Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Бектеши и двајца други обвинети преку адвокат бараат ревидирање на обвинението за „Пулс“ за да бидат тргнати од него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Бранителот на Крешник Бектеши, Зоран Николовски и Беким Максути поднесе иницијатива за ревидирање на обвинителниот акт за случајот „Пулс“, барајќи нивно ослободување поради отсуство на вина. Адвокатот Еленко Миланов побара в.д. обвинителката Анита Топалова-Исајловска да свика колегиум и да го преиспита обвинението. Тврдат дека треба да одговараат само лица со директна причинско-последична врска и овластувања кобната ноќ, заради еднаква примена на законот и економичност на постапката. Иницијативата следи по обвинението на ОЈО ГОКК, каде има одвоени постапки и за полицајци што доставувале невистинити податоци.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Бранителот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, службеникот Зоран Николовски и ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути поднесе иницијатива за ревидирање на обвинителниот акт за случајот „Пулс“, со барање тие да бидат ослободени од обвинение поради, како што наведуваат, отсуство на вина.

— реклама —

Адвокатот Еленко Миланов побара од в.д. обвинителката Анита Топалова-Исајловска да свика колегиум во рамки на Обвинителството и да се разгледа поднесеното обвинение, по што ќе донесат одлука овие обвинети да бидат ослободени заедно со сите кои немале директна причинско-последична врска или пак овластување кобната ноќ.

— реклама —

„Иницијативата е за еднаква примена на законите, исто така и согласно начелото за економичност на постапката за да истата може да заврши ефектно во однос на лица за кои евентуално може да има причинско последична врска со самиот кривично правен настан, а со избегнување на обемност со лица за кои таквата причинско последична врска со настанот не постои, истовремено со отсуство на дејствија на сторување или не сторување поврзани со делото“, стои во дописот кој го објави ТВ24.

— реклама —

Барањето е поднесено по обвинението и обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таму се водат одвоени постапки зависно од сторените дела на полицајците. Меѓудругото, се гонат и полицајци кои доставиле невистинити податоци за исполнетост на услови до Министерството за економија.

Обвинетите преку адвокатот бараат да одговараат само тие кои имале директни дејствија или овластувања во време на пожарот, а не сите кои со години придонесувале во тоа „Пулс“ да работи без проблеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања