Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДУИ нудела влез во Владата по секоја цена, Ахмети прифатил помалку министерства и без претседател на Собрание, вели Стојаноска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryubcsa556keil7DKsDUc

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, изјави дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бил подготвен на значајни отстапки само за да стане дел од новата влада, вклучително и прифаќање помал број министерства од коалицијата ВЛЕН и откажување од барањето Албанец да биде претседател на Собранието.

Стојаноска посочи дека Ахмети во јавноста тврди оти пред една година со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, договорил предвремени избори, но, како што нагласи, не ја кажува целосната вистина за средбата што се одржала во нејзината канцеларија. Според неа, на таа средба Ахмети нудел влез во Владата без барање за претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од она што го барала коалицијата ВЛЕН, само за да биде дел од истата влада.

— реклама —

„Ние останавме истрајни во она што беше јасна порака од народот – дека ДУИ мора да оди во опозиција. Затоа, пред да кажува невистини, нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини“, изјави Стојаноска.

Таа додаде дека останува отворено прашањето дали ваквите јавни изјави на Ахмети имаат за цел да ја спречат ерозијата во сопственото членство и кај досегашните поддржувачи на ДУИ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања