Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Борел: Разговорите со Вучиќ и Курти – неуспешни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
kurti-vucic-3-696x469-1

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека одвоените средби што ги имал за време на Минхенската безбедносна конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, во врска со деескалацијата на тензиите меѓу Белград и Приштина, беа неуспешни, објави денеска РТС.

Сумирајќи ги резултатите од Минхенската безбедносна конференција, Борељ во текст на веб-страницата на ЕУ наведува дека имал голем број билатерални средби со партнери на ЕУ од целиот свет, а на одделни средби разговарал и со Вучиќ и Курти, „но за жал без успех“.

— реклама —

На тој состанок Борел ги претстави четирите главни задачи од геополитичката агенда на ЕУ - поголема и побрза поддршка за Украина, ставање крај на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и спроведување на решението за формирање на две држави, подобрување на односите на ЕУ со „глобалниот југ“ и зајакнување на одбраната и безбедноста на ЕУ.

Борел ја опиша атмосферата на конференцијата во Минхен како посебна бидејќи, како што наведе, сите станале свесни дека Европа е во опасност поради две војни во близина и мноштво потенцијални конфликти низ светот.

— реклама —

Шефот на европската дипломатија потсети и дека на првиот ден од конференцијата учесниците дознале за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казнената колонија во Сибир и дека му оддале почит во присуство на неговата сопруга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 16 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 17 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања