Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

АХВ запре 50 тони небезбедна храна: Мелено месо од Парагвај и ореви од Казахстан вратени од граница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1mhds8vps9mafEV34CO
unsplash inigo-de-la-maza-

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на вкупно 50 тони небезбедна храна која требало да заврши на македонскиот пазар, по контроли спроведени на граничните премини.

Официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан забраниле влез на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. По извршената проверка во информативниот систем на АХВ и увид во увозната документација, било утврдено дека месото потекнува од објект кој не е одобрен од Агенцијата, со што не се исполнети основните безбедносни стандарди за увоз.

— реклама —

Од АХВ посочуваат дека ваквите неправилности отвораат сомнеж за здравствената исправност на производот и претставуваат потенцијален ризик за потрошувачите, поради што е донесена одлука за забрана за негово пласирање на пазарот.

Покрај ова, инспекторите за храна минатата недела спречиле и увоз на пратка од 22 тони ореви од Казахстан. Причина за забраната биле несоодветно означување и отстапки од пропишаните критериуми за квалитет и безбедност. Целата количина е вратена во земјата на потекло.

— реклама —

Од Агенцијата најавуваат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи во земјата.

„Апелираме до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи и стандардите, бидејќи здравјето на граѓаните останува врвен приоритет“, порачуваат од АХВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library98sjnu8gh3ca6Ad3KNB

Нема небезбедна бебешка храна од HiPP во земјава, уверува АХВ

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
jajca

Запленети и уништени над 40 тони небезбедни јајца во претпразнични контроли

Македонија | пред 6 дена

media-librarydu3tep4ls5ju1YPlng0

Инспекции низ цела држава: Под лупа јајцата, боите и месото пред велигденските празници

Македонија | пред 3 седмици

jajca

АХВ спречи нелегален увоз: уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања