Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Без план и стратегија, Србија на работ на нова енергетска криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
vucic-111

Партијата Србија центар (СРЦЕ) предупреди дека штетната енергетска и економска политика на српската влада и претседателот Александар Вучиќ ја довела државата на работ на енергетски колапс.

Во соопштението се наведува дека е загрижувачки тоа што Владата на Србија сè уште нема „ниту план, ниту програма“ иако поминаа 11 месеци откако беа најавени американските санкции за Нафтната индустрија на Србија (НИС).

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека роковите за воведување санкции биле неколкупати одложувани, што ѝ давало на Србија доволно време да преземе конкретни чекори. Наместо тоа, власта на Српската напредна партија ја довела државата во ситуација, како што изјави и самиот претседател, рафинеријата да има резерви на нафта само до крајот на месецот.

Додека власта се занимава со гушење на студентските и граѓанските протести, ги запоставува прашањата што навистина се од суштинско значење за безбедноста и стандардот на граѓаните, стои во реакцијата на СРЦЕ.

— реклама —

Од партијата, исто така, ја критикуваат изјавата на Вучиќ кој, наместо благодарност до вработените во НИС што се обидуваат да ја надминат кризата, ги обвини дека имаат високи плати и дека биле „блокадери“.

Граѓаните не очекуваат празни препукувања дали Хрватска ќе го купи НИС или Србија хрватската електроцентрала. Очекуваат конкретни мерки за заштита на енергетската стабилност — не од американска или руска страна, туку од српската, порачуваат од СРЦЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 18 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 19 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања