Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

АХВ казни домови за стари лица: откриени сериозни пропусти со храната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
gotvenje-hrana-1

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече глоби во вкупна вредност од 1.550 евра во денарска противвредност за четири оператори со храна во домови за стари лица, по спроведени вонредни инспекциски контроли.

Инспекциските служби извршиле 39 контроли низ земјава, при што кај еден оператор биле уништени шест килограми небезбедна храна. Исто така, утврдено е дека еден дом не бил регистриран како оператор со храна, по што му е изречена времена забрана за работа, парична казна и обврска за регистрација.

— реклама —

Контролите покажале и други сериозни недостатоци. Еден оператор не ги исполнувал хигиенските стандарди за безбедност на храната, додека четири домови немале спроведено задолжителни здравствени прегледи за вработените.

Дополнително, биле констатирани низа неправилности, меѓу кои нередовно водење на евиденции за хигиенски и производствени практики, недоставени сертификати за обуки, недостатоци во документацијата за набавки, како и доцнење во спроведување на мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

— реклама —

За овие пропусти, АХВ издаде три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени.

Од Агенцијата потсетуваат дека при слични контроли во ноември 2024 година, дури 14 домови не биле регистрирани како оператори со храна, при што биле уништени 40 килограми небезбедна храна, а казни биле изречени на 18 домови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library98sjnu8gh3ca6Ad3KNB

Нема небезбедна бебешка храна од HiPP во земјава, уверува АХВ

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
jajca

Запленети и уништени над 40 тони небезбедни јајца во претпразнични контроли

Македонија | пред 6 дена

media-librarydu3tep4ls5ju1YPlng0

Инспекции низ цела држава: Под лупа јајцата, боите и месото пред велигденските празници

Македонија | пред 3 седмици

jajca

АХВ спречи нелегален увоз: уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања