Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

БИТИЌИ

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи: Поскапувањето на горивата ќе го зголеми притисокот врз граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, предупреди дека од полноќ граѓаните ќе се соочат со нов ценовен удар поради поскапувањето на горивата, што според него ќе има директно влијание врз трошоците за живот.Од полноќ нов ценовен удар, а од Владата статистичка утехаОд полноќ започнува нов ценовен удар, утре наутро ќе се разбудиме со поскапи горива и со нов притисок врз секојдневниот живот. Дизелот поскапува на 85,50 денари за литар, бензините на 79,50 и 81,50 денари, што значи просечно зголемување на цените на нафтените деривати од 14,27%. Ова ќе значи директен удар врз транспортот, производството... односно врз сите трошоци што подоцна се прелеваат во цените на производите и услугите што граѓаните секојдневно ги плаќаат.И токму во пресрет на овој нов ценовен шок, власта денес се обиде да ја смири јавноста со податокот дека месечната инфлација во февруари, во однос на јануари, изнесувала само 0,2%. Но тоа е тесен статистички пресек што не ја отсликува целосната ценовна реалност на животот. Бидејќи кога февруари 2026 се споредува со февруари 2025, трошоците на живот се повисоки за 2,9%, храната и безалкохолните пијалаци за 3,9%, а цените на мало за 1,6%. Тоа значи дека животот веќе бил поскап и пред овој нов удар, а поскапувањето на горивата од полноќ е само дополнителен импулс што уште повеќе ќе ја засили скапотијата во наредниот период.Кога власта се обидува да ги „мери“ трошоците на живот на начин што ќе звучат помалку страшно, најрелевантна статистика е онаа која произлегува од касите, таму каде што се плаќа. Синдикалната минимална кошница за февруари достигна 67.382 денари, што е 969 денари повеќе од јануари, а само трошоците за храна и пијалоци се зголемиле од 24.211 денари во јануари на 25.156 денари. Во исто време, минималната плата изнесува 24.379 денари, што значи дека за покривање на една синдикална минимална кошница се потребни околу 2,76 минимални плати. Дури и по најавеното мартовско зголемување на минималната плата на 26.046 денари, за покривање на истата кошница и натаму ќе бидат потребни околу 2,59 минимални плати. Основните животни трошоци растат побрзо и потешко од она што Владата сака да го признае.И не треба да се кријат зад квартален раст на БДП, кога првите сигнали од 2026 година се лоши. Да, Државниот завод за статистика објави раст на БДП од 3,8% во четвртото тримесечје од 2025 година, но само неколку дена подоцна објави, но никој од Владата не искоментира, дека индустриското производство во јануари 2026 паднало за 6,6% на годишно ниво, преработувачката индустрија за 8,0%, а извозот на стоки во јануари е понизок за 8,27%. Тоа е вистинската слика, портретирана од слабеење на реалниот сектор, притисок врз производството и нов грч за економијата уште на самиот почеток на годината.Владата нема антиинфлациона стратегија, нема сериозна политика за заштита на куповната моќ, нема сериозен одговор на ценовните шокови, нема храброст да се застане зад работниците...Македонија не живее подобро затоа што статистиката е попристојна. Македонија живее потешко затоа што Владата е економски пасивна, политички самозадоволна и социјално несензитивна“, вели Битиќи.

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryij96eo6r3t7pf9tdjLR

Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости, понорот се полни со човечки животи

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница се осврна на трагедиите поврзани со родовото базирано насилство како последица на институционални слабости и вредносна криза во општеството.„Со оглед на тоа што е Осми март, за жал не можам да започнам со честитка. Оваа седница се случува три дена по трагедијата која ја потресе нашата татковина и нè исполни со горчина. Ужас во кој, поради непрекината низа од институционални слабости, згаснаа два животи, мајка и малолетна ќерка. Кога институциите не ги полниме со политички вредности, ние го држиме отворен понорот во општеството и тој понор не останува празен. Го полниме со човечки животи, со човечка крв, а потоа се обидуваме да го измиеме со солзите на нечии родители, ќерки и синови“, истакна Битиќи.Тој нагласи дека општеството мора јасно да го именува злото и да се спротивстави на родово базираното насилство.„Кога жена е убиена поради родово базирано насилство, тоа е фемицид. И ако не умееме да го препознаеме, спречиме и санкционираме, тогаш понорот што го држиме отворен не е случајност, туку последица на нашата вредносна пустина. Ќе се запрашате зошто. Затоа што, функционираме како држава на ’алфа-мажјак, арбитрарна и репресивна, исполнета со политички елити кои својата одговорност ја врзуваат за дискриминацијата и понижувањето, што ја претвора силата во понижување, а различноста во причина за дискриминација.“, рече Битиќи.Тој предупреди дека во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени.Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.„Тоа значи дека илјадници девојки влегуваат во животот со однапред поставена пречка, не затоа што се помалку способни, туку затоа што системот им нуди помалку шанси. Мажите заработуваат повеќе од жените за околу 12,8 проценти, односно трудот на жената се вреднува помалку, а државата го толерира тоа“, нагласи Битиќи.Тој додаде дека економската нееднаквост не може да се надмине без политичка еманципација и вистинска поделба на општествената моќ.„Економијата не ја сочинуваат единствено бројки. Во прашање е и моќ. Изборот пред кој стоиме е дали таа ќе се узурпира или ќе се дели. Трета можност не постои. Држава која не ја штити жената, не ја штити ни демократијата“, истакна Битиќи.Говорот го заврши со пораката на активистката за човекови права Одри Лорд: „Не сум слободна додека било која жена не е слободна.“

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Битиќи: Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е каприц, туку барање за социјална нормалност

-Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска  расправа во Собранието за предлог-законот за зголемување на минималната плата.Битиќи остро ја критикуваше Владата за продлабочувањето на сиромаштијата, слабата контрола врз цените и отсуството на вистински социјален дијалог околу минималната плата од 600 евра. Тој предупреди дека растот на трошоците директно ја нагризува куповната моќ на граѓаните.„Оваа динамика ни кажува едноставно дека куповната моќ се јаде одвнатре, односно постои изразена тенденција сиромаштијата системски да е толерирана. Во овие услови, Владата нема право да зборува за одржливост кога се отвора темата за плати, а да молчи за сопствените институционални потфрлања што директно ја гушат економијата“, појасни Битиќи.Тој посочи дека наместо да преземе одговорност, Владата го префрла товарот врз работниците и синдикатите.„Се соочуваме со последователно множество на институционални слабости што го креваат стопанството на колена, а потоа Владата им држи лекција на работниците и фирмите да се договорат, праќајќи порака дека од нејзината страна нема простор за достоинствени плати.“, рече пратеникот на СДСМ.Во однос на социјалниот дијалог, Битиќи беше дециден:„Трошоците на живот растат, синдикатите бараат решение, а одговорот што го добиваат е одложување, игнорирање и политичка острина кон барањата на работниците. Во таква клима, социјалниот дијалог не се одржува, туку се задушува. 600 евра минимална плата е линија под која државата не смее да се повлече. Цените и трошоците веќе покажаа дека сегашните политики на Владата произведуваат работничка сиромаштија. Да не го оставаме работникот сам да се бори со инфлацијата и слабата контрола на државата. Достоинството не се одложува, туку мора да се гарантира.“, заклучи Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv3617ak30n3uawjCgUR

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон

Пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, на денешната седница за пратенички прашања, укажа  дека политиките на актуелната власт директно ја ограничуваат мобилноста на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за живот.Во обраќањето Битиќи посочи дека покрај покачувањето на возачката дозвола за Б категорија за 30%, граѓаните кога сакаат да патуваат надвор од државата се соочуваат и со прескапиот документ-зелен картон. Во отсуство на министерката за финансии Гордана  Димитриеска-Кочоска, до која беше наменето прашањето, Битиќи побара писмен одговор на прашањето - кога ќе се укине зелениот картон и конечно ќе се стави крај на оваа скапа бариера за мобилноста на граѓаните.„Ако во првото прашање зборував за тоа како државата им ја поскапува мобилноста на младите со 30% повисоки трошоци за авто-школа, морам да укажам дека истиот рефлекс на ограничување продолжува и кога некој граѓанин конечно ќе добие возачка дозвола. Наместо да се олесни циркулацијата на луѓе, идеи и труд, државата држи високо кренат уште еден бедем, а тоа е зелениот картон. Тој е претворен во постојан трошок за излез од државата, односно тоа е една симболична и финансиска рампа што ја плаќаат студентите од програмата „Еразмус“, сезонските работници, лекарите кои одат на обука во странство, семејствата што сакаат за викенд да прошетаат надвор од границите, некоја мала компанија која врши извоз на роба и  сака да внесе додадена вредност за нашата економија“, рече Битиќи.Тој додаде дека ваквиот „данок на мобилност“ е дел од пошироката политичко-економска матрица на Владата.„Овој „данок на мобилност“ не е изолиран административен куриозитет, туку спаѓа во истата политичко-економска матрица што ја гледаме во Предлог-буџетот за 2026 година, односно популистичка реторика за „грижа“, а во суштина преферирање на лесни приходи, непродуктивни трошоци и административна комоција пред структурни реформи и европска нормализација“, рече Битиќи.Во обраќањето Битиќи посочи дека трошоците за живот растат по сите основи поради погрешните политики на власта, што на свој грб го чувствуваат граѓаните.„Кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се фали со „дисциплина“, а истовремено пробива фискални правила и крати капитални инвестиции, граѓанинот го чувствува тоа на најконкретен начин, односно во секој дополнителен издаток што го казнува неговото право да се движи, да работи, да учи и да се поврзува. Зелениот картон, во таа смисла, е политика што ја прави границата поскапа, ја стеснува економската шанса на малите и ги демотивира токму оние кои ја движат економијата со својот труд“, посочи Битиќи.Притоа, Битиќи додаде дека мобилноста е јавен интерес, а не привилегија, а државата бидејќи држи високи бариери за движење на луѓе, знаење и труд, не гради европска економија туку гради затворен круг на ниска продуктивност и висока фрустрација.„Ако навистина сакаме да ги задржиме младите дома, треба  да им дадеме шанса на малите извозници, да го олесниме животот на работниците и на дијаспората, мора да престанеме да ја претвораме границата во каса“, рече Битиќи.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypetnc2g8g2nq6kjCuVk

Битиќи: Со овој буџет државата оди кон сериозна криза

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 ја истакна сериозната состојба со новиот буџет, предупредувајќи дека со вака поставениот економско-фискален модел државата може да се соочи со сериозна криза, веќе за две години.„Веќе ги гледаме последиците од моменталниот економско-фискален модел: каматните плаќања преминуваат во сериозна буџетска ставка и веќе достигнуваат околу 2% од БДП, односно околу 300 милиони евра. Тоа во структурата на буџетот од 6,7 милијарди е околу 4%. Капиталните инвестиции се само 9,7%, а ако продолжат новите задолжувања, моето предвидување е дека за две години ќе плаќаме околу 4% од БДП само за камати и провизии. Приходите, пак, не растат доволно. Ако продолжи ова темпо, за две години ќе имаме сериозна криза“, истакна Битиќи.Тој потсети на фактот дека СДСМ имаше јасна визија за економски раст и стабилност, во економската понуда која партијата ја имаше на парламентарните избори лани.„Ние зборуваме за минимална плата од 500 евра за првата година , и навистина сега ќе го имавме тоа,  а до крајот на  мандатот планирани беа 800 евра и императив од 900 евра при влез во ЕУ, затоа што нашите проекции беа дека до 2030 би станале членка на ЕУ. Кои се проекциите на сегашната влада? Еве денес слушаме изјава од министерот за економија, вели: ‘Не се секирајте, во март ќе имате 2 илјади денари повисока минимална плата’“, посочи Битиќи.Тој предупреди и на ризиците од неодговорно управување со јавните средства и можната загуба на европски финансиски поддршки, посочувајќи дека случајот со Платежната агенција ја открива ранливоста на системот и непочитувањето на европските стандарди:„Ако планираните инвестиции од 30 милиони евра не се реализираат, последиците се огромни. Можно е ЕУ целосно да го прекине или укине финансирањето, што би значело годишно губење од 120–130 милиони евра“, рече Битиќи.

Македонија | пред 4 месеци

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи: Новиот буџет носи рекордно задолжување

На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати.„Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи.Тој нагласи дека парите наместо во развојни проекти се топат во дефицитот.„Од проектираните даночни приходи од околу 200 милијарди денари, наместо да завршат во училници, операциони сали, лаборатории, патишта и железници, тие ќе исчезнат во јазот на дефицитот и во каматите“, рече Битиќи.Тој укажа и на сериозно кратење на капитални проекти. Капиталните расходи се планирани на 40,2 милијарди денари, значително помалку од 47,3 милијарди во ребалансот за 2025.Битиќи предупреди и на падот на странските директни инвестиции кои паѓаат од 570 милиони евра на 220 милиони евра.„Средствата за општински инфраструктурни проекти се кратат од 6,3 милијарди на 2,6 милијарди денари, а во технолошко-индустриските зони има само 273 милиони денари. Исто така и евроинтегративните програми се кратат од 4,45 на 3,2 милијарди денари, што е јасен сигнал за оддалечување од ЕУ“ потенцираше Битиќи.Тој оцени дека 2026 година е подготвена како популистичка или изборна година, со раст на тековните расходи и кратење на капиталните инвестиции.„Пред нас имаме октроиран буџет на влада која абдицира од фискална дисциплина, транспарентност, инклузивен дијалог и развојна одговорност. Граѓаните заслужуваат да ја видат вистината. СДСМ ја повикува Владата да повлече ваков модел на волунтаризам и да изготви буџет кој ќе биде легитимен по постапката и развоен по суштината.“, посочи Битиќи.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb43cesgcbroo2rwaIjb

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денес се обрати пред жителите на Житоше, изразувајќи ја својата силна поддршка за кандидатот за градоначалник на Долнени, Исуф Синани. Битиќи испрати пораки за единство, чесност и вистинска грижа за граѓаните, без разлика на етничка или партиска припадност.„Ја дадовме поддршката за Исуф Синани, не затоа што е ‘наш’, туку затоа што е на страната на јавниот интерес, на чесноста. Човек што слуша пред да зборува, што гради мостови пред да бара изговори. Со него, успехот ќе се мери со решени проблеми, а не со аплаузи, со фер однос кон секое село, независно дали е големо или мало, дали во него живеат Македонци, Албанци, Турци или Бошњаци,“ порача Битиќи.Битиќи ја нагласи важноста на основните услови за достоинствен живот, особено во руралните средини како Житоше:„Знам дека овде се живее од земјата, од нивите, од тутунот, од трудот на семејството. Кога има вода за наводнување, пат до нивата, правичен откуп и навремена исплата, тогаш има достоинство. Тоа е мерката за квалитетен живот. И тоа е општина што не прашува ‘чиј си’, туку ‘кој ти е проблемот кој треба да го решиме?’“ потенцираше Битиќи.Тој потсети дека социјалдемократската идеја не дели по етникум, знаме или партиска книшка, туку таа спојува околу три столба: чесност, одговорност и еднакви можности.„Сè друго е евтин маркетинг што крие неспособност и корупција, и тоа на овие избори, во оваа општина нема да помине,“ порача Битиќи.„Знам што значи кога дождот ќе престане, а калта ќе остане, и кога со месеци чекате прегорена улична светилка да се промени. Тоа мора да се смени. На Долнени му треба градоначалник што ќе служи на заедницата, независно од тоа кој и каков е, што ќе ја отвора општината кон секое домаќинство, што ќе ги решава проблемите, а таков градоначалник може да биде Исуф Синани,“ рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 5 месеци

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, падна на арбитража

Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, реагира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер.„Да се потсетиме: Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во целиот тој процес се водеше со јасни определби и насоки од страна на мојот кабинет во претходната Влада.“ наведува Битиќи.И затоа, искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност, вели пратеникот на СДСМ.„Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже“ стои во објавата на Битиќи.

Македонија | пред 7 месеци

786367c7-87e4-4fe8-b797-16cb121c00c1

Битиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните

Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година.Битиќи, во своето излагање истакна дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари, или 4% од БДП.-„Но тоа е веќе над законски дозволената граница од 3%, односно максимум 3,5% во исклучителни случаи – а денес немаме ниту катастрофа, ниту глобален шок. Она што го имаме е криза во планирањето, криза во отчетноста и криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава“, посочи Битиќи.Тој додаде дека дефицитот само од крајот на април до средина на јули е зголемен повеќе од двојно – од 13,4 на над 30 милијарди денари, што е јасен знак дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно.Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува задолжувањето, и домашно и надворешно, со што се создава товар за идните генерации, а секоја нова обврзница и секој нов кредит значи помалку пари за училишта, здравство и инфраструктура.„Со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, надворешниот за 1,38 милијарди, а најавено е и ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината. Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1% од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови кои не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста“ , нагласи Битиќи.Toj истакна дека се дуплира ставката за набавка на автомобили, капиталните расходи, наместо да одат за болници, училишта или зелена инфраструктура, се пренасочуваат за набавка на возила.„Се купуваат автомобили во вредност од речиси 900 милиони денари, во време кога капиталните инвестиции бележат ниска реализација од 28%, истакна Битќи, додавајќи дека Владата троши 1,8 милиони евра за 134 метри квадратни штанд на ЕКСПО 2027 – што значи 5.550 евра по метар квадратен, а со тие средства може да се обезбедат над 12.000 сензори за дијабетичари осносно да се опслужат 460 пациенти со дијабетес тип 1. Се кратат средствата за животна средина за 868 милиони денари, како и економската поддршка за мали и средни претпријатија, на кои и скромните 18.5 милиони денари им се ускратени на 11.5 милиони денари“ , рече Битиќи.Битиќи нагласи дека владата најавува зголемување на пензиите, но реалноста е дека 92% од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе.„Проекцијата за инфлацијата останува фиксирана на 2,8%, но реалноста е поинаква – минималната кошница се зголемила за 3.443 денари само во последните четири месеци, и за 7.000 денари во текот на една година“ , рече Битиќи,.Животот поскапува, а платите и буџетските мерки не го следат тој тренд. Наместо мерки за заштита на куповната моќ – добиваме буџет без визија, без развојна насока и без слух за реалните потреби на граѓаните, нагласи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, од собраниската говорница на расправата за ребаланост на буџетот за 2025 година.

Македонија | пред 8 месеци

bitiki

Битиќи со розови очила за читање на ребалансот: Вие носите Прада, овие се социјалдемократски

Фатмир Битиќи остро го критикуваше ребалансот на Буџетот кој е на комисиска расправа.Според него, наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика, розово на хартија, а црвено во реалноста. Тој стави и розови очила за подобро читање.„Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели“, рече Битиќи.„Ќе мора така да ги читаме работите. Рок-стар сум. Розеви се. Ќе ги оставам за заменик-министерот. Овие се социјалдемократски. Прада купувате вие, ние не“, кажа Битиќи, посочувајќи дека ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит.Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент, посочи пратеникот.„Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре”,  рече Битиќи.

Македонија | пред 8 месеци

Fatmir-B-SDSM

Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола, со дефицит од 4%, над законскиот лимит

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница за ребаланс.Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.„Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ - рече Битиќи.Наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика – розово на хартија, а црвено во реалноста. Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели.„Новото задолжување од 500 милиони евра и скриените долгови од над 700 милиони евра создаваат дополнителен фискален товар што ја загрозува економската стабилност и ќе мора да се решава во иднина.“Разочарувачки е и нискиот степен на реализација на капиталните инвестиции – само 23%, далеку од ветениот „рекорден инвестициски циклус“. Реториката со алтернативни пресметки не го заменува вистинското отчетување.Буџетот се користи како предизборно оружје: зголемувањето на пензиите и платите во јавниот сектор, растот на трошоците за договорни услуги и тројното зголемување на буџетските резерви укажуваат на непотизам, партиски вработувања и нетранспарентна потрошувачка, потенцираше Битиќи.Во услови кога јавните финансии се загрозени, ова не е одговорно управување со државните пари, туку краткорочна партиска кампања со ризик за економската иднина на граѓаните.„Во структурата на расходите се открива политичката агенда на Владата, која сè поотворено го користи буџетот за предизборна мобилизација. Зголемувањето на пензиите за околу 40 милиони евра укажува на ново предизборно зголемување кое не е резултат на одржлива реформа. Зголемувањето на платите за 14 милиони евра во јавната админстрација отвора простор за партиски вработувања, што ја поткопува институционалната професионалност и генерира долгорочни трошоци без развоен ефект. Особено вознемирувачки е скокот на расходите за договорни услуги за 30 милиони евра без зголемена отчетност, што отвора сомнежи за нетранспарентна и потенцијално коруптивна потрошувачка.“, рече Битиќи.Сето тоа се дополнува со зголемени трансфери од 3,8% до локалната самоуправа и тројно зголемени буџетски резерви (од 200 на 595 милиони денари) без прецизни и таргетирани програми.Во изборна година, ваквиот тренд повеќе наликува на финансиско вооружување за политичка потреба отколку на одговорно управување со јавните средства.

Македонија | пред 8 месеци

05062023_VRSM_BITIKI-7

Ограбен пратеникот Фатмир Битиќи: од домот во Бутел му изнеле сеф со пари

Сеф со пари е украден од домот на Фатмир Битиќи, експретседател на СДСМ и пратеник. За ова објавија од Министерството за внатрешни работи. Пријавата кај нив стигнала вчера претпладне.Според тоа што пријавил Битиќи, кражбата била извршена во периодот од 18 до 21 април. Во објектот било влезено со употреба на алат и сила, а украдени биле и други предмети.Од МВР известија дека работат на расчистување на случајот.Битиќи за ORA24.TV потврдил дека имало кражба во неговиот дом.-Да… Не би зборувал за детали, одговори Битиќи за ORA24.TV.

Македонија | пред 11 месец

market-pari

Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

Пратениците на СДСМ поднесоа предлог-законот за намалување на ДДВ-то за струја и основните прехранбени продукти и бараат поддршка тој да се прифати, со што ќе се намали ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5%, како и за основните прехранбени производи, од 5% на 0%. Со ова ќе им се помогне на граѓаните, а секое одложување и неприфаќање значи финансиски товар врз семејствата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница.Тој потенцираше дека намалувањата на ДДВ за струја и основни прехранбени производи се системски одговор на скапотијата, која со секој изминат ден станува се потешка. Според последните податоци граѓаните во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот со просечна цена од 6,08 денари за киловат-час, а зголемена е и потрошувачката кошница која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец.- Индексот на трошоците на животот во јануари е за 4,9% повисок во споредба со истиот месец, од лани, додека индексот на цените на мало бележи раст од 5,2%. Ова е реалност што граѓаните ја чувствуваат при секое одење во маркет, при секоја платена сметка за струја. Затоа замрзнувањето на цените на нивото од 1. февруари не е целосно решение, затоа што цените се зголемија па се одлучи да се замрзнат. За тоа што се случува во реалниот живот зборува вредноста на потрошувачката кошница која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец. Денес, за да се задоволат основните потреби, едно семејство треба да издвои 2,9 минимални плати, што е јасен показател дека просечниот граѓанин едвај врзува крај со крај, рече Битиќи.Намалувањето на ДДВ-то за електричната енергија, потенцираше Битиќи, ќе значи конкретно финансиско олеснување за над 600 илјади домаќинства, кои во јануари мораа да платат од 20 до 30% повисоки сметки за струја. Владата во делот на енергетиката потфрли.- Податоците се поразителни. Во ноември, официјално планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реалноста беше поинаква – увезени беа 351,3 GWh. Истото се случи и во декември – повторно планиран увоз од 0 GWh, а фактички беа увезени 425,7 GWh. Граѓаните се изложени на милоста и немилоста на увозните цени на струјата. Затоа и сметките растат. Поради што и овие измени и дополнување се неопходни. Со нивното усвојување за сметка од 3.000 денари за струја, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно, а за сметка од 5.000 денари, заштедата ќе изнесува околу 700 денари, рече Битиќи.Со предлогот за укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи најголема корист ќе имаат домаќинствата со ниски примања, кои трошат најголем дел од своите приходи на храна. Наместо несоодветни и половични мерки, како што е замрзнувањето на маржите само на 102 групи на производи, ова решение ќе ги опфати сите 238 групи на производи. Ќе имаме поевтинување на над 3.000 основни прехранбени продукти – леб, брашно, млеко, јајца, шеќер, масло и многу други. Предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност не се за СДСМ, не е за власта, не е за опозицијата – тие се за граѓаните. Нивното усвојување ќе значи пониски сметки за струја, поевтина храна и помала инфлација, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи

Македонија | пред 1 година

bitiki1

Битиќи до Мицкоски: Зошто ја криете правната основа за инвестициите?

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за транспарентноста во процесот на привлекување странски инвестиции и доделувањето поволности на инвеститорите, притоа нагласувајќи дека транспарентноста не е само етички принцип, туку и основа за доверба и заштита на јавниот интерес.Битиќи потсети на проектот за ветерниот парк на Алказар Енерџи, вреден 500 милиони долари, кој треба да биде еден од најголемите во регионот, притоа појаснувајќи дека таквите проекти се добредојдени, но со нив секогаш се поврзува и потребата од транспарентност, која е основа за доверба, како и обврската да се заштити јавниот интерес.„Граѓаните имаат право да знаат: според која правна основа се реализира оваа инвестиција? Кои поволности се предвидени за инвеститорот и ако се доделени, на која седница на Владата истите се одобрени? Транспарентноста во овој контекст не е само етички принцип, таа е и основа за осигурување дека одлуките се донесуваат соодветно и во интерес на сите граѓани“, му порача на премиерот Мицкоски, пратеникот Битиќи, притоа потсетувајќи го дека Северна Македонија веќе има Закон за стратешки инвестиции, создаден токму за вакви случаи.Битиќи потсети дека овој закон обезбедува јасно дефинирани процедури и критериуми за инвестиции кои имаат големо значење.„Зошто овој закон не е применет за проектот на Алказар Енерџи? Дали причината лежи во прецизираните процедурите или во избегнување на деталните анализи што ги бара законот и прескокнување на чекори кои се од огромна важност за транспарентноста на инвестициите од овој тип?“, праша Битиќи и додаде дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ како опозиција спречи транспарентни и законски 786 милиони евра инвестиции во енергетиката.„Дополнителен пример за недостатокот на транспарентност е и договорот со „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени. Првично најавената инвестиција од 13,5 милиони евра и 530 работни места на крајот се намали на 8,5 милиони евра и 200 вработувања. Господине премиер, што се случи во меѓувреме? Кои поволности беа укинати или доделени на инвеститорот? “, праша Битиќи и упати порака до премиерот Мицкоски дека овие прашања се важни не само за конкретните проекти, туку и за градењето на систем кој ќе обезбеди фер и транспарентни услови за сите инвеститори.

Македонија | пред 1 година

ungarija-59706

Политичката цена од унгарскиот заем може да е поштетна и поголема, вели Битиќи

Политичката цена што можеме да ја платиме како држава заради заложништво и евентуално мешање на Унгарија во внатрешните работи е позадината во овие 500 милиони и може да е поштетна и поголема, отколку придобивката од кредитот, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија „24 анализа“ на телевизија 24.Битиќи нагласи дека извозната банка на Унгарија пред само неколку месеци доби кредит за себе од Кина од милијарда евра, и оттука се сомневањата дека може да има политичко влијание не само до Унгарија, туку и од Кина.-Секое едно задолжување треба да има поголема можност за дебата, да не се води во скратена постапка, рече Битиќи, додавајќи дека еден преседан е што ова задолжување беше предложено од пратеник на владеачкото мнозинство а не од министерот за финансии, а втор преседан е што на расправата не се појави министерот за финансии, туку заменикот министер од друга политичка партија.Битиќи нагласи дека ова е сиптоматично и запраша дали министерката за финансии не верува дека овој заем е добар за државата.-Не е вистина дека ова се најдобите пари за финансирање на стопанството, рече Битиќи, потсетувајќи дека владата со ребалансот ја скрати финансиската поддршка за компаниите, кои инвестирале претходната година, а сега ги упатува да земаат кредит.Како на 915 компании кои минатата година направиле инвестииции чекале државата да им врати пари по основ на предвидливоста, ќе им кажете, ја промашивме годината, ќе ви дадеме помалце, а вие одете земете кредит, нагласи Битиќи.Во врска со средствата од унгарскиот кредит наменети за општините Битиќи рече дека има многу нејаснотии и додаде дека се слушаат многу невистини.-Слушаме 136 евра по граѓанин, што звучи убаво, но не е вистина. Објавениот повик е 100 милиони евра, што е помалку, 70 евра по глава на жител. Е сега, јавниот повик е за 100 милони евра, а во реабалансот во таа ставка има само 75 милиони евра. Дополнително се вели дека заемот е земен за 250 мииони евра. Се даваат 100 за општините, значи остануваат 150 милиони. Владата вели нови 250 милиони ќе има следната година. Нејасно е сега, од овие 150 или ново задолжување? Бидејќи овие пари што ќе се искористат сега, влегуваат во сегашниот буџетски дефицит. Нема да ги има за следната година. Прашањето е дали ќе има нови 500 милиони евра од Унгарија?, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг од над 68%

Предложениот ребаланс на буџетот, од страна на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, предизвикува голема загриженост и страв, и не само што не одговара на реалните потреби на нашата економија туку е и крајно опасен за иднината на нашата земја. Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг, од над 68%, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на кој се расправаше за ребаланс на Буџетот.- Со овој ребаланс јавниот долг ќе стане „чудовишен“ сам по себе. Во делот на приходната страна на Буџетот, кај задолжувањата во странство од првично проектираните 728,6 милиони евра, има зголемување на нови 826,2 милиони евра и тоа е зголемување на јавниот долг кон надвор за околу 100 милиони евра, објасни Фатмир Битиќи .Во своето обраќање Битиќи посочи дека во проектираниот раст на долгот не може да се препознаат парите од задолжувањето, кое, како што рече пратеникот на СДСМ, „пријателски премиерот ни го договори идните генерации да го отплаќаат кон Унгарија“. Тој предупреди дека јавниот долг ќе се зголеми далеку од проектираните 68% од БДП.„Овој чудовишен јавен долг ќе отиде и далеку над 68% доколку до крајот на годината. И додека сум кај јавниот долг, да укажам и зошто министерката за финансии и премиерот имаа потреба од лажните политички сензационализми со квалификациите на работењето на владата предводена од СДСМ како „економија во клиничка смрт“, по се’ изгледа од ВМРО ДПМНЕ увиделе дека ако годинава ја „вметнат“ цела милијарда евра од унгарскиот заем, јавниот долг најверојатно ќе скокне до таван, односно ќе биде скоро 75% - па затоа „одлучиле“ тоа да го направат со 500 милиони евра годинава, па 500 милиони евра пред локалните избори“, рече Битиќи.Битиќи предупреди дека со ребалансот освен што се зголемува задолжувањето кон странство, имаме и раст на долгот внатре во државата.„Бранот на задолжување е насочен и кон внатре. На приходната страна се предвидува зголемување на приходите по основ на задолжување од претходно предвидените 646,4 милиони евра, на нови 896, 3 милиони евра, односно околу 250 милиони евра ќе бидат заробени од државата од домашните комерцијални банките. Наместо да се води политика која ќе ги поттикнува домашните компании со лесен пристап до кредити од локалните банки, Владата ги "заробува" овие средства, создавајќи финансиска препрека за развој на приватниот сектор. Со оваа политика не само што ќе се намали финансискиот капацитет на банките да поддржуваат нови проекти и инвестиции, туку ги принудува и домашните компании да се задолжуваат во странство, под услови кои се договорени вонсистемски, во четири очи, а којзнае, можеби и на други места. Во предложениот ребаланс може да се препознаат и други прераспределби кои ќе го зголемат притисокот на компаниите своите инвестиции и развој да ги реализираат преку унгарскиот кредит“, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи со оставка од партиските функции во СДСМ, од политика не се откажува, но каде и како не открива

,,Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“, ова е пораката која вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска ја упати преку социјалните мрежи.Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“.Ова е пораката што денеска ја упати поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешен потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.Пораката на Битиќи звучи двосмислено. Некои коментираат дека Битиќи со ова најавува промена на партискиот дрес и прелет во ДУИ или Влен.Една од можните варијанти е тој да остане во СДСМ и да се бори да ја реформира истата.Битиќи влезе како пратеник од СДСМ во ИЕ 2.Веднаш по изборниот дебакл Битиќи даде оставка, но условена.,,Како потпретседател на Социјалдемократската лига на Македонија, посветен на етичките и демократските вредности, решив да дадам оставка од функцијата. Мојата оставка ќе биде целосно ефикасна кога останатите колеги кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото - од прв до послеВо текот на мојата политичка кариера, барав лична одговорност од сите фактори - а овој чин е токму тоа. И оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и отворање на патот кон идниот политички успех.Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преглед на ЛСДМ.Прифаќањето на политичката одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност за промена и растење - и да се даде приоритет на колективниот интерес.На крајот: ова нека биде нов почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во општество за сите каде владее правдата, солидарноста”, напиша Битиќи.

Македонија | пред 1 година

IMG_3359

Битиќи: Со либерализацијата на железницата отворивме ново поглавје со можности за подобрени железнички услуги за сите граѓани

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на настан по повод одбележување на 151 годишнината од формирањето на македонски железници.Во продолжение ви го испраќаме неговото интегрално обраќање.„Денеска кога ја одбележуваме 151-годишнината од формирањето на македонски железници, најнапред би сакал да оддадам чест и признание на трудот на вработените во железничката инфраструктура и транспорт. На нашите сограѓани и сограѓанки, 1.600 на број, кои со нивната неуморна работа и напор се столбот на железницата во Северна Македонија. Обезбедувајќи непречен, безбеден и ефикасен транспорт, водејќи грижа за нашите пруги и станици, управувајќи со возовите што превезуваат патници и стоки вие ја имате главната заслуга за опстојувањето на нашите железници.Годинава е една од најважните во историјата на железниците во Северна Македонија, се случи либерализација на железничкиот сообраќај. Отворивме ново поглавје во железницата, создадовме нови можности за подобар квалитет на услугите кои се испорачуваат, за поголеми приходи, а со тоа и за поголеми плати на вработените. И дозволете ми да ги адресирам гласините кои ве загрижуваат вас, вработените во железници, бидејќи денеска сакам да ме слушнете. Нема потреба од загриженост за вашите работни места. Да немате страв туку да гледаме во можностите и да развиваме железница која ќе биде на услуга на сите наши граѓани.Затоа што либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава. На либерализацијата не треба да гледаме со страв, да ја прифатиме како можност да ја искористиме нашата стратешка локација. Ќе ја споменам близината и поврзаноста со пристаништето во Пиреја, еден од најголемите транспортни хабови во Југоисточна Европа, влезна транспортна точка за цела Европа. Имаме потенцијал којшто треба уште да го искористиме, имаме придобивки кои ни се на дофат не само за железницата, туку и за целокупната економија.Со развојот кој го нуди либерализација на железничкиот сообраќај, ќе поставиме нови основи за поддршка и стимулирање на економската активност, правејќи ја нашата земја уште попривлечен избор за бизнисите во Европската Унија, кои барат сигурни, блиски и ефикасни решенија за приближување на своите добавувачки ланци. Концептот на near-shoring станува клучен за развојот на нашата економија, а железницата е таа која има стратешка и клучна улога Северна Македонија да ја позиционира во срцето на европските синџири.Затоа денешниот ден нека биде одбележан со оптимизам и одлучност, да не стравуваме и да прифатиме дека железницата ќе продолжи да игра клучна улога во движењето на нашата држава кон економски просперитет и успех.Почитувани железничари, како што гледаме напред, знајте дека сум со вас. Заедно ќе ја трансформираме нашата железница, ќе ја направиме европска и модерна. Таа ќе биде национална гордост и ќе продолжи да им служи на сите граѓани.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи од првиот регионален програмски дијалог на ЗКФ: Иднината на светот нè повикува и ние одговараме, треба да се гордееме со тоа

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција за регионален програмски дијалог на Зелениот климатски фонд (ЗКФ) за Источна Европа и регионот на Централна Азија, која во следните 5 дена ќе се одржува во Скопје.„Навистина е голема чест што можам да го отворам Регионалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд за Источна Европа и регионот на Централна Азија. Ова е наша прва можност од 2018 година да видиме поширока слика за Регионален програмски дијалог за Источна Европа и регионот на Централна Азија, додека за регионот на Западен Балкан ова е прва конференција од ваков вид и затоа е огромно задоволство што токму нашата земја, Република Северна Македонија е домаќин на овој настан. Идејата да бидеме домаќини на Регионалниот програмски дијалог потекнува од моето учество на Глобалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд кој се одржа во 2022 година во Сонгдо, Кореја, каде го согледав целосниот потенцијал и одлучив да преземам водство за да бидеме домаќини на оваа важна конференција.Заедно со мојот тим имаме блиска соработка со тимовите од Зелениот климатски фонд во сите процеси на подготовката на проекти и нивно спроведување и имавме прилика одблиску да го видиме влијанието што го има Зелениот климатски фонд кога се соочува со климатските предизвици. Ова влијание е од голема важност, не само за нашата земја и за регионот, туку и за нашата заедничка планета. Дел од деталите за овој настан беа дискутирани и на маргините на 78-то Генерално собрание на Обединетите Нации како и на Самитот за Целите за одржлив развој изминатиот септември, кога имав чест да се сретнам со г-ѓа Мафалда Дуарте и нејзиниот тим, додека го потпишувавме Договорот за Привилегии и имунитети за Зелениот климатски фонд, со што дополнително ја зајакнавме нашата соработка. Дозволете ми да ви посакам, добредојде во нашата земја. Со нетрпение очекувам да ја прошириме соработката и да ги видиме нејзините плодови и влијание.Значењето на овој Регионален програмски дијалог е уште поголемо имајќи предвид дека доаѓа веднаш по усвојувањето на Стратешкиот план на Зелениот климатски фонд за периодот 2024 – 2027 година, што следи по заклучоците донесени на COP28 и сите ние треба да имаме глобално усогласена реакција на овие предизвици. На овие настани се очекува владите да воспостават нова климатско-финансиска цел, со што ќе се покаже обемот и итноста на климатските промени. Додека на COP 30 владите мора да дојдат подготвени со нови национално определени придонеси што се однесуваат на целата економија, ги покриваат стакленичките гасови и се целосно усогласени со границата за 1,5°C температура.Со ова, ние ја потврдуваме глобалната насока кон развој на свет кој нуди поддршка што е потребна за соочување со предизвиците од климатските промени и постигнување на целите за одржлив развој.Зелениот климатски фонд како глобален механизам е клучен за сите земји во развој, вклучително и Северна Македонија. Достапните средства на земјите во развој и неразвиените земји за поддршка на нивните заедници и нивните граѓани, за решавање и прифаќање на климатските промени, треба да биде исклучително важно за сите влади. Со потенцирањето на важноста на Зелениот климатски фонд за Република Северна Македонија, од суштинско значење е да се подвлече нашата плодна соработка.Откако започна нашето партнерство со фондот, Република Северна Македонија успешно обезбеди одобрување на 5 целосни проекти и 4 програми за подготвеност и поддршка, како и предлог проектот за Национален план за адаптација кој наскоро ќе биде одобрен. Покрај тоа, започнавме со процес за акредитација за нашето Национално тело да стане тело со директен пристап за Зелениот климатски фонд. Тоа е Фондот за иновации и технолошки развој. Преку овој процес на акредитација на Фондот за иновации, ние се стремиме кон поттикнување ангажман на приватниот сектор, со што ќе се искористат иновативните пристапи за ефективно соочување со климатските предизвици. Во оваа прилика би сакал да ја изразам мојата благодарност на акредитираните тела и партнерите за испорака за нивниот пристап на соработка и непрекинатата посветеност во унапредувањето на нашите напори за обезбедување ефективно спроведување на иницијативите за климатско дејствува, како и националните и стратешки приоритети кои не се поврзани само со Агендата за одржлив развој на Обединетите нации, туку и со нашиот пат кон интеграција во Европската Унија и усогласување со неа.Во натамошната соработка со Зелениот климатски фонд, Република Северна Македонија би земала активното учество во отворањето регионални канцеларии на Зелениот климатски фонд и ние сакаме да се понудиме како потенцијал домаќин за таква канцеларија. Како што споменав и претходно, ја препознаваме важноста од регионалниот пристап и соработка и важноста од регионалното присуство на Зелениот климатски фонд. Ние сме сигурни дека преку оваа можност може да се потенцира постигнувањето на мандатот на Зелениот климатски фонд и неговите цели, особено по добивањето значителен поттик во текот на второто обновување на COP 28, кога земјите се заложија дека ќе обезбедат нови средства. Со тоа доаѓаме до рекордни 12,8 милијарди долари од 31 земја, со што ова е најголемиот светски придонес во однос на справувањето со климатските промени. Го поздравувам ова и ни честитам на сите, глобално, како и за добрите вести што ги добив од мојот тим кој ме информираше за ново-одобрените проекти од Зелениот климатски фонд и нивниот одбор. Ги поздравувам Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, заедно со Индонезија и Непал за целосниот голем проект: Програмата за е-мобилност со вкупно средства од ЗКФ од 169,9 милиони долари со Азиската развојна банка како акредитирано тело. Со нас се нивни претставници тука. Честитки уште еднаш.За крај, би сакал да кажам дека го гледам овој регионален дијалог како значајна можност да се олесни размената на знаења меѓу земјите учеснички, со што се подобрува соработката со другите национални именувани тела и истражувањето на места за соработка и регионален пристап кон регионалните и глобални предизвици. Освен тоа, овој настан е важен, затоа што претставува досега можност да се надмине јазот меѓу Зелениот климатски фонд и земјите и чинителите во регионот. Тој нуди потенцијал за воспоставување присуство на Зелениот климатски фонд во регионот, со што ќе се поттикне поголем ангажман и усогласување со регионалните интереси и приоритети.Би сакал да искажам искрена благодарност за дарежливоста околу средствата и непоколебливата поддршка што им се дава на земјите во развој во глобалната борба со климатските промени. Навистина би сакал да видам како заклучоците добиени од овој регионален програмски дијалог што ќе се донесат во следниве 5 дена, се претставуваат на претстојните настани за климатски промени. Заедно поставуваме цврсти темели за идните потфати и дејства насочени кон соочувањето со претстојните предизвици. И би сакал да им честитам на Азербејџан затоа што годинава тие се домаќини на COP 29.Иднината на светот нè повикува и ние вака одговараме. Треба да се гордееме со тоа!", вели Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Битиќи: Македонија е посакувана дестинација за јапонските и други светски инвеститори

Денешниот ден е еден чекор напред кон унапредување на нашите билатерални односи со Јапонија, бидејќи претставници на водечки јапонски компании се дојдени за да ја запознаат нашата земја и можностите за развој на нивните бизниси кои нашата држава ги нуди, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), што се одржа денес Клубот на пратеници во Скопје.Вицепремиерот Битиќи посочи дека во текот на изминатите три децении, Северна Македонија и Јапонија одржуваа пријателски односи, но постои простор за нивно унапредување во делот на економската соработка.„Сакаме да ја надминеме географската оддалеченост и да создадеме посилни економски врски. Ги претставивме можностите за инвестирање кои ги нудиме согласно законската регулатива, од финансиска поддршка за отворање на работни места и капитални инвестиции до поддршка за истражување и развој“, рече вицепремиерот Битиќи.Тој посочи дека географската локација на Северна Македонија и нејзината близина до Европската Унија дава стратешки предности во делот на привлекувањето на нови странски инвестиции.„Нашата држава е со стратешка локација, близина и пристап до единствениот пазар на ЕУ, а нашата легислатива е во голема мера усогласена со онаа на Европската Унија, на тоа во последниве неколку години засилено се работеше и се работи. Северна Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори. 2022 година беше година со рекордни странски инвестиции од 753,8 милиони евра, година на пост ковид кризата. Тоа е доволен показател за зрелоста на нашата економија и бизнис опкружување“, рече вицепремиерот Битиќи.Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Северна Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила, туку на странските инвеститори нуди високо квалификувани работници со достоинствени плати.„Од друга страна пак, заштитени се и нашите граѓани, нашите работници, нашиот највреден капитал, човечкиот капитал. Бидејќи оваа држава од 2017 наваму веќе не е земја на евтина работна сила, туку земја на високо квалификувана, добро платена и конкурентна работна сила“, рече Битиќи.Меморандумот го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски и директорот на ЏЕТРО од Виена, Татсуо Камино. Потпишувањето се направи во месец кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија.

Македонија | пред 2 години

19092020_ZPVRSM_Bitikji_DFITR_Despotovski_pres-konferencija-2

Битиќи до пратениците: Кога би го знаеле албанскиот јазик, би знаеле дека Фатмир е исто како Сречко

Заменик претседателот на Владата, Фатмир Битиќи со силна порака до пратениците.„Во оваа држава нема да се врати едноумието, ксенофобичноста и национализмот. Да не подлегнуваме на релативизација и хушкање едни против други. Оваа држава е граѓанска, демократска, секуларна и во неа има место за сите. Секогаш гласно ќе го бранам нашето едно општество, не смееме да премолчуваме“, напиша тој на Фејсбук.

Македонија | пред 2 години

evn-ptici-struen1

ДДВ за електрична енергија постепено ќе се враќа на 18 отсто

Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија постепено ќе се зголемува, одлука ќе донесеме до крајот на јуни, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи утрово во емисија на ТВ„Телма“„Стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај“, изјави Битиќи.Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни„Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните производители на електрична енергија. Како што беше последната година и пол така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните.“, вели Битиќи.

Македонија | пред 2 години

bitiki

„За да заштедите излезете на дождот и измијте ја косата“, „Колку кришки леб смееме да јадеме?“, реакции по изјавата на Битиќи

„Аако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови“, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.По оваа изјава новинарот Горан Момироски обзнани истражувачки труд, според кој се отвора голем сомнеж за најтежок вид на корупција во врвот на власта, а тоа е трговија со влијание.„Во едната организација главна е сопругата на директорот на агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу, Афродита Муслиу. Додека пак во втората организација е Милинда Рушити Битиќи сопруга на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Со тој проект тие добиваат фантастичен проект од над 600 илјади евра“, заклучи Момироски.На ова реагираа граѓаните на социјалните мрежи кои прашуваат колку кришки леб треба да јадеме на ден.https://twitter.com/StevanoAna/status/1534761747596423168?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Shoeder006/status/1534879906412232704?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/realTotoMK/status/1534940794863374337?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Biktop16/status/1534899560652361730?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Kalabalak_/status/1534806791866957824?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/TempestOfFlame/status/1534800737657663490?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pA 

Коментари | пред 3 години

bitiki

Битиќи за Зекири: Владеење на право важи и за тие од власта

Владеење на право важи и за тие од власта, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го определувањето на 30-дневен притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.- Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека независно кој каде седи, ако згрешил дека ќе одговара. Но сега ќе треба да видиме зошто и како тоа се случило. Чувството е непријатно, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега, рече потпретседателот на СДСМ во емисијата „Утрински брифинг“.

Македонија | пред 3 години

21032022_ZPVRSM_Trgovska-misija_2

Битиќи: Македонија е атрактивна за инвестиции кои ќе донесат просперитетна иднина за нашата земја и регионот

Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се обрати на настанот на првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора.На настанот, покрај вицепремиерот Битиќи, се обратија и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата зема Кејт Мари Брнз, и Дејвид Бургер, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Република Грција.Првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американско-грчката стопанска комора собра повеќе од 30 компании и од двете земји кои имаа пред кои беа презентирани можностите за соработка и проширување на нивните потенцијали за развој врз основа на погодностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја, преку различните програми за државна помош и преку Законот за стратешки инвестиции.Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во целост:Почитувани екселенции, драги гости од Грција,Почитувани претставници од бизнис секторот,Кога ќе погледнам околу оваа маса, се чувствувам благодарен, знаејќи дека седам меѓу пријатели.Ми претставува голема радост кога гледам што може да направи конструктивниот и отворен дијалог! Прво доведе до Договорот од Преспа пред неколку години, а денес не зближува сите заедно во оваа трговска мисија. Тоа е моќта на отвореноста и взаемното почитување - тоа може да донесе само перспектива и заеднички раст.Огромна благодарност и честитки до Американските комори на двете земји за организирањето на оваа прва трговска мисија и за создавањето на овој простор каде што можеме да зборуваме за можностите и потенцијалот за инвестирање во нашата земја, но и да споделиме идеи за тоа како можеме да растеме заедно како регион.Ви благодариме што бевте амбасадори и што го ширите добриот збор за потенцијалот за инвестирање во Северна Македонија, како и што ги изложивте нашите достигнувања, проекти и идни планови и во јавниот и во приватниот сектор.Во изминатите години сме сведоци на целосниот потенцијал на пријателствата и како тоа може да биде од корист за сите кога добрите намери и разбирањето се ставени пред несогласувањата.Додека гледаме раст на економската соработка меѓу двете земји, уверен сум дека има многу потенцијал за дополнително проширување и се надевам дека денеска ќе ги отвориме вратите преку споделување идеи и можности за инвестирање.Оваа Влада гледа на бизнис секторот и на инвеститорите во нашата земја како на партнери. Градиме силни и искрени односи и тоа носи резултати.Пред неколку години ги избришавме разликите меѓу домашните и странските компании. Сите компании кои работат во нашата земја добиваат исти можности. Да се аплицира и да се добие државна помош е процес кој е целосно отворен и транспарентен. Секоја компанија, секоја засегната страна е однапред свесна за поддршката што може да ја очекува при инвестицијата. Ова создава предвидливост и стабилност за водење бизнис во нашата земја и што е најважно, создава добра бизнис клима за инвеститорите, што ги поместува нашите граници и ја става Северна Македонија на мапата на земји со најатрактивна средина за инвеститори.Фокусирани сме на преобликување на нашата економија преку донесување на повисоко платени работни места и производство на производи со повисока додадена вредност, со поддршка до 50% од вкупните инвестициски трошоци за центрите за истражување и развој на компанијата како дополнување на веќе одобрените 50% поддршка на инвестицијата во производство. Пакетите за поддршка вклучуваат 10-годишно даночно ослободување на корпоративниот и персоналниот данок на доход. На страната на готовинскиот грант обезбедуваме 20% поврат на капиталните инвестиции како и грант за секое отворено работно место.Пред пандемијата го креиравме „Законот за стратешки инвестиции“ кој ги регулира критериумите, условите и постапката за аплицирање, утврдување статус, избор, подготовка и реализација на инвестициски проекти од највисок стратешки приоритет за државата или Стратешки инвестициски проекти. Овој закон има за цел да овозможи амбиент за големи инвестиции во нашата земја врз основа на принципите на слободно движење на стоки, услуги и капитал, слободна конкуренција и еднаков третман, недискриминација и транспарентност.Владата на Република Северна Македонија ги има сите свои намери насочени кон интеграција и градење партнерства. Ние сме официјална членка на НАТО и посветени сме на нашата интеграција во Европската Унија.Додека работиме на остварување на оваа цел, ние постојано ги подобруваме нашите домашни регулативи и политики за да бидеме подготвени и да ги исполнуваме европските стандарди за да овозможиме добра деловна клима во нашата земја додека работиме на зајакнување на нашата домашна економија, така што кога ќе се отворат вратите на ЕУ, нашата економија ќе бидат подготвена.Бидејќи сме на прагот на Европската унија, нудиме единствена можност за пласирање на пазарот, како и силни синџири на снабдување кои можат да се шират низ регионот на Западен Балкан.Мојата надеж и визија за нашиот регион во овој пост Ковид период лежи во капитализирање на целосниот потенцијал на хармонизирање на економиите со соседните земји (Near-shoring) што се покажа како неопходност за време на пандемијата. Кога далечните меѓународните добавувачи не успеаја да испорачаат, она што стана очигледно повеќе од кога било се можностите им потенцијалот на регионалните синџири на вредности кои можат да генерираат економска стабилност и раст за сите.Ви благодариме повторно што сте тука денес.Заедно можеме да создадеме визија и да направиме просперитетна и одржлива иднина за нашиот регион и нашите граѓани.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања