Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ Кисела Вода реагира: Се врши сеча на повеќегодишни дрвја за изградба на нов објект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Скопје
media-library7v7ld4nvqcdgcKvUWQK

Во општина Кисела Вода, во Урбаната заедница Кисела Вода, во моментов се врши сеча на повеќегодишни дрвја на улица Козјак, со цел ослободување простор за изградба на нов објект, реагираат од Општинска Организација СДСМ Кисела Вода

— реклама —

„Во таа насока, јавно го поставуваме прашањето: дали за оваа интервенција постои валидно решение издадено од надлежните органи на општината, согласно Законот за урбано зеленило?

— реклама —

Особено загрижува фактот што лицата кои ја вршат сечата, на прашање дали поседуваат дозвола, изјавуваат дека се „само извршители“ по наредба на нивна претпоставена.

— реклама —

Оттука, бараме одговори на следните прашања:

  • Кое е одговорното лице што ја издало оваа наредба?

  • Дали постои правен акт со кој се одобрува сечата на овие дрвја?

  • Кој ја презел одговорноста за отстранување на здрави, повеќегодишни дрвја?

  • Дали е изготвен соодветен записник и план за компензација, односно обнова на зеленилото, како што налага Законот за урбано зеленило?

Ги повикуваме надлежните институции и општинските власти итно да излезат со јасни и транспарентни информации во врска со овој случај.

Граѓаните имаат право на чиста животна средина, зачувано зеленило и отчетност од институциите.

Апелираме овој случај да не остане без соодветна реакција и одговорност“, велат од Општинска Организација СДСМ Кисела Вода


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Скопје | пред 1 ден

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Скопје | пред 1 месец

usije

Дали мерната станица во „Усје“ може да овозможи онлајн пристап до податоците?

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања