Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

​Бизнис информатор за поголема поддршка на деловните субјекти од Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
thumbnail_iformator

Бизнис информатор од денес е достапен за бизнис заедницата од општина Кисела Вода. Поставен е на општинската веб страница и на едно место, нуди клучни информации за поддршка на бизнисите преку конкретни услуги или иницијативи. Се работи за пилот проект кој го реализираше Општина Кисела Вода заедно со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

— реклама —

Оваа интерактивна алатка на деловните ентитети кои се евидентирани на ГИС порталот, им нуди широк спектар на дигитални и административни услуги за поддршка.

— реклама —

- Со денешното пуштање во употреба на новиот Бизнис информатор на нашата веб страница, Општина Кисела Вода ја потврдува својата посветеност кон создавање на подобри услови за локалната бизнис заедница. Оваа интерактивна алатка, претставува пилот проект кој го реализиравме во партнерство со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и претставува еден важен чекор во правец на зголемена поддршка за бизнисите. Преку неа, на деловните субјекти им се овозможува брз и лесен пристап до потребните информации за поддршка и развој. Особено е важно да нагласам дека ова е само почеток. Во наредниот период, бизнис информаторот ќе биде надграден со нови функционалности и услуги, со цел уште подобро да одговори на потребите на нашата бизнис заедница. Развојот на поволна бизнис клима е еден од нашите врвни приоритети, и Општина Кисела Вода преку низа чекори секојдневно работи на нејзино подобрување.

— реклама —

Веруваме дека преку оваа алатка ќе обезбедиме поголема транспарентност, олеснување на административните процеси и поттик за поинтензивен економски развој во нашата општина. Сигурен сум дека со вакви и слични проекти ќе успееме да ја зајакнеме позицијата на Кисела Вода како динамична и напредна општина, која активно работи на унапредување на животните услови и деловните можности за сите-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Бизнис информаторот на Општина Кисела Вода е достапен на следниот линк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Скопје | пред 1 ден

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library7v7ld4nvqcdgcKvUWQK

СДСМ Кисела Вода реагира: Се врши сеча на повеќегодишни дрвја за изградба на нов објект

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања