Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Борел на годишнината од договорот склучен во Македонија: Крајно време е Косово и Србија да ги прекинат тензиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, изјави дека е крајно време Белград и Приштина да стават крај на кризата и напнатоста и да преминат во нова европска ера, со спроведување на договорот постигнат една година.

„Сега е крајно време и Косово и Србија да стават крај на сегашниот маѓепсан круг на кризи и тензии и да преминат во нова европска ера. Договорот (на патот кон нормализација и Анексот за негова имплементација) нуди подобра иднина за граѓаните на Косово и Србија и на целиот регион“, се наведува во соопштението по повод годишнината од тој договор.

— реклама —

Борел рече дека ЕУ очекува лидерите на Косово и Србија да покажат одговорност, визија и лидерство со тоа што ќе постигнат напредок во спроведувањето на договорот без натамошно одлагање.

„Тоа е шанса што не треба да ја пропуштат. ЕУ е сè уште подготвена да им помогне на Косово и Србија на секој чекор од патот, но тие се оние кои треба да ги преземат тие чекори и да продолжат напред“, додаде тој.

— реклама —

Договорот и анексот за негова имплементација беа постигнати по неколкумесечни интензивни преговори со посредство на ЕУ за да им се помогне на страните да направат чекор напред во нормализирање на односите.

„Во време на невидена целосна војна на нашиот континент, постигнувањето договор кој ветува мир, стабилност и добрососедски односи беше значајно достигнување“, рече Борел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 16 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 17 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања