Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Бизнис агентка вработена во мобилен оператор присвоила мобилни телефони и оштетила компанија за околу 600 илјади денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б. (36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера во службата“.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавената во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент, свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои ѝ биле доверени во рамки на службените обврски.

— реклама —

Таа, како што информира МВР, на менаџерот во Гевгелија му прикажувала дека ќе склучи бизнис-договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран, при што мобилните уреди требало да им бидат доделени како субвенција за направени активации и обнови на договори. Наместо тоа, уредите биле присвоени.

— реклама —

Дополнително, при редовните месечни пописи во продажниот салон во Гевгелија, свесно било прикривано дека недостасува трговска стока, со што на оштетеното правно лице му била причинета имотна штета во износ од околу 600.000 денари.

По целосно документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tepacka-1-1

Тепачка среде угостителски објект во Скопје, оштетен дел од инвентарот

Скопје | пред 13 секунди

haker-724x406

Онлајн измамници украле 44.000 евра од фирма од Свети Николе

Македонија | пред 24 минути

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Уапсена Германка во Гостивар, осомничена за тепачка лани во декември

Македонија | пред 1 час

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

73-годишен маж пронајден починат во куќа во Гостивар

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања