Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче за заканите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче одговори на заканите на Али Ахмети кој рече:,, Нема никој во Македонија од мене што подобро прави национализам. Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови”.

Филипче смета дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање.

— реклама —

,,Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од друга на од другите етнички заедници нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети.

Гледам кажал ја растурил Југославија, ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин.

— реклама —

Во однос на коментарите на ВМРО-ДПМНЕ нека го гледаат сопствениот двор со какви кадри располагаат. Еве гледаме за жал кадрите што ја менаџираат во овој момент државата граѓаните ги доведоа до просјачки стап. Така да тоа треба да им е работата нив, не да се занимаваат со СДСМ.

Имаме многу висок критериум за избор на личности на сите позиции и практично се спремаме на следните избори,кога и да се случат, власта да ја вратиме во рацете на граѓаните”, рече Филипче

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања