Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Би-би-си во историска криза: Се извини на Трамп, но рече дека не може да ги тужи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Голема медиумска бура ја тресе британската јавна телевизија Би-би-си, која испрати лично извинување до американскиот претседател Доналд Трамп, но истовремено соопшти дека нема правна основа неговиот тим да покрене тужба за клевета поради документарец емитуван во емисијата „Панорама“ само неколку дена пред изборите во САД во 2024 година.

— реклама —

Контроверзниот документарец содржел погрешно монтиран сегмент од говорот на Трамп од 6 јануари 2021 година, денот кога толпа поддржувачи го упадна во Капитол. Начинот на кој бил споен материјалот создавал привид како претседателот директно да повикува на насилство. Телевизијата призна „грешка во проценката“ и изрази жалење за монтажата, но категорично одби дека постои основ за клевета.

— реклама —

Адвокатите на Трамп претходно побараа од Би-би-си до недела да го повлече документарецот, да се извини јавно и да исплати до една милијарда долари отштета поради, како што тврдат, „финансиска и репутациска повреда“. На барањата уследи одговор: претседателот на Би-би-си, Самир Шах, испратил лично писмо до Белата куќа, со официјално извинување и признание дека телевизијата „погрешила во проценката“.

— реклама —

Ситуацијата дополнително се влоши кога „Телеграф“ откри дека и другата позната информативна програма, „Њузнајт“, користела слично монтирана снимка од истиот говор. Скандалот доведе до оставки на двајца високи раководители, отворајќи ја најголемата институционална криза за јавниот сервис во последните неколку децении.

Би-би-си, кој се финансира главно преку радиодифузната такса во Велика Британија, моментално функционира без постојан генерален директор. Владата на Кир Стармер паралелно води дебата за идниот модел на финансирање. Премиерот, и покрај контроверзиите, повтори дека поддржува „силен и независен Би-би-си“ кој, како што рече, претставува значаен столб на британската мека моќ во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 20 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 21 час

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања