Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Таравари тагува по Ѓока бизнисот којшто не му успеа, односите со него беа вовлекувачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
mickoski-taravari-1

Арбен Таравари вчера во телевизиско гостување го обвини премиерот Христијан Мицкоски за свесно слабеење на албанскиот политички фактор, а Влен ги нарече декор во владата без реален импакт.

— реклама —

Според Мицкоски ова се неосновани тврдења и политички маневри. Тој посочи дека Таравари

— реклама —

„Јас сè уште не можам да се изначудам зошто господинот Таравари тагува по Ѓока, бизнисот којшто не му успеа, и во јавноста измислува работи коишто немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Инаку јас многу пати сум ги коментирал односите во Владата и односите со нашиот партнер ВЛЕН, и можам да кажам дека се исклучително принципиелни за разлика од односите коишто ги имавме со господинот Таравари, којшто беа исклучително вовлекувачки од негова страна. Така што претпоставувам тој принцип на вовлекување којшто го применувал кон мене сега го применува кон нивниот нов коалициски партнер, а тоа е Демократската унија за интеграција. Тогаш во комуникацијата со мене жестоко ги критикуваше, сега претпоставувам во комуникацијата за да се вовлече што повеќе кај Али Ахмети ме критикува мене“, изјави Мицкоски.

— реклама —
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Не можам да бидам кукла во една влада

Одлуката за напуштање на владината коалиција не била изненадна, туку резултат на подолг период на незадоволство и чувство на исклученост од клучните процеси, изјави Арбен Таравари во емисијата „Вин-Вин“ на Телма телевизија.„Нашата идеја на почетокот на 2024 година беше многу добра – им кажавме на Албанците дека се потребни промени по 22 години власт на ДУИ“, изјавиТаравари, потсетувајќи дека коалицијата Влен успеала да освои 107.000 гласови и да ја исполни својата главна цел – испраќање на ДУИ во опозиција.Сепак, според него, по само десет месеци владеење, очекувањата биле заменети со разочарување. Таравари тврди дека нивните кадри биле маргинализирани, а институционалното влијание сведено на минимум.„Влен е само декор во владата, без вистинско влијание“, изјави тој, додавајќи дека ваквата позиција е неприфатлива за неговата партија.Тој остро критикуваше дека е подобро да се биде во опозиција отколку дел од, како што рече, нефункционален систем.„Не можам да бидам кукла во една влада“, нагласи Таравари.Во однос на внатрепартиските состојби, тој изрази уверување дека разделбата со Зијадин Села не претставува загуба, туку процес кој веќе бил завршен.Таравари предупреди и за пошироките политички предизвици, истакнувајќи дека застојот во евроинтеграциите и оддалечувањето од реформите претставуваат сериозна опасност за државата. Според него, земјата веќе заостанува зад Албанија и Црна Гора, додека се наоѓа во група со Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Македонија | пред 3 дена

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 час

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 11 час

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања