Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТАРАВАРИ

taravari2

Таравари: Докторите од приватното повторно ќе можат да се вратат во јавното здравство

„Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Министерството за здравство. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова магнетна резонанца во поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 лека“, посочи министерот за здравство Арбен Таравари.„За 100 дена Влада се укина постоењето економски директори, што значи заштеда за здравствениот систем. Во тек е мерката 300 плус 300 за вработување во јавните здравствени установи во дефицитарните области, која се одвива во две фази, и тоа вработување на 300 специјализанти до крајот на годинава, и 300 специјализанти следната година. Со ова им даваме шанса на младите доктори и покажуваме дека водиме грижа за пациентите.Во првите 100 дена се прошири позитивната листа со 9 генерици или 87 лека, во различни форми, јачини и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните“, рече Таравари.„Понатаму, комплетно е реновирано одделение за дигестивна хирургија, набавена е апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст во вредност од милион евра.Во Поликлиника Идадија во рами на Здравствен Дом Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за магнетна резонанца, кој претставува врв во дијагностиката“, додаде министерот.Тој и натаму стои цврсто позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години, а тоа е две катни гаражи на Клинички, но и спојување на скопските клиники во еден центар со кој ќе раководи еден или неколку директори.„Моментално, на Клинички центар има 800 паркинг места, вака би имало над 1.600 места за паркирање, што мислам дека ќе биде многу порелаксирано за сите кои работат и кои доаѓаат како пациенти во Клиничкиот центар. Процедурите не можеме да ги забрзаме. Мораме да се придржуваме на сите законски норми. Ќе се обидеме целиот процес да биде што потранспарентен и што побргу да ја завршиме постапката. Барем, ако можеме, од почеток на идната година да се користат катните гаражи“, рече Таравари.Таравари откри дека Владата ја тргнала забраната од претходната власт, за докторите да не можат да се вратат од приватно во државно здравство. Според него тоа е чекор напред за да да се подобрат здравтвените услуги.„Од август 2022 година имаше забрана да не можат од приватни болници да се вработат во државни. Пред три недели го поништивме ова. Сега подготвуваме правилник во Министерството… Јас разговарав со 10 такви лекари, врвни стручњаци, тоа се кадри што гледаат надеж во јавното здравство. Ова е добар чекор, се надевам дека идната година ќе продолжиме со такви доктори кои покажуваат интерес да се вратат во јавното здравство“, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 година

TARAVARI

100 дена Влада, Таравари: Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата Inbox

Пред 100 дена започна нова ера! Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата, каде ниту едно албанско семејство не чувствува дека нема иднина. Заедно ја градиме оваа иднина! Иднина во која моќта е во рацете на народот. Ова го порача претседателот на Алијанса на Албанците и министер за здравство Арбен Таравари по повод првите 100 дена од новата Влада, чиј дел е и албанската коалиција „ВРЕДИ“.Таравари од САД, каде што учествува на 79-то Собрание на ОН, преку видео-врска истакна дека конечно дојде крајот на 22-годишната клика на ДУИ и изразува благодарност до секој сопатник за промените.„Драги присутни пријатели, пријателки - сопатници за промените, иако не сум физички со вас поради официјална посета на САД, знам дека денес во Скопје нè зближи длабокото чувство на надеж, гордост и триумф. Не за нас, туку за секој Албанец кој 22 години живееше под сенката на корумпираната клика која му го одземаше здивот на нашиот народ. 22 години! Речиси четврт век, каде секој од нас доживеа неправда, каде светлината на надежта секојдневно ја вклучуваше и гасеше една моќна машинерија која не прашуваше за потребите на народот. ДУИ беше страв врз кој беше изградена империја на корумпирани политичари, додека народот се чувствуваше слаб пред нивната дрскост. Но, знаете што? Не се откажавме! Додека тие му го свртеа грбот на народот, ние се заколнавме дека нема да дозволиме да умре никаква надеж. И еве сме денес! Со крената глава! Со полно срце! Затоа што сите заедно успеавме да го ослободиме Албанецот од режимот кој не држеше во заложништво повеќе од две децении. Се исплати трудот да се тргнат од сцената оние кои со насмеани лица, но со мрачни души, им ја негираа иднината на нашите млади луѓе, кои ја искористија власта за да се збогатат, оставајќи ги граѓаните во сиромаштија и очај“, нагласи Таравари, претседател на АА.Во својот говор, тој понатаму истакна дека денеска Албанците се слободни! Не само ослободени од политичка партија, туку ослободени од систем кој го презираше и омаловажи нашиот народ. „И оваа слобода, оваа победа е ваша. Ова е победа на оние кои никогаш не престанаа да веруваат во промени. И оние кои пред секоја војна, пред секоја препрека, одбија да молчат. Затоа што тишината е најголемиот непријател на слободата“.„Пред 100 дена започна нова ера! Ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата, каде ниту едно албанско семејство не чувствува дека нема иднина. Заедно, ја градиме оваа иднина! Иднина во која моќта лежи во рацете на народот, а не во џебовите на корумпираните. Во овој период од 100 дена, владеењето на коалицијата ВРЕДИ докажа дека и во Северна Македонија може поинаку да се владее, на народот може да му се служи без скандали, со чест и достоинство, а не за лични и групни интереси„, истакна престедатлот на АА, Таравари.Тој во својот говор се задржа и во Министерството за здравство, ресорот со кој раководи. Истакна дека Министерството за здравство започнало со закрепнување на здравствениот систем.„Овој систем сега е ослободен од корупциската епидемија и соодветно им служи на граѓаните. Во овој краток период постигнавме голем број резултати. Ќе издвојам само неколку:1. Ја укинавме функцијата економски директор за да ги намалиме непотребните трошоци и да ја минимизираме можноста за корупција во клиниките;2. Обезбедивме вработување на 600 приватни специјалисти кои ќе ги опслужуваат граѓаните;3. По 10 години ја ажуриравме позитивната листа на лекови за 9 нови генерички лекови, вкупно 87 лекови во различни форми;4. Обезбедивме средства за доизградба на болниците во Кичево и Штип, како и ја реконструиравме Клиничката болница во Тетово;5. Обезбедивме 10 милиони евра за прочистување на воздухот во здравствените установи;6. Купивме опрема од 1 милион евра за Универзитетската клиника за дигестивна хирургија;7. Обезбедивме современа опрема, како што е магнетната резонанца вредна 1,3 милиони евра, а и современ хируршки микроскоп за Универзитетската очна клиника;8. Започнавме со реконструкција на зградата во која ќе биде сместен првиот дневен центар за малолетни и возрасни лица со аутистичен спектар;9. Ја реновиравме невролошката амбуланта на Клиниката за детски болести“, подвлече Таравари.Ова се само дел од нашите достигнувања во овој краток период, а ќе се залагаме за градење на еднакво општество, каде што секој поединец ќе има можност да придонесе и да има корист, истакна првиот човек на АА во својот говор упатен до присутните при одбележувањето на 100 дена од новата Влада.„Ќе работиме за подобро образование, за здравствен систем кој им служи на сите и економија која дава можности за нашите млади лица. Ќе бидеме будни! Секој ден ќе се сеќаваме на жртвите што не донесоа овде. Секојдневно ќе се залагаме да ја заштитиме нашата слобода, да ја зајакнеме демократијата и да обезбедиме посветла иднина за генерациите што доаѓаат“, рече Таравари. Тој истакна дека вредел заморот, несоницата и, како што нагласи, секоја жртва за да ги скршиме оковите што не врзувале толку долго! Говорот го затвори со порака дека: „Резултатите зборуваат сами за себе. Промената што ја ветив се случи и оваа промена ќе влијае на секој граѓанин, секое семејство и секој Албанец на нашата земја“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари по изјавата на Снопче: Треба почесто да се консултираме и синхронизираме со владините партнери

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, реакцијата на пратеникот Халил Снопче во врска со законот за бранители била како што треба, но се надева дека владиното мнозинство ќе има координација за надминување на овој ситен проблем, за кој прстот го впери во СДСМ и ДУИ, за кои оцени дека се координирани да подметнуваат искри во владејачката коалиција.„Односите помеѓу ‘Вреди’ и ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека се доста коректни. На ниво на претседатели на партии. Нормално, и ‘Вреди’ и ВМРО-ДПМНЕ имаат партиски структури. Можеби имало некаде и некое помало недоразбирање што не можам да кажам истото и за ЗНАМ и за ‘Вреди’. Меѓутоа, односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се ‘Вреди’ и ЗНАМ се коректни и ние се обидувавме да бидеме што посинхронизирани овие сто дена, меѓутоа некаде имало недоразбирања, некаде имало испади кои не биле координирани како што треба, затоа треба време за да се синхронизираме тотално и комплетно и тоа да се види и кај граѓанитеГенерално, мислам дека кога нешто планираме да донесеме како Влада треба да бидеме синхронизирани и известени едни од други, така што и реакцијата на господинот Снопче беше во овој правец. Значи ние не сме известени, ние начелно сме против нешто да помине без да бидеме договорени меѓу нас. Реакцијата на Снопче беше како што треба и се надевам дека ќе имаме координација меѓу нас и ќе го поминеме и овој, да речам, ситен проблем што ДУИ се обидува заедно со СДСМ. Мислам дека се координирани да ставаат, да подметнуваат искри во функционирањето на коалицијата во владејачкото мнозинство.“, изјави министерот за здравство Таравари.Ваквата преписка помеѓу Мицкоски и пратеникот Халил Снопче дојде откако, премиерот Мицкоски на новинарско прашање како ги прокоментира најавите на Снопче со евентуалното излегување на ВЛЕН од Владата одговори: „ Нека му е со среќа“.

Македонија | пред 1 година

taravari2

Таравари: На повикот за вработување на приватни специјализанти се пријавија 480 доктори од вкупно 600

Таравари денеска ја посети Клиничката болница во Штип.Информираше дека голем дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти.,,Голем дел од дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти од кои на последниот повик се пристигнати околу 480 апликации, а ќе се постапува според интересот на болниците. Се надевам дека во првите 300 доктори, дел од нив, можеби повеќе од 10, ќе ги ангажираме во Штип.Разговаравме и со директорот, и кај него дошле специјализанти кои изразиле интерес, но и кај нас се дојдени, апликаците се веќе собрани, околу 480 доктори од вкупно 600, нормално, ќе постапиме по интересот на болниците. За во Штип информацијата е дека некаде околу 30 доктори изразуваат интерес, не само од Штип туку и од околните места, ќе постапиме според тоа што ќе го каже директоорт дека е приоритет.", изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-05-at-10.02.39

Таравари би седнал на маса со Села и Ахмети за Албанците: Ама нека се навикнат дека се во опозиција

Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека коалицијата Вреди е подготвена да разговара со Ахмети за прашања кои се од интерес на Албанците. Ова доаѓа по повикот на Зијадин Села упатен до партиите од албанскиот политички блок да разговараат за прашањата и теми кои се однесуваат на Албанците.„Господинот Села и господинот Ахмети пред се треба да се навикнат дека се во опозиција, инаку нема проблем, со било кој, во било кое време подготвени сме да разговараме“ – рече Таравари.Претходно, Села за ТВ21 рече: „Ние сме во време кога многу добро треба да размислиме какво ќе биде однесувањето, позиционирањето, не на Алијансата за Албанците, Беса, или што знам, Демократското движење или како и да се вика, во однос на ВМРО, но во однос на македонската политика. Ние овде мора да најдеме заеднички јазик за да спречиме во иднина да се реализираат планови кои не се пријателски настроени кон Албанците, но и кон другите заедници“.

Македонија | пред 1 година

IMG_2097

Таравари против можност градоначалници да можат да се разрешат: Данела Арсовска е промашена инвестиција

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја нарече скопската градоначалничка Данела Арсовска е промашена инвестиција. Но, според него, не смее да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници. Тој посочи дека тоа можат да го прават само граѓаните.„Јас мислам дека градоначалниците се избираат од граѓаните. Ние предлагаме во Законот за локална самоуправа, за да рационализираме да нема постојано избори. Мислам дека градоначалниците можат да останат без мандат, само преку тие кои им го даваат. Мандатот го даваат народот, тие можат да одземат. Јас мислам дека градоначалникот на Кисела Вода, се повикува на градоначалничката на Град Скопје, која е промашена инвестиција“, рече Таравари.Според него, треба да има политичка одлука за разрешувањето на градоначалниците, но освен граѓаните, никој да не може да ги разреши.

Македонија | пред 1 година

tarvari

Апелација го враќа предметот за Алијанса на повторно судење

Апелациониот суд во Гостивар го врати на повторно судење предметот на политичката партија Алијанса за Албанците и ги прифати жалбите на правниот застапник на Арбен Таравари, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.„Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари“, велат од партијата.Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на одлуката на Апелациониот суд со која се поништи одлуката на Основниот суд во Тетово.Според Таравари, со последната одлука на судот Алијансата за Албанците се враќа во своето членство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари по судската одлука: Партијата му се враќа во членство

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на одлуката на Апелациониот суд со која се поништи одлуката на Основниот суд во Тетово.Според Таравари, со последната одлука на судот Алијансата за Албанците се враќа во своето членство.„Алијансата за Албанците е наша! Апелациониот суд одлучи дека партијата Алијанса за Албанците и припаѓа на апсолутното мнозинство. Партијата му се враќа во членството! Честитки до сите!“, изјави Таравари.Инаку, синоќа Алијансата за Албанците соопшти дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил предметот на политичката партија Алијанса за Албанците на повторно судење и ги прифатил жалбите на правниот застапник на Арбен Таравари.„Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесенс од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари“, изразиа од АА.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари ги остави здравствените работници без решенија и поради него денеска Албанците се избркани од работа

,,Нелегитимниот министер за здравство Арбен Таравари е главниот виновник што стотици Албанци во различни клиники и болници низ земјава денеска остануваат на улица и им се раскинуваат договорите. Во времето кога Алијансата за Албанците беше во Владата, нашите министри предложија и ја донесоа одлуката за распишување на оглас за повеќе од 1100 вработени во здравството, со која беше предвидено вработените со договор на дело да земаат решенија за трајно вработување. Овој конкурс го процесираше поранешниот министер Илир Демири до последната фаза на тестирање и интервјуа. Со доаѓањето на Таравари на чело на министерството, тој од неговиот кабинет испрати мејл до сите институции да ја стопираат процедурата за спроведување на огласите, додека веднаш почна со разрешување и смена на директори, со цел полесно да се реализира ова сценарио.Во дописот до здравствените установи Таравари пишува дека ќе следат и други активности, додека сведоци сме дека единствени активности што следеле биле раскинување на договорите за вработените Албанци и нивна замена со активисти на ВМРО и ЗНАМ.Со оваа одлука, како и со одлуката за укинување на економските директори и врзаните потписи, Таравари потврди дека единствена негова мисија е спроведувањето на проектот на моноетничката влада за деалбанизација на здравството.”, велат од Алијансата за Албанците.

Македонија | пред 1 година

IMG_6219

Таравари во подета на Клиникита за урологија и Клиниката за хематологија

Клиниката за урологија, утрово, ја посети министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, каде заедно со новоименуваниот директор, Башким Шабани, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника. Тоа ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период.Министерот ја посети и Клиниката за хематологија, каде со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на клиниката и дискутираа за идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа.

Македонија | пред 1 година

taravari3

Доктори што отидоа по приватни болници, сега сакаат да се вратат во јавното здравство, рече Таравари

Доктори кои „избегале“ од јавното здравство, бараат да се вратат на државните клиники. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, станува збор за искусен кадар со над 10 години искуство.„Доктори од приватното здравство, сакат да се вратат во јавно здравство. Ние ќе бараме решение како специјалистите да ги вратиме. Ова нѐ прави горди, гледаме дека има интерес од докторите од приватно здравство да се вратат во јавно здравство“, рече Таравари.Заложбата на здравствениот систем е да го стопира одливот на квалитетен кадар.

Македонија | пред 1 година

IMG_6166

Таравари сега не знае ништо за ослободувањето на Блерим Рамадани, иако претходно го поздрави ослободувањето пред да се донесе судска одлука

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој го поздрави ослободувањето на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, уште пред да биде донесена судската одлука, сега посочува дека нема информации за конкретниот случај. Прашан дали судијата на претходна постапка, Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој даде само општ коментар.„За секого кој што не постапувал како што треба, треба да има одговорност. За конкретниот случај, немам информација. Кога ќе имам, ќе имаме став како коалиција ВЛЕН“, рече Таравари.Судијата Пајазит Пајазити го ставил, па го пуштил поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од ефективен притвор, иако околностите под кои е одреден притворот биле непроменети, дознава „Скопје1“. На МВР им била дадена насока да вршат контроли, кои биле правени секојдневно. Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО-ГОКК) не се согласило и поднело жалба. Денот кога Кривичен совет одлучува по жалбата – Рамадани бега. Вака изгледал текот на настаните кога во прашање е Рамадани, за кого Србија има потерница и го бара за извршени воени злосторства.„Скопје1“ дојде до информации како постапувале судијата Пајазит Пајазити, Кривичниот совет кој одлучува по жалби, Обвинителството кое бараше притвор и се жалеше за куќниот притвор, Министерството за внатрешни работи задолжено да прави контроли на адресата каде Рамадани беше во куќен притвор. Заклучокот е дека МВР не може да го пушти Рамадани да избега, туку судот со неодредување на најстрогата мерка.

Македонија | пред 1 година

238167627_851936242113140_368375607405622827_n

Реновирањето не е причина за смртта на 48-годишната пациентка, вели Таравари за жената која не била примена на Инфективна со корона

„Нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“, рече министерот за здравство, Арбен Таравари за пациентката која не била примена на Инфективната клиника иако имала Ковид, по што починала. Според Таравари, мора да се реновира, а пациентката на 48-години не починала поради нехоспитализирањето.„Причината за смртта сигурен сум дека не е реновирањето на Инфективна клиника, рече Таравари.На прашањето, како може пациентката да не е хоспитализирана на Инфективна иако од Хематологија насочиле дека мора да биде во болнички кревет, тој рече дека побарал извештај од двете клиники.На прашањето каде се третираат лицата со коронавирус, тој рече дека речиси сите здравствени институции имаат интензивен ден.„Се работи за случај со акутна леукемија. Тоа е сериозна болест, која има обично лоша прогноза. Пациентката е третирана на Хематологија по сите протоколи. Пациентката е 47-годишна, во петта декада. И во меѓувреме е инфицирана од Сарс-Ков-2, што е нормлано, го поминвуваме сите, нормална инфекција. За пациентката е повикан и консултиран и инфектолог, и анестезиолог. Дадена е соодветна терапија. Треба да знаеме од што починала. Добила повторно терапија деновиве. Така што, дајдете да добиеме дефинитивни податоци“, рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

tarvari

Таравари: 9 нови лекови се на позитивната листа, за 6 месеци следува уште едно проширување

„Мене ми е посебно чест да ви кажам дека после 2009 година, само во 2014тата имало само еден лек, но сега се проширува позитивната листа со 9 нови лекови кои што се скоро неизбежни за повеќето болести во државата, вели министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на ЈЗУ УК Дигестивната хирургија во Скопје.Министерот Таравари посочи дека ќе ја потпише одлуката денеска за проширување на позитивната одлука.Така што ќе имаме нови антихипертензиви, нови антикоагуланси, нови антидепресиви. Јас денеска штом се вратам од тука, ќе ја потпишам, бидејќи во Управниот одбор на ФЗО вчера е поминато по наш предлог на Министерството за здравство. И ова е вест која што вреди да се прошири и каже, а ние ќе продолжиме вака, рече министерот и додаде дека за 6 месеци повторно ќе се разгледаат можностите за ново проширување на позитивната листа за да им се олесни на пациентите.После 6 месеци планираме да ја прошириме плус листата со уште неколку лекови, меѓутоа ќе треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме што се можности уште неколку лекови да бидат на позитивна листа и да им олесниме на главните во нашиот ресор, а тоа се пациентите, а сите сме потенцијални пациенти.“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари од здравство упадна во судство, па се пофали за ослободување на припадникот на УЧК: Тоа беше мисија што ја остваривме

Министерот за здравство и политичар Арбен Таравари гордо се пофали на ФБ дека ослободувањето на поранешниот припадник на УЧК, Блерим Рамадани било мисија која ја остваривме. Еве што напиша Тараваи:„Го поздравувам ослободувањето на поранешниот војник на УЧК Блерим Рамадани. Да го ослободиме беше мисија што ја остваривме и неговата слобода носи радост за сите нас”.Одлуката Рамадани, кој е баран по српска потерница, да оди од екстрадиционен во домашен притвор, официјално ја донесе Кривичен суд, а не политиката.Загрижува што по ваквата изјава на Таравари нема никаква реакција, ниту од новинарите, ниту од НВО, ниту од судската власт, ниту од политичарите, иако се работи, ако е вака како се фали Таравари - класичен упад во судството.Дали Таравари ја навестува бидејќи ја знае или притиска за конечната ослободителна одлука за Рамадани следната недела.За двојните аршини и навивањето говори податокот кога поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ оправдано беше „распнат на клада” од сите затоа што кажа како се гласало во Апелација кога требаше Сашо Мијалков да се брани од слобода.Сега молк. Можеби бидејќи е топло и годишни одмори.

Македонија | пред 1 година

IMG_5172

Таравари: Чекаме нов Управен одбор на Фондот, па ќе се прошири позитивната листа на лекови

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска рече дека кога ќе се изберат нови членови на Управниот одбор на Фондот за здравство, на првата нивна седница ќе биде ажурирана позитивната листа на лекови на која нов лек се нема најдено 15 години.Таравари пред три недели најави дека позитивната листа на лекови ќе се прошири за две недели, што не се случи.„Нема никаков проблем со лековите, пари има, чекаме уште да се комплетира Управниот одбор. Од наша страна има согласност за позитивната листа“, рече Таравари.Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски вчера во Струмица рече дека не е прашање дали Фондот има или нема пари за проширување на позитивната листа за девет лекови.„Правиме комплетна анализа. На функција сме само 15 дена. Очекувам дека за десетина дена ќе имаме одговор на ова прашање. За 2025  размислуваме разумно во насока следното гледање на позитивната листа да не биде мало дотерување на листата, туку да биде посуштинска, посодржинска промената.“, рече Клековски.

Македонија | пред 1 година

taravari2

Таравари: Траба да се направат критериуми за вработување на 300 специјализанти до крајот на годината

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска има средба со претставници на специјализантите кои ќе бараат одговори од него како ќе се спроведе планот на Владата за нивно вработување. Приоритет и персонална задача рече дека му било да најде решение за специјализантите и среќен е што успеал да го најде во првиот месец како министер. Од вкупно 647 специјализанти, 300 ќе бидат вработени оваа година, а уште 300 ќе останат за следната.,,Јас сум многу среќен што успеав првиот месец да изнајдеме решение. По информација на Министерството тоа помина во Влада, од вкупно 647 специјализанти 300 ќе бидат вработени оваа година. Сега треба да поставиме критериуми и потоа да побараме кај има интерес во јавните здравствени установи и 300 други ќе останат за идната година. Во меѓувреме, следната моја заложба ќе биде да видиме и овие коишто подолг период, посебно, среден медицински персонал кои подолг период работат и немаат решение за работа да најдеме и за нив решение за до крајот на годината и тие да бидат редовно вработени.”, рече Таравари.Според него, за тие вработувања нема да се чека новиот Буџет.,,Нема да се чека новиот буџет. Ќе се обидеме во склоп на овој буџет да успееме да го менаџираме тоа. Меѓутоа, ни треба време да се синхронизираме и со другите министри. Јас сум оптимист дека и оваа работа како и со специјализантите, како и со позитивната листа ќе ја завршиме.”, рече министерот за здравство.Министерот за здравство Таравари кажа и дека ќе се обиде да најде решение за проблемот со немање лекар во Дојран.Тој денеска присуствуваше на промоција на нов дел на невролошки амбуланти на Клиниката за педијатрија.

Македонија | пред 1 година

taravari3

Таравари: Комплетно реновирана невролошката амбуланта на Детска клиника, обезбеден и нов апарат- ехосонограф

На Клиниката за детски болести комплетно е реновирана невролошката амбуланта. Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на оваа клиника.,,Обновата на овој можеби најфреквентен дел од Клиниката за детски болести ќе резултира со значајно поефективна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти кои тука се третираат. Приоритет на Министерството за здравство е континуираноунапредување на условите за работа и инвестирање во современа дијагностичка апаратура. За таа цел, во изминатиот период е обезбеден нов апарат - ехосонограф, односно ултразвучен премиум колор доплер апарат, кој овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика.", потенцираше Таравари во рамки на посетата на оваа клиника.Невролошката амбуланта при Клиниката за детски болести е единствен центар за специфична дијагностика и третман на пациенти со невролошки заболувања од новороденчиња до адолесценти.,,Обновени се три консултативни амбуланти, ехосонографски кабинет и два ЕЕГ кабинета, каде месечно се прегледуваат во просек по илјада пациенти.", информираше д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за Детски болести.

Македонија | пред 1 година

taravariontime1

Именувани нови директори на јавни здравствени установи

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи:- Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче- Институт за трансфузиона медицина–Скопје, Амир Елези- Општа болница Куманово, Стефан Трајановски- Општа болница Велес, Александар Бузалков- Психијатриска болница Демир Хисар, Стевче Цветановски- Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија, Невена Маневска- Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“–Скопје, Мухсин Арифи- Општа болница Охрид, Горан Маркоски- Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Игорче Џиковски- Универзитетска клиника за детска хирургија, Лазе Јовчевски- Здравствен дом Вевчани, Рената Пешиновска-Центар за јавно здравје Тетово, Шпенди Амети- Центар за јавно здравје Прилеп, Горан Кузески- Здравствен дом Радовиш, Стојанче Петров

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари: ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните

,,Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство.Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги имаше „честеше“ своите луѓе.Значи ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ...На оваа партија и требаат две работи:1. Добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што и се подготвуваат,2. Да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет...”, вели Арбен Таравари, министер за здравтство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари: На најдобрите пет студенти ќе им биде понудено вработување во државните болници

Најдобрите пет студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и од Штип, веднаш по дипломирањето, ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денес денеска министерот за здравство, д-р Арбен Таравари.Тој денес беше на средба со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.„Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти“, вели Таравари.

Македонија | пред 1 година

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Таравари ги нарече „смешни“ обвинувањата за недоволно вработувања на албански кадар

Според министерот за здравство Арбен Таравари обвинувањата за недоволно вработувања на албански кадар во институциите низ државава се „смешни“ .Тој денес ги коментираше обвинувањата на Европскиот фронт дека не само во здравствените институции, туку воопшто, имало многу малку вработувања на албански кадар.,,Мене ми изгледаат смешни. Кога не се сериозни секогаш се смешни, така што не држат овие работи коишто ги кажуваат. Меѓутоа, ги разбирам, задача на опозицијата е тоа, нека продолжат. Меѓутоа, фактите ќе си кажат како стојат работите, одговори министерот на новинарско прашање, по посетата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.”, вели Таравари.Во соопштение до медиумите, ДУИ наведе оти смета дека „не може да помине ден без последователни и скандалозни дејствија за дефакторирање на Албанците во Северна Македонија и систематско девалвирање на Охридскиот рамковен договор од страна на губитниците на изборите и моноетничката власт во земјава“.,,По промената на формулата „Балансер“ и намалувањето на процентот на Албанци од 29,5% на 25%, непочитувањето на резултатите од пописот на населението и бришењето на албанската дијаспора од нивните права, симнувањето на албанскиот јазик од претседателската функција, следниот скандал е не -назначување на албански кадар во Агенцијата за разузнавање.”, пишуваше во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Објавен е тендер за компересорите во хируршките сали кои не работат, вели Таравари

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на службата за општи и заеднички работи на клиниките.,,Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на хирургија во Клиничкиот центар, изјави министерот за здраство Арбен Таравари”.Таравари, најави дека за најмногу две недели ќе има нова Позитивна листа.Како и модернизирање на јавното здравство, мобилни екипи за граѓаните да пријавуваат директно проблеми во здравството, преговори со доктори за работа во периферијата и друго.

Македонија | пред 1 година

taravari8

Денеска леат крокодилски солзи, во 2019 година ОсманИ и Груби побараа да се преиспита одлуката за назначувањето на Еролд Муслиy, велат од ВЛЕН

„Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби. Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, НУЛА Албанци застапени во армиската единица “Волци”. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциитњ, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите“, велат од ВЛЕН и додаваат:Коалицијата ВЛЕН има заменик директор во Агенција за Национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на ВЛЕН за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.И, за крај..Точно е дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година ВИЕ ја сменивте систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор. Од таа година Албанците немале заменик-директор, систематизација што ја гласавте на владиниот состанок, не знаејќи што сте направиле. Функцијата заменик-директор се врати во 2021 година, но од таа година која позиција ја имавте ВИЕ (ДУИ) ? НИКОЈА!Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, ќе ја врати ВЛЕН!“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

(Видео) Таравари: Не би студирал медицина во Струга, јас сум против факултетите каде се запишуваш и по 3-4 години да си купиш диплома

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе бара ревизија на сите медицински факултети во Македонија.Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ прашан дали би студирал медицина на факултетот во Струга во јавноста познат како „факултетот на Мерко“, одговори: „Јас не би студирал. Ќе треба ревизија. Јас сум против сите универзитети каде постојат сомнежи, искрени сомнежи, дека се запишуваш и по 3-4 години можеш да одиш да купиш диплома“.Таравари додава: „Сметам дека треба да се направи ревизија на сите универзитети. Се надевам посебно за медицинските факултети. Јас ќе имам состанок со деканите на медицинските факултети, а посебно и со министерката за образование која е професорка која е ценета и квалитетна“.Вчера, на првата владина седница, беше донесена одлука со која се укинува изучување на медицинско образование на факултетот во Струга.?t=2138

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања