Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Градоначалникот, ако сакаше до сега ќе го решеше проблемот со кравите, вели АХВ по драматичната акција во Крива Паланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

АХВ остро реагира на изјавата на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, дека општината нема надлежност за проблемот со говедата што лутаат низ градот и прават штета. Агенцијата потсетува дека според Законот за јавна чистота, општината е надлежна за контрола на чување и напасување крупен добиток на јавни површини и го повикува Митовски да соработува за трајно решение. АХВ најавува дека ќе продолжи со собирање на животните.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот Крива Паланка и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села.

— реклама —

„Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност која ја има во овој случај, бидејќи согласно Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини односно чување и напасување на крупен добиток (вклучително и на говеда) на јавни површини ја има токму Општината. Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната Влада.

— реклама —

Говедата ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината која е подеднакво одговорна за решавање на проблемот. Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со Агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај.

— реклама —

Агенцијата за храна и ветеринарство и во наредниот период ќе продолжи со активности за собирање на животните во интерес на граѓаните на Општина Крива Паланка“, велат од АХВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jajca

АХВ спречи нелегален увоз: уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryv1vilfbvhqtj6spHOi9

АХВ ја затвори кујната во РЕК Битола по дојавата за труење со храна: Земени се мостри од храна и брисеви

Македонија | пред 4 дена

media-library1mhds8vps9mafEV34CO

АХВ запре 50 тони небезбедна храна: Мелено месо од Парагвај и ореви од Казахстан вратени од граница

Македонија | пред 1 седмица

gotvenje-hrana-1

АХВ казни домови за стари лица: откриени сериозни пропусти со храната

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања