Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Британски медиуми: Моџтаба Хамнеи веројатно е во кома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Британските медиуми, повикувајќи се на свои извори, јавуваат дека 56-годишниот син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, Моџтаба, изгубил најмалку една нога и претрпел сериозни оштетувања на желудникот или црниот дроб, и веројатно е во кома.

— реклама —

Сепак, не е јасно дали тој бил повреден истиот ден кога починал неговиот 86-годишен татко, на 28 февруари, во нападот на американските и израелските сили, но тој моментално не го води иранскиот режим, според британскиот весник „Сан“.

— реклама —

Извор на весникот изјавил дека Моџтаба Хамнеи, кој беше избран за нов врховен лидер на Иран, моментално е на интензивна нега во Универзитетската клиника „Сина“ во Техеран, откако дел од зградата буквално била „запечатена“, односно опкружена со масивно обезбедување.

— реклама —

Изворот на весникот, за кој се вели дека сакал да остане анонимен од страв за својот живот, успеал да избегне речиси целосно исклучување на интернетот во Иран за да испраќа пораки до еден дисидент во егзил кој живее во Лондон.

Изворот на британскиот весник не е доктор, но ги познавал членовите на тимот за траума во болницата кои му рекле дека Моџтаба е во „многу сериозна“ состојба и под грижа на Мохамад Реза Зафарџани, актуелен министер за здравство на Иран.

Извор за весникот „Сан“ во порака изјави: „Една или две нозе му се ампутирани. Најверојатно му пукнале црниот дроб или желудникот. Се чини дека е и во кома.“

Овие наводи, како што дополнително се нагласува, речиси е невозможно да се потврдат поради моменталниот прекин на интернетот во Иран, но статусот на Моџтаба меѓу илјадниците ранети во војната во Иран веќе е потврден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 9 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 9 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања