Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Дали мерната станица во „Усје“ може да овозможи онлајн пристап до податоците?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
usije

Општина Кисела Вода и граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ влегоа во јавна полемика околу функционирањето и транспарентноста на мерната станица поставена во кругот на цементарницата „Титан-Усје“.

— реклама —

Од Општината соопштија дека со изненадување ги примиле обвинувањата изнесени на прес-конференција на иницијативата и најостро ги демантираат, оценувајќи ги како клевети и дезинформации. Според нив, грижата за здравјето на граѓаните е приоритет, а мерната станица работи во интерес на јавноста, при што сите измерени вредности се јавно достапни преку официјалната веб-страница.

— реклама —

Општината наведува дека техничките карактеристики на станицата во овој момент не дозволуваат директна интеграција во надворешни апликации, поради што податоците се ажурираат рачно и се објавуваат секојдневно. Воедно, посочуваат дека градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска остварила средба со претставници на иницијативата веднаш по нивното барање и дека комуникацијата со општинските служби е континуирана. Од локалната самоуправа упатија и јавен повик до иницијативата, заедно со стручен тим, да извршат увид на лице место во точноста на податоците.

— реклама —

Од друга страна, „Стоп за Усје“ ги отфрла квалификациите дека станува збор за лични напади или задни намери, наведувајќи дека нивната цел е единствено институциите да преземат одговорност во борбата против загадениот воздух. Според иницијативата, мерниот уред поставен во 2024 година е модел Aeroqual AQS-1, кој, како што тврдат, според спецификациите поддржува онлајн пренос и API, а мери PM10, PM2.5, SO₂ и NOx.

Тие прашуваат што значи тврдењето на Општината дека „во овој момент“ не е возможна интеграција, кога, како што наведуваат, производителот на уредот посочува дека овозможува таква функција. Иницијативата додава дека на средбата со градоначалничката не биле разгледувани детални технички аспекти, освен најавата дека со новите станици ќе може да се овозможи надворешно преземање на податоци, наместо досегашното земање преку УСБ од оџакот на цементарницата.

„Стоп за Усје“ потенцира дека постои заради, како што наведуваат, уставно загарантираното право на чист воздух и дека наместо меѓусебни обвинувања, очекуваат конкретни чекори за целосна функционалност и транспарентност на мерната станица.

Полемиката се одвива во контекст на пошироката јавна дебата за квалитетот на воздухот во Скопје и потребата од поголема достапност и проверливост на податоците за загадувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Скопје | пред 1 ден

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library7v7ld4nvqcdgcKvUWQK

СДСМ Кисела Вода реагира: Се врши сеча на повеќегодишни дрвја за изградба на нов објект

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања