Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТАРАВАРИ

Screenshot-2025-03-23-at-15.09.07

Пет повредени од Кочани се во критична состојба, девет пациенти кои се лекуваат во Македонија ќе бидат пуштени на домашно лекување од утре

Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари.„Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата“, рече Таравари.Во Македонија има повеќе пациенти кои се на механичка вентилација.„Сите во Македонија се во стабилна и добра состојба“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

Десет повредени од дискотеката „Пулс“ си одат дома - во Турција има еден критичен пациент

Министерот за здравство, Арбен Тарвари, посочува дека сите повредени од дискотеката „Пулс“ во Кочани, се во стабилна состојба, иако има некои се покритични. Од идната недела, очекува пациенти да се вратат дома.„Бројката на пациенти кои се лекуваат се 162 пациенти. Добра вест е што денеска 10 од пациентите кои лежат во државава ќе бидат испишани. Вчера имаше три испишани пациенти. 115 пациенти се на лекување надвор од државата. Сите се во стабилна состојба, некои се покритични. Од сите пациенти, освен еден што е во многу сериозна лоша состојба, другите се во сериозна, но ставбилна состојба“, рече Таравари.Завршени се и токсиколошките анализи, а резултатите покажале дека сите кои се пуштаат дома имаат резултати под референтните вредности

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

Во критичните 72 часа нема починати, сите преживеани од Кочани се во релативно стабилна состојба, рече Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека поминале 72 часа и нема ниту еден починат пациент од лицата кои биле хоспитализирани. Рече дека денеска ќе се испратат уште пет лица надвор од државата, а очекува веќе и да се враќаат лица кои се лекуваат во странство.„Добрата вест што сакаме прво да ја соопштиме е дека поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаа трагедијата во Кочани. Вкупно се третираат 178 пациенти низ различни здравствени останови, од кои 64 се во болниците во Македонија и 13 пациенти се во приватните болници во Македонија. Сите во релативно стабилна состојба. Во моментов 101 пациент се третираат надвор од државата, сите во релативно стабилна состојба. Вчера заедно со министерот за надворешни работи, отидовме и ги посетивме пациентите во Грција, се видовме со семејствата - сите презадоволни од третманот. Бевме во Софија, кај што се 9 пациенти, сите ги видовме, еден по еден. Сите во стабилна состојба“, рече Таравари.Тој рече дека изминатото деноноќие нема починати, а едно преживеано лице е пуштено на домашно лекување.„Ниту еден починат во изминатите 72 часа, нула починати има од тие што ја преживеаа трагедијата. Се надевам дека од следната прес-конференција ќе зборуваме за колку пациенти ќе си одат дома“, рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

484931383_1084145807075634_2064635479502732050_n

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, г. Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.„Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. Изразувам искрена благодарност до нашите колеги во Солун, како и до грчкиот народ и владата, за нивната посветеност и поддршка, како и помошта која ни ја пружија во овие моменти“, изјави министерот Таравари.Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

(Видео) 18 настрадани од Кочани се во критична состојба, меѓу нив и малолетници

Досега, 18 лица кои настрадаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во критична состојба. Меѓу нив и малолетници. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој посочи дека се координираат и со земјите од соседството, за ако има потреба, да се префрлат таму на лекување.„За жал има и малолетни хоспитализирани лица. Во критична состојба има и малолетници. Ќе излеземе со официјален телефонски број, каде родителите ќе можат да добијат информации“, рече Таравари.Тој посочи дека има кризен штаб и ќе има постојана комуникација со медиумите.

Македонија | пред 1 година

04112024_Taravari

„Со грбот, да се менува и химната“, Таравари со ВЛЕН тргнаа во поход да решаваат етнички прашања

ВЛЕН се решени да разговараат за сите етнички прашања и да ги решаваат во идниот период, соопшти Арбен Таравари, дел од владината коалиција. Според него, треба да се решат химната, грбот, формулацијата „20 отсто“ и други етнички прашања.„Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 - 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграција, антикорупција, подобри плати, подобар живот...“, истакна Таравари.На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во ВРЕДИ се уште не ја отвориле оваа тема.

Македонија | пред 1 година

taravari

Таравари: За среќа нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе

Извештајот за седуммесечното бебе кое почина на Клиниката за педијатрија покажал дека нема лекарска грешка.„За среќа нема лекаска грешка. Детето можеби било донесено предоцна, или пак болеста си го направила своето“, вели министерот за здравство Арбен Таравари.Директорот на Клиниката д-р Реџеп Мемеди изјави дека прават напори да вработат доволно кадар што ќе може да ги пружи сите услуги за малите пациенти, а се работи и за лекари и средно медицински персонал.Таравари најави дека наскоро со Мој термин ќе се овозможи и специјализнатите кои што специјализираат на сите медицински факултети да имаат простап и да можат да подготват извештај со нивно име и презиме, да не биде како до сега кога специјализантот прегледува, специјалистот е тука, а извештајот оди со специјалистичкиот факсимил.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-28-224152

Таравари ги развеселува децата во СОС

Министерот за здравство Арбен Таравари во пресрет на новата година ги посети децата во СOС. Ги израдува со подароци но и со ветување дека следната година ќе имаат уште поголема институционална поддршка.Меѓу другото, Таравари рече дека денешната средба со овие деца е емоција која не се опишува со зборови.„Денеска бевме во СОС, да им ги честитаме празниците на Децата...емоциите не се пишуваат со зборови!“, напиша кратко Таравари.

Македонија | пред 1 година

taravari-vakcinacija-4

Таравари итно однесен во болница: Доживеав ненадеен колапс, чекам одговори од лекарите

Министерот за здравство, Арбен Таравари извести дека вчера доживеал ненадеен колапс и итно бил пренесен во болница.Тој додава дека е сè уште под опсервација и чека одговори од лекарите.

Македонија | пред 1 година

taravari-dogovor

Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава

Министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја сподели долгоочекуваната вест за здравствените работници, каде што зголемувањето на платите во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти.„Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава! Благодарност до Владата и синдикатите кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја“, соопшти Арбен Таравари.Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и синдикатите кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес, заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите кои беа вклучени.Со овој постигнат договор, веќе следната година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, додека во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти. Или, ако го земеме целиот овој период последователно, добиваме зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти, се додава во соопштението на Таравари.

Македонија | пред 1 година

taravari-kurti-edi-rama

Таравари: Курти е еден од најомилените премиери за нас, кој мисли поинаку, ја сменил албанската ДНК со онаа од интерес

„Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти е еден од најомилените премиери за нас и дефинитивно тој и премиерот на Република Албанија, Еди Рама се едни од најважните премиери во светот за сите Албанци и тоа е тоа“, напиша министерот за здравство Арбен Таравари на социјалните мрежи и додаде дека секој кој мисли поинаку ја сменил албанската ДНК со онаа од интерес.Претходно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот на таа партија, Бујар Османи ја осудија изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за албанскиот јазик во Македонија, нарекувајќи ја „скандалозна“ и „штетна“.Османи појасни дека Курти ја поткопува точката од Охридскиот договор која регулира употреба на албанскиот јазик во Македонија, која е постигната преку измена на Уставот во 2001 година.Ахмети пак истакна дека Охридскиот договор е постигнат „со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ“, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор“.

Македонија | пред 1 година

taravari-1

Отворено писмо до министерот за здравство, д-р Арбен Таравари

Тимот на Инсулинска Порта упати отворено писмо до министерот за здравство, д-р Арбен Таравари.Писмото го пренесуваме во целост.„Во име на глобалната заедница за дијабетес, Ви пишуваме токму денес, на Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, за да Ве поттикнеме да работите на тоа да се даде приоритет на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес. Ова може да се направи преку потпишување и имплементација на Декларацијата за дијабетес и постигнување на глобалните цели за поквалитетна грижа на пациентите со дијабетес до 2030 година донесена од страна на Светската здравствена организација и Меѓународната федерација за дијабетес.Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес. Во Македонија, околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив 40% се недијагностицирани. Во 2021 година, дијабетесот доведе до 2.590 смртни случаи и 113.859.699 американски долари здравствени трошоци во нашата земја.Дијабетесот влијае и на нашата физичка и на ментална благосостојба. Милиони луѓе со дијабетес се соочуваат со секојдневни предизвици во управувањето со нивната состојба дома, на работа, на училиште, во градинка, додека спортуваме или сме на прошетка или кафе со пријател. Се проценува дека над 1 од 3 лица со дијабетес доживува вознемиреност поврзана со нивната состојба и над 60% од луѓето анкетирани од страна на IDF покажуваат дека стравот од развој на компликации поврзани со дијабетес влијае на нивниот севкупен живот и благосостојба. Сепак, грижата за дијабетесот често се фокусира само на управување со шеќерот во крвта, оставајќи многумина преоптоварени и подложни на исцрпеност и депресија. Потребна е итна акција за да се осигура дека личната благосостојба е приоритет во грижата за дијабетесот.Декларацијата за дијабетес на Светската здравствена организација (СЗО) има потенцијал да ја подобри благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес преку поттикнување на националните напори за постигнување универзална здравствена покриеност, зајакнување на здравствените системи преку примарна здравствена заштита и намалување на факторите на ризик кои може да се модифицираат. Дополнителните цели за глобално подобрување во третманот на дијабетесот, исто така, можат да придонесат за благосостојба преку обезбедување квалитетна грижа за оние на кои им е потребна. Петте цели за глобално подобрување на третманот на дијабетесот се:80% од луѓето кои живеат со дијабетес да се дијагностицирани;80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра гликамиска конторола како единствена превенција од развој на компликации;80% од луѓето со дијагностициран дијабетес да имаат добра контрола на крвниот притисок;60% од луѓето со дијабетес над 40 години да добиваат освен иновативна соодветна андијабетна терапија и терапија наменета за покачени липиди;100% од луѓето со дијабетес тип 1 да имаат пристап до инсулин и да спроведуваат самоконтрола користејќи квалитетни глукометри и иновативни технологии (сензори и инсулински пумпи).Заедно со Меѓународната федерација за дијабетес, го повикуваме Вашето лидерство кое може да го забрза напредокот кон имплементацијата на глобалната Декларација за дијабетес на СЗО, која покрај целите за поквалитетна грижа за пациентите до 2030 година, ќе ја заштити и менталната и физичката благосостојба на луѓето кои живеат со дијабетес.Во име на заедницата за дијабетес, Ве повикуваме да посветите повеќе напори и ресурси за подобрување на благосостојбата на луѓето кои живеат со дијабетес во Македонија и во светот. Заедницата за дијабетес смета на вашето лидерство“.

Македонија | пред 1 година

mehmedi1

Вчера немаше конгрес на Алијансата за Албанците, туку обичен спектакл ала Тараварче, срамна фарса за манипулација, рече Мехмеди

„Вчера го видовте следниот обид за манипулација во името на Алијансата за Албанците, од страна на главниот манипулатор Арбен Таравари. Вчера уште еднаш се појави грдотијата со сите атрибути што ги има една грдотија. Лажгото повторно пушти поплава од лаги во својата мисија на сервилна служба во служба на кујните кои на Албанците ниту во минатото ниту денес не им посакале и не им посакаат добро. Извршителот на наредбата на Христијан Мицкоски јавно објавен во медиумите, три недели пред бегалецот да побегне и да ја расцепи Алијансата за Албанците обвинува за расцеп“, рече Ремзи Мехмеди, Потпретседател на АА.„Вчера немаше конгрес на Алијансата за Албанците, ниту редовен, ниту вонреден, туку обичен спектакл ала Тараварче, срамна фарса со цел да се манипулира со јавноста. Правата, обврските и правилата на однесување во рамките на Алијансата за Албанците се запишани во Статутот на Алијансата за Албанците. За да може вчерашната партија да се нарече конгрес, учесниците требаше да имаат конгресни делегати избрани на редовниот конгрес на АА во 2022 година и кои се регистрирани во Основниот суд Тетово, чиј мандат според статут трае четири години, односно до 2026 година.За да се нарече редовен, одлуката за прогласување на редовем Конгресот ја носи партиското собрание и таква одлука нема. За да бидат наречен вонредн, делегатите кои се делегирани и назначени од членството на АА мора повторно да бидат повикани. Вчера немаше партиски делегати, но имаше луѓе, дури и од други партии, од кои голем дел се бореа со дух и буква против Алијансата за Албанците, никогаш не биле нејзини членови и нема да бидат, беа стрелачки одреди кои заедно со Арбен Таравар го правеа последниот обид за егзекуција на Алијансата за Албанците. Секако дека нема да успеат. За повеќе, член 25 од важечкиот статут го одредува начинот на кој се избираат делегатите на конгресот. Во отсуство на делегати нема конгрес, во отсуство на делегати нема легитимни или законски одлуки, затоа вчерашната фарса останува фарса и ништо повеќе.Со оглед на тоа што нема правосилна судска одлука, конгресот се одржува со мнозинство од пријавените делегати во судот од последниот официјален и легитимен конгрес. Само ние го имавме ова мнозинство на четвртиот конгрес каде за претседател беше избран Зиадин Села. Во меѓувреме, вчера самиот Таравари призна дека одржал обид за конгрес.Затоа, апелираме до вас да не го злоупотребувате името на Алијансата за Албанците, бидејќи Алијансата за Албанците има легитимен председател, господинот Села, има легитимни органи, претседателство и легитимно централно собрание. Го повикуваме Судот да го земе предвид тоа што го кажав погоре, важечките закони и статутот, документите и правилната листа на делегати и да не стане жртва на манипулациите и измамите кои се прават преку ваквите спектакли.Тие што се собраа вчера, од Таравари до останатите членови кои импровизираа дека нешто се избрани, не се легитимни и се разрешени од претходниот Конгрес. Може да свикаат конгрес за формирање нов политички субјект или да станат огранок на Мицкоски“, изјави Ремзи Мехмеди, Потпретседател на АА.

Македонија | пред 1 година

taravarikongres2

Таравари: Во сите археолошки истражувања, треба да има Aлбанец-археолог

Археолозите треба да бидат поддржани од институции за археолошки наоди од епохални размери, оценува за Алсат археологот Меџаит Положани. Според него, проектот треба финансиски да биде поддржан од државните институции, а интерпретациите на артефактите да им се препуштат на научниците и надлежните институции.„Со културното наследство, уште повеќе со археолошкото наследство, но и со ова откритие сега кога се случи, треба да се позанимаваат со соодветните институции кои се занимаваат со грижата за наследството. Се разбира, треба да се земат луѓе од науката или експерти. А тоа значи дека сета работа што се случуваше до сега ќе продолжи на институционална основа. Ако има погрешни претстави или сомнежи, тие отсекогаш постоеле, постојат и ќе постојат, но важно е вистината, тие археолошки наоди, да бидат сочувани и објавени, но објавени на правилен начин“, рече Меџаит Положани, археолог.За потребата од интервенција на албанскиот политички фактор за да не се толкуваат погрешно артефактите, Положани има порака.„Албанскиот политички фактор нема потреба да се занимава со толкувањето како тие ќе се толкуваат. Тие се работи на луѓето кои се занимаваат со таа работа. Мислам дека албанскиот политички фактор треба да направи нешто друго. Мора да го направи она што не го направил 35 години. Односно, албанскиот политички фактор треба да поцрвене кога зборува за наследство, затоа што успеал да ангажира само двајца археолози, и тоа едвај, и никогаш не се обидел да ги мотивира младите, никогаш не се обидел да ги преземе институциите кои се занимаваат со наследството и никогаш не се обидел да ја поддржи заштитата на наследството“, нагласи Меџаит Положани, археолог.Археолошките откритија во Струга, поточно во селото Корошиште, кои во петокот ги презентираа министерот за култура и археолозите, датираат од 6 век п.н.е.. Наодите, иако тоа не е истакнато во соопштението на Министерството за култура, според археологот Фитни Далипи, припаѓаат на илирското племе Енкелејди, кое живеело во областите околу Охридското Езеро и кое ја создало првата династија на Илирското кралство на крајот на 5 век п.н.е.Арбен Таравари од ВЛЕН вели дека Владата се уште не разговарала за наодите, но додава дека ќе бидат вклучени и албански научници.„Досега на оваа тема воопшто не се разговарало, но во сите тие археолошки истражувања дефинитивно треба да има Албанец археолог и историчар и од овие истражувања треба да се извлечат заклучоци кои ќе се поклопат со реалноста во местата каде што работат научниците. Мислам дека ова е повеќе прашање на наука отколку на политика и не се осмелуваме да дозволиме политиката да ги отуѓува научните факти“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.Она што предизвика сомнеж во јавноста дека со наодите може да се манипулира е присуството на Паско Кузман на местото на ископувањата, човекот кој во 2016 година беше осуден на затворска казна поради обвинение за продажба на артефакти додека беше директор на Заштита на културното наследство.

Македонија | пред 1 година

taravari-d

Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција бара одговорност од министерот за здравство и директорот на детската клиника за секојдневните смртни случаи на бебиња во болниците со кои раководат Изет Меџити и Арбен Таравари“, велат од ДУИ.„Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот и не чувствува никаква одговорност.ВЛЕН, Изет Меџити и Арбен Таравари реагираат само кога ќе им се наруши кумството со коцкарскиот бос во земјава, нивниот најголем поддржувач.Секогаш кога Таравари е министер за здравство, смртта на пациентите станува секојдневна појава.ВМРО ДПМНЕ го нарече Арбен Таравари министер за смрт и најкорумпиран човек.Мицковски денеска мора веднаш да ги разреши Таравари и директорот на клиниката Мемеди за да ги спаси граѓаните“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

taravari-1

Таравари му честита на Трамп: Опстимист сум дека тој ќе биде претседател кој ќе го заштити достоинството на Американците

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, му честита на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.„Му честитам на Доналд Трамп за постигнатиот резултат на претседателските избори! Сум многу оптимист дека Трамп ќе биде претседател кој ќе го заштити достоинството на Американците и ќе ја задржи Америка како сојузник на мирот и доброто!“

Македонија | пред 1 година

04112024_Taravari

Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период, рече Таравари

Во рамки на платформата во Владата - „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.„Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри“, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.„Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на Националната комисија за скрининг на рак на дојка“, рече министерот.

Македонија | пред 1 година

taravari

Таравари се сретна со регионалната директорка на УНФПА, Флоренс Бауер

Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, во рамките на 74-от Регионален состанок на СЗО, одржа билатерална средба со регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер.На средбата беше дискутирано за досегашните успеси во соработката, вклучувајќи го намалувањето на смртноста кај мајките и новороденчињата, воведувањето на мобилни гинеколошки клиники и зајакнувањето на скринингот за рак на грлото на матката.На крајот, оваа средба ја нагласува заедничката посветеност за подобрување на здравствените услуги и обезбедување подобра покриеност за сите граѓани, приближувајќи ја земјата поблиску до европските здравствени стандарди.Министерството останува посветено на продолжување на заедничките напори за напредок во универзалното здравствено покривање и промоција на сексуалното и репродуктивното здравје преку широка соработка на патот кон ЕУ.

Македонија | пред 1 година

hans-kluge-2

Ханс Клуге изразува јавни пофалби за министерот Арбен Таравари

На неодамнешниот 74-ти регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, министерот за здравство и претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, доби признание од д-р Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.Д-р Клуге изрази пофалби за напорите на Таравари за ажурирање на позитивната листа, чекор кој ја одразува неговата посветеност кон подобрување на здравствените услуги и пристапот до неопходни лекови за граѓаните.Учеството на министерот Таравари потврдува посветеност на Северна Македонија за активно учество во глобалниот дијалог за напредок на јавното здравје и справување со актуелните предизвици во здравствениот сектор.

Македонија | пред 1 година

taravari-2

Таравари учествува на 74-от регионален состанок на СЗО во Копенхаген

Денеска, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествува на свеченото отворање на 74-от регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО).Овој важен настан е посветен на заедничките напори за подобрување на јавното здравје и развој на здравствените системи во регионот.Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи и стратешки решенија за предизвиците во здравствениот сектор.Учеството на министерот Таравари ја потврдува посветеноста на Северна Македонија да учествува активно во глобалниот дијалог за напредок на јавното здравје и справување со актуелните предизвици во здравствениот сектор.

Македонија | пред 1 година

taravari-vakcinacija-2

(Фото) Таравари се вакцинираше: Секој треба да се заштити од потешки форми и компликации од сезонскиот грип

Министерот за здравство, Арбен Таравари и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска денеска се вакциинираа против грип.„Денеска имав можност да ја примам вакцината против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, каде е пунктот за вакцинирање здравствени работници“, извести министерот.„Оваа превентивна мерка за заштита на здравјето ја препорачувам и како министер и како здравствен работник, бидејќи сметам дека секој треба да се заштити од потешки форми и компликации од сезонскиот грип.Вакцината против сезонски грип е бесплатна за ризичните групи население и упатувам апел за имунизација, особено за граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи, навреме да го заштитат своето здравје“, објасни Таравари.

Македонија | пред 1 година

taravari1

Таравари очекува дека ќе се разбуди свеста кај менаџментот на „Козле“: Ако не веруваат на извештајот, нека си направат свој, лекарски пропусти има

Министерот за здравство Арбен Таравари очекува кај менаџментот на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ да се разбуди свеста и да бидат преземени чекори за случајот со починатото 14-месечно бебе.Таравари вели дека со правната екипа во Министерството ги имаат разгледано сите можности што на нив им се на располагање.„Ќе дадеме се што треба официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има“, рече Таравари.Таравари вели дека одлуката, времено да се отстранат двајцата доктори од Детската клиника, е добра и оти се надева дека ќе се разбуди совеста и кај менаџментот на болницата во Козле.Министерот смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-18-133251

Лекарската комора чека решение од Таравари со кое точно ќе се прецизира кој е одговорен во случајот со починатото бебе

„Лекарска комора, на 16.10.2024 година, во попладневните часови од Министерството за здравство го доби „Извештајот од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, Скопје“, подготвен од страна на Комисија за стручен надзор формирана од Министерот за здравство, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете Р.С.“, велат од Лекарската комора.„Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, утредента, на 17.10.2024 г. одржа седница на која го разгледа овој извештај и во однос на наодите Комората го дава следното мислење:Комисијата за етички и правни прашања нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен.Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај.Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни“, соопшти Лекарската комора.

Македонија | пред 1 година

taravari-1

„Не сум судија, ниту обвинител, но очекувам одговорност од докторите кои направиле превид“, рече Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција изјави дека Извештајот за починатото 14-месечно бебе е направен од професионалци кои Министерството за здравство ги назначило и е испратен од институциите.„Извештајот е испратен до Специјалната болница Козле, Универзитетската Клиника за педијатрија и до Лекарската комора. Тие можат да поднесат жалби, но до овој момент кај нас не е стигната никаква жалба“, кажа Таравари.Во однос на коментарот дека Клиниката во Козле нема респиратор, Таравари кажа дека таа болница имала респиратор, но е прераспределен во некоја клиника каде што, рече, имало повеќе потреба. Министерството треба да обезбеди што поскоро таму да има инвазивен респиратор, додаде тој.На прашањето што ќе се случува со докторите кои направиле превид, тој кажа дека очекува одговорност.„Не сум судија ниту обвинител, ангажирав Комисија која даде детален извештај што се случило. Извештајот е испратен до Клиниките, чекаме да видиме како ќе постапат директорите, ние можеме да постапиме врз директорите. Министерот не може да избрка од работа, Министерството треба да инсистира на директорите да бидат преземени мерки кон тие доктори што направиле превид“, изјави министерот Таравари.Тој додаде дека се надева дека двајцата директори ќе преземат мерки. Министерот додаде дека не би сакал да има предрасуди во однос на тоа што ќе донесат, но очекува одговорност.

Македонија | пред 1 година

taravari

Готови се извештаите за смртта на родилката во Куманово и бебето на Детска клиника, Таравари: Ако има лекарска грешка судските органи да делуваат

Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека попладне ќе излезе со извештај за случаите со починатата родилка во кумановската болница и смртта на 14-месечното бебе на Детската клиника во Скопје.„Извештаите се речиси подготвени. Чекав извештај од професионални и компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок за случајот со починатото бебе. Се надевам дека денеска или најдоцна во понеделник, како Министерство за здравство да имаме прес-конференција на која ќе ги кажеме сите детали од случувањата со родилката од Куманово и 14-месечното бебе“, рече тој.Министерот информираше дека е доставен извештајот за случајот со почината родилка, а за починатото бебе очекува да го добие денеска.„Веќе кажав, ако очекувате јас да судам, тоа не го можам. Ние не сме судски орган. Ќе излеземе со извештај, да кажеме дали има лекарска грешка, а потоа судските и истражните органи треба да делуваат“, додаде Таравари.Бебето почина на 5 октомври на Детската клиника, а 31-годишната родилка почина на 27 септември во Општата болница Куманово.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања