(Фото) Ахмети со Гаши и министерот Лимани беа кај Рама на „Самит на албанската дијаспора“
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, учествуваше на отворањето на четвртиот Самит на албанската дијаспора во Тирана, каде упати порака за единство и заедничка иднина.„Задоволство е да се учествува на отворањето на Самитот на албанската дијаспора – ‘Преку корените се издигнуваме’. Ова е момент што нè потсетува дека нашата сила произлегува од идентитетот, историјата и нераскинливата поврзаност едни со други“, напиша Ахмети.Тој истакна дека самитот претставува важен мост за поврзување на Албанците ширум светот, со цел зајакнување на соработката, размена на искуства и заеднички ангажман за развој и европска перспектива.На настанот присуствуваа и Фатмир Лимани, министер за труд и социјална политика, како и претседателот на Собранието Африм Гаши.Самитот во Тирана собра претставници на дијаспората, политички лидери и институционални претставници, со фокус на поврзување и зајакнување на националната и економската соработка.
Македонија | пред 1 седмица