влада која секојдневно го демонтира Охридскиот договор и ги понижува Албанците,“ се вели во реакцијата.Од таму додадоа дека граѓаните очекуваат визија и одговорност, а не оправдувања за опстанок на власт. „Октомври е блиску и алармот за политичката иднина на ВЛЕН е реален,“ предупредија од Алијансата за Албанците.

Македонија | пред 7 месеци

taravari-1

Таравари со критика кон Азир Алиу за непочитување на уставното име на државата и албанскиот јазик

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари упати остра критика кон Министерството за здравство, обвинувајќи го за кршење на Преспанскиот договор и за непочитување на уставните норми, само еден ден по средбата меѓу Таравари и американската конгресменка со грчко потекло, Никол Малиотакис.Повод за реакцијата беше неодамнешното отворање на здравствениот дом во општина Илинден. Според соопштението, Министерството направило два крупни пропусти – на поставените табли не бил употребен албанскиот јазик, а наместо уставното име „Република Северна Македонија“ било напишано само „Република Македонија“.„Овие постапки се спротивни на законските одредби за употреба на јазиците и претставуваат директно непочитување на Преспанскиот договор“, стои во соопштението. Оттаму бараат јавно извинување од Министерството за здравство, а од министерот Фатмир Меџити – политичка одговорност, поради, како што посочуваат, „оштетување на меѓународниот углед на државата“.Реакцијата повлекува и прашање за можно усогласено дејствување помеѓу одредени политички кругови во Грција и Албанците во Македонија, со цел да се отвораат прашања за кои се смета дека се затворени со Преспанскиот договор. Контекстот дополнително го заострува фактот што Малиотакис е позната по своите ставови против уставното име на земјата.Настанот предизвика и поширока политичка дебата околу стратегијата на опозицијата, но и повторно го актуелизираше прашањето за јазичната и идентитетската чувствителност во земјата.Министерството за здравство сè уште нема излезено со официјална реакција на обвинувањата.

Македонија | пред 8 месеци

MixCollage-22-Jul-2025-08-48-AM-9282

Ахмети, Таравари и Села, здружени за локалната трка

Некогаш во љубов, некогаш раскарани и во прегратки на друг коалициски партнер. За овие локални избори Ахмети, Таравари и Села ќе настапат заеднички за да ги одмерат силите и да покажат кој го има легитимитетот во албанскиот политички блок.Адут за Чаир им е екс министерот за надворешни работи.Во Тетово кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ, а во Желино ќе биде Емир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ.Носител на советничката листа во Гостивар ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар, а во Струга, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ во Струга.Во следните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени и кандидатите за останатите општини.,,Од Албанската алијанса, од Зијадин Села очекуваме предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Арачиново и во Дебар, а од Арбен Таравари за Гостивар, Врапчиште, Теарце и за Сарај.ДУИ останува посветена на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес за граѓаните во сите општини. Граѓаните, како на референдум, ќе ја потврдат својата следна победа на овие локални избори“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 8 месеци

515233526_1280835643412094_1088667511975920486_n

Орел, албанско знаме, без збор за Македонија - албанскиот премиер се шета низ Скопје со ДУИ, Таравари го пофали дека ја носи Европа до Балканот

Во екот на подготовките за претстојните локални избори, албанскиот премиер Еди Рама се појави во Скопје, каде што, наместо вообичаени дипломатски средби, реши да прошета низ Старата скопска чаршија во друштво на функционери на ДУИ и Арбен Таравари. Иако нема најави за официјални состаноци, посетата на Рама предизвика сериозно внимание на социјалните мрежи и во политичките кругови.На една од објавените фотографии, Рама напиша: „🦅Te Çarshia e Vjetër e Shkupit❤️🇦🇱“ — што во превод значи „Во Старата чаршија на Скопје“. На сликата нема македонско знаме, туку само албанско, а се гледа во друштво на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и со поддржувачи и граѓани, од кои некои се фотографирале, еден од нив облечени во албанска народна носија.[caption id="attachment_341823" align="alignnone" width="679"] Screenshot[/caption]Неговиот престој доаѓа во чувствителен политички момент, кога албанскиот политички блок е во фаза на престројување пред изборите. Иако без официјална агенда, симболиката на посетата и изборот на локација оставаат простор за политичка интерпретација.Засега нема потврда дали Еди Рама ќе се сретне со државни функционери или ќе одржи јавен настап, но неговата прошетка со претставници на ДУИ низ срцето на Скопје остава силна политичка порака.Со фотографии од нивната заедничка дружба, се јави и Османи, кој напиша „Премиерот на европска Албанија ја донесе духот на еднаквоста и европската иднина во срцето на Скопје, во Чаир!“.[caption id="attachment_341825" align="alignnone" width="688"] Screenshot[/caption]Објава на социјалните мрежи има и Арбен Таравари, лидер на едно од крилата на Алијанса на Албанците.„Со премиерот кој ја носи Европа толку блиску до Балканот“, напиша тој со фотографијата.[caption id="attachment_341827" align="alignnone" width="678"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

На Таравари му е скандалозно: 95% од вработените во институциите се Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа за косовската „Канал 10“.„Ова е скандалозно и ако останевме во ВЛЕН и во Владата, како ќе ги поминеме локалните избори кои се на 12 или 19 октомври и како ќе им кажеме на граѓаните да гласаат за нас?!“, прашал Таравари.Тој додаде и дека единствената грешка што ја направиле како ВЛЕН било што со ВМРО-ДПМНЕ брзо станале владина коалиција и со единствен услов европскиот пат.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари расчистува со „непослушните” кадри

На вонредното собрание на Алијансатана албанците од крилото на Арбен Таравари, беше разрешен шефот на партиското Собрание, Арбен Фетаи.Одлуките за расчистување со нелојалните кадри доаѓаат неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата ВРЕДО.За нов претседател на Собранието на Алијансста е избран Назим Таипи.„Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците.За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката од неа, дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВРЕДИ, немаме јасна порака“, рече Таравари.Таравари го повтори ставот дека на Собранието била потврдено одлуката партијата да ја напушти Владата и самостојно да се натпреварува на локалните избори во октомври. Таравари вели дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со ВРЕДИ, па така набројс дека во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа и во Бутел ќе соработуваат и со ДУИ и со ВРЕДИ бидејќи само така можат да им помогнат на Албанците.Таравари не исклучи во другите општини соработка со која било опозициска политичка партија.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-rama

Таравари откако крена раце од Владата, отиде кај Рама за да каже дека тој е најевропскиот премиер

По напуштањето на „Вреди“, а потоа и на Владата, Арбен Таравари отиде во Албанија да муабети со тамошниот премиер Еди Рама. Насмеан позади европско и албанско знаме, без македонското каде ја тера неговата политичка кариера, оцени дека седи со најевропскиот премиер.„Со најевропскиот премиер во моментов“, напиша Таравари.За коментар, беше прашан и премиерот Христијан Мицкоски.„Видете, уште вчера знаевме дека таа средба ќе се случи. Претпоставувам една од темите на која се разговара е случувањта во регионот, некои регионални теми, поблиската соработка меѓу двете земји. Ете така би ги коментирал“, рече Мицкоски. 

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-20-at-12.49.43

Оставка поднел национален координатор за имплементација на нови технологии, откако Таравари излезе од Влада

Националниот координатор за имплементација на нови технологии, г. Блерант Рамадани, поднесе неотповиклива оставка од својата функција.„Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот. Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност“, вели Блерант Рамадани.

Македонија | пред 10 месеци

WhatsApp-Image-2025-05-18-at-14.49.34

Пратеникот Сулејмани го напушти Таравари, ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците на Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието.Тој наведува дека неговиот политички ангажман произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција, а учеството во коалицијата ВРЕДИ било мотивирано од потребата за соочување со неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта.Сепак, вели, во последниот период дошло до сериозно отстапување од првичните принципи, особено по приближувањето на Алијансата на Албанците до ДУИ во пресрет на локалните избори.„Ова политичко сојузништво е прекршување на нашите ветувања и недостојно претставување на Албанците. Не можам да бидам дел од Алијанса што прави компромиси со луѓе кои се спомнати на меѓународни црни листи поради сериозни афери“, нагласува Сулејмани.Според изборната листа на коалицијата ВРЕДИ од парламентарните избори, во Петтата изборна единица, по Салим Сулејмани, кој ја напушти пратеничката функција, следна е Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса. Ова значи дека ВРЕДИ ќе имаат 10 пратеника, но и дека Таравари сега ќе вреди четири пратеници кои според Деловникот не можат да формираат пратеничка група.

Македонија | пред 10 месеци

koalicija-vredi-89786

Не се враќаш кај народот туку на црната листа, не излегуваш туку ја предаваш Владата, му вели Меџити на Таравари

Изет Меџити, лидерот на Демократското движење и еден од предводниците на коалицијата „Вреди“, реагираше остро на одлуката на Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата за Албанците да ја напуштат владината коалиција. Во објава на Фејсбук, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата – туку ја предал.„Ти не донесе промени. Не се враќаш кај народот – се враќаш на црната листа. Не излегуваш од Владата, туку ја предаваш“, истакна Меџити во својот пост.Тој додаде дека, според него, Таравари претставува разочарување за секој Албанец кој гласал со надеж за промена. Меџити порача дека коалицијата Влен ќе продолжи со борбата за промени и ги повика сите активисти, поддржувачи и гласачи кои се чувствуваат изневерени и изоставени да им се придружат.Од друга страна, Арбен Таравари синоќа по состанокот во Тетово соопшти дека неговата партија ја напушта Владата и преминува во опозиција. Тој изјави дека, иако лани ја донеле промената во албанскиот политички блок по две децении, промените кои граѓаните ги очекувале не биле реализирани, поради што тие секојдневно се соочувале со критики.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-21.45.09

Таравари си оди во опозиција: Третманот на вработените во администрацијата е полош од порано!

Арбен Таравари, кој застапува едно од крилата на Алијанса за Албанците, излегува од Влада. Тој сега почна да го критикува и ВЛЕН, па рече: „Третманот за вработените во администрацијата е полош од порано“. За Македонија, рече дека ќе минува низ тежок период.„Ја донесовме промената во албанскиот блок по 20 години, меѓутоа, промените кои ги ветивме не ги испорачавме. Затоа одлучивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме доверба на локалните избори. Со ВЛЕН се обидовме да изнајдеме решение за кандидатите за градоначалници – не успеавме. Ако имаме сомнежи, нема што да бараме таму“, рече Таравари.Тој посочи дека одат во опозиција, а во октомври ќе се вратат со добри резултати.

Македонија | пред 10 месеци

04112024_Taravari

Таравари излегува од Владата, пред да го испие кафето со Мицкоски

Крилото на Алијанса на Албанците, предводени од Арбен Таравари ја напушта Владата.Таравари пред да го испие кафето за збогување во Мицкоски почна со критики упатени на адреса на Владата.Од Врапчиште синоќа порача дека дека не сакале да бидат марионети во Владата.„Владата некако го изгуби патот кон ЕУ. Гледате, ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијансата за Албанците ќе одлучи утре или задутре да ја напушти Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме подготвени да ја напуштаме.Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт“, рече Таравари.Во наредните два дена Тараври ќе ја официјализира одлуката, која се очекува да биде потврдена уште вечерва на состанок на партиските тела.ВРЕДИ атакува да седне министерската фотелја во здравство.Она што е непознато е како ќе дејстуваат и петте пратеници на Алијансата, но без нив виси бадентеровото мнозинство за гласање.

Македонија | пред 10 месеци

taravarikongres2

Николоски: Таравари е тргнат да прави политичко самоубиство одејќи во прегратките на ДУИ, Владата е стабилна

„Не верувам дека со целото политичко искуство кое го има Арбен Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ“, истакна вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во Тема на денот на Сител телевизија.Николоски е дециден дека Владата има стабилно мнозинство и огромна поддршка од граѓаните. Според Николоски владејачката коалиција има многу стабилно мнозинство.„Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18. Има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ. Така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, бележиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно и стабилно мнозинство“, заклучи Николоски.

Свет | пред 10 месеци

nikoloski-pat-3

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

„Разговараме со коалиционите партнери и имаме јасна визија каде треба да се движи државата. Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална“, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешното гостување во Тема на денот на телевизија Сител.Николоски истакна дека премиерот Мицкоски има јасна визија во кој правец сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да постои силна битка со организираниот криминал и корупцијата.,,Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупција, кои најмногу беа олицетворени во ДУИ. Наше јасно ветување беше дека ДУИ ќе биде во опозиција, и ДУИ е во опозиција, и затоа не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ, на било кој елемент во рамки на Владата и во било која форма на соработка со политичката партија ДУИ, без разлика дали се работи за формална, неформална соработка, соработка само за локални избори и тука е всушност главната забелешка кон Арбен Таравари и кон неговото однесување“, категоричен е Николоски.Николоски истакна дека Владата е многу стабилна и граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.,,Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18, има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ, така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ближиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно мнозинство“, истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 10 месеци

dijabetes

Дијабетичарите бараат современа терапија, Таравари се правда дека тендерот е завршен

Сите 3.500 лица со дијабет тип 1 бараат од државата да се обезбедат современи инсулински пумпи кои ќе значат автоматска испорака на инсулин или технологија која е најблиску до вештачкиот панкреас. Ова сега е овозможено само за 300 лица.За министерот за здравство Арбен Таравари јавната набавка за наредните две години е веќе завршена работа и договорот е потпишан.„Многу е порационално, да нема недостиг. На две години ќе се набавува, така веќе е завршена јавната набавка, потпишан е договорот со стандардниот добавувач, истиот скоро 10-15 години. Ова е рационализирање и мислам дека е подобро за сите граѓани посебно за тие со дијабет“, изјави Таравари.Сојузот на здруженијата на лица со дијабетес инсистираат ова да се предвиди со новата јавна набавка за 2025 и 2026 година.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања