Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Брнабиќ со обвинувања: „Блокадерите спроведуваат терор за време на изборите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
brnabikj

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, реагираше на социјалната мрежа Икс во врска со, како што наведе, „лажните наводи“ на телевизијата N1 за кол-центри во Кладово.

Брнабиќ оцени дека постоењето на кол-центри е вообичаена практика кај политичките партии, додавајќи дека е недозволиво упаѓање и снимање во такви простории.

— реклама —

„Секоја сериозна партија има свои кол-центри. Од каде право некој да упаѓа и да ги вознемирува луѓето? Замислете Би-Би-Си да влезе во кол-центар на конзервативците или Си-Ен-Ен кај републиканците“, напиша таа.

Таа дополнително ги обвини, како што ги нарече, „блокадерите“ дека сметаат дека за нив не важат законите и дека вршат притисоци и таргетирање на луѓе.

— реклама —

Во објавата, Брнабиќ се осврна и на низа инциденти за време на локалните избори, тврдејќи дека имало закани, напади врз активисти и инциденти со оружје.

Според неа, изборите претставуваат „обид да се одбрани демократијата“, а наводните настани ги оцени како дел од „организиран и планиран терор“.

Изјавите доаѓаат во услови на зголемени политички тензии и меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за нерегуларности и притисоци во текот на изборниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 15 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 16 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања