Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Брза, а ограничена со време, спасителна комбинирана акција за извлекување на две повредени лица на железничка пруга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-1100PM

Регионалниот ЦУК Велес информира дека денеска имало спасителна комбинирана акција на железничка пруга, којашто имала ограничено време за да се заврши до наредно поминување на воз, за да се извлечат повредените две лица од кои едното било потешко повредено, а потоа и да се отстрани излетаното возило што било на пругата. Покрај пожарникарите, полицијата и итната медицинска помош на терен интервенирале и екипи на АМСМ, ЈП „Македонски железници и инфраструктури“.

— реклама —

Конкретно, во 15.08 часот е пријавенo дека на регионалниот пат Велес – Градско, кај месноста викана „Црн Камен“ заради неприлагодена брзина патничко моторно возило („поло“) излетало на железничката пруга. Притоа, биле повредени две лица, од кои едното било потешко повредено. Прво, на лице место, покрај итната медицинска помош и екипа од СВР Велес интервенираше и екипа од 4 пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес - за извлекување на тешко повреденото лице кое било на самата пруга.

— реклама —

Повредените лицата веднаш беа пренесени во Велешката болница, а параелно со таа спасителна акција излетаното возило коешто било на самата железничката пруга, , екипи на АМСМ, ЈП МЖ инфраструктури и СВР Велес го отстраниле од пругата и го ослободиле патот на наредниот воз што поминувал на тој правец во 17.30 часот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryq01sddkshk654bO34jw

Во тешка сообраќајка загина оперативен работник во ЦУК Битола

Македонија | пред 3 седмици

media-library2jdksi4fhtjh5su9eDb

(Фото) Голем одрон кај Катлановскиот тунел на автопатот Скопје–Велес, сообраќајот се одвива по една лента

Македонија | пред 1 месец

reka

Зголемени водостои на повеќе реки низ државата, се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања