Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Битиќи: Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е каприц, туку барање за социјална нормалност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи на собраниска расправа порача дека минимална плата од 600 евра е прашање на социјална нормалност и бара Владата да преземе одговорност преку законска интервенција. Тој ја обвини Владата за продлабочување на сиромаштијата, слаба контрола на цените и задушување на социјалниот дијалог, нагласувајќи дека растот на трошоците ја уништува куповната моќ и создава работничка сиромаштија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

-Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска  расправа во Собранието за предлог-законот за зголемување на минималната плата.

— реклама —

Битиќи остро ја критикуваше Владата за продлабочувањето на сиромаштијата, слабата контрола врз цените и отсуството на вистински социјален дијалог околу минималната плата од 600 евра. Тој предупреди дека растот на трошоците директно ја нагризува куповната моќ на граѓаните.

— реклама —

„Оваа динамика ни кажува едноставно дека куповната моќ се јаде одвнатре, односно постои изразена тенденција сиромаштијата системски да е толерирана. Во овие услови, Владата нема право да зборува за одржливост кога се отвора темата за плати, а да молчи за сопствените институционални потфрлања што директно ја гушат економијата“, појасни Битиќи.

— реклама —

Тој посочи дека наместо да преземе одговорност, Владата го префрла товарот врз работниците и синдикатите.

„Се соочуваме со последователно множество на институционални слабости што го креваат стопанството на колена, а потоа Владата им држи лекција на работниците и фирмите да се договорат, праќајќи порака дека од нејзината страна нема простор за достоинствени плати.“, рече пратеникот на СДСМ.

Во однос на социјалниот дијалог, Битиќи беше дециден:

„Трошоците на живот растат, синдикатите бараат решение, а одговорот што го добиваат е одложување, игнорирање и политичка острина кон барањата на работниците. Во таква клима, социјалниот дијалог не се одржува, туку се задушува. 600 евра минимална плата е линија под која државата не смее да се повлече. Цените и трошоците веќе покажаа дека сегашните политики на Владата произведуваат работничка сиромаштија. Да не го оставаме работникот сам да се бори со инфлацијата и слабата контрола на државата. Достоинството не се одложува, туку мора да се гарантира.“, заклучи Фатмир Битиќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи: Поскапувањето на горивата ќе го зголеми притисокот врз граѓаните

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryij96eo6r3t7pf9tdjLR

Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости, понорот се полни со човечки животи

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryv3617ak30n3uawjCgUR

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypetnc2g8g2nq6kjCuVk

Битиќи: Со овој буџет државата оди кон сериозна криза

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања